|
Демони ...!!! |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | ||||
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 30.Јуни.2011 во 14:51 |
|||
Демони , демонски напади ....зли духови ...
Жртва може да биде секој, возрасен човек или дете. Доколку жртва е маж, демонот се нарекува succubus, а ако жртвата е жена, тогаш демонот е incubus.
Демоните се зли духови и како такви немаат пол, за разлика од луѓето. Но тие по потреба може да попримат машки или женски појавен облик. Succubus-от е демон со женски облик а ги напаѓа жртвите од машки пол кои се заспани. Демонот чека момент кога човекот ќе заспие. Тогаш одбрамбените механизми на свеста се исклучени и демонот напаѓа. Доаѓа до заспаниот човек, кој сонува како му приоѓа жена со некоја морничава убавина. Разумот се повлекува од страв, но телото се возбудува. Доколку стравот преовлада, човекот се буди и се спасува. Ако не, тогаш демонот го прекрива во целост. Делимично материјализиран, тој го оневозможува дишењето на заспаната жртва. Во најголем број на случаи жртвата се буди со чувство дека не може да дише. Телото е парализирано. Во затемнетата просторија се гледа некој амебовиден облик во форма на сенка. Борбата за живот е посилна од се и жртвата се буди од хипнотичката состојба. Во будна состојба помислува дека тоа е уште еден кошмар и таа помисла носи извесно спокојство. Доколку не успее да се извлече, човекот умира. Лекарите ќе констатираат нешто како изненадна смрт, инфаркт во сон или нешто слично.
Посебно се осетливи новороденчињата. Постојат случаи на т.н. „синдром на изненадна смрт кај бебињата“. За ова современата медицина сеуште нема одговор. Кај жените настаните се исти со тоа што демонот incubus се појавува во облик на некое неприродно суштество, некакво животно а поретково облик на човек. Од која причина напаѓаат ?
Дали можат да створат зависност ?
Постои ли превентива , терапија , лечење ???
Би сакала да прочитам нешто повеќе за ова .... благодарам .....!
|
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Демоните не се ништо од тоа што е опишано погоре.
Христос во своето откровение од 1991 год. „Христос открива: Демонската држава - нејзините сојузници и жртви„ во поглавието „Кои или што се демоните? Кои се нивните испорачатели на енергија?„[/] објаснува: „...Демоните се паднати ангели, следбеници на првиот женски ангел, кои по капитулацијата на тој ангел, се здружиа и основале во еден дел од вселената демонска држава. Овој прв женски ангел сакаше да биде како Бог, и поради тоа подоцна се обиде се постави над Бога. Капитулираше(беше поразена) после жртвата на Голгота. Демонската држава се одржува исклучиво од енергиите на оние луѓе кои грешат против законите Божји: оние кои поттикнуваат завист и омраза против своите ближни, оние кои живеат во кавга и непријателство со своите ближни, кои тежнеат кон углед, признание и личен посед, кои сакаат да ги изживеат своите страсти, кои шират злоба и подготвуваат војни. Сето тоа создава негативни енергии - и секој кој греши против законот Божји, станува со тоа испорачател на енергија за демоните. Луѓето значи ја доставуваат противзаконитата енергија со која демоните дејствуваат на земјата како би можеле да заведат што повеќе луѓе, со намера да осигураат натамошни доставувачи на енергија. Многумина демони поради тоа не се ни отелотворуваат бидејќи добиваат онолку енергија колку им е потребно да бидат исфрлени во полињата на зрачење, кои би можеле да ги однесат во отелотворение. Оти, тие би требале како луѓе да го претрпат и поднесат сето она со кое се оптовариле нивните души. ... Со негативната човечка енергија демоните.... си создадоа себе си сојузници и жртви. Сојузниците се оние луѓе кои дојдоа до световна власт и углед, и владеат над другите без совест, оние луѓе кои користат моќ и влијание за искористување и врзување на луѓето за себе. Кој се врзе за другиот, кој значи прави она што божемниот патријарх, сојузник, од него сака, тој станува жртва.„ |
||||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Од која причина напаѓаат ?
Toa im e rabotata, bez niv balansot pomedju dobroto i losoto bi bil narusen. Дали можат да створат зависност ? Da ako uzivas vo nivnata opsednatost, tie se hranat so tvojata dusa i se dodeka im pravis mesto vo tebe tie ce se tamu. Se zavisi od tebe, ludjeto se pojaki od niv. So svojata volja mozes da gi pobedis koga sakas. Постои ли превентива , терапија , лечење ??? Preventiva, ne, ne neveruvam nie sme ludje i kako takvi ne sme sovrseni taka da, dodeka postojat ludjeto ce postojat i demonite. Би сакала да прочитам нешто повеќе за ова .... благодарам .....! |
||||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Еве еден мошне добар текст по ова прашање. |
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Текстот е
Изменето од spiros - 03.Јули.2011 во 01:26 |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Целта им е да заведат што е можно повеќе луѓе далеку од Бог. Целта не им е секогаш да ја убијат жртвата, туку уште покорисна им е ако ја користат како медиум со кој што ќе заведуваат други луѓе далеку од Бог. Тоа значи дека тие можат да дејствуваат ефективно и преку бајачи, гледачи, исцелители, разни духовници, гуруа и сл. Жртви најчесто се луѓе кои вршат идолопоклонство (еве ти еден тазе пример: http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=0FDE2DA1CEDDDE4CB6AF91776067C88F), се занимаваат со повикување духови, врачарство, баење, гледање на карти, кафе, дланка, кугла, луѓе што се бават со магии, луѓе кои го слават (свесно или несвесно) ѓаволот со темна музика и сл. „Бидете трезвени и бдејте: вашиот противник, ѓаволот, обиколува како лав што рика, барајќи некого да го проголта. Спротивете му се, цврсти во верата,“ (1 Петрово 5:8, Библијата)
На каква зависност мислиш?
„И така, покорете Му се на Бог; спротивставете се на ѓаволот и тој ќе побегне од вас. Приближете се кон Бога, и Тој (Бог) ќе се приближи кон вас“ (Јаков 4:7-8, Библијата) „Облечете се во сето Божјо оружје, за да можете да им се спротивставите на измамите на ѓаволот. Зашто нашата борба не е против крвта и телото, туку против началствата, против властите, против светските владетели на темнината на овој век: против духовните сили на злото во небесните места. Затоа земете го сето Божјо оружје, за да можете да се одбраните во лош ден и откако ќе свршите сè, да се одржите! И така, стојте цврсто! Препашани со вистината преку бедрата, облечени во оклопот на правдата, обујте ги нозете со ревноста за Евангелието на мирот! При сè тоа земете го штитот на верата, со кого ќе можете да ги угаснете сите огнени стрели на нечестивиот! Земете го и шлемот на спасението и мечот на Духот - кој е Божјото слово, со секаква просба и молитва, молете се во Духот во секое време,“ (Ефешаните 6:11-18, Библијата) Сепак најважно од се е да се помириш со Бог, да се покаеш, да поверуваш во Исус и да станеш Божјо дете. Понатаму Бог ја превзема битката за твоето духовно здравје и целосно избавување, а твое е само да соработуваш и да не Му се противиш на Неговиот повик и Господство на твојот живот. Изменето од EvAngelos - 03.Јули.2011 во 03:22 |
||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ако мислиш дека жената се фрлила од зграда поради идолопоклонство, тогаш размислувањето ти е како на човек од пред нашата ера и секако е неточно. Не си слушнал за психоза очигледно. За среќа, во оваа статија, лекарите одлично ги објаснуваат овие нешта. Бог да чува од луѓе кои вака размислуваат! За среќа, медицината одамна го надмина ова размислување, ама за жал, сеуште некои веруваат дека луѓето со психички нарушувања се опседнати од демони. Изменето од Македон - 03.Јули.2011 во 12:50 |
||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Македон, кога денешниве лекари би живееле во времето на Исус, би ги дијагностицирале сите демоноопседнати како душевно болни, како луѓе со психички нарушувања. Сепак Исус од нив истерувал демони.
Се сложувам дека не секој душевно растроен човек е опседнат од демон, ама убеден сум дека мајка што ги натерала децата да бакнат икони, а потоа ги фрлила низ балкон, а потоа и себе си се фрлила била оспедната од демон. Во ред е да не се согласуваш. Тоа беше моето мислење. Во Библијата има многу примери на насилни луѓе кои напаѓале други луше и сакале да се самоубијат себе и Христос токму од нив истерувал демони. |
||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Никој не спори дека некои луѓе биле демоноопседнати, но, дури и во психијатријата, се познава кога некој е опседнат од демони, а кога некој е болен. Психијатријата им се дава на најдобрите студенти по медицина, тие се лекари, не се шарлатани и одлично ги познаваат сите тие растројства. Прочитај малку повеќе за овој настан, види со какви нешта се соочила жената во својот живот, па ќе дознаеш зошто го направила тоа што го направила. Прочитај ги и мислењата на психијатрите. Не си во право ниту за тоа дека лекарите, ако живееле во времето на Исуса, не би правеле разлика меѓу опседнати од демони и болни. Дури и во времето на Христа постоеле санаториуми за болните. Секако, ти можеш да веруваш во што сакаш, јас го почитувам твоето мислење, но науката не се согласува со истото, а не јас. Психијатријата денес, особено внимава и на многу необјасниви појави, не ги сместува тие во болести, па не случајно и егзорцистите често се упатувани и на мислења од психијатри пред да се преземе некој радикален чекор за изгонување на демонот. |
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Што е за психијатријата и психологијата - на пример - Tourette-Syndromот? Изменето од spiros - 03.Јули.2011 во 23:35 |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
Klara-D
Сениор Регистриран: 03.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 2671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Во Светото писмо на неколку места се споменува дека човекот има и дух и тело. „Духот е силен, но телото е слабо“ вели Исус (Мт. 26:41; Мк. 14:38). Истото го вели и светиот апостол Павле и тоа на повеќе места. Токму затоа телото е цел на овие напади.
Медицински е докажано дека телото реагира на сексуални дразби иако тоа не е по волја на човекот. Тоа го користат овие демони и напаѓаат, исклучиво ноќе.
На почеток ваквиот демон нуди задоволство се додека жртвата не се навлече и стане зависна. Ако жртвата нема сила да се спротистави , трагичен крај е неминовен. Има неколку видови на ноќни напади. Во првата група спаѓаат т.н. кошмари или ноќни мори. Вториот тип напади се сврзани со условно кажано физичко присуство на демонот. Чести се комбинации на овие два типови. Првиот облик се случува кога жртвата е во длабок сон. Нападите почнуваат со сонување на некој сон кој има бизарна содржина. Сонот е со сексуален карактер но постои извесна доза на страв. Жртвата е свесна за сонот и сака да се разбуди, но не може. Првата ноќ сништата се во поскриена форма, завиени, страв речиси и да нема. Потоа како се повторуваат од ноќ во ноќ стануваат пострашни. Сексуалноста во сонот добива демонски-ѕверски карактер. На крај силниот страв го прекинува сонот...... Сонот ја исцрпува жртвата и психички и физички. Таа другиот ден се буди изморена и неспособна за секојдневна активност. Доколку ваквите соништа се повторуваат, тоа го онеспособува човекот и тој бара начин да се ослободи од овие кошмари. Директна опасност нема. Но ако жртвата наредниот ден треба да донесе некаква важна одлука или пак да вози моторно возило, ноќната мора може да заврши фатално. Кај некои поединци се јавува задоволство од сонот. Наредниот ден тие се возбудени и мислите ги насочуваат кон содржината на сонот. Најчесто станува збор за помлади лица. Следната ноќ ќе се повтори нешто слично. После неколку ноќи, почнува да се гледа промена кај човекот. Тој губи интерес за семејството, работата и се друго. Карактерно се менува, а промените не се бавни и постепени. Напротив, сите околу жртвата приметуваат дека нешто чудно се случува. Потоа жртвата станува зависна од демоните и веќе нема сила самата да се ослободи. Последиците се страшни. Најпрво се распаѓа социјалниот статус на човекот. Го губи семејството, пријателите, работата, студирањето и сл. Паралелно се нарушува и здравјето. Најпрво страда нервниот систем, а потоа се јавува анемија, малаксалост, слабеење и постепено исцрпување на жртвата. Подоцна се појавуваат разни хронични и неизлечливи болести, рак и сл. Во терминалниот стадиум жртвата изгледа како долгогодишен наркоман....... |
||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Znachenjeto na taa misla, kazhana na deneshen sekojdneven jazik, znachi deka voljata na chovekot e sekogash posilna od negovoto telo. Postojat bezbroj primeri za toa kako chovekot gi nadminal fizichkite limiti (barem onaka kako shto gi znaeme od modernata nauka i nasheto iskustvo) samo zatoa shto imal silna motivacija, zhelba i volja da postigne neshto.
Ova e pravoslavna doktrina so cel da gi napadne site chovechki zadovolstva, a kreirana e posebno za da gi demonizira onie seksualnite.
Nema nishto demonsko vo seksot i seksualnoto zadovolstvo, kako shto nema demonsko nishto vo bilo koe telesno zadovolstvo. Teloto, takvo kakvo shto e, so negovata anatomija i zadovolstvata koi sledat od nea, e kreirano i podareno od Boga. Gjavolskoto i demonskoto rabotat vo nasheto Ego koe chesto pati posakuva zadovolstvata da bidat negov ekskluzivitet po sekoja cena (vkluchuvajkji ja i ona na shetta na drugite), kako i na umot koj potoa ova go osmisluva i realizira. Se razbira, vo ova ne vleguvaat lugjeto koi patat od bioloshki imbalans i poremetuvanja koi denes uspeshno se lekuvaat od strana na modernata medicina, a bilo nemozhno vo minatoto.
Demonskoto ne e iskluchivo nokjna manifestacija, no dodeka spieme svesta e iskluchena, a zatoa podsvesta kade shto caruva Egoto e i natamu potpolno aktivna. Изменето од Messenger - 05.Јули.2011 во 17:39 |
||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Би додал само кон она што го рече messenger дека кај младите луѓе, особено оние во пубертет, сексуланите соништа се сосема нормална појава во процесот на физиолошко созревање. И тоа е исто така медицински докажано, а со демоните нема никаква врска.
А ако некој млад човек има проблеми со семјството, пријателите, образованието и сл. тогаш треба причината таму и да се бара а не во вилијаниа од страна, демони и сл. Психотерапијата(нема врска со психијатрија, лекови, лудници и сл.) односно добриот психотерапевт преку психотерапевтските разговори може тука многу да помогне. Изменето од Majkl - 05.Јули.2011 во 15:49 |
||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Може да му помогне во неговите психички проблеми само ако има доверба во душегрижникот! Така? Од безценета важност за душата е таа да воспостави контакт со Најголемиот Душогрижник (и Исцелител) на сите времиња, да го прими Него во сопственото срце и пред се’ од Него (одтаму) да ја добие неопходната помош! На сите луѓе а посебно на оние со психички проблеми, психози (и слични демони), одсрце и најискрено им Го посакувам Светиот ДУХ БОЖЈИ, преку Кого ЕДИНСТВЕНИОТ СОВРШЕН БОГ - за спасение на сите - во Исус Христос Ја отелотвори Својата Спасителна Мудрост и преку Кого е во состојба да ги направи најчудесните трансформации и исцелувања! Амин!
Значењето на таа мисла и случка - но и на други случки во Новозаветните Списи - е дека човековиот дух (колку и да е волјен) поради телесните слабости не е моќен да дојде до крајната цел на Совршената Будност! Интересно е да се забележи дека Св.Ап. Петар - но и сите останати Апостоли и следбеници - после излевањето на Светиот ДУХ БОЖЈИ веќе никогаш не Го изневеруваат ГОСПОДА, туку будно Му служат дури и во моментите кога поради Него се убивани! Па така, значи, ако вие, кои сте лоши, умеете да им давате добри дарови на чедата свои, колку повеќе Небесниот Отец ќе им даде Дух Свети на оние што Му бараат? (Ев. Лука 11:13) Изменето од spiros - 05.Јули.2011 во 23:16 |
||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |