|
СКОПЈЕ 2014 или ЛУНА ПАРК '14 |
Внеси реплика | страница <1 145146147148149 229> |
Автор | ||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
за тие што не знаат, идентитет се утврдува со документација и ДНК, се друго е гола вода и празни муабети... а ова сигурно се празни муабети, бидејќи ние документација немаме
бидејќи споменик на Александар можеш да ставиш и на Антарктикот, ама тоа нема да значи дека пингвините се негови потомци |
||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Добро бре народе..КОГА тоа ...прашувам сега (нај)сериозно ... ПИНГВИНИТЕ (ни) стасаа дури до овде ....а да ние не го тоа забележиме а!?
|
||||
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Далеку од тоа дека само економските текови постојано ја оредувале историајта. Тоа е типично марксистичко-ленинистичка констатација, која се докажа дека е неточна, а е изградена врз збиднувањата во XIX век. Бидејќи ова не е подфорумот историја, нема да навлегувам во историските текови, но, затоа ќе те потсетам дека националните прашања се дел од оние нешта кои ја одредувале историјата, далеку пред економијата, а ако се погледнат историските збиднувања во Средниот Век, тогаш многу други вредности би ги поставиле пред економските текови. Изменето од Македон - 27.Јуни.2011 во 11:52 |
||||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Не би се согласила, но друга тема е тоа Само малку да напишам, протокот на капиталот и начините на акумулирање капитал од дамнешни времиња биле основа за тоа што потоа го пишувала историјата. Таму каде што има капитал, има уметност, култура и наука. Што се однесува до мрачното доба, престанокот на мрачното доба е како една причина, поради крстоносните војни. Тие ќе овозможат проток на капитал од истокот и зголемување на економијата како прво, и повторно, ќе ја напишат историјата Е сега, историјата има убави и помалку убави моменти...Во кои ќе се запише нашето Скопје 2014 со оглед на економската ситуација тука и сега, времето ќе покаже. |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Aко досега се сомневав дека станува збор за марксистичко размислување, сега веќе сум сигурен дека станува за такво. Како да го читам Маркс кога говори за базата и надградбата. Сосема исти реченици! Уште да се кажеше дека капитализмот ги ескполатира луѓето и дека човекот ќе живее најсреќно во едно комунистичко општество и сликата ќе беше комплетна. Немаше да биде толку страшно, доколку беше тоа кое го пишуваш точно, ама за жал Маркс пропуштил многу моменти при анализирање на историските текови. Крстоносните војни подобро воопшто да не се споменуваат, затоа што зад Крстоносните војни, кои биле во најголем дел неуспешни, воопшто не се крие некаков капитал, туку идеја. Единствена акумулација на капитал има по Четвртата Крстоносна војна. Другите крстоноснци војни само значеле губење на капитал за европските држави. Ако и тоа е прочитано од Маркс, да знаеш дека и тоа е неточнои меѓу другите анализи на средновековната историја. Идеите се тие кои овозможиле да се појави сето тоа што се појавило, а не некаков капитал. Најголем поседувач на капитал во тој период биле владетелите и Црквата, ама кај нив тие идеи за преродба и напуштање на мрачниот период не се појавиле, туку кај луѓето кои имале идеи, а не капитал. Мој совет ти е да не веруваш на тие застарени анализи, едноставно затоа што не се вистинити направени во XIX век кога луѓето немале целосна претстава за историските текови. Сепак, живееме во XXI век. Потпирај се на историски анализи, а не на марскистичките писанија, кои историјата неколкупати ги демантираше. |
||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ma kakov Marx,...koj Englez ve spopal?!
..poglednete shto mislat ''obichnite'' lugje:
........................................................................................................................
...splendid,...ednostavno !
|
||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Македон, Маркс мене не ми е многу познат освен два три текста што сум прочитала од пред 10тина години од кои ми останале идеја две, да бидам искрена :) Така да, може ти звучам како него, ама он никогаш не бил некоја фигура од интерес за мене, еве си признавам...ќе продолжиме на друга тема кога ќе имаме време, ако имаме прилика повеќе ќе се објасниме, за да ти ја докажам мојата поента-а ќе ја докажам И ако ме читаш, ќе знаеш дека комунистичкото размислување не ми е блиско П.С. значи, трговијата се развива се повеќе и повеќе со крстоносните војни, и во Европа почнува да се развиваат нови економски системи. Заедно со тоа, после многу научници и уметници преминуваат од Византија во Западна Европа со освојувањето на Османлиите, и така настанува ренесансата. Значи, што е причина за преродбата, како што љуби Грујо да каже? Капиталот Науката Уметноста Сегашноста. А не- нула економија, а некаква уметност која го слави минатото, а не ја создава сегашноста. Веќе, не пишувам :) Изменето од Kali - 27.Јуни.2011 во 14:01 |
||||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
uff,fala bogu!
...ti si od retkite shto im obrnuvam vnimanie shto ''vikaat'' ama ,..ovojpat pretera.
|
||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||||
Persej7
Сениор Регистриран: 21.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 254 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ама твој проблем, мој не! Твојот поглед не е и моја перцепција за проектот Скопје 2014 и исто така за мојот град. 3ошто твојот проблем да стане наш проблем?! 3а мене пак твоето е омаловажување на мојот град и мојот народ! Па ако искреноста ти е одлика, врати се наназад да ги прочиташ сите твои "бисери" по темата -- за кои верувам ќе се сложиш дека ме може, а да не се окарактеризираат како чист одраз на фрустрација. Впрочем, затоа и реагирам. Се чудам како вопшто не ви е срам така да плукате по сопственото?! Изменето од Persej7 - 27.Јуни.2011 во 21:54 |
||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Секој почеток е тежок - гласи една стара поговорка... Комплекси од романтискиот историски период да се изживуваат сега... не е добро... Ова што денес се случува требаше да се случи 1945 - а не сега... но како и да е, човек во секоја работа може да најде и позитивни и негативни работи... Ако некој сака да се гордее со тоа што се прави денес - негова работа и негов проблем... Лично сметам дека проблемот се состои на друго место..., како што кажав: Секој почеток е тежок... Времето ќе покаже кој е во право - само овој (нашиов почеток денес) да не биде причина за “црна“ наша иднина... треба да се размислува и за утре, а не да се живее со пубертетски идеи: сега и овде... секој има право на избор и право на слобода - тоа во Македонија за жал не важи... или важи само за одредени етнички структури. Гроздобер, ах таа Лекна што само стенка... и тутуноберачите... Бронзена историја или камено време? 2011 - има време до 2014 |
||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Те читам редовно, а тоа што го читам често звучи како пропагандите од времето на социјализмот. Тоа не значи дека ти размислуваш така, но, совпаѓањето на мислите е просто зачудувачки. Во однос на Крстоностните војни, дали знаеш што се случило во Втората Крстоносна војна? Дали знаеш колку ја чинела Англија истата? Дали знаеш дека европските монархии не биле мотивирани да одат и да се борат се додека Папата не се заканил со екскомуникации? Точно е дека се отвориле трговски патишта, но тие трговски патишта постоеле и порано, бидејќи Византија тргувала и со Арапите, се до доаѓањето на Турците-Селџуци. Затоа, повторно ќе кажам, аргументот дека економските текови се најважни за тековите на историјата не држат вода. Преминот во Западна Европа се должи на Четвртата Крстоносна војна, која завршила со грабеж на Византија, а не на освојувањето од страна на Османлиите. Освојувањето од страна на Османлиите во XV век, се случило во екот на ренесансата, а не пред тоа. Провери кога почнуваат хуманизмот и ренесансата, а кога паднал Константинопол. |
||||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Отвори тема, сега ме испровоцира ( позитивно), и ќе дискутираме!!!
П.С. Ќе ме натераш да се преиспрашам како е возможно да ти звучам како некои социјалистички пропаганди, кога социјализмот е сосема надвор од мојата филозофија....Јас сум голем индивидуалец и човекот го сметам и за социјално суштество, но пред се секоја индивидуа со својата уникатност и особеност. Конфликтот, е основен услов за развој на единката, и на општеството. И сепак мислам дека сме се разминале некаде, јас во изразувањето, а ти во читањето :) Изменето од Kali - 28.Јуни.2011 во 14:53 |
||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
На историја има тема за крстоностните војни и се нарекува токму "Крстоносните војни". |
||||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Ај да не отвораме нова тема за секој нов споменик
еден поздрав со песнава за новиот споменик што ќе му го чува грбот на “Коњаникот“ http://www.youtube.com/watch?v=ECDyH9-30ng Само нешто текстот не се вклопува со Александар ... или кој знае.... Светот греши а и нашиве соседи 100% не се во право... Вистината е во нас!!! Сите се будали - само ние паметни! Вистината е една - вистината е Македонија. Верувај во себе - ај за многу години!!! п.с. дозата сарказам е “случајна“ како “гром од ведро небо“ - затоа за секој случај користете громобран!!! |
||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||||
Внеси реплика | страница <1 145146147148149 229> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |