|
Состанок за излегување |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
Schatzii
Сениор Регистриран: 04.Мај.2010 Локација: Germany Статус: Офлајн Поени: 10600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Како да се однесувате на првиот состанок
Никој не е совршен. Но, некои работи треба да знаете да ги контролирате и да знаете како да се поставите. Следниве работи никако не треба да ги направите. Викање - Губење на контрола, особено во јавноста покажува недостаток на самоконтрола. Тоа е одбивно. Покажува колку сте психички, ментално и физички слаби. Ароганција - Постои општа заблуда дека жените преферираат замислени мажи, тоа всушност е одбивно. Многу мажи ја поистоветуваат довербата со ароганција, но тоа во никој случај не е исто. Самоувереноста е привлечна, но доколку се обидете да покажете колку сте самоуверени ќе постигнете спротивен ефект. Сите жени знаат дека квалитетите се всушност дискретни. Родителско однесување - Современите жени не сакаат некој да им кажува што да прават, како да се облекуваат или каква фризура ќе носат. Можеби ќе мислите дека се разбирате во тие работи, но таа ќе мисли дека сте свиња.Алкохол - Алкохолот опушта, но доколку претерувате секако ќе предизвика спротивен ефект. Кога сте на состанок избегнувајте да консумирате големо количесто на алкохол, за да не дојдете во непријатна ситуација. |
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go; Be what you want to be, because you have only one life and one chance to do all the things you want to do. |
|
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Zatoa Shatz, jas go preskoknuem prviot sostanok i odam direktno na vtoriot... da ne dobijat pogresna pretstava za mene, de...
|
|
Incredible Blue
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ima da cheka tuku shto nema trte mrte
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали е ова најлудиот состанок за излегување?
Две личности кои барале љубов на интернет одлучиле да ги отфрлаат вообичаените опции за состанок како одење на кафе или во кино, па решиле да тргнат на европска авантура од 21 ден. Клара Бенсен (писателка) и Џеф Вилсон (професор) се запознале преку интернет страницата „Ок Купид“ и за само 8 недели подоцна, парот од Тексас се нашол во авион за Истанбул. Според Клара: „Како што рекол Марк Твен - Не постои посигурен начин за некого да замразиш или засакаш од заедничко патување“. Клара на он - лајн страницата за запознавање се вклучила седум дена пред да го запознае Џеф и го видела неговиот интригантен и чуден профил на кој стоела негова слика со голема крава. Откако стапиле во контакт, уште во третиот меил Џеф ѝ ја предложил необичната авантура, без подетално запознавање и разговори преку интернет. Тој ѝ напишал: „Дали имаш некоја идеја за патувачко експериментирање? Јас имам неколку и сакам сите да ги испробам во јуни“. Она што за него претставувало експериментирање и авантура било тргнување без план, без резервации и без куфери. Само основни и најпотребни работи за лична хигиена, пасош и пари. Ова било шок за Клара, но сепак авантуристички дух преовладал и го прифатила предизвикот. Пред да тргнат во јуни, сепак се сретнале неколку пати и се договориле дека нема да носат дополнителна облека, туку ќе ја перат таа што ја носат на нив. Од лични работи носеле: пасош, кредитни картички, мобилни телефони, мапи и четки за заби. Потрошиле вкупно 1.200 долари за повратни билети. Во просек дневно трошеле 30 долари на сместување и храна. „На прв поглед не бевме многу компатибилен пар. Џеф е енергичен универзитетски професор, а јас сум повлечена и затворена писателка“, изјавила Клара. Меѓутоа во текот на патувањето таа сфатила дека имаат многу повеќе заеднички работи, отколку што мислеле на почетокот. „Открив дека нашите личности имаат иста крв на луди научници“. На крајот, според цитатот на Марк Твен, излегло дека сепак си се допаѓаат еден на друг. За 21 ден поминале 8 држави, тргнувајќи кон Турција, низ Унгарија, Хрватска, Босна, а завршиле во Англија. Користеле различни превозни средства, но и многу пешачеле. Шест месеци подоцна, тие се сè уште заедно, меѓу нив има хемија, но и многу поголема длабочина, поврзаност, смисла и пријателство. Дефинитивно, патувањето ќе им остане како незаборавно доживување и посебно поврзување. |
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |