|
Не прави идол или слика на она што е горе |
Внеси реплика | страница <1 20212223> |
Автор | ||||||
alf
Сениор Регистриран: 15.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 631 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
.
Изменето од alf - 19.Септември.2011 во 08:46 |
||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Aj, sega pa ti... pochna so lichni greshki vo chekori.
|
||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Посланието до Галатјаните не е напишано на македонски јазик, туку на изворниот коине грчки. Тоа што ти го читаш во горниот превод како "нацртан", во оригиналнниот јазик пишува "προγράφω" (прографо) и значи: "претскажан", или фигуративно: "прикажан, опишан", или буквално "преднапишано" т.е. напишано порано. Глаголот "графо" значи "пишува", a префиксот "про" му дава минато време на тој глагол. За илустрација, истиот збор "прографо" се користи и во следниве стихови:
"Навистина, сè што е напишано (прографо) некогаш,
напишано (прографо) ни е нам за поука, за да имаме надеж преку трпението
и преку утехата од Писмата."
(Римјаните 15:4) "..по откровение ми е соопштена тајната, како што порано пишав (прографо) накратко.."
(Ефешаните 3:3) "зашто ни Христос не Си угодуваше Сам на Себеси,
туку како што е напишано (овде стои само "графо"): „Хулите на оние, кои
Те хулеа, паднаа на Мене.” " (Римјаните 15:3) Сите овие цитати се напишани од истиот писател што го напишал и посланието до Галатјаните т.е. апостолот Павле. Како што гледате не станува збор за никакво "цртање"
погоре, ниту за некакви икони од Исус, туку Павле ги укорува
христијаните од Галатија за нивното заборавање на првичното евангелие
што им било кажано порано, евангелие во кое Христос бил јасно претставен како распнат т.е. како Оној Кој умрел за нивните гревови и ги ослободил од стегите на робувањето на Мојсеевиот Закон. |
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Доказ?
Јас реков 3-4 век, а не 4ти век.
Исто така важно е да се спомне дека тие уметнички цртежи по катакомбите ни одблиску не биле икони, туку чисто уметнички ликови. За некои од нив е спорно и дека имаат и христијанска позадина. Најважно од се, иако имаме огромно ранохристијанско творештво од 2-от и 3-от век, сепак не се најдени записи дека христијаните изработувале икони, дека ги осветувале, дека се молеле пред нив, дека се клањале пред нив, дека им палеле кандила, дека правеле бизнис со нив и сл. За вакво нешто не пишува ниту Климент Римски, ниту Иринеј, ниту Игнатиј, ниту Поликар, Јустин, Тертулијан, Кирил Александриски, Тацијан, Теофил, Кипријан, Августин итн. Ако праксата на тогашната црква била да употребуваат икони, зарем не е малку чудно што сите овие заедно договорени го „криеле“ тоа од непознати мотиви?
Во иконоборечкиот период не се бореле верници против неверници, туку иконофили против иконоборци или обратно, така што тие не се бореле за верата во Христос, туку за или против иконите во црквите. Факт е дека иконофилите фанатички се држеле до иконите и, како што кажав, некои од нив обрале и да загинат, ама иконите да ги задржат во црквата. Но сепак нели тие не им биле идоли, туку обични предмети за кои вредело и живот да се даде. |
||||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Доказот лежи во делото De Pudentia (За скромноста) 7:1-4 Станува збор за изобразување на Добриот Пастир. Клемент од Александрија пак во неговото дело Paedagogus говори за употребата на симболи, како што е гулабот, рибата. Погледни ја и критиката на св.Иринеј упатена до гностиците за односот кон нивните изобразени ликови. Таму нема генерална забелешка за употребата на ликовите, туку за односот кон нив. Гностиците ги облекувале и украсувале дури и ликовите на починатите философи.
Веднаш да ти кажам да не го мешаш Августин во сето ова, затоа што, во неговите дела јасно се споменуваат споменици за мачениците и молитви пред тие споменици. Прочитај ги неговите дела "Исповеди" и "За државата Божја (книга VI до X)" ќе ти биде јасно за што говорам. Koja e разликата меѓу тие слики и иконите? Катакомбите биле места каде што се извршувала богослужба, а тие слики биле таму во времето на богослужбите. Тоа не ти говори ли доволно?
Исто како што и Евреите не биле единствени во поглед на некои нешта, таков бил и случајот со иконодулите и иконоборците. Иконофилите нормално дека не отстапувале од црковните традиции, додека иконоборците насилно започнале да ги менуваат истите. А традициите биле дел од преданието на Црквата, а со тоа и дел од верата. Се е јасно. Изменето од Македон - 24.Јуни.2011 во 15:29 |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Црквата често зборува за неправилната употреба на иконите , но луѓето не сакаат да слушаат. Не случајно се ставени и каси покрај иконите, каде што секој што сака да остави донација може да го стори тоа, но луѓето повеќе сакаат парата да ја залепат на иконата, холахопките или чорапите да ги остават пред иконата и слично. Неколкупати е укажувано и во електронските медиуми за таквиот однос, но, за жал, свеста на народот тешко се менува. И никој не и се моли на иконата, во тоа можеш да бидеш сигурен. Не верувам некој дека верува дека материјалот, дрвото или од што и да е направена истата, може да стори нешто.
За колење јагниња во едно македонско село, свештеникот ја затвори Црквата и ги избрка верниците надвор и потоа не сакаше да ги благослови, ниту пак сакаше да има нешто со тој настан. Секако, инаетливиот народ веднаш ги викна новинарите, најави жалби и од тоа се обиде да направи голема работа. Често гледам дека иконите ги мешаш со почитта упатена до светците. Само ќе те потсетам, дека едното со другото не е поврзано и дека почитувањето на светците датира уште од почетокот на вториот век. Оставам на тебе да изведеш заклучок кој живеел тогаш, што се случувало тогаш и зошто уште тогаш се почитувале светците. Знам дека веднаш ќе ја доловиш суштината на она што сакам да го кажам. Не го цитирав сиот твој пост, поради прегледност, а одговорив на она што беше суштина, затоа што за некои нешта и поназад говоревме, како што е на пример постоењето изобразени ликови и на други места во Стариот Завет. И како што и самиот кажа, нема ништо лошо во изобразувањето на некои нешта, се додека нашиот однос кон тие нешта е онаков каков што треба да биде. Соломон направил изобразени херувими и многу други нешта во Храмот, но, неговиот однос кон тие нешта бил правилен, затоа и не може да го наречеме идолопоклоник. |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Сакам да кажам дека Павле кажал дека се што поучувал не се наоѓа напишано во Новиот Завет. |
||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Македоне, вистинските Св. Ап. Петар, Св. Ап. Павле, ... (но и сите останати вистински Св. Апостоли) никогаш не практицирале нити иконопоклонство, нити каменопоклонство, нити пак некогаш учеле дека тоа треба да се практицира од другите верници! Дали сум против иконите? - Не! Дали сум против каменот? - Не! Дали сум против материјата воопшто? - Не! Дали учам дека кон ними (творбата) треба да се клањаме, ...? - Не! Милостивиот БОГ нека во срцата на сите луѓе Го дари Неговиот Светол ДУХ, та сите да ја сватиме и практицираме суштината на Вистината! Амин п.с. Незаборави дека ја имам најдобрата основа за да те како брат сакам, иако се' не се сложувам што веруваш или застапуваш! |
||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Spiros, досега се уверив дека вистинските нешта за нас, не се вистински и за тебе. Така, ти не веруваше дека св.Константин Велики учествувал во војни, дека св.Великомаченик Димитриј е истиот од житијата и многу други нешта. Зата, мислам дека јас и ти немаме исти критериуми за тоа што е вистинско и нема да успееме да се разбереме по ова прашање.
А кој вели дека треба да се клањаме на иконите? |
||||||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ne gi dirajte ikonite, tie se toa sto se za site nas koi veruvame, nikoj ne moze toa da go izmeni, pa nitu tie koi se povikuvaat na apostolie i nekoja sovrsena vistina, svetcite se tvorba na dlaboko veruvanje i bogoprisutnost vo coveka, zavidlivosta kon niv e samo znak na nesovrsenstvoto vo veruvanjeto.
|
||||||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||||||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Seto ovaa sto go velish, mozes li da go potkrepis so nekoj fakt (koj ne e od biblijata) ???? |
||||||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Те разбирам. За жал, со одредени преданија и (пред се') пракси кои биле и се' реалност во грчко/римските верзиии (но не само во ними), веројатноста за сложување е навистина многу мала! Што мислиш (?) зошто во одредени култури се случувале (и случуваат) најголемите неслоги и физички (дури и крвави) пресметки? Зошто најголемите војни започнаја и најжешко се водеа баш таму каде што се водеа? Зарем тоа е Христовата заповед и пракса? Кој ја направил “гробната црква“ и зошто реалноста во неа (и “околу“ неа) е таква каква што е? Какви се тоа практички сведоштва и што треба тоа да значи(?), кога е лично од ГОСПОД речено: По нивните плодови ќе ги познаете! (Матеј. 7:16)
Роде драги, Вистинскиот Христос, Неговите вистински Апостоли и вистински следбеници, засигурно тоа не го велат нити го прават! Одсрце ти посакувам тебе - и посебно на сите што се' надеваат на Христа - се' најубаво.
Библијата сведочи за Чистиот Живот БОЖЈИ (Христос), а приближувањето или оддалечувањето од Неговиот Пат има сопствени консеквенци во животот! Консеквенците се плодови и се факти кои ја докажуваат Вистината! За тие што веруваат на сведоштвото Апостолско: Вистинските Христови следбеници не практицирале нити дозволиле да се практицираат одредени работи, кои некои би сакале денес да бидат практицирани и дозволени ! Сфаќаш? Изменето од spiros - 25.Јуни.2011 во 21:12 |
||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
||||||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Ne, ne sfacam zatoa sto toa sto go kazuvas se prazni zborovi i nemaat nikakva vrska so Slovoto Bozje i vistinskite hristovi sledbenici.
Kako mozes da kazes nesto takvo i vo toa tvoe kazuvanje i nevistina da gi vpletkas slovoto bozje i vistinskite hristovi sledbenici ? |
||||||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Повеќепати ти кажав да ни ги доловиш тие нешта за кои говориш преку презентација на некакви докази дека житијата и другите нешта не се вистинити, но ти, не понуди никаков аргумент, да не говорам пак за историско сведоштво со што ќе ни докажеш дека не сме во право. Сигурно не очекуваш да веруваме дека битката меѓу св. Цар Константин Велики и Лициниј кај Хрисополис не се случила? Тоа би било надвор од разумот. Исто е и за битката кај милвискиот мост. Не знам за каква реалност говориш кога станува збор за Црквата на Светиот гроб. |
||||||
Внеси реплика | страница <1 20212223> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |