IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Дневник - во малку поинаква форма...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дневник - во малку поинаква форма...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 22>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2011 во 21:06
Застанато време ....

Распукани усни пред извор од застојана вода,

Убав е само одразот кој се бранува во неа,

Нечист и заматен, прекршен со лесен допир,

Треперлив како светлина на свеќа од аголот ...

Пак ќе поминам со рацете по резбите на креветот,

Ќе го извадам најнежното од мене без траги од прашина,

Ќе ги помилувам длабнатините како мои деца,

Заспани и убави откорнати делчиња од мене ....

Легнав во постела од бели пердуви, пропаднав,

За да можам да ги расфрлам бесно како снегулки

Од снежна топка како застарен сувенир,

Да го задушат паѓањето со болна мекост ....

Кога со стаклен поглед го барам вртлогот,

Надвисната над некој мој мост од лошо распоредени штици,

Скокнам сама без да побарам милостива рака,

Која ќе ми помине по грбот за нов бран морници ....

Тргнувам сама низ заборавената свежина,

На ветерот кој ти го милува лицето пред падот,

И насмевката без грч во прегратка на водата,

Со мирис на згасната прашина во дождлив летен ден ....

Се прашувам како се распоредуваат стутканите души,

На преплашени нежни суштества скриени во сенките,

Кога мојата тага, може да ги прекрие сите заштитнички,

Како рачно изработена прекривка од  навезени солзи ...  

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2011 во 22:49
‎"Лошо скроен план
од неправилно исечено време
и распарталени копнежи.
Изговореното не ја следи
формата на помисленото,
...насмевките имаат ефтин сјај
на кич апликации.
Закрпи од фрази
невешто ги покриваат
попуштените рабови
на комуникацијата.
Непријатно чувство на допир
од синтетичка љубов.
Не, ова не сум јас.
Ова е туѓ костим
во кој ми е неудобно.
Излегувам."
always look on the bright side of the life!
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2011 во 13:29
Потсетување .....
 
 
Погледни ми ги рацете, ја изгубиле нежноста,
И кога сакаат да те помилуваат нежно ќе ти остават лузни,
Ќе ги врежат длабоко за да ги чувствуваш без да гледаш,
Обележан за секогаш а само ти ќе знаеш ....
И усните заборавиле што се бакнежи долги,
Можеби сега умеат само да го одземаат здивот,
Како себични посредници за полни плуќа,
А не размена на две души како што треба да биде ......
Телото не знае како да води љубов,
Со целосно предавање и воздишки низ отворени пори,
Па се храни повремено со животински манири,
Задоволување  на сирови нагони за месо ......
Вкусот секогаш останува блуткав и горчлив,
Со полни очи на празна вечерна трпеза,
Како отрпнат јазик кој не знае да зборува за љубов,
Склештен меѓу стегнати вилици ....
Човекот умира неколку пати во својот живот,
А јас повторно се родив за тебе со потсетување,
На изгубеното....
На заборавеното ....
На наученото ......
Како повторено возење велосипед  во летна вечер....


Изменето од Blue Scarlet - 22.Јуни.2011 во 13:29
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2011 во 23:04
Создадов за тебе
чудесен свет од илузии.
Го закитив со соништа
и осветлив со надеж.
Исплетов мрежа од желби,
ја оставив пред портите,
и го фрлив клопчето
да се тркала до тебе,
да ти го покаже патот.
А ти . . .
Ти го пречекори и замина.
always look on the bright side of the life!
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2011 во 20:25

„Едра на страсти“

 

 

На полноќна месечина без сидра на надежи,

Пресечени синџири кои влечат во длабочина,

Раскинувам нишка која ме држи закотвена,

Во песок кој веќе не се гледа од мрачно плавенило.

Боја на сафир прекршена во водено огледало,

Проголтана од самрак на стапки по површината,

И едро во боја на крв во моите раце,

Со задскриен поглед низ пуштена коса...

Ветерот си поигрува со платното на моите страсти,

Па ми го плетка низ рацете кои сакаат да го смират,

Понекогаш грубо ќе стегнат за да задржат,

Често нежно ќе помилуваат за да покажат дека љубат ...

Некаде на пола пат од ноќта  ќе ги развеам,

Оддалеку ќе се гледа крвав отсјај без закрпи,

А јас со насмевка ќе ги кренам рацете од кормилото,

Едрата на страста ќе ме одведат далеку одовде ...

Таму некаде ќе најдам мирна вода,

Едрото ќе го симнам за прекривка за сон на палубата,

Ќе се обвиткам со сопствените раце во пламен,

И ќе му пркосам на ветерот кој уште се игра ....

Отсјајот ќе остане скриен во сенката на моите очи .



Изменето од Blue Scarlet - 27.Јуни.2011 во 20:32
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јули.2011 во 01:43
„ПРОКОЛНАТА .... “

Проклетнице од каде ти е силата
Да ледиш со поглед во летна ноќ,
Зар не умееш да и се предадеш на топлината
И еднаш да легнеш и заспиеш со затворени очи.
На вратот како украс уште го носиш клучот
Од собата со стотици скршени огледала,
Ја предизвикуваш болката без да трепнеш
Под кожата носиш остри парчиња кои те распаруваат....
Насмевката ја местиш на сувите усни
Само за да ги покажеш острите песјаци
За да можеш слободно да зачекориш на исчистена патека
Стравот секогаш на чекор пред тебе ....
Го голташ сопствениот глас како вечера
Поставен на маса во црна темница
Со расфрлани воздишки блуткави без вкус,
Ефтини за преживување во самотија ....
Перницата ја користиш за задушени крици,
Проголтани во заборав уште со раѓање,
Не заживеани, не доживеани а сепак твои
Непотребен отпадок на твојата волчја душа .....
Со милост ги галиш само сончевите зраци,
На сонцето кое се раѓа на запад,
Ја чуваш само за соствената крв и две парчиња месо
Откинати од тебе со вдахната душа ....
Тебе сите те сакаат без љубов во незнаење,
Родена различна и толку своја,
Зборуваш со јазикот на душата одамна изумрен,
Проклетничка која никогаш нема да се предаде во целост ....

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2011 во 02:03

„ВРЕМЕ....“

 

Мириса на дожд од далеку,

Мириса на исчекување мерено во денови,

На стар часовник кој времето го мери со живот,

А сепак е толку недоречено спор .....

Ги затворам очите за да го фатам мигот во лет,

Низ долги трепки извиткани со црнило,

За да ги наѕидам во ѕид на фатени насмевки,

Ретки трофеи ловени од срцето .....

Па ќе имам што да гледам кога ќе ја кренам главата,

Со заталкан поглед кој бара далечина,

Ќе запрам и застанам на чаша воздишки,

Убаво ќе и легнат на душава....

Потсетуваат на ледени капки вода,

Кои лизгаат по р’бетот низ изрезбарени лузни,

Секоја со својата патека и почесно место,

Во долината на слики од ретровизорот ....

А јас?

Јас сум уште на балконот на кривата кула,

Во исчекување на дождот кој го запечатува вемето,

Со невидлива прашина која ја собирам во себе .....

 

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2011 во 01:29

„Векови“

 

Знаеш ли дека можам да те сакам со векови,

Во вечна младост на душата која не умира,

Само одново се раѓа од пепел и земја ,

Оживеана глина обликувана со моите две раце....

Можеш ли да ме видиш застаната на работ на гребенот,

Додека брановите удираат без милост и одронуваат карпи,

Сивиот камен нема живот во своето студенило,

А во себе ја носи тајната на огнот од почетокот на времето ...

Солта одамна ја нагриза лушпата која требаше да штити,

А бисерите се растркалаа по моето  лице,

Само солена невидлива трага завршена на аголот од усните,

Мириса на јасмин загубен со вдишување .....

Моите очи веќе не го кријат стравот зад стаклена завеса,

Во која ќе се огледуваат надувани ликови без лица,

Само темнина во која заталкана ќе го бркам сонот,

И некаде пред првиот зрак ќе успеам да го дофатам....

Знаеш ли дека те сакам со векови,

Од времето на првиот сон,

Од раѓањето на вистинската насмевка,

Од умирањето на скриениот  страв,

До разгорувањето на последната желба .....

Векови во недоглед .... само толку е потребно!

 

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Август.2011 во 10:03
Ангелу, песнава е до тебе

Скаменетиот копнеж
го стопив со првата солза
во прегратките на еден ангел.

Некој ги слушна врисоците
на најмрачните демони
во мојата избледена душа.

Сеуште плачам.
Со солзи ја одмивам
сета излеана крв,
но сеуште не можам да најдам
чистина во мене,
перцепирам само ѓубре во заблуда.

Ангелу,
не се одмиваат сите злодела
запишани со нож на оваа кожа,
но само ти знаеш да ги протолкуваш тие знаци.

Сеуште барам начин да ти ветам
дека нема да го потпишувам со болка
ова тело замрзнато во горчина,
сеуште барам начин да си ветам и на себеси
дека нема да отворам нови пори
за некој да ги слушне моите врисоци...
но досега прекршив многу ветувања.

Многу пати бев на прагот на смртта,
зошто ме враќаш назад во живот?

Сакам да живеам,
но дали некој сака да ја гледа војната
која и после многу примирја
никогаш не завршила вистински?
Нема ни да заврши наскоро...

Дојди, обвиј ме со твојата љубов,
јас поинаку нема да преживеам.
Твоето присуство ми дава толку спокој
при што моето парализирано тело
се препушта на брановите на животот
и јас дишам длабоко
и покрај тоа што чувствувам.
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2011 во 16:05
„Траги ....“


Ме нема,          

Тргнав од булеварот на белиот декември,

По заледени тротоари и завеани патишта,

Нови траги во снегот и заборавени стапки

Избришан фолдер на сеќавања во слики.

Ме нема,

На плоштадот на миризлива пролет,

Изморена на клупата изрезбарена од ветришта,

Вирчиња од пролетен дожд за одмивање,

На разлеана шминка од шетање без чадор.

Ме нема,

На вжештен автопат во суво лето,

Со темни очила низ златна трева исушена,

И испукани усти од солена вода недопрена,

Во денови без почеток и крај.

Се најдов,

Во облачниот сокак  на изживена есен,

Со шумлив чекор и џебови полни со изгужвани лисја,

Долги прошетки во кратки денови,

И многу мириси оставени зад грб под темните облаци .....


Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2011 во 15:23

„ЦРВЕНО СВЕТЛО“

 

 

Таа под нозете има распослано огледало,

Тепих од небо пресликано во сол,

Таа стои на страната на ветерот,

На пругата со запалено црвено светло.

Таа од црна утроба вади светлина,

Со лузни на бедрата пресечени од зраци,

Таа ја израсна својата љубов како булка,

На пругата со запалено црвено светло.

Таа излезе огадена од десет води премиена,

Ја исуши и последната капка што краде облик,

Остана сама без лушпа од одсјај на летно сонце,

На пругата со запалено црвено светло.

Таа отрпна на врисоци од крената рампа,

Предупредувачка светлина во пресрет,

И шкрипење на старо железо,

Таа го запали црвеното светло и застана на пруга,

А сите гледаа само во нејзината насмевка.

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2011 во 16:29

„Пурпурни мириси“

 

Разлеани копнежи во поројни дождови,

Желби со триста ветришта провеани,

Прочистени без ронка прав и пепел,

Флаширани во шише од добро црно вино.

Етикета потпишана со мастило од страст

Како да не се насмееш на испиени очи

Жедни за есенски капки посвоени, ветувачки,

За топол кревет и душа растечена од сласт ....

Насмевка расфрлана во ходници со огледала,

Чекори кои одекнуваат во глуво доба без прикрадување,

И скриено шише под крзнена наметка,

За доцна вечера  во време на берба ....  

Мирисот на жената оставена на поле,

Со распуштена коса меѓу пурпурни темјанушки,

Се издигнува низ пожолтени лисја од голтка вино,

Таа остана таму да чека .....

Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
pHp Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Август.2011
Локација: Rwanda
Статус: Офлајн
Поени: 1477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pHp Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Октомври.2011 во 13:16
... Се е само чистиот ветар на соништата
      Сонувајќи го него се видов себе си ...
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2011 во 20:58

„Ветерот во Ноември“

 

Огледало во три дела, три лика со насмевки,

И една сенка во ќошот небитно прекршена,

Растреперена во страв пред  пламенот од свеќа,

Мириса на ладните новембарски ветришта...

Лик од воздишки исцртан со лесни линии,

Нежни како пердувувести бакнежи,

Очи како бадем скриени во темнината на јагленот незапален,

Доаѓаат силните новембарски ветришта...

Лик со прекршена насмевка на аголот на усните,

Црно вино разлеано по пожолтени лисја,

Во полупијан поглед низ долги трепки,

Разиграни звуци на новембарска филхармонија ....

Лик раздивеан со огнови во распуштена коса,

Желно подотворени усни кои шепотат,

Разлеано црнило од шминка со потпишана страст,

Тоа е ветерот во Ноември ....

Сенката одамна ја нема во темнината,

Само свеќата умее да ја исцрта несмасно,

Без насмевка и поглед заталкан,

Пред да ја згасне проклетството на ветерот ....

Убави се ветриштата во Ноември ....



Изменето од Blue Scarlet - 26.Октомври.2011 во 20:59
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 22>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.