IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Занимливости околу исхраната
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Занимливости околу исхраната

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 20>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2011 во 04:37

Морковите варете ги!

Познато е дека со готвењето зеленчукот губи дел од драгоцените состојки. Единствено, морковите се исклучок. Нутриционистите открија дека со варењето на морковите, количеството на бетакаротен и на фолната киселина, важни елементи за организмот, се зголемува за една третина. Овие состојки го штитат здравјето од слободните радикали кои го разоруваат телото и го слабеат имунолошкиот систем.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јуни.2011 во 23:14

Место сол користете босилек

Босилекот, како и повеќето зачински билки, кој на јадењето му дава карактеристичен вкус, е одлична замена за солта, па начинот на исхрана во кој место сол се користи босилекот посредно дејствува и на намалување на високиот крвен притисок и отстранувањето на целулитот. Освен што го подобрува вкусот и го збогатува мирисот на многу јадења, босилекот со своите состојки поволно влијае врз здравјето на организмот.
Босилекот го поттикнува апетитот, поволно влијае врз варењето и врз рамнотежата на цревната флора. Во облик на чаеви најчесто се применува кај лекување на воспаленија на желудникот и цревата и кај болестите на мочните органи, го ублажува кашлањето и лекува афти. Маслото од босилек се смета за одлично средство против акни.
Поволно дејствува и врз нервниот систем - ги смирува нервната напнатост, мигрената, го подобрува памтењето и го отстранува менталниот замор.
Облогите од босилек го забрзуваат заздравувањето на раните, а свежите листови се одличен домашен лек против каснувања од комарци. Со прсти свежите листови иситнете ги и истријте го местото од каснувањето.
Етеричното масло од босилек има антибактериско, антивирусно и антисептичко дејство.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2011 во 00:37

Лешници за здрав желудник

Во поголемо количество содржат витамин Б1 кој ги јакне нервите, витамин Б3 кој ги одржува здрави желудникот и цревата, витамин Б6 кој е важен за измена на белковините, витамин Е кој ги штити клетките од дегенеративни промени и фолна киселина која помага за создавање на црвени крвни зрнца. Од минералите содржи големо количество на калциум кој е важен за создавање на коските.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2011 во 13:15

Здрави летни овошки

Дињата ги чисти токсините

Како лубеницата, и дињата содржи многу вода, но и доста витамин А и Ц. Го олеснува варењето на белковините (затоа некои го јадат и во комбинација со пршут) и исфрлањето на токсините од организмот. Ефикасни во лечењето на хемороиди.

Кајсиите богати со витамини

Здрави се бидејќи содржат многу витамин А кој им дава портокалова боја (бетакаротен). Така со внесување 100 г кајсии внесуваме половина од дневната доза витамини. Покрај тоа содржат витамини Ц и Б1 и железо.

Цреши како диуретик

Овие први летни плодови се богати со шеќер (6-15 проценти), но се работи за шеќер кој организмот добро го поднесува. Богати се со минерали, особено со калиум, и со кобалт, кој е составен дел од витаминот Б12. Имаат диуретски ефект (чајот од стебленцата на црешите е познат диуретик).

Сливите го регулираат метаболизмот

Сите видови сливи ја регулираат столицата и имаат лаксативен ефект. Освен на системот за варење, позитивно делуваат и врз нервниот систем, и тоа благодарение на големите количества фосфор и магнезиум. Сливите се помалку слатки одошто се чини: содржат само 3-8 проценти шеќе

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2011 во 12:13

8 златни правила во исхраната

1. Наместо путер, свинска маст и павлака, во храната додадете маслиново масло.
2. Секојдневно изедете најмногу 10 мл масло од житарки, најдобро во салати.
3. Внесувајте го разумно дневното препорачано количество на маснотии: една мала порција торта со слатка павлака содржи исто или дури и повеќе заситени масни киселини како и една голема порција месо кое побрзо заситува, а содржи и други хранливи состојки (белковини, железо).
4. Јадете сирење два до три пати неделно. На постарите лица им се препорачуваат само мали количества на млечни производи. Ако имате зголемен холестерол, тогаш јадете исклучиво немасни видови на сирење, но многу ретко.
5. Предност дајте му на белото месо пред црвеното, зашто содржи помалку заситени масни киселини.
6. Јадете многу риба, барем два до три пати неделно, зашто рибата е богат извор на омега-3 масните киселини, а не содржи многу заситени масни киселини.
7. Јадете мали количества на салами: ако изедете само пет до шест грама салама, тогаш тоа уживање можете да си го овозможите речиси секојдневно. Ако, пак, не можете да им одолеете на саламите, тогаш обидете се да ги јадете оние кои се помалку масни. Не јадете сланина.
8. Секогаш отстранувајте ја целата видлива маснотија од месото, шунката, пршутата

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 22:11
Компирите дебелеат со текот на годините

Производите од компири, како што се чипсовите и пржените компирчиња, придонесуваат за зголемување на тежината со текот на годините, покажува истражувањето на универзитетот Харвард.

Научниците го спроведоа првото големо истражување кое ја индицира поврзаноста на дебелеењето и повеќегодишната консумација на одредени намирници. Истражувањето кое траело 20 години и во кое учествувале повеќе од 100.000 испитаници, открило дека одредени намирници треба да се консумираат внимателно.

Проучувајќи која храна најмногу придонесува за зголемување на телесната тежина на подолг рок, научниците откриле дека за тоа највиновен е компирот, односно неговите производи – чипсот и пржените компирчиња. Токму заради производите од компири луѓето во текот на животот најмногу се дебелеат, а за тоа не се ни свесни. За временски период од четири години телесната тежина на испитаниците се зголемила за два килограми во просек, како резултат на консумацијата на овие производи.

- Тоа најверојатно се случува заради скробот и рафинираните јаглехидрати кои предизвикуваат зголемување на глукозата во крвта и инсулинот. Како резултат на тоа се зголемува апетитот и човекот јаде повеќе отколку што му е навистина потребно. Нашето истражување покажува дека малите промени во животниот стил можат значајно да ги изменат работите и луѓето треба сериозно да размислат околу ова, истакнува д-р Dariush Mozzafarian, епидемиолог кој работел на истражувањето.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 22:13
Јагодите го забавуваат стареењето

Конзумирање на јагоди го забавува стареењето, па дури и штити од рак, покажува истражувањето на шпански и италијански научници.

Според нив, јагодите помагаат за зголемување на нивото на антиоксидансите во крвта што го спречува т.н. окислителен стрес, го забавува стареењето, па дури и го намалува ризикот од болести како рак, дијабетис и срцеви болести.

За целите на експериментот научниците им давале по половина килограм јагоди на 12 здрави доброволци во текот на две недели. Тие потоа зеле примероци од крвта од четвртиот, осмиот, дванаесеттиот и шеснаесеттиот ден, како и еден месец подоцна. Резултатите покажале дека редовното конзумирање на јагоди го зголемува нивото на антиоксиданси во крвта и го спречува распаѓањето на црвените крвни клетки.

Научниците од Политехничкиот универзитет во Марке, Италија, и од Универзитетот во Гранада, Шпанија, сметаат дека тоа се должи на високото ниво на фенолни состојки, кои имаат антиоксидантни својства.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2011 во 06:07

Како да препознаете кои брокули се свежи?

Брокулите се специфичен зеленчук, зашто при врвовите имаат ситни, мали цветчиња. Кога се свежи и здрави, тогаш тие се цврсти и јаки, а цветчињата што се наоѓаат на врвовите имаат јака зелена боја и не се прецветани. Ако цветчињата се прецветани, значи брокулите се презреани. Тогаш тие имаат и поинаква боја.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2011 во 06:54
Овошје кое ќе ве подготви за сончање

Овошјето е природен десерт, кој за разлика од колачите и другите слатки задоволства, може да ни биде единствено од неизмерна корист, без пропратни штетни влијанија.

Во летниот период, кога сме постојано изложени на сонце, потребни ни се одредени витамини и хранливи материи кои ќе ја подготват кожата за влијанието на силните сончеви зраци. За таа цел, природата токму во овој период од годината ни нуди природно и вкусно решение.

Во продолжение ви го претставуваме овошјето кое треба поинтензивно да го консумирате во летните денови, особено кога се подготвувате да одите на одмор.

Кајсии

Сезона: Од јули до август

Благодарение на провитаминот А со кој се богати кајсиите (од 1,5 до 3 милиграми), ова овошје ја штити кожата и ја подготвува за сончање. Исто така, кајсиите се корисни и за видот. Богати се и со калиум, кој помага кај високиот крвен притисок и го подобрува спиењето.

Калории: 35 kcal/100g

Кајсиите не ги бирајте по црвената боја, која не е знак за зрелост, туку по нивната мекост и силниот мирис.

Праски

Сезона: јули и август

Покрај нивната корист за кожата, праските се богати и со флавоноиди, кои ги штитат крвните садови. Исто така, праските воспоставуваат рамнотежа во однос на киселините од останатите намирници кои ги внесуваме во организмот. Имајте во предвид дека жолтите врсти се побогати со витамин Ц од белите врсти.

Калории: 40 kcal/100g

Бирајте ги оние плодови кои се меки на допир затоа што праските не созреваат после бербата. Жолтите врсти се покисели од белите. Црвенкастите, пак, се познати по добриот вкус.

За кожата и сончањето добри се и дињите кои се богати со бетакаротен, како и доматите кои се богати со ликопен.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2011 во 23:15

Лубениците - одличен диуретик

Изобилство на минерали

Лубеницата ги содржи витамините Ц, Б1, Б2, ПП и каротин, фолна киселина. Од минералните материи исклучително е богата со магнезиум, железо, калиум, калциум, натриум и фосфор. Изобилува и со шеќери, посебно со фруктоза. Во народната медицина од плодот се користи месото, кората и семките.

Одличен диуретик

Лубеницата е одличен диуретски производ со минимална енергетска вредност, кој истовремено ефикасно ја гаси и жедта. Нејзиното својство да го стимулира и засилува мочањето го користи и современата медицина кај болните од бубрези и кај заболувањата на жолчката, како добро средство за топење и исфрлување на камењата кои се од калциум-оксалатно потекло. Во Русија постојат бањи кои овие болести ги лекуваат со лубеница и со врел песок и на тој начин ја исфрлаат натрупаната сол од организмот. Особината да го стимулира излачувањето на водата од организмот ја олеснува работата на кардиоваскуларниот систем, го намалува и крвниот притисок, го чисти жолчниот меур, мочните патишта и помага кај заболувањата на црниот дроб.

***

СОВЕТ

Лубеницата дејствува смирувачки, ги ублажува тешкотиите во варењето и добро им годи на оние кои имаат чир во желудникот. Во овие случаи има речиси исто лековито дејство како и грозјето. И покрај извонредното дејство врз организмот, се смета дека е подобро да се јаде лубеницата повеќе пати, но по малку, отколку одеднаш да се внесе поголемо количество. Максималното количество е 500 - 600 грама по оброк. Ова овошје не им годи на дијабетичарите, а треба да го избегнуваат и срцевите болни на кои им е забрането земање на поголеми количества течност. Разладените лубеници може да бидат штетни за лицата кои имаат чувствително грло.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2011 во 14:11

ДИЊИ

Го јакнат и го чистат организмот

Дињите содржат многу вода, потоа околу 7 отсто шеќер, 1 отсто белковини, нешто помалку влакна. Од витамините, во нив има многу каротин и витамин Ц, а од минералите главно калиум.
И дињите имаат благотворно дејство врз бубрезите и жолчната ќеса, зашто ги олеснуваат тегобите кај акутното воспаление. Исто така, го јакнат и го чистат организмот. Бета-каротенот има превентивна улога кај некои видови рак.
Додека лубениците освојуваат со сласта, дињите тоа го прават со вкусот и аромата. Не е случајна поговорката: "Да знае свињата што е диња, не би јадела тиква".
Има зелени и портокалови дињи, но и едните и другите се подеднакво сочни, слатки и нискокалорични - во 100 грама има само 29 ккал.

Против камен во бубрезите и бешиката

За овој лек ви се потребни еден килограм семки од диња кои се ставаат во пет литри вода и се варат додека течноста не спадне на три литри. Откако ќе се излади, се прецедува и се сипа во шишиња. Од течноста се пие три пати дневно по 100 мл. Лекувањето трае додека не исчезнат тешкотиите. Овој лек може да се подготвува и секој ден и да се консумира свеж. Тогаш се земаат една лажица семки, се толчат и се варат 2-3 минути во 200 мл вода. Се пие три пати дневно.

Против каснувања и изгореници

Дињата ги смирува и ги ублажува болките кај надворешните повреди на кожата при каснување и изгореници. Болното место се мачка или со сок од диња или на него се ставаат облоги од рендана диња.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2011 во 18:11

Чипс од зеленчук

За да направите чипс од зеленчук потребно е тенко да исечете по должина две млади тиквички. Излупете два моркова и исечете ги на стапчиња. Половина од помал корен од целер исечете го на тркалца. Два млади компира исечете ги на тркалца. Пржете ги компирите во поголемо количество загреано масло, а остатокот од зеленчукот испрпелкајте го во брашно и пржете го во истото масло. Чипсот ставајте го на хартиена салвета, но внимавајте, не треба да се поклопуваат, па посолете ги парчињата и послужете ги веднаш.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2011 во 05:30

Праските даваат енергија

Поради специфичниот пријатен вкус, сочноста и хранливите вредности, праската се вбројува во најомиленото овошје. Најдобро е да се јадат свежи.
Во месото на праската има целулоза (растителни влакна), која претставува 1,4 отсто од нејзината тежина, натопена со сок, т.е. со вода со стопен шеќер, мало количество на јагленохидрати, 12-ина минерални соли (од кои најмногу има калиум) и со витамините А и ПП.
Зрелата праска содржи 12 отсто јагленохидрати, шеќер 0,5 отсто, потоа белковини и малку масти. А, 100 грама месо од праската даваат 52 калории.
Во праската има витамин Ц, каротин - провитамин А, витамин Б1, витамин Б2, ПП и други. Пред се, витамините се концентрирани во лушпата на праската, па затоа треба да се јадат нелупени.
Свежата праска најмногу има калиум, потоа калциум, фосфор, магнезиум, сулфур и натриум.
И праската е мошне корисна за здравјето на човекот: ги ослободува цревата од отровите, ги смирува нервите кај децата, го поттикнува лачењето на жолчката, го закрепнува црниот дроб, ги освежува желудочните органи, ги јакне белите дробови.
Како што на реконвалесцентите им се даваат портокали, така може да им се даваат и праски, зашто лесно се варат и даваат енергија. Тие се одлична храна за децата, идните мајки и за постарите лица.

Сок од праски

За сок изберете целосно зрели плодови. Измијте ги, извадете им ги семките и добро изгмечете ги. Потоа, на секој килограм овошје додадете еден литар варена вода во која сте раствориле 20 грама винска или лимонска киселина и 20 грама исушена мајчина душица. Оставете ги на ладно место да отстојат 24 часа. Потоа, сокот прецедете го. На секој литар сок додадете еден и половина килограм шеќер и оставете го да отстои на ладно место два дена, со повремено мешање. Готовиот сок сипајте го во шишиња и затворете го со двојно превиткана газа.

Мармалад

Земете еден килограм зрели праски и петстотини грама шеќер. Праските измијте ги, а потоа испасирајте ги или исечете ги на помали парчиња, па посипете ги со шеќерот и поклопени оставете ги да отстојат два-три часа. Потоа, на јак оган варете ги 30-ина минути. Врелиот мармалад сипајте го во загреани тегли и затворете ги со целофан.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2011 во 16:53

Праски или кајсии, што е поздраво?

И двете! Двете овошја се подеднакво вкусни и здрави. Искористете ги нивните предности и уживајте.

Кајсиите се многу здрави. Железото и калиумот, на пример, во сокот од свежа кајсија се благотворни за луѓето кои страдаат од анемија. Свежиот сок, исто така, го чисти телото од штетни супстанции, а може да биде и лек за изгореници. Кајсиите исто така се одлични за дигестивниот тракт, а поради високата содржина на целулоза и пектин се користат како лаксатив. Најдобро е да се јадат наутро, пред појадок, а на децата можат да им бидат дадени како летна ужина помеѓу оброците.

Се верува дека семките на кајсијата, поради високото ниво на витамин B17, го зајакнуваат имунолошкиот систем, па дури се продаваат како помошен лек во третманот на ракот, но британската Агенција за контрола на храната предупредува дека тие можат да бидат смртоносни ако се консумираат во големи количини.

Претставници на Агенцијата велат дека семките на кајсија содржат цијанид и препорачуваат во текот на денот да не се јадат повеќе од две семки. Според портпаролот на Агенцијата, искуствата покажуваат дека може да дојде до „сериозни здравствени проблеми", ако се изедат од 20 до 30 семки од кајсии во краток рок.

Праската како симбол на бесмртноста

Во Кина праските се одгледуваат уште пред 4.000 години и се смета дека тие се симбол на долг живот. Во Европа, праските ги донеле Римјаните.

Праската е идеално овошје за оние кои се на диета бидејќи во 100 грама има околу 40 калории. Во праската има најмногу вода, јаглени хидрати и протеини. Таа е богата со бета-каротен и витамин C.

Исто така, праските се добар извор на калиум, фосфор, магнезиум, калциум и селен.

Праските имаат благотворен ефект на телото бидејќи се одличен диуретик, го чистат телото од отрови и го подобрување на варењето.

Доколку купувате зрел плод, изберете помек. Зрелите праски се расипуваат брзо, па чувајте ги во фрижидер потрошете ги во рок од два дена.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 20>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,152 секунди.