IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Некои од најдобрите плажи во светот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Некои од најдобрите плажи во светот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456>
Автор
Порака
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2011 во 13:21
Најпосакуваната плажа во светот - Maya Beach

Плажата од соништата на секој кој го гледал истоимениот филм „The Beach“ е сместена во Тајланд. Го носи името Maya Beach - Koh Phi Phi Leh.


Ако на филмот изгледа како нешто нереално добро и магично убаво – верувајте, така е и во реалноста.

Кристално сината вода, неверојатниот ситен бел песок, зелената околина се она што ја прави оваа плажа фантазија на секој од нас.

Како ни се ближат летните денови, добро ќе ви дојде вакво убаво освежување.

Чисто напомена, ако се најдете таму бидете внимателни, затоа што освен убавината – реална е појавата и на ајкулите.

najposakuvanata-plaza-na-svetot-maya-beach-tajland-1

najposakuvanata-plaza-na-svetot-maya-beach-tajland-2

najposakuvanata-plaza-na-svetot-maya-beach-tajland-3

najposakuvanata-plaza-na-svetot-maya-beach-tajland-4

najposakuvanata-plaza-na-svetot-maya-beach-tajland-5


Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
zaratustra Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 69
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zaratustra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2011 во 09:31
Jas za 1 mesec odam vamu




Oludeniz

Изменето од zaratustra - 15.Јуни.2011 во 09:31
allemagne dix points! (such is life) - Del Boy
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2011 во 11:13
5 најубави балкански плажи

Балканското подрачје на југоисточна Европа има преубави долги плажи и пристапно крајбрежје. Покрај бројните езера, тука се и Јадранското, Средоземното...


...Јонското, Егејското и Црното море на кои може да уживате во текот на целото лето.

Кои се сметаат за најубави плажи на Балканот, а со тоа и во едни од најубавите во Европа:

1. Нашето Охридско езеро. Ако сакате да бидете едно со природата, ова е местото кое го одбираат голем број на странски туристи. Се смета за едно од најчистите места, а привлечна за туристите е и Галичица која е под заштита на УНЕСКО.

5-najubavi-balkanski-plazi-5

2. Плажата Кара Дере, Бугарија. Најдобро одредиште за оние кои сакаат да уживаат на најчистата и најприродната плажа на Црното море. Во овој недопрен рај нема да најдете ништо повеќе од мек песок, преубава природа и заливи со слатка вода. Затоа понесете си мобилно фрижидерче со себе.

5-najubavi-balkanski-plazi-3

3. Бајова Кула, Црна Гора (Которска ривиера). Вистинското место за оние кои не поднесуваат гужва. Заборавете на палмите, овде сте окружени со планини. Уживајте во приватноста на песочната плажа. Околината и архитектурата ќе ве воодушеват.

5-najubavi-balkanski-plazi-4

4. Корчула, Хрватска. Најдобра дестинација за парови кои се во потрага по романтична изолација. Корчула е окружена со многу островчиња и преубави карпести плажи кои се чисти и убави.

5-najubavi-balkanski-plazi-2

5. Пелионскиот полуостров, Грција. Вистинските љубители на сонцето од Атина, попрво би го одбрале полуостровот пред популарните грчки острови. Овде нема бука, гужва и галама. Скриени заливи и диви овошки, природа, убавина, сонце и море.

5-najubavi-balkanski-plazi-1

Кое е вашето омилено место на Балканот?


Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
Schatzii Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2011 во 11:03
Турски луксузни плажи

Предлог дестинации за оние кои сакаат да летуваат во Турција.

Турската ривиера, чие централно место го зазема градот Анталија, веќе подолго време е хит на европскиот туристички пазар.

Поради богатото историско наследство и природните убавини, Анталија со право ја носи титулата - една од најпрестижните европски туристички дестинации.

Antalya

Историјата на градот достигнува до старогрчкиот и римскиот период, и до ден денес ги чува обележјата кои веќе со векови мамат воздишки кај туристите.

Од овој период најзначајни остатоци се градските ѕидини, меѓу кои се издвојува импресивната Хадријанова капија. Калето, малата отоманска тврдина, се смета за најубавиот дел на градот кој е полн со тесни улици, стари куќи и камени столбови.

131

132

Едно од местата кои не смеете да ги пропуштите во Анталија е Археолошкиот музеј во кој се наоѓаат уникатни колекции на римски скулптури од мермер. Еден од најлуксузните хотели, кој се наоѓа во Анталија е „Mardan palas“, се наоѓа во местото Lari, во најубавиот дел на Анталија.

Kemer

Некогашното рибарско село, кое се наоѓа помеѓу кристалното море и планинските врвови на планината Taurus, прерасна во атрактивно летувалиште.

Се наоѓа на западниот брег на Анталискиот залив, оддалечен 42 km од Анталија и е окружен со најубавата природа во регионот.

139

134

Во близината на овој град се наоѓаат остатоците на ликијскиот град Phaselis. Меѓу попознатите хотели е “Riksos sungate”, со пет ѕвезди, а има воден парк и сопствена песочна плажа.

Belek

Ова место е одличен избор за оние кои сакаат песочни плажи, голф терени и раскошни хотели, окружени со шума. Тука се наоѓа еден од најпровокативните хотели во светот “Adam and Eva” кој претставува симболика на небото и земјата со неверојатни големи и удобни кревети.

136

138


Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2011 во 22:23
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
fichot Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Ноември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 783
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fichot Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2011 во 09:45
Originally posted by Schatzii Schatzii напиша:

5. Пелионскиот полуостров, Грција.


5-najubavi-balkanski-plazi-1



Kade e ova potocno?

edit: Nema veze, go najdov. Poluostrovot desno od Volos.

Изменето од fichot - 17.Август.2011 во 09:50
Кон врв
ivana989 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Август.2011
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ivana989 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Август.2011 во 15:58
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2011 во 10:36
 
 Alikanes plaza
 
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2012 во 05:39

10. Kauna'oa, Хаваи

Ова е една од најдобрите плажа на Хавајските острови. Плажата е исполнета со многу убав песок во форма на полумесичина. Пливањето, нуркањето и еден куп водени активности се совршено уживање на оваа плажа.

 

9. Langkawi, Малезија

Името “Ланкави„  во превод значи “земја на една желба„. Според верувањата во истотријата, овој остров бил вистинско прибежиште за пирати. Но, сега Ланкави преставува вистинско прибежиште за туристите кои бараат мир и уживање.

 

8. St. Bart's

St. Bart's е еден од многуте острови во Карибското море. Токму овој остров се издвојува со француски шик изглед и вистинската островска релаксација која ја нуди. Со убави и задскриени плажи и лускузни хотели преставува е доста интересна локација за светскиот џет-сет.

 

7. Fraser Island, Австралија

Сместени на сочевиот Квислендскиот брег, се наоѓаат на 259 килиметри од градот Бризбејн во Австралија. Fraser Island е најголемиот песочен остров во светот, на кој се наоѓа една од најубавите плажи во светот.  На самиот остров се наоѓа вистинска недопрена природа која е сон на секој екологист во светот.

 

6. Nantucket Island, Масачусетс

Островот се наоѓа на само 40 км од Масачусетс, САД. Заедно со уште други два острови се дел од градот Нантукет во Масачусетс. Водата е релативно мирна, а плажата е песочна и соврешена е за сончање и правење замоци од песок.

 

5. Lanikai Beach, Хаваи

Поливина километар пенлив песок, палми кои се нишаат над убавите плажи, бескрајно убаво сонце – токму ова ги прави Ланикаи најубави плажи во светот.  И секако да не ја заборавиме, перфектно зелената вода, совршена за една убава поштенска картичка.

 

4. The Hamptons, Њујорк

Хампстон преставува град сместен на крајбрежјето на атланскиот океан. Целиот град изобилува со убави плажи кои се вистински рај за ужување.

 

3. Бора Бора , Tahiti

Бора Бора е остров кој припаѓа во Здружението на острови во Француска Полинезија. Се наоѓа на 260 километри од главниот град Папетеа. Името на островот во превод значи “Прво раѓање”. За ова место Скопјеинфо пишуваше неодамна. Целата фотогалерија може да ја погледнете тука.

 

2. Малдиви

Малдивите или Малдивските Острови се островска земја која се состои од група атоли во Индискиот Океан, југозападно од Индија и околу 700км западно од Шри Ланка. 26-те атолски групи на Малдивите содржат во себе 1.192 островчиња, од кои околу 280 се населени - 200 со домашно население и 80 со хотелски комплекси. Малдивите се најмала земја и намалубројна земја во Азија. Целата фотогаларија може да ја погледнете тука.

 

1. Сејшели

 Сејшелите преставуваат една од најфотографираните плажи на светот. На кратко, тоа што е најспецифично за овој дел е тиркизно зелената боја која дава магина убавина на плажата.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2012 во 23:01
Блиску ни се овиезадоволство




Navagio 
Закинтос – Грција



Praia Da Rocha
Портимао – Португалија 



Rabbit Beach
Лампедуза – Сицилија



Playa de ses Illetes
Форментера – Шпанија



Egremni Beach
Лефкада – Грција



Tropea
Тропеа – Италија


Elafonisi 
Крит – Грција



Blue Lagoon (Oludeniz Beach)
Олудениз – Турција



Islas Cies Beach
Островите Циес - Шпанија



Zlatni Rat
Брач - Хрватска

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2013 во 18:37

Формирана од милијарда минијатурни школки, оваа прекрасна плажа во Австралија која се наоѓа во регионот Шарк Беј, го носи името “Shell Beach”. Создадена е за дневно уживање, релаксација и набљудување на прекрасното зајдисонце.

najubavata-plaza-so-skolki-namesto-pesok-1

Плажата од школки е единствената плажа од овој тип, каде што песокот е заменет со безброј минијатурни оклопи од школки, па можеби токму затоа е вистинска летна атракција.

Некогаш овие школки се наоѓале под водата, но со нејзиното повлекување се формирала уникатна и кристално бела обала.

Се протега на над 100 километри, а прошетката по неа е незаборавно и драматично искуство во кое уживаат илјадници туристи годишно.

Ако на прв поглед помисливте дека ова е бел песок кој се лизга низ прстите, погледнете повторно...

najubavata-plaza-so-skolki-namesto-pesok-2

najubavata-plaza-so-skolki-namesto-pesok-3

najubavata-plaza-so-skolki-namesto-pesok-4

najubavata-plaza-so-skolki-namesto-pesok-5

najubavata-plaza-so-skolki-namesto-pesok-6

najubavata-plaza-so-skolki-namesto-pesok-7

najubavata-plaza-so-skolki-namesto-pesok-8

najubavata-plaza-so-skolki-namesto-pesok-9

najubavata-plaza-so-skolki-namesto-pesok-10

najubavata-plaza-so-skolki-namesto-pesok-11

najubavata-plaza-so-skolki-namesto-pesok-12

najubavata-plaza-so-skolki-namesto-pesok-14

najubavata-plaza-so-skolki-namesto-pesok-15

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Декември.2013 во 19:01
Најубавите плажи на Балканот

Сигурно се прашувате кои се најубавите плажи на Балканот. Изберете ги најубавите летувалишта во регионот за одмор. Ви ги претставуваме најубавите 8 плажи, кој никого нема да го остави рамнодушен.

Плави Хоризонти, Црна Гора – Сместени се на крајот од долината Пржно. Плави хоризонти е скриена плажа на овој мал залив. Финиот песок се простира на 300 метри, а од двете страни е опкружена со карпести висорамнини. Морето е чисто и плитко, што значи дека ќе ви биде потребно некое време да отидете доволно далеку како би можеле да пливате.

Лубенице, Хрватска – Оваа бела каменеста плажа е сместена во заливот во близина на селото Лубеница на Хрватскиот остров Цреса. Опкружена е со стрмни карпи и им обезбедува на посетителите мир и тишина. Меќутоа, постоењето на карпи значи дека до плажата можете да стигнете на 2 начина, или со чамец или преку стрмните и остри карпи.

Златни песоци, Бугарија – Една од најатрактивните дестинации за поголем дел туристи од цела Европа и една од најубавите плажи на Црното Море, се наоѓа на неколку километри од Варна. Плажата стекнала популарност благодарение на широките песочни предели со прифатливи цени. Иако самата плажа е преубава, водата на Црно Море и не е така импресивна. Морето е чисто, ама е темно, нема солена арома во воздухот, така да немате осет дека се наоѓате на море.

Плажа Ксамил, Албанија – Малото приморско село Ксамил има убави песочни плажи а се наоѓа во јужна Албанија. Преку водата постојат неколку мали островчиња, од кој секој има сопствен бар. Островчињата не се далеку од копното. Водата е чиста, не е премногу ладна а не е ни длабоко. Предност е што скоро никогаш нема гужва и затоа може да биде причина таму да го поминете својот одмор.

Краљичина Плажа, Црна Гора – Оваа плажа се наоѓа на само 1 километар од познатото место Чањ во Црна Гора, а го добила името по кралицата Марија Караџорџевич која овде го поминувала летото. Оваа плажа има 120 метри префинет златен песок, украсен со чемпрес и маслинки како и тиркизно плаво море.

Златни Рат, Хрватска – Златни Рат е една од најубавите плажи на Јадранот. Сместена е на јужната обала на островот Брач во близина на градот Бола. Оваа плажа ви дава осет како да има свој сопствен живот. Опкружена е со чиста, ладна вода и убав мирис на борови. Мешавината на ароми од солта и боровите ќе ве прати каде и да отидете.

Дерми, Албанија – Дерми можеби не е стилизирано место, али секако нуди единствен рустичен шарм. Ова јужно албанско село се наоѓа на 3 саати возење од Тирана, а покрај главната плажа постојат и оние кои се малку подалеку, ама па затоа се и многу поубави.

Ада Бојана, Црна Гора –  Ада Бојана се простира на 3 километри и е една од најпопуларните црногорски дестинации. Се наоѓа на речен остров опкружена од двете страни: реката Бојана од една страна и Јарданското море од другата страна. Овој остров е познат по 2 работи: по најголемата нудистичка колонија во земјата и по најдобрите ресторани со морски плодови.

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 10:09
Porto Katsiki - Lefkada




Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2014 во 08:43

Anse Lazio, Праслин, Сејшели

najubavite-plazi-za-leto-2018-spored-tripadvisor-15.jpg



Изменето од Valerija - 12.Мај.2018 во 06:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.