|
D5100 HDMI |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | |
pecok
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2011 Статус: Офлајн Поени: 300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тоа и јас викам. ТВ е ограничен тапа монитор.
До отприлика 24 инча и може да ја прати резолуцијата ама потоа со секој инч добивате повеќе матноќа. На 48 инча еден пиксел е нормални 4 пиксели. Тоа се вика 3/4 од сликата бајбај. Изменето од pecok - 08.Јули.2011 во 22:21 |
|
ivotoyota
Сениор Регистриран: 22.Јуни.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 290 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па тој! Не е ТВ ограничен монитор! Бог да чува И на телевизор ти не седиш пред него па да ти е матен. За нормална далечина, од тросед, Full HD е и повеќе од доволно. Еве на пример на мобилен со 480 пиксели (i-phone) и неквалитетно youtube видео да гледаш од малце подалеку, ќе изгледа убаво дека е збиено на мал екран. Значи секоја големина си има за различни намени. Тегла, јасно е тоа за мониторите, но 99% од луѓето што купуваат монитори кај нас купуваат low end, кои како сакаш врти, се полоши од кој и да било телевизор. Да, се купуваат и low end телевизори, ама многу помалце. Доказ и дека телевизорите се многу понапред е на пример тоа што секогаш новите технологии се вградуваат прво во телевизори - LED монитори можеш да ги броиш на прсти. Инаку се сложувам - монитор е за статична слика и секогаш бил, телевизор е за подвижна слика и секогаш бил. За подвижна слика, резолуцијата и не е толку важна - многу е поважно каква е сликата при движење, да нема треперење, да има брз одговор, значи да е остра сликата и при движење... Ако нема телевизорот такви квалитети, џабе му е и миљон резолуција. Ова го зборам зошто споредував еден Full HD Quart LCD (1920х1080) со Panasonic плазма со 1.024х768 резолуција, и двата 42 инчи. Пуштив филм од торент симнат BR rip Full HD и поврзав преку HDMI. На панасоникот сликата беше мнооооооогу подобра, светлосни години разлика, значи сите сцени на филмот беа остри, сите детали се гледаа... Кај другиов телевизор средно жалосно... Малце избегав од муабетот, простете |
|
sasebt
Сениор Регистриран: 10.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 311 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Иначе испадна дека кабелот не е во ред, со друг кабел си работи супер ... сеа можам да си го користам апаратот како хаде плејер.
иначе, пошто телевизорот ми пеј mp4 container .h264 (avc) и AAC звук, почнав да го користам програмчето AVIDEMUX, со кое можам да му сменам конејнер, да го копирам видео стримот, и да го енкодирам само аудиото (од PCM во AAC). Ова го пробав на windows и работи супер, милион пати е побрзо отколку да го енкодираш и видеото (ако се користи HandBrake на пр.) Е сеа, под Linux (Fedora 14 64bit) ми јавува грешка при иницијализација на AAC. Некој да не го има ова пробано под линукс? @ivotoyota: Иво, јас ко го купвав телевизоро, се скапав читање дали е поарно LCD или Plasma. Има еден куп параметри кои треба да се земат во обзир. генерално, за дома, дијагоналата треба да е 3 до 4 пати помала од далечината на глеање (троседо). ако ти испадни над 42 одиш плазма, ако е под 42 инчи купваш лцд. ако е 42, би требало да нема многу многу разлика, кој и да го земиш. за глеање ТВ дома, филмчиња ова она, највлијателен параметар за мене беше контрастот ... на плазмата е каде каде поголем, ама јас купив 37, и сум презадоволен до сега. Фала, поздрав |
|
Портфолио - Пушењето е штетно по здравјето
|
|
pecok
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2011 Статус: Офлајн Поени: 300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Разлика помеѓу ЛЦД, Плазма и ЛЕД ТВ.
Контраст: Додека контрасттот беше во минатото во полза на плазма тв сега веќе не е така. Новите ЛЕД телевизори и подобрите ЛЦД телевизори веќе ги престигнаа плзама екраните. Резолуција: Резолуцијата е стандард за ХДТВ и е неважна за споредби. Време на реагирање и време на освежување: Сега засега блага предност на плазма екраните. Процесирање на слика: За жал кога станува збор за квалитет на слика ниту ЛЦД, ниту ЛЕД ниту плазма телевизорите не можат да се пофалат со квалитет на слика. Плазмата има мало водство на ова поле меѓутоа ЛЕД телевизорите веќе ја престигнуваат. Конзумирање на енергија: Плазмата е гледна за енергија и за разлика од ЛЦД и ЛЕД телевизорите ќе потроши далеку повеќе енергија. Животен век: ЛЦД од 30.000-60.000 работни часови. Плазма од 10.000-30.000 работни часови. ТВ како монитор за ПЦ: Поради технички проблеми со плазмата и поради ризичност на користење на плазмата како монитор не се препорачува тв со плазма екран да се користи како ПЦ монитор. Исто така плазмата не се препорачува за играчки конзоли како СониПлејтатион, Хбокс и сл. Лоши работи: ЛЦД не прикажува комплетно црни бои туку црната е повеќе темно сива. Плазмата пати од Burn-in, односно кога една слика ќе стои подолго време на екранот може да се случи таа слика да остане како печат на екранот и подоцна да се гледа како дух, да не кажам фрли го тв-то потоа. |
|
pecok
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2011 Статус: Офлајн Поени: 300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
„новите технологии се вградуваат прво во телевизори - LED монитори можеш да ги броиш на прсти. “
Хаха, тоа затоа што ЛЕД е технологија наменета за телевизија не за монитори. Лед технологијата работи со линии за создавање слика додека мониторите работат со пиксели (точки) за истата задача. Не е затоа што ТВ-то брзо напредува или најновите технологии се достапни на ТВ туку затоа што се работи за технологија исклучиво наменета за ТВ. Инаку ако мислиш дека најновите технологии се за ТВ тогаш си во голема заблуда. Најновите технолошки достигнувања на поле на кутии за гледање слика се токму од развојот на компјутерските монитори и дигиталната технологија воопшто. ХДТВ немаше ниту да постои да не беа компјутерите, развојот на дигиталната технологија и развојот на резолуција, освежување и сл. кое беше предводено од мониторите. Интересно, ти викаш дека развој на поголеми резолуции се прави поради фиксната резолуција на ТВ-то, а не поради развојот на компјутерите. Ех да не беа компјутертскиве монитори ТВ сеуште ќе работеше со 500х300 резолуција. |
|
pecok
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2011 Статус: Офлајн Поени: 300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи ТВ има low pixel density и секој произведувач на ТВ има вградено и scaler односно уред кој ја намалува или зголемува резолуцијата на слика или било каков видео влез (како на пример влез од конзола за играње) на резолуцијата на ТВ-то. Без добар скалер сликата е шит. За жал ретко кој произведувач вградува и добар скалер а прашање е колку е возможно да се направи добар скалер.
|
|
pecok
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2011 Статус: Офлајн Поени: 300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во суштина единствената разлика од тв до монитор е тоа што ТВ има фиксна резолуција, ТВ има вградено тјунер, во ТВ имаш image processor со motion smoothing. И помалку верни бои нормално. За контрастот не сакам ниту да почнувам затоа што заблуда е дека ТВ има подобар контраст. Бројките што ви ги даваат не значат ништо особено не значат за квалитетот на контрастот кој всушност се одредува со белата и црната боја. Не е суштината во добар контраст копче кое има поголем распон на контраст лево и десно, туку суштината е квалитетен контраст, а поголем распон не значи и квалитет што е особено видливо на ЛЦД телевизори кои имаат висока бројка на контраст а сепак патат од контраст на црна боја па црната е повеќе темно сива отколку црна.
|
|
flashblic
Нов член Регистриран: 21.Јуни.2011 Статус: Офлајн Поени: 23 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас на Ф14 64бит имав општ проблем со ААЦ. Avidemux-ot ми ја јавување истата грешка како кај тебе. ffmpeg заврши работа, ама беше ужасно споро. Откако го симнав сорсот од најновиот ffmpeg бајаги побрзо беше, но не колку што треба да биде. ffmpeg -i vlez.MOV -strict experimental -vcodec copy -acodec aac -ab 256k izlez2.mp4 Пробај, можеби кај тебе брзо ќе работи. Инаку на Федора 15 64бит ги немам овие проблеми. |
|
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |