IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Не прави идол или слика на она што е горе
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Не прави идол или слика на она што е горе

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 20212223>
Автор
Порака
alf Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 631
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај alf Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2011 во 21:11
.

Изменето од alf - 19.Септември.2011 во 08:46
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2011 во 21:49
Aj, sega pa ti... pochna so lichni greshki vo chekori.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2011 во 00:15
Originally posted by Македон Македон напиша:


Послание на св.Апостол Павле до Галатјаните

3,1 О неразумни Галатјани! Кој ве маѓепса вас, пред чии очи Исус Христос е јасно нацртан како распнат?


Посланието до Галатјаните не е напишано на македонски јазик, туку на изворниот коине грчки. Тоа што ти го читаш во горниот превод како "нацртан", во оригиналнниот јазик пишува "προγράφω" (прографо) и значи: "претскажан", или фигуративно: "прикажан, опишан", или буквално "преднапишано" т.е. напишано порано. Глаголот "графо" значи "пишува", a префиксот "про" му дава минато време на тој глагол.
 
За илустрација, истиот збор "прографо" се користи и во следниве стихови:
 
"Навистина, сè што е напишано (прографо) некогаш, напишано (прографо) ни е нам за поука, за да имаме надеж преку трпението и преку утехата од Писмата."
(Римјаните 15:4)
 
"..по откровение ми е соопштена тајната, како што порано пишав (прографо) накратко.."
(Ефешаните 3:3)
 
"зашто ни Христос не Си угодуваше Сам на Себеси, туку како што е напишано (овде стои само "графо"): „Хулите на оние, кои Те хулеа, паднаа на Мене.” "
(Римјаните 15:3)

Сите овие цитати се напишани од истиот писател што го напишал и посланието до Галатјаните т.е. апостолот Павле.

Како што гледате не станува збор за никакво "цртање" погоре, ниту за некакви икони од Исус, туку Павле ги укорува христијаните од Галатија за нивното заборавање на првичното евангелие што им било кажано порано, евангелие во кое Христос бил јасно претставен како распнат т.е. како Оној Кој умрел за нивните гревови и ги ослободил од стегите на робувањето на Мојсеевиот Закон.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2011 во 00:36

Originally posted by Македон Македон напиша:

Да проштеваш, ама историските податоци не ти се точни. Уште во времето на Тертулијан има податоци за употреба на ликови,


Доказ?

Originally posted by Македон Македон напиша:


а да не говорам за ископините во катамокбите, кои не може да бидат од IV век затоа што во четвртиот век, освен во почетокот, Христијаните немале никакви проблеми со нивното воероисповедување.


Јас реков 3-4 век, а не 4ти век.

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:


Такво нешто нема ни кај следбениците на апостолите, ниту кај нивните следбеници, ниту кај следбениците на следбениците и така натаму се до 3-4 век каде што почнуваат да се цртаат по некои уметнички слики по катакомбите,


Исто така важно е да се спомне дека тие уметнички цртежи по катакомбите ни одблиску не биле икони, туку чисто уметнички ликови. За некои од нив е спорно и дека имаат и христијанска позадина. Најважно од се, иако имаме огромно ранохристијанско творештво од 2-от и 3-от век, сепак не се најдени записи дека христијаните изработувале икони, дека ги осветувале, дека се молеле пред нив, дека се клањале пред нив, дека им палеле кандила, дека правеле бизнис со нив и сл. За вакво нешто не пишува ниту Климент Римски, ниту Иринеј, ниту Игнатиј, ниту Поликар, Јустин, Тертулијан, Кирил Александриски, Тацијан, Теофил, Кипријан, Августин итн. Ако праксата на тогашната црква била да употребуваат икони, зарем не е малку чудно што сите овие заедно договорени го „криеле“ тоа од непознати мотиви?

Originally posted by Македон Македон напиша:


Во однос на она што си го напишал за икониофилите, воопшто не станува збор за давање живот за иконите, туку за верата. Евреите, кои го даваа животот бранејќи го Храмот и Светиот Град, зарем го даваа животот за Храмот или за верата во Бога?


Во иконоборечкиот период не се бореле верници против неверници, туку иконофили против иконоборци или обратно, така што тие не се бореле за верата во Христос, туку за или против иконите во црквите. Факт е дека иконофилите фанатички се држеле до иконите и, како што кажав, некои од нив обрале и да загинат, ама иконите да ги задржат во црквата. Но сепак нели тие не им биле идоли, туку обични предмети за кои вредело и живот да се даде.

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2011 во 15:15
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:


Да проштеваш, ама историските податоци не ти се точни. Уште во времето на Тертулијан има податоци за употреба на ликови,
Доказ?


Доказот лежи во делото De Pudentia (За скромноста) 7:1-4

Станува збор за изобразување на Добриот Пастир.

Клемент од Александрија пак во неговото дело Paedagogus говори за употребата на симболи, како што е гулабот, рибата.

Погледни ја и критиката на св.Иринеј упатена до гностиците за односот кон нивните изобразени ликови. Таму нема генерална забелешка за употребата на ликовите, туку за односот кон нив. Гностиците ги облекувале и украсувале дури и ликовите на починатите философи.


Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

а да не говорам за ископините во катамокбите, кои не може да бидат од IV век затоа што во четвртиот век, освен во почетокот, Христијаните немале никакви проблеми со нивното воероисповедување.

Јас реков 3-4 век, а не 4ти век.
Такво нешто нема ни кај следбениците на апостолите, ниту кај нивните следбеници, ниту кај следбениците на следбениците и така натаму се до
3-4 век каде што почнуваат да се цртаат по некои уметнички слики по
катакомбите.
Исто така важно е да се спомне дека тие уметнички цртежи по катакомбите ни одблиску не биле икони, туку чисто уметнички ликови. За некои од нив е спорно и дека имаат и христијанска позадина. Најважно од се, иако имаме огромно ранохристијанско творештво од 2-от и 3-от век, сепак не се најдени записи дека христијаните изработувале икони, дека ги осветувале, дека се молеле пред нив, дека се клањале пред нив, дека им палеле кандила, дека правеле бизнис со нив и сл. За вакво нешто не пишува ниту Климент Римски, ниту Иринеј, ниту Игнатиј, ниту Поликар, Јустин, Тертулијан, Кирил Александриски, Тацијан, Теофил, Кипријан, Августин итн. Ако праксата на тогашната црква била да употребуваат икони, зарем не е малку чудно што сите овие заедно договорени го „криеле“ тоа од непознати мотиви?


Веднаш да ти кажам да не го мешаш Августин во сето ова, затоа што, во неговите дела јасно се споменуваат споменици за мачениците и молитви пред тие споменици. Прочитај ги неговите дела "Исповеди" и "За државата Божја (книга VI до X)" ќе ти биде јасно за што говорам.

Koja e разликата меѓу тие слики и иконите? Катакомбите биле места каде што се извршувала богослужба, а тие слики биле таму во времето на богослужбите. Тоа не ти говори ли доволно?

Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:

Во однос на она што си го напишал за икониофилите, воопшто не станува збор за давање живот за иконите, туку за верата. Евреите, кои го даваа животот бранејќи го Храмот и Светиот Град, зарем го даваа животот за Храмот или за верата во Бога?
Во иконоборечкиот период не се бореле верници против неверници, туку иконофили против иконоборци или обратно, така што тие не се бореле за верата во Христос, туку за или против иконите во црквите. Факт е дека иконофилите фанатички се држеле до иконите и, како што кажав, некои од нив обрале и да загинат, ама иконите да ги задржат во црквата. Но сепак нели тие не им биле идоли, туку обични предмети за кои вредело и живот да се даде.


Исто како што и Евреите не биле единствени во поглед на некои нешта, таков бил и случајот со иконодулите и иконоборците. Иконофилите нормално дека не отстапувале од црковните традиции, додека иконоборците насилно започнале да ги менуваат истите. А традициите биле дел од преданието на Црквата, а со тоа и дел од верата. Се е јасно.

Изменето од Македон - 24.Јуни.2011 во 15:29
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2011 во 15:28
Originally posted by Messenger Messenger напиша:




I milioni drugi isti takvi kreacii pred koi lugjeto se poklonuvaat, gi celuvaat, im lepat pari kako na kafanski svirachi, im se poklonuvaat, im sluzhat i im se molat da se zavzemat za niv pred Boga. I zgora na seto toa Crkvata napravila kanon, red i poredok so detalni upatstva kako sekoj od niv treba da izgleda i za shto treba da se koristi (da mu se moli) ?!?!?


Црквата често зборува за неправилната употреба на иконите , но луѓето не сакаат да слушаат. Не случајно се ставени и каси покрај иконите, каде што секој што сака да остави донација може да го стори тоа, но луѓето повеќе сакаат парата да ја залепат на иконата, холахопките или чорапите да ги остават пред иконата и слично. Неколкупати е укажувано и во електронските медиуми за таквиот однос, но, за жал, свеста на народот тешко се менува.
И никој не и се моли на иконата, во тоа можеш да бидеш сигурен. Не верувам некој дека верува дека материјалот, дрвото или од што и да е направена истата, може да стори нешто.

Originally posted by Messenger Messenger напиша:


Shteta shto Gospod ne mozhel da predvidi deka onoa shto se sluchuva so slikite i statuite kje se sluchi i so site drugi neshta koi denes se neguvaat kako tradicii izmisleni od narodot, a za koi crkvata molchi za da ne gi izgubi vernicite, pa zatoa denes sveshtenicite opejuvaat i blagoslovuvaat palenje ognovi, pienje topla rakija, kolenjet jagninja za k*rban, krshenje vapcani jajca ...


За колење јагниња во едно македонско село, свештеникот ја затвори Црквата и ги избрка верниците надвор и потоа не сакаше да ги благослови, ниту пак сакаше да има нешто со тој настан. Секако, инаетливиот народ веднаш ги викна новинарите, најави жалби и од тоа се обиде да направи голема работа.

Често гледам дека иконите ги мешаш со почитта упатена до светците. Само ќе те потсетам, дека едното со другото не е поврзано и дека почитувањето на светците датира уште од почетокот на вториот век. Оставам на тебе да изведеш заклучок кој живеел тогаш, што се случувало тогаш и зошто уште тогаш се почитувале светците. Знам дека веднаш ќе ја доловиш суштината на она што сакам да го кажам.

Не го цитирав сиот твој пост, поради прегледност, а одговорив на она што беше суштина, затоа што за некои нешта и поназад говоревме, како што е на пример постоењето изобразени ликови и на други места во Стариот Завет. И како што и самиот кажа, нема ништо лошо во изобразувањето на некои нешта, се додека нашиот однос кон тие нешта е онаков каков што треба да биде. Соломон направил изобразени херувими и многу други нешта во Храмот, но, неговиот однос кон тие нешта бил правилен, затоа и не може да го наречеме идолопоклоник.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2011 во 15:32
Originally posted by spiros spiros напиша:

Originally posted by Македон Македон напиша:



Послание на св.Апостол Павле до Галатјаните

3,1 О неразумни Галатјани! Кој ве маѓепса вас, пред чии очи Исус Христос е јасно нацртан како распнат?

Од друга страна, токму Павле, кој го напишал ова погоре, говори дека постои предание, кое не е дел од Светото Писмо, а е предадено на оние кои ги почувал.




Македон, сакаш да кажеш дека Св. Апостол Павле (и другите Апостоли) поучувал(е) да се поклонуваме на цртеж ...?




Сакам да кажам дека Павле кажал дека се што поучувал не се наоѓа напишано во Новиот Завет.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2011 во 00:17


Македоне, вистинските Св. Ап. Петар, Св. Ап. Павле, ... (но и сите останати вистински Св. Апостоли) никогаш не практицирале нити иконопоклонство, нити каменопоклонство, нити пак некогаш учеле дека тоа треба да се практицира од другите верници!

Дали сум против иконите? - Не!
Дали сум против каменот? - Не!
Дали сум против материјата воопшто? - Не!

Дали учам дека кон ними (творбата) треба да се клањаме, ...? - Не!


Милостивиот БОГ нека во срцата на сите луѓе Го дари Неговиот Светол ДУХ, та сите да ја сватиме и практицираме суштината на Вистината!


Амин


п.с. Незаборави дека ја имам најдобрата основа за да те како брат сакам, иако се' не се сложувам што веруваш или застапуваш!





   
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2011 во 12:33
Originally posted by spiros spiros напиша:



Македоне, вистинските Св. Ап. Петар, Св. Ап. Павле, ... (но и сите останати вистински Св. Апостоли) никогаш не практицирале нити иконопоклонство, нити каменопоклонство, нити пак некогаш учеле дека тоа треба да се практицира од другите верници!


Spiros, досега се уверив дека вистинските нешта за нас, не се вистински и за тебе. Така, ти не веруваше дека св.Константин Велики учествувал во војни, дека св.Великомаченик Димитриј е истиот од житијата и многу други нешта. Зата, мислам дека јас и ти немаме исти критериуми за тоа што е вистинско и нема да успееме да се разбереме по ова прашање.

Originally posted by spiros spiros напиша:


Дали сум против иконите? - Не!
Дали сум против каменот? - Не!
Дали сум против материјата воопшто? - Не!

Дали учам дека кон ними (творбата) треба да се клањаме, ...? - Не!


А кој вели дека треба да се клањаме на иконите?
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2011 во 15:14
Ne gi dirajte ikonite, tie se toa sto se za site nas koi veruvame, nikoj ne moze toa da go izmeni, pa nitu tie koi se povikuvaat na apostolie i nekoja sovrsena vistina, svetcite se tvorba na dlaboko veruvanje i bogoprisutnost vo coveka, zavidlivosta kon niv e samo znak na nesovrsenstvoto vo veruvanjeto.
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2011 во 15:15
Originally posted by spiros spiros напиша:



Македоне, вистинските Св. Ап. Петар, Св. Ап. Павле, ... (но и сите останати вистински Св. Апостоли) никогаш не практицирале нити иконопоклонство, нити каменопоклонство, нити пак некогаш учеле дека тоа треба да се практицира од другите верници!

Дали сум против иконите? - Не!
Дали сум против каменот? - Не!
Дали сум против материјата воопшто? - Не!

Дали учам дека кон ними (творбата) треба да се клањаме, ...? - Не!


Милостивиот БОГ нека во срцата на сите луѓе Го дари Неговиот Светол ДУХ, та сите да ја сватиме и практицираме суштината на Вистината!


Амин


п.с. Незаборави дека ја имам најдобрата основа за да те како брат сакам, иако се' не се сложувам што веруваш или застапуваш!





   


Seto ovaa sto go velish, mozes li da go potkrepis so nekoj fakt (koj ne e od biblijata) ????
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2011 во 20:41
Originally posted by Македон Македон напиша:



Spiros, досега се уверив дека вистинските нешта за нас, не се вистински и за тебе. Така, ти не веруваше дека св.Константин Велики учествувал во војни, дека св.Великомаченик Димитриј е истиот од житијата и многу други нешта. Зата, мислам дека јас и ти немаме исти критериуми за тоа што е вистинско и нема да успееме да се разбереме по ова прашање.






Те разбирам.

За жал, со одредени преданија и (пред се') пракси кои биле и се' реалност во грчко/римските верзиии (но не само во ними), веројатноста за сложување е навистина многу мала!

Што мислиш (?) зошто во одредени култури се случувале (и случуваат) најголемите неслоги и физички (дури и крвави) пресметки?

Зошто најголемите војни започнаја и најжешко се водеа баш таму каде што се водеа?

Зарем тоа е Христовата заповед и пракса?

Кој ја направил “гробната црква“ и зошто реалноста во неа (и “околу“ неа) е таква каква што е?


Какви се тоа практички сведоштва и што треба тоа да значи(?), кога е лично од ГОСПОД речено:




По нивните плодови ќе ги познаете!

(Матеј. 7:16)









Originally posted by Македон Македон напиша:


А кој вели дека треба да се клањаме на иконите?





Роде драги, Вистинскиот Христос, Неговите вистински Апостоли и вистински следбеници, засигурно тоа не го велат нити го прават!


Одсрце ти посакувам тебе - и посебно на сите што се' надеваат на Христа - се' најубаво.







Originally posted by Templarius Templarius напиша:



Seto ovaa sto go velish, mozes li da go potkrepis so nekoj fakt (koj ne e od biblijata) ????





Библијата сведочи за Чистиот Живот БОЖЈИ (Христос), а приближувањето или оддалечувањето од Неговиот Пат има сопствени консеквенци во животот!


Консеквенците се плодови и се факти кои ја докажуваат Вистината!


За тие што веруваат на сведоштвото Апостолско: Вистинските Христови следбеници не практицирале нити дозволиле да се практицираат одредени работи, кои некои би сакале денес да бидат практицирани и дозволени !


Сфаќаш?









Изменето од spiros - 25.Јуни.2011 во 21:12
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Templarius Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2754
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Templarius Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2011 во 23:17
Ne, ne sfacam zatoa sto toa sto go kazuvas se prazni zborovi i nemaat nikakva vrska so Slovoto Bozje i vistinskite hristovi sledbenici.
Kako mozes da kazes nesto takvo i vo toa tvoe kazuvanje i nevistina da gi vpletkas slovoto bozje i vistinskite hristovi sledbenici ?
Give me your secrets
Bring me a sign
Give me a reason
To walk the fire
See another dawn
Through our son's eyes
You give me a reason
To walk the fire.
Кон врв
Македон Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Caesar Constantinus

Регистриран: 20.Јули.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 9928
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Македон Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2011 во 00:38
   
Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by spiros spiros напиша:



Spiros, досега се уверив дека вистинските нешта за нас, не се вистински и за тебе. Така, ти не веруваше дека св.Константин Велики учествувал во војни, дека св.Великомаченик Димитриј е истиот од житијата и многу други нешта. Зата, мислам дека јас и ти немаме исти критериуми за тоа што е вистинско и нема да успееме да се разбереме по ова прашање.






Те разбирам.

За жал, со одредени преданија и (пред се') пракси кои биле и се' реалност во грчко/римските верзиии (но не само во ними), веројатноста за сложување е навистина многу мала!

Што мислиш (?) зошто во одредени култури се случувале (и случуваат) најголемите неслоги и физички (дури и крвави) пресметки?

Зошто најголемите војни започнаја и најжешко се водеа баш таму каде што се водеа?

Зарем тоа е Христовата заповед и пракса?

Кој ја направил “гробната црква“ и зошто реалноста во неа (и “околу“ неа) е таква каква што е?


Какви се тоа практички сведоштва и што треба тоа да значи(?), кога е лично од ГОСПОД речено:




По нивните плодови ќе ги познаете!

(Матеј. 7:16)



Повеќепати ти кажав да ни ги доловиш тие нешта за кои говориш преку презентација на некакви докази дека житијата и другите нешта не се вистинити, но ти, не понуди никаков аргумент, да не говорам пак за историско сведоштво со што ќе ни докажеш дека не сме во право. Сигурно не очекуваш да веруваме дека битката меѓу св. Цар Константин Велики и Лициниј кај Хрисополис не се случила?
Тоа би било надвор од разумот. Исто е и за битката кај милвискиот мост.

Не знам за каква реалност говориш кога станува збор за Црквата на Светиот гроб.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 20212223>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.