|
Македонската репрезентација |
Внеси реплика | страница <1 2728293031 35> |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
да требаше.Прекрасен кадар
|
|
Marko Polo 1
Сениор venecijaner Регистриран: 20.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9693 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Taka, fiks... Makedonija sama se pobedi vcera. Koga kje im tekne na nasive - osven selektor (ama barem nekoj prosecen) da angaziraat i psiholog... ne psihijatar... |
|
Incredible Blue
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПОЧНАА ШПЕКУЛАЦИИТЕ ОКОЛУ МОЖНИОТ НАСЛЕДНИК НА ЈОНУЗ Хаџиевски повторно селектор на Македонија? По 12 години пауза, многу е веројатно дека Ѓоко Хаџевски повторно ќе се врати во селекторската фотелја на македонската фудбалска репрезентација. Откако по саботниот пораз од Ирска веќе е очигледно дека Мирсад Јонуз нема да го дочека крајот на квалификациите како селектор, името на Хаџевски е најспоменувано за иден предводник на македонскиот национален тим. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Грозданоски преку Работнички до репрезентација Враќање во репрезентативниот дрес преку успешни настапи за Работнички е главната цел на поранешниот фудбалски репрезентативец Влатко Грозданоски, кој по седум години повторно се враќа во македонскиот фудбал. |
|
LiDivio
Модератор Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Едвај чекам.
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македониjа загуби уште едни квалификации. Станавме селекција која служи за ,,билдање“ на бодови и селекција која го загуби респектот кој го имаше од европските репрезентации.
Ако ништо друго порано знаевме да им ги замрсиме сметките на оние ,,големи“ фудбалски велесили, да ги ,,испотиме“на Арената „Филип Втори“ или порано на Градскиот стадион. Ретко која селекција можеше да се пофали дека тотално не надиграла на нашиот терен. Но, сега...сега сликата за жал е сосема поинаква... Уште кога беше извршена ждрепката за квалификациите за Европското првенство во Полска и Украина, македонската спортска јавност се израдува. Добивме група и противници, со кои барем според имињата можеме да се носиме. Добивме надеж дека конечно, по примерот на сите екс југословенски републики и ние ќе се вмешаме во битката за едно од првите две места. Но, наместо тоа добивме големо разочарување. Добивме и нов фудбалски храм, фудбалски дом каков што заслужуваат сите репрезернтации. На дуелот со Р. Ирска имаше најголема посетеност и максимална поддршка од трибините, но сепак се е тоа попусто кога едноставно нема кој да ги води оние момци кои го носат националниот дрес. По кој знае кој пат тие со наведнати глави го напуштаат теренот. По кој знае кој пат тие делуваа немоќно пред една репрезентација која објективно не е ништо подобра од нив. Но, зошто е тоа така? Дали нашата верба во овие момци е само наша илузија дека тие можат да не однесат до успехот, или тие навистина имаат сила, имаат знаење, имаат желба за успех...Да, нашата верба е вистинска, нивната желба е голема, нивната сила е доволна, но немаме победнички менталитет. Нема кој да ги предводи овие момци, нема кој да им помогне до патот кон успехот. Конечно, да ние немаме таков селектор... Мирсад Јонуз, сам против сите, човекот кој требаше да ги поттурне нашите момци до победа, кој требаше да внесе победнички менталитет, беше убеден дека тој може да се носи со овој товар. Но се излажа самиот, не излажа и сите нас. Наместо радост ни донесе разочарување, наместо успех ни донесе дебакл, наместо напредок на ФИФА листата ни донесе голем пад, наместо продор кон врвот и кон привилегираните ,,шешири“ за ждрепките, ние се најдовме во оние аутсајдерски...И сето тоа поради човекот кој не го тангираат свирежите од публиката и мислењето на јавноста. Можеби не можеме да очекуваме многу од човек кој во својата тренерска кариера немал причини за радост, човек кој со младата македонска селекција немаше ама баш никаков успех, но сепак очекувавме дека тој ќе има храброст самиот да каже, доста е си заминувам, јас немам сила и знаење за оваа функција. Но, не Мирсад Јонуз се уште се бори сам против сите. Се уште мисли дека тој е во право, а револтот на сите други е неоснован. Овие квалификации се загубени, време е да се смени нешто и да се остави простор на некој друг селектор, до следните квалификации да го поправи сето она што Јонуз го расипа. Време е некој да се жртвува, време е да се каже ДОСТА Е. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија на 98. место на ФИФА листата!
Ние во јуни веќе ќе се 'гордееме' што сме позади Сиера Леоне, Зимбабве, Бенин, Уганда..., а во Европа единствено пред аматерските селекции од Сан Марино, Фарски Острови, Андора, Луксембург...
Македонската репрезентација по последниот пораз од Ирска во квалификациите за ЕП 2012 ја чека ново срамно тонење на најновата јунска ФИФА листа која треба да биде објавена на 29 јуни. Според последните пресметани рејтинг калкулации, Македонија во јуни ќе биде рангирана на 98. место на ФИФА листата со пад од 13 позиции и минус од 60 бодови во однос на претходниот мајски ранкинг. Срамниот рејтинг пад на нашата селекција следи по катастрофалните резултати последнава година, по кои сосема очекувано ние веќе ја напуштаме и првата стотка на селекции во светот... За жал, фудбалска Македонија во јуни ќе може да констатира дека репрезентацијата ни е и позади едни Сиера Леоне, Зимбабве, Бенин, Уганда, Централната африканска република..., а во однос на европските селекции единствено, покрај Азербејџан и Велс, ќе останеме пред аматерските репрезентации од Сан Марино, Фарски Острови, Андора, Луксембург... Дефинитивно показателите кои ги нуди и ФИФА листата за нас се сосема релевантен доказ дека конечно мора да има промени на селекторската позиција во нашиот национален тим. Македонската репрезентација како никогаш досега ги бележ најцрните свои денови во историјата под водство на Мирсад Јонуз. Срамното назадување на ФИФА листата е само уште еден удар за и онака повеќе од скромната наша фудбалска сцена. На врвот без никакви промени и во јуни ќе останат Шпанија и Холандија, пред Германија, Англија и Бразил. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Отказ за Мирсад Јонуз!Управниот одбор на ФФМ со едногласна одлука на денешната седница во Дојран го разреши селекторот на фудбалската репрезентација Мирсад Јонуз. Како причини се наведуваат прекршувања и непочитувања на одредбите од договорот, но овој потег е очекуван, а причина се слабите игри и резултати на „црвено-жолтите“ во квалификациите за ЕП 2012 во Полска и во Украина. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Хаџиевски и Јовановски на преговори Ѓоко Хаџиевски и Ѓоре Јовановски се првите двајца наши тренери кои имаа состанок во четири очи со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Харалампие Хаџи-Ристески. Со тоа почнаа разговорите за именување на ново име на кормилото на македонската фудбалска репрезентација по разрешувањето на Мирсад Јонуз на последната седница на Управниот одбор во Дојран. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Стартуваше постапката за назначување нов селектор, неговото име ќе се знае најдоцна до 15. јули
Претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески од денеска ги започна разговорите со потенцијалните кандидати за селектор на најдобрата македонската фудбалска репрезентација. Во просториите на федерацијата, првиот човек на ФФМ разговараше со поранешните селектори на националниот тим Ѓоко Хаџиевски и Ѓорѓи Јовановски. Хаџи-Ристески одржа состанок и со претседателот на Тренерската организација во ФФМ, Вујадин Станојковиќ со што и тренерскиот еснаф е вклучен во изборот на наследник на Мирсад Јонуз. "Извршени се телефонски разговори и со тренери од странство кои изразија заинтересираност за функцијата како Зоран Филиповиќ, Љупко Петровиќ, Пламен Марков и Зија Доган кој во текот на утрешниот ден ќе пристигне на разговори во Скопје." - изјави Хаџи-Ристески за официјалниот веб сајт на ФФМ, додавајќи: "Исто така остварени се контакти и со менаџерот на нашиот интернационалец Чеде Јаневски". "Покрај овие имиња има уште неколку менаџерски понуди за квалитетни тренерски имиња кои сигурно се интересни за нас, но далеку од нашите финансиски можности. Во секој случај ќе ги разгледаме сите опции, ќе го почитуваме мислењето на тренерската организација и најдоцна до 15. јули ќе го соопштиме новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација" категоричен е Хаџи-Ристески. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Шаќири денеска на разговор кај Хари Довчерашниот репрезентативец Артим Шаќири денеска го затвора списокот на потенцијални кандидат за функцијата селектор на македонската фудбалска репрезентација. Одкако во понеделникот и вторникот пред челниците на ФФМ Хари Хаџи-Ристески и Игор Климпер свои размислувања околу работата со репрезентацијата изнесоа екс селекторите Ѓоко Хаџиевски и Ѓоре Јовановски, како и Турчинот Зија Доган, денеска и Шаќири ќе ги презентира своите видувања за иднината на националниот тим. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија интересна за Аугенталер, Блажевиќ, Жирес Тренери од светски калибар во трка за клупата на македонската фудбалска репрезентација Сашко Ѓ. Димовски |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Програмата на Стратев на увид кај Хари Списокот кандидати за селектор на македонската фудбалска репрезентација од ден за ден се проширува. Вчера на разговор со претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески требаше да биде и поранешниот тренер на Вардар, Тетекс и Работнички, Зоран Стратев. Тој исто како и неговите претходници требаше да ја образложи својата програма за работа со националниот тим. |
|
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тивка елиминација на МакедонцитеСега Германецот Клаус Аугенталер и Бугаринот Пламен Марков се водечки кандидати за преземање на нашата репрезентацијаФудбалската федерација на Македонија, според последните информации токму од нејзините кругови, ќе се насочи кон странско име на клупата на националниот тим откако најсериозните домашни кандидати за наследник на Мирсад Јонуз веќе се откажаа од трката за селекторската функција.
Начинот на кој Управниот одбор на ФФМ го избира македонскиот селектор без навремени конкретно прецизирани ставови, критериуми и услови за "изгледот" на предводникот притоа со постојано одолговлекување на одлуката едноставно изминативе денови донесе тивка елиминација на Македонците од трката за нов водач на нашата сениорска клупа. "Не може повеќе од еден месец да се калкулира со избор на нов селектор, а притоа од Управниот одбор на ФФМ да не слушнеме ниту еден конкретен став што навистина сакаат од новиот селектор. Дали има цврста одлука дали се сака домашен или странски тренер, дали амбициите се за апсолутен резултатски блесок веднаш или континуирано градење на нова селекција? Сите тие недоречености оставаат впечаток на несериозност поради што ние како професионалци мора да го бараме својот конкретен пат, а не постојано да живееме во очекување. Дали тоа се прави свесно да се елиминираат домашните тренери или, сигурно не знаеме, но едноставно како веднаш да беше ставено до знаење дека сепак ќе биде странец на тренерската клупа", е еднаков ставот на дел од македонските тренери кои изминативе денови го следат изборот на новиот селектор. Ѓоре Јовановски, уште по првиот разговор со претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески, се откажа од трката, а по најавите за ангажман во странство веќе се откажаа и најсериозните кандидати Ѓоко Хаџиевски, за кого фудбалската јавност сметаше дека е веќе сигурен наследник на Јонуз, како и Чеде Јаневски кој е пред официјализирање на преселбата во грчкиот прволигаш Кавала. Сепак, од канцеларијата на ФФМ и натаму нагласуваат дека воопшто не се откажеле и од идејата македонски тренер и натаму да ја води селекцијата. "Нема никаков став дека нема да биде Македонец на клупата на репрезентацијата. Ние и претходно истакнавме дека единствено мора да се согласат нашите амбиции и амбициите на идниот селектор за да дојдеме до заеднички договор. Ќе се бара искусно име од кое веднаш ќе се бараат резултати", велат од ФФМ. Но, нескриен факт е дека некако во преден план во моментов остануваат единствено странските имиња во трката за нов кормилар на селекцијата. Според нашите информации, Германецот Клаус Аугенталер и Бугаринот Пламен Марков се водечки претенденти за преземање на националниот тим, иако како што е познато свои кандидатури до ФФМ доставија и Хрватот Чиро Блажевиќ, Французинот Алан Жирес, Србинот Љупко Петровиќ, Црногорецот Зоран Филиповиќ како и Турчинот Зија Доган. Управниот одбор на ФФМ претходно најави дека најдоцна до 15 јули ќе биде избран новиот македонски селектор. |
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
|
Внеси реплика | страница <1 2728293031 35> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |