Некои од најдобрите плажи во светот
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Патувања...
Опис на форумот: Многу ме нервираат типови кои се фалат дека сакаат патувања. Па добро бе, кој не сака?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=9293
Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 19:40 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Некои од најдобрите плажи во светот
Постирано од: Mindy
Наслов: Некои од најдобрите плажи во светот
Датум на внесување: 15.Септември.2007 во 22:37
Луѓе кликните на линкот за да си заплакните очи
Плажите се прекрасни, нешто неодоливо
http://static.scribd.com/docs/i7tdpy7mwrqgy.pdf - Кликни тука
-------------
|
Коментари:
Постирано од: mamma
Датум на внесување: 17.Септември.2007 во 17:06
Mene nekako taa Bora na kvadrat mi pravi keif...ili Aruba??
------------- http://imageshack.us">
Shot at 2007-06-30[/IMG]
|
Постирано од: NiNa1
Датум на внесување: 17.Септември.2007 во 18:44
falla mnogu mona srcko bash ima ubavi sliki
-------------
|
Постирано од: TITAN
Датум на внесување: 19.Септември.2007 во 15:46
keep taun
------------- ,,PROKLETI DA SE PREDAVNICITE,,
|
Постирано од: mamma
Датум на внесување: 25.Февруари.2008 во 13:35
AJDE,VE CHEKAM....VAMU MOZE??? VIKAJ JA MONA.... .
------------- http://imageshack.us">
Shot at 2007-06-30[/IMG]
|
Постирано од: Kali
Датум на внесување: 25.Февруари.2008 во 13:48
Јас под сенка...
-------------
|
Постирано од: Lithium
Датум на внесување: 10.Август.2009 во 18:19
A Kopakabana ?
------------- You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
Постирано од: Biolica
Датум на внесување: 13.Август.2009 во 20:13
http://www.facebook.com/photo.php?pid=1871940&id=564579363">
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 15.Јули.2010 во 21:38
10. Whitehaven, Australia
7
километри плажа од најчист бел песок сигурно ќе биде доволен за нашaта потреба за релаксација. Очилата за сонце се неопходни на оваа плажа затоа што песокта е навистина бела.
9. Tulum Beach, Mexico
Еднo од првите летувалишта во Мексико. Пред стотици години, исто така, се користела од страна на Маите, како туристичко место.
8. Mnemba Lodge, Tanzania
7. Lanikai Beach, Hawaii
Оваа плажа не е толку голема, но ја има најчистата и најбистра вода на Хаваи.
6. Kondoi, Coral beach Okinawa, Japan
Окинава е најбезбедниот остров во светот каде што вратата скоро никогаш не се заклучува. Само една работа треба да се земе во предвид......Тоа е скапо место.
5. Horseshoe Bay, Bermuda
Бермуди е едно од најскапите места во светот. Но, тоа не ги спречува илјадниците туристи да го посетуваат овој остров секоја година. Убавото
време, мирната и кристално бистра вода ја прави најдобра плажа на Карибите!
4. Boracay, Philippines
Boracay е остров на Филипините кој се наоѓа на околу 200 милји јужно од Манила. Плажите на островот се едни од најубавите плажи во светот.
3. Anguilla Плажите на Anguilla во 2005 година беа рангирани помеѓу првите 10 од страна на Discovery Channel.....
2. Maldives
Едни од најдобрите и најмирните плажи во светот.
1. Fernando De Noronha, Brazil
Fernando De Noronha е архипелаг од 21 острови и островчиња, во Атлантскиот Океан. Fernando De Noronha се наоѓа и на листата на УНЕСКО.
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: МАРШАЛ
Датум на внесување: 15.Јули.2010 во 21:45
------------- http://www.onlineyufilm.com/musicvideo.php?vid=42859a7cd" rel="nofollow - Ко овде не полуди , ТАЈ НИЈЕ НОРМАЛАН
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 15.Јули.2010 во 22:33
...nikoj nema .seushte,..od skopskata ,...rechno-morska plaza,.. ...slika?
...izgleda , jas ke treba da se fatam za rabota,...
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 16.Август.2010 во 19:02
Плажата Папагајо – Ланзароте, Шпанија – општо е познато дека убавините најчесто се недостапни, па така и овде може да дојдете само пеш, или со велосипед.
Кала Тарида, Ибица, Шпанија – Ибица не е само место за забава. На овој остров е сместена една од најубавите плажи – Кала Тарида.
Златни рат – Бол, Хрватска – оваа песочна плажа го менува обликот во зависност од ветровите.
-------------
|
Постирано од: pagane
Датум на внесување: 16.Август.2010 во 21:41
аjдееее...по убави од блгарските плажови нема!!!
|
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 16.Август.2010 во 21:50
nemora da idete vo brazil probajte ja PORTOKALI plaza vo SARTI na vtoriot krak
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: pagane
Датум на внесување: 16.Август.2010 во 21:52
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 16.Август.2010 во 21:53
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: pagane
Датум на внесување: 16.Август.2010 во 21:55
сите се блгарски!!! има и уште!
|
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 16.Август.2010 во 21:56
nemaat romantika nemaat filing za zal
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: pagane
Датум на внесување: 16.Август.2010 во 21:56
да не кажам..не просто блгарски , туку варненски!!!
|
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 16.Август.2010 во 21:57
portokali beach
toa e filing do useruenje
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: pagane
Датум на внесување: 16.Август.2010 во 22:02
Постирано од: pagane
Датум на внесување: 16.Август.2010 во 22:03
Постирано од: pagane
Датум на внесување: 16.Август.2010 во 22:04
Постирано од: pagane
Датум на внесување: 16.Август.2010 во 22:04
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 16.Август.2010 во 22:05
heheh ova kje mu dojde sakas soleno sakas slatko svrti se
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: pagane
Датум на внесување: 16.Август.2010 во 22:06
слушаj ти...романтиката можеш да си направиш насекаде...само ако сакаш. едно нокно капене е доволно.
|
Постирано од: anakin
Датум на внесување: 16.Август.2010 во 22:11
ete na bugarskata plaza treba da ja cekas nokjta za da romantishes ete ti use eden nedostatok
------------- SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 21.Август.2010 во 12:19
Флорида
------------- Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|
Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 21.Август.2010 во 12:22
Ipanema Beach
------------- Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 21.Август.2010 во 12:27
Една од најфотографираните плажи во овој регион
Navagio - Zakynthos, Грција
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 21.Август.2010 во 12:28
Sagres - Алгарве, Португалија
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 21.Август.2010 во 12:29
Whitehaven Beach
------------- Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|
Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 21.Август.2010 во 12:31
Pink Sands Beach, Bahamas
------------- Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
Постирано од: Zeksi71
Датум на внесување: 21.Август.2010 во 18:12
pagane напиша:
|
Severnata plaza vo Sinemorec, eh eh, so spomeni ima od tamu, spored mene edna od najsexy plazi na Balkanot
------------- "Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
Постирано од: zanes35
Датум на внесување: 31.Август.2010 во 19:44
Nekogas ne e loso i da sonuvas.
------------- http://www.gameszone-z.com - Fun games
|
Постирано од: zaratustra
Датум на внесување: 07.Септември.2010 во 13:29
Elafonisi,Krit
------------- allemagne dix points! (such is life) - Del Boy
|
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 24.Септември.2010 во 12:53
Coromandel Peninsula ( Нов Зеланд ) е регион кој изобилува со прекрасни песочни плажи. Тука е сместена и термалната плажа со исклучително топла вода. Се што треба да направите е да ископате дупка на плажата, да чекате да се исполни со вода и добивате природно термално џакузи (лежи на вулкан). Плажите се окружени со дождовни шуми специфични по едно од највисоките стебла на светот (20 метри).
-------------
|
Постирано од: *moon*
Датум на внесување: 10.Октомври.2010 во 04:21
Постирано од: stigma04
Датум на внесување: 26.Октомври.2010 во 00:36
bora bora
ovde kakva zurka se pravi .......
------------- Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 13.Ноември.2010 во 14:52
Најубавите европски плажи Ова се најубавите европски плажи според веб списанието Wild Junket.
Papagayo (Lanzarote, Шпанија)
Најчесто најубавите работи не се
достапни за сите, така и до плажата Papagayo не можете да стигнете со
автомобил, туку пеш или со велосипед.
Lanzarote е северозападен остров на Канарските острови, а оваа плажа е најубава на нив, а и пошироко.
Златен `рт (Бол, Хрватска)
Оваа песочна плажа има интересна форма, а во зависност од ветровите го менува својот облик.
Откако ќе уживате во морето и сонцето, сенка можете да побарате во блиската борова шумичка.
Cala Tarida (Ibiza, Шпанија)
Ibiza не е само забава, забава, забава, барови и пак луда забава. На познатиот шпански остров се наоѓа една од најубавите плажи.
Скриена зад карпи од песок и далеку од
вревата се наоѓа песочен залив и кристално сино море – совршено за
одмор на душата и телото.
Sagres (Algarve, Португалија)
Изолираната португалска плажа дефинитивно е место за незаборавен одмор.
Таа е во целост опколена со карпи, а бидејќи ова подрачје е многу ветровито постојано го посетуваат бројни сурфери.
Las Islas Cies (Galicia, Шпанија)
Оваа шпанска плажа британскиот весник Guardian ја прогласи за една од најубавите во светот.
Белиот песок и морето мирно како езеро
се дел од плажата која е всушност национален парк. Поради тоа бројот на
туристи е ограничен, а забрането е и кампување.
Сé за зачувување на убавината.
Patara (Турција)
На оваа плажа е забрането градење за во потполност да остане недопрена.
Во околината на плажата можете да се забавувате со различни активности, особено ако сте љубител на авантуристичкиот туризам.
Navagio (Zakynthos, Грција)
До овој рај можете да стигнете само со
бротче што испловува на секој час од местото Porto Vromi. Високите
карпи го окружуваат белиот песок создавајќи прекрасно скриено место
познато и како Shipwreck bay.
Оваа плажа најдобро е да ја посетите во април или септември, кога нема премногу луѓе.
Sabbie Nere (Sicilia, Италија)
Оваа плажа е вулканска и се разликува
од останатите по тоа што има црн песок. Сместена е во местото Porto di
Ponente, на крајот на островот. По летување на место каде се среќаваат
море и вулкан сигурно ќе имате што да раскажете кога ќе се вратите.
------------- Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|
Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 08.Април.2011 во 12:10
Најдобрите плажи за 2011
И додека вие полека ги правите плановите
за тоа каде ова лето ќе заминете на море, туристичките агенции веќе ги
спремаат своите понуди.
По тој повод, интернет страницата Tripadvisor.com објави листа на
најубавите плажи на светот кои ги избраа туристите, односно нивните
посетители.
Еве најдобрите 10 од нив...
Providenciales, Turks and Caicos
Boracay, Filipini
Aruba, Caribbean Islands
Punta cana, Dominican Republic
Tulum, Maxico
Myrtle Beach, USA
Seven Mile, Cayman Islands
Matira beach, Bora Bora
Isla Mujeres, Mexico
------------- Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|
Постирано од: LiDivio
Датум на внесување: 08.Април.2011 во 13:29
Коцекабана
|
Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 14.Јуни.2011 во 13:21
Најпосакуваната плажа во светот - Maya Beach
Плажата од соништата на секој кој го гледал истоимениот филм „The
Beach“ е сместена во Тајланд. Го носи името Maya Beach - Koh Phi Phi
Leh.
Ако на филмот изгледа како нешто нереално добро и магично убаво – верувајте, така е и во реалноста.
Кристално сината вода, неверојатниот ситен бел песок, зелената околина се она што ја прави оваа плажа фантазија на секој од нас.
Како ни се ближат летните денови, добро ќе ви дојде вакво убаво освежување.
Чисто напомена, ако се најдете таму бидете внимателни, затоа што освен убавината – реална е појавата и на ајкулите.
------------- Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|
Постирано од: zaratustra
Датум на внесување: 15.Јуни.2011 во 09:31
Jas za 1 mesec odam vamu
Oludeniz
------------- allemagne dix points! (such is life) - Del Boy
|
Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 19.Јуни.2011 во 11:13
5 најубави балкански плажи
Балканското подрачје на југоисточна Европа има преубави долги плажи и
пристапно крајбрежје. Покрај бројните езера, тука се и Јадранското,
Средоземното...
...Јонското, Егејското и Црното море на кои може да уживате во текот на целото лето.
Кои се сметаат за најубави плажи на Балканот, а со тоа и во едни од најубавите во Европа:
1. Нашето Охридско езеро. Ако сакате да бидете едно
со природата, ова е местото кое го одбираат голем број на странски
туристи. Се смета за едно од најчистите места, а привлечна за туристите е
и Галичица која е под заштита на УНЕСКО.
2. Плажата Кара Дере, Бугарија. Најдобро одредиште
за оние кои сакаат да уживаат на најчистата и најприродната плажа на
Црното море. Во овој недопрен рај нема да најдете ништо повеќе од мек
песок, преубава природа и заливи со слатка вода. Затоа понесете си
мобилно фрижидерче со себе.
3. Бајова Кула, Црна Гора (Которска ривиера).
Вистинското место за оние кои не поднесуваат гужва. Заборавете на
палмите, овде сте окружени со планини. Уживајте во приватноста на
песочната плажа. Околината и архитектурата ќе ве воодушеват.
4. Корчула, Хрватска. Најдобра дестинација за парови
кои се во потрага по романтична изолација. Корчула е окружена со многу
островчиња и преубави карпести плажи кои се чисти и убави.
5. Пелионскиот полуостров, Грција. Вистинските
љубители на сонцето од Атина, попрво би го одбрале полуостровот пред
популарните грчки острови. Овде нема бука, гужва и галама. Скриени
заливи и диви овошки, природа, убавина, сонце и море.
Кое е вашето омилено место на Балканот?
------------- Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|
Постирано од: Schatzii
Датум на внесување: 27.Јуни.2011 во 11:03
Турски луксузни плажи
Предлог дестинации за оние кои сакаат да летуваат во Турција. Турската ривиера, чие централно место го зазема градот Анталија, веќе подолго време е хит на европскиот туристички пазар. Поради
богатото историско наследство и природните убавини, Анталија со право
ја носи титулата - една од најпрестижните европски туристички
дестинации. Antalya Историјата
на градот достигнува до старогрчкиот и римскиот период, и до ден денес
ги чува обележјата кои веќе со векови мамат воздишки кај туристите. Од
овој период најзначајни остатоци се градските ѕидини, меѓу кои се
издвојува импресивната Хадријанова капија. Калето, малата отоманска
тврдина, се смета за најубавиот дел на градот кој е полн со тесни улици,
стари куќи и камени столбови. Едно
од местата кои не смеете да ги пропуштите во Анталија е Археолошкиот
музеј во кој се наоѓаат уникатни колекции на римски скулптури од мермер.
Еден од најлуксузните хотели, кој се наоѓа во Анталија е „Mardan
palas“, се наоѓа во местото Lari, во најубавиот дел на Анталија. Kemer Некогашното
рибарско село, кое се наоѓа помеѓу кристалното море и планинските
врвови на планината Taurus, прерасна во атрактивно летувалиште. Се наоѓа на западниот брег на Анталискиот залив, оддалечен 42 km од Анталија и е окружен со најубавата природа во регионот. Во
близината на овој град се наоѓаат остатоците на ликијскиот град
Phaselis. Меѓу попознатите хотели е “Riksos sungate”, со пет ѕвезди, а
има воден парк и сопствена песочна плажа. Belek Ова
место е одличен избор за оние кои сакаат песочни плажи, голф терени и
раскошни хотели, окружени со шума. Тука се наоѓа еден од
најпровокативните хотели во светот “Adam and Eva” кој претставува
симболика на небото и земјата со неверојатни големи и удобни кревети.
------------- Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|
Постирано од: laki_bu
Датум на внесување: 06.Август.2011 во 22:23
------------- Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
Постирано од: fichot
Датум на внесување: 17.Август.2011 во 09:45
Schatzii напиша:
5. Пелионскиот полуостров, Грција.
|
Kade e ova potocno?
edit: Nema veze, go najdov. Poluostrovot desno od Volos.
------------- http://fichot.deviantart.com/gallery" rel="nofollow - galerija1 http://www.behance.net/fichot" rel="nofollow - galerija2
|
Постирано од: ivana989
Датум на внесување: 20.Август.2011 во 15:58
1 http://www.tourist-destinations.com/2011/06/virginia-beach-va-usa.html - Virginia Beach
2 http://www.tourist-destinations.com/2011/06/patong-beach-thailand.html - Patong Beach
3 http://www.tourist-destinations.com/2011/02/hawai-one-of-most-famous-places-in.html - Pattaya, Thailand
4 http://www.tourist-destinations.com/2011/06/french-polynesia.html - French Polynesia
5 http://www.tourist-destinations.com/2011/02/hawai-one-of-most-famous-places-in.html - Hawaii
|
Постирано од: Klara-D
Датум на внесување: 15.Септември.2011 во 10:36
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 05.Август.2012 во 05:39
10. Kauna'oa, Хаваи Ова е една од најдобрите плажа на Хавајските острови. Плажата е исполнета со многу убав песок во форма на полумесичина. Пливањето, нуркањето и еден куп водени активности се совршено уживање на оваа плажа. 9. Langkawi, Малезија Името “Ланкави„ во превод значи “земја на една желба„. Според верувањата во истотријата, овој остров бил вистинско прибежиште за пирати. Но, сега Ланкави преставува вистинско прибежиште за туристите кои бараат мир и уживање. 8. St. Bart's St. Bart's е еден од многуте острови во Карибското море. Токму овој остров се издвојува со француски шик изглед и вистинската островска релаксација која ја нуди. Со убави и задскриени плажи и лускузни хотели преставува е доста интересна локација за светскиот џет-сет. 7. Fraser Island, Австралија Сместени на сочевиот Квислендскиот брег, се наоѓаат на 259 килиметри од градот Бризбејн во Австралија. Fraser Island е најголемиот песочен остров во светот, на кој се наоѓа една од најубавите плажи во светот. На самиот остров се наоѓа вистинска недопрена природа која е сон на секој екологист во светот. 6. Nantucket Island, Масачусетс Островот се наоѓа на само 40 км од Масачусетс, САД. Заедно со уште други два острови се дел од градот Нантукет во Масачусетс. Водата е релативно мирна, а плажата е песочна и соврешена е за сончање и правење замоци од песок. 5. Lanikai Beach, Хаваи Поливина километар пенлив песок, палми кои се нишаат над убавите плажи, бескрајно убаво сонце – токму ова ги прави Ланикаи најубави плажи во светот. И секако да не ја заборавиме, перфектно зелената вода, совршена за една убава поштенска картичка. 4. The Hamptons, Њујорк Хампстон преставува град сместен на крајбрежјето на атланскиот океан. Целиот град изобилува со убави плажи кои се вистински рај за ужување. 3. Бора Бора , Tahiti Бора Бора е остров кој припаѓа во Здружението на острови во Француска Полинезија. Се наоѓа на 260 километри од главниот град Папетеа. Името на островот во превод значи “Прво раѓање”. За ова место Скопјеинфо пишуваше неодамна. Целата фотогалерија може да ја погледнете http://www.skopjeinfo.mk/skopje-etc/1050849061/rajot-na-zemjata-bora-bora" rel="nofollow - тука . 2. Малдиви Малдивите или Малдивските Острови се островска земја која се состои од група атоли во Индискиот Океан, југозападно од Индија и околу 700км западно од Шри Ланка. 26-те атолски групи на Малдивите содржат во себе 1.192 островчиња, од кои околу 280 се населени - 200 со домашно население и 80 со хотелски комплекси. Малдивите се најмала земја и намалубројна земја во Азија. Целата фотогаларија може да ја погледнете http://skopjeinfo.mk/skopje-etc/680995794/rajot-na-zemjata-narecen-maldivi" rel="nofollow - тука. 1. Сејшели Сејшелите преставуваат една од најфотографираните плажи на светот. На кратко, тоа што е најспецифично за овој дел е тиркизно зелената боја која дава магина убавина на плажата.
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 13.Септември.2012 во 23:01
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Октомври.2013 во 18:37
http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/17886-prekrasna-i-unikatna-plaza-so-skolki-namesto-pesok" rel="nofollow - Прекрасна и уникатна плажа со школки наместо песок
Формирана од милијарда минијатурни школки, оваа прекрасна плажа во
Австралија која се наоѓа во регионот Шарк Беј, го носи името “Shell
Beach”. Создадена е за дневно уживање, релаксација и набљудување на
прекрасното зајдисонце.
Плажата од школки е единствената плажа од овој тип, каде што песокот е
заменет со безброј минијатурни оклопи од школки, па можеби токму затоа е
вистинска летна атракција.
Некогаш овие школки се наоѓале под водата, но со нејзиното повлекување се формирала уникатна и кристално бела обала.
Се протега на над 100 километри, а прошетката по неа е незаборавно и
драматично искуство во кое уживаат илјадници туристи годишно.
Ако на прв поглед помисливте дека ова е бел песок кој се лизга низ прстите, погледнете повторно...
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 08.Декември.2013 во 19:01
Најубавите плажи на Балканот
Сигурно се прашувате кои се најубавите плажи на Балканот. Изберете ги најубавите летувалишта во регионот за одмор. Ви ги претставуваме најубавите 8 плажи, кој никого нема да го остави рамнодушен. Плави Хоризонти, Црна Гора – Сместени се на крајот од долината Пржно. Плави хоризонти е скриена плажа на овој мал залив. Финиот песок се простира на 300 метри, а од двете страни е опкружена со карпести висорамнини. Морето е чисто и плитко, што значи дека ќе ви биде потребно некое време да отидете доволно далеку како би можеле да пливате. Лубенице, Хрватска – Оваа бела каменеста плажа е сместена во заливот во близина на селото Лубеница на Хрватскиот остров Цреса. Опкружена е со стрмни карпи и им обезбедува на посетителите мир и тишина. Меќутоа, постоењето на карпи значи дека до плажата можете да стигнете на 2 начина, или со чамец или преку стрмните и остри карпи. Златни песоци, Бугарија – Една од најатрактивните дестинации за поголем дел туристи од цела Европа и една од најубавите плажи на Црното Море, се наоѓа на неколку километри од Варна. Плажата стекнала популарност благодарение на широките песочни предели со прифатливи цени. Иако самата плажа е преубава, водата на Црно Море и не е така импресивна. Морето е чисто, ама е темно, нема солена арома во воздухот, така да немате осет дека се наоѓате на море. Плажа Ксамил, Албанија – Малото приморско село Ксамил има убави песочни плажи а се наоѓа во јужна Албанија. Преку водата постојат неколку мали островчиња, од кој секој има сопствен бар. Островчињата не се далеку од копното. Водата е чиста, не е премногу ладна а не е ни длабоко. Предност е што скоро никогаш нема гужва и затоа може да биде причина таму да го поминете својот одмор. Краљичина Плажа, Црна Гора – Оваа плажа се наоѓа на само 1 километар од познатото место Чањ во Црна Гора, а го добила името по кралицата Марија Караџорџевич која овде го поминувала летото. Оваа плажа има 120 метри префинет златен песок, украсен со чемпрес и маслинки како и тиркизно плаво море. Златни Рат, Хрватска – Златни Рат е една од најубавите плажи на Јадранот. Сместена е на јужната обала на островот Брач во близина на градот Бола. Оваа плажа ви дава осет како да има свој сопствен живот. Опкружена е со чиста, ладна вода и убав мирис на борови. Мешавината на ароми од солта и боровите ќе ве прати каде и да отидете. Дерми, Албанија – Дерми можеби не е стилизирано место, али секако нуди единствен рустичен шарм. Ова јужно албанско село се наоѓа на 3 саати возење од Тирана, а покрај главната плажа постојат и оние кои се малку подалеку, ама па затоа се и многу поубави. Ада Бојана, Црна Гора – Ада Бојана се простира на 3 километри и е една од најпопуларните црногорски дестинации. Се наоѓа на речен остров опкружена од двете страни: реката Бојана од една страна и Јарданското море од другата страна. Овој остров е познат по 2 работи: по најголемата нудистичка колонија во земјата и по најдобрите ресторани со морски плодови.
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 21.Февруари.2014 во 10:09
Porto Katsiki - Lefkada
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2014 во 08:43
Anse Lazio, Праслин, Сејшели
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2014 во 12:24
Fig Tree Bay, Протарас, Кипар
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 26.Февруари.2014 во 19:47
------------- Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2014 во 22:13
Плажи од кои застанува здивот…
Ако не знаете каде можете да отпатувате ова лето, можете да се одлучите за некои од овие дестинации. Погледнете ги плажите од кои застанува здивот… Ангра дос Реи, Коста Верде Една од најнедопрените плажи на светот се наоѓа во Бразил. Плажата Ангра дос Реи (Angra dos Rei) има спектакуларна убавина и приватност. Повеќе од 200 километри плажа со раскошна убавина ќе ги задоволи сите ваши сетила и ќе ви приреди рајски одмор. Вистинско место за да се почестите. Лас Теренас Гратчето Лас Теренас (Las Terrenas) во Доминиканската република се простира на 225 квадратни километри и на секој агол има што да понуди. Во светот најпознати се плажите Плаја Бонита (Playa Bonita) и Плаја лас Балерас (Playa Las Balleras). Пунта Кана Пунта Кана (Punta Cana) исто така се наоѓа во Доминиканската република, во подрачјето Ла Алтаграција. Позната е по најмногу хотелски комплекси во светот, со повеќе од 28.000 соби. Застапеноста на речиси сите водени спортови, егзотичната убавина, многубројните студенти од Канада и од Америка што доаѓаат тука, придонесуваат за развојот на ова место. Островот Ваагали, Малдиви Островот Ваагали (Vaagali) се наоѓа на Малдивите. Многу популарна локација за страсни нуркачи поради богатиот морски свет. Сите спортови на вода се на располагање и претставуваат одлична атракција. Иако мал, овој остров има феноменални атракции во текот на целиот ден. Плажа Ринкон – Порторико Плажата Ринкон (Rincon) е следната дестинација што ќе ја издвоиме. Сместена е во Порторико, украсена е со прекрасен златен песок и претставува вистински мал рај. Плажата е опколена со зеленило што дополнително му дава ефект на егзотика на ова прекрасно место. Рестораните се од прва класа и во нив ќе најдете врвна храна од целиот свет.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Април.2014 во 17:00
Плажата Ланикај во Хаваи
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Април.2014 во 17:29
Велика Британија ги има едни од најубавите плажи во светотПрекраното пространство на песок во Велс е прогласено за најдобра плажа во Велика Британија, а трета по ред најдобра во Европа- и деветта најдобра во светот. Росили Беј во Говер ги победи конК*рентните плажи од Дорсет, Корнвол и Шкотска и се обезбеди со прво место во Велика Британија. И огромната 3-километарска плажа успеа да ја подобри својата позиција во десетте најдобри плажи во светот- во кој беа вклучени Австралија, Сејшели, Турција и Кипар- од десетто на деветто место. Погледнете ги останатите прекрасни и чудесни плажи во Велика Британија.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Април.2014 во 09:39
МАГИЧНО: НАЈУБАВАТА ПЛАЖА НА СВЕТОТ НАРЕЧЕНА “ЅВЕЗДЕНО НЕБО“Природата честопати не изненадува со најразлични природни феномени. Тешко е да поверуваш дека ова навистина постои во реалниот свет. Играта на светлината на овој малдивски остров е причина плажата да изгледа вака, па затоа и е наречена “Ѕвездено небо“. Без разлика што фотографиите кои следуваат во галеријата ќе ви изгледаат како делови од бајка или успешен фотошоп, вистината е дека оваа плажа е реална и изгледа буквално вака: Виновниците за сината светлина на плажата Вадху на Малдивите се фитопланктони. Тие создаваат биоилуминација или биолошка светлина.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Април.2014 во 17:02
Bournemouth Beach, Борнмут, Велика Британија
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Јуни.2014 во 11:02
http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/23865-najubavite-skrieni-plazi-vo-evropa" rel="nofollow - - Најубавите скриени плажи во Европа
Факт е дека нема плажа на која ќе успеете да и одолеете, но има нешто посебно во оние скриените, мистичните местенца, колку и да се малечки. Барем во Европа, таквите скриени плажи ги има во изобилие, а ако сте доволно среќни да отпатувате на една од овие дестинации, задолжително посетете ги следниве: Es Trenc, Мајорка До оваа плажа не можете да стигнете со автомобил, но патот дефинитивно ќе се исплати. Километарската плажа со бел песок која се среќава со азурно синото море е глетка во која ќе сакате да уживате со денови. На тоа додадете 40 степени и вкусни коктели - и веќе сте таму со мислите! Formentera, Ибица
Западниот дел од Медитеранот крие неповторливи убавини, а едно од нив дефинитивно е островот Formentera. Идеален е за опуштање, но и за оние кои бараат малку забава. Црвената плажа Cala Saona не смеете да ја заобиколите ако сте љубител на нуркањето. А, кога ќе ви досади излежувањето на плаќа, секогаш можете да се развозите околу островот. Arrifana, Португалија
Релативно мала плажа, од половина километар која е рај за сурферите. Брановите овде се посебно доживување. А, ако сте заинтересирани за помирен одмор тука се малечките ресторани кои ќе ве послужат со свежо уловена риба и морски специјалитети. Calanques, Франција
Француската ривиера е позната по гламурот кој го нуди, но ако сакате да ги избегнете гужвите, упатете се кон плажата која ќе ви понуди долг, песочен брег под стрмите карпи. Vouligmeni to Sounio, Атина
Тешко е да се одлучите само за една од многуте прекрасни плажи околу Атина, па подобро е да го разгледате целиот брег. Таму ќе пронајдете огромен број на минијатурни, скриени плажи. Thymari е само една од многуте кои ќе ви понудат совршено мирно море и голем број на ресторани покрај брегот. El Saler, Валенсија
Ова е една од ретките плажи кои се наоѓаат во национален парк, па можеби и затоа важи за една од најпрекрасните. Тука ќе можете да уживате во постојаниот западен ветар, големиот број на сурфери, а сите кои сакаат летна рекреација може да ги истражуваат долгите песочни патеки. Pinarello, Корзика
Со 2 километри бели песочни плажи, оваа плажа е од оној тип на места од кои едноставно не сакате да заминете. Тука се наоѓаат 6 ресторани во кои може да уживате во морски специјалитети со поглед кон божественото тиркизно море. Kelebekler Vadisi, Турција
До тука ќе стигнете само со брод или пешки по стрмна патека. Овој залив се смета за една од најголемите турски тајни, па ако сте авантурист кој ја истражува природата - ова е идеалното место за вас. Дури кога ќе се изморите од истражувањето можете да се нурнете во азурното море или под некој од двата малечки водопади. http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/23865-najubavite-skrieni-plazi-vo-evropa" rel="nofollow -
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 11.Јуни.2014 во 11:57
Десетте најубави плажи во Европа за 2014
Harbour Beach, Тенби (Велс)
Praia da Cova, Сесимбра (Португалија)
Zlatni Rat, остров Брач (Хрватска)
Isola Bella, Таормина (Сицилија)
Los Canos de Meca, Коста-де-ла-Лус (Шпанија)
Grande Plage Biarritz, Биарриц (Франција)
Île Vierge, Бретань (Франција)
остров Порто Санто (Португалија)
Агија-Напа (Кипар)
Зилт-Ост (Германија)
-------------
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Јуни.2014 во 17:30
http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/23889-najubavata-plaza-vo-evropa" rel="nofollow - - Најубавата плажа во Европа
Плажата скриена под ѕидините на живописниот велшки брег Тенби е прогласена за најубава плажа во Европа, надминувајќи ја конК*ренцијата од Португалија, Хрватска и Италија. Квалитетот на водата, убавата околина и мислењето на посетителите на плажата Харбор во Тенби (Пемброкшир) ѝ го донеле првото место во Европа, соопштила туристичката организација „European Best Destination“. Тенби, на околу 140 километри од Кардиф (Велс) е стар средновековен град заобиколен со ѕидови и има 3 песочни плажи, долги 4 километри. Минатата година Тенби ја освоил наградата „British Travel Awards“ во категоријата најдобри британски приморски летувалишта. Праја де Кова, на јужниот брег на Португалија и Златни Рат на јужниот брег од островот Брач, го освоиле второто и третото место на листата од 15 најубави плажи во Европа. Плажата Изола Бела во Таормини (Сицилија) го заземала четвртото место. Исто така и некои други плажи во Италија и Шпанија се нашле на листата, а покрај нив и плажите во Франција, Кипар, Грција, Шкотска и Германија. Плажата Бара на островот Бара (Шкотска) се наоѓа на последното петнаесетто место. Западниот дел на островот може да се пофали со бели песочни плажи полни со школки, плодно околно земјиште, но и карпести делови.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Октомври.2014 во 21:54
СКАЛА ДЕИ ТУРЧИ: НАЈУБАВАТА ПЛАЖА НА СИЦИЛИЈАСкала деи Турчи (во превод „турски скали“ е карпеста плажа на брегот на Реалмонте, во близина на градот Порто Емпедокле, на југот во Сицилија, Италија. Поради нејзината необична бела боја, како и по честото спомнување во детективските дела на писателот Андреа Камилери, плажата станала туристичка атракција, а исто така е предложено и да се вброи во заштитените предели на УНЕСКО. Плажата го добила името по многуте напади на турските гусари кои во минатото го ограбувале регионот, како и по необичниот изглед кој потсетува на бели скали кои се извишуваат од морето.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Февруари.2015 во 09:15
TripAdvisor: Десетте најубави плажи на светотДоволно е да фрлите еден поглед на најдобрите плажи на светот за да посакате да се телепортирате на бел песок, покрај тиркизна рајска убавина. TripAdvisor, најпознатиот сајт за патувања, состави листа со најубавите плажи според рејтингот и рецензиите на своите посетители. 1. BAIA DO SANCHO, БРАЗИЛ2. GRACE BAY, ТУРКС И КАЈКОС3. RABBIT BEACH, ИТАЛИЈА4. PLAYA PARAISO BEACH, КУБА5. PLAYA DE SES ILLETES, ШПАНИЈА6. ANSE LAZIO, СЕЈШЕЛИ7. WHITE BEACH, ФИЛИПИНИ8. FLAMENCO BEACH, ПОРТОРИКО9. WHITEHAVEN BEACH, АВСТРАЛИЈА10. ELAFONISSI BEACH, ГРЦИЈА
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Март.2015 во 17:22
Најубавите плажи во Шпанија
Ел КотиљоОваа плажа се наоѓа во градот Лас Палмас и е централна атракција за илјадници туристи. Прекрасната сина боја на морето овозможува пријатна топлина за љубителите на природни убавини, а сонцето ги мами и најголемите противници на сончање.Плажа Де ла БаросаОваа прекрасна плажа се протега на дури шест километри и се наоѓа во Кадиз. Туристите поголемиот дел од времето го поминуваат во различни ресторани и барови, а самата плажа е позната по спортови на вода, затоа што свеж ветер струи по целата област.Ла КончаОваа плажа која е сместена во непосредна близина на Сан Себастијан, се смета за една од најубавите градски плажи во Европа. Таа е позната и како една од најмногу фотографираните плажи на светот. Најубавата карактеристика на оваа плажа е златниот песок, кој дава посебен ефект за време на изгрејсонцето и зајдисонцето.Лас КатедралесЕдна од најинтересните карактеристики на оваа плажа, која ја прави уникатна, е големиот број на карпи кои ја опкружуваат. Висината на карпите достигнува и до 30 метри, а тоа доведува до силна плима и ветер. Оваа плажа вообичаено е место за многу фотографи и други љубители на природата кои доаѓаат да го видат магичното изгрејсонце и зајдисонце.ИлетасСместена на северната страна од Форментере, оваа плажа е сигурно една од најубавите плажи во Шпанија. Од една страна на плажата се наоѓаат камен ѕид и многу ресторани и барови. Тука песокот е пофин од другите места во Шпанија, па затоа оваа плажа особено ја обожуваат пешаците.ТеремолиносОва е една од првите пплажи во Шпанија каде што почна да се развива туризмот. И денес е една од најпосетуваните плажи во регионот, особено во летниот период. Како резултат на тоа, оваа плажа има голем број на барови, ресторани и спортски содржини.Плажа НерјаТаа е вклучена на листата на плажи кои ја добиле престижната награда Сино знаме, со која се означуваат најквалитетните плажи. Една од најпознатите плажи во оваа група е Буриан, каде што има голем број на ресторани, барови и клубови.Кала СаонаОваа плажа се наоѓа во непосредна близина на мегапопуларната Ибица. Плажата со бел песок е опкружена со карпи и иако е релативно мала – сепак е добро посетена. Според некои туристи, оваа плажа овозможува најдобра глетка на зајдисонце во Европа.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 31.Март.2015 во 05:47
Миртос- најживописната плажа во Грција
Миртос плажа, Кефалонија, Грција. Прекрасното место често се смета за најдраматичната плажа во Грција. Нејзините брегови, покриени со бели мазни камења, се преливаат со топлата и кристално чиста вода на Јонското море. Вградено меѓу две планини- Агиа Динати и Калон Орос- Миртос нуди интимена локација за релаксација. Миртос има добиено награда за најдобра плажа во Грција дванаесет пати! Прекрасениот поглед одозгора е маѓепсувачки, додека патува до плажата, веднаш пред да почне удолницата, посетителите можат да застанат за момент и да се восхитуваат на панорамата. Неколку таверни и барови на плажата им обезбедуваат на туристите свежи пијалоци и закуски. Тоа, исто така, е одлично место за посматрање на зајдисонцето.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Јуни.2015 во 08:45
http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/31926-10-najubavi-plazi-vo-juzna-italija-foto" rel="nofollow -
Италија е магична сама по себе. Секое нејзино катче е исполнето со посебен шарм кој освојува на прв поглед. Убава е во сите годишни времиња, но во лето е една од неизбежните дестинации за летување на туристи од целиот свет. Мирисот на морето и долгите песочни плажи се простираат по целата нејзина должина, а кој дел и да го одберете нема да погрешите. Сепак, како едни од популарните се плажите во јужна Италија каде има сосема поинаков менталитет на Италијанците од оние во северна Италија. Но и на плажите има многу повеќе забава, лудување, избор на плажи под карпи, кристално сина вода и сонце кое ве гали со своите зраци. Ако веќе размислувате за вакво летување, не ги одминувајте десетте најубави плажи во јужна Италија: 1. Torre lapillo, Porto Cesareo (Lecce, Puglia)
2. Marina di pescoluse (Lecce, Puglia)
3. Baia di leranto, Massa Lubrense (Napoli, Campania)
4. Capo Rizzuto (Crotone, Calabria)
5. Marina Piccola da via Krupp, Capri (Napoli, Campania)
6. San Nicola Arcella (Cosenza, Calabria)
7. Tropea, Vibo Valentina (Calabria)
8. Calette di Maratea (Potenza, Basilicata)
9. Cala Bianca, Cliento (Salermo, Campania)
10. Baia dei Turchi (Ortanto, Puglia)
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Август.2015 во 08:21
http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/33533-top-10-najubavi-plazi-so-bel-pesok" rel="nofollow - Ретко кој е имун на егзотичната комбинација од бел песок и тиркизно чиста вода. Токму затоа е тешко да се состави листа од само неколку најубави такви плажи. Сепак, според туристите кои ги посетиле и успеале да уживаат во нивните убавини, овие 10 плажи нудат незаборавно искуство. Некои велат дека се создадени за романтика, други за дневно опуштање, а трети за екстремно нуркање. Во која група и да спаѓате, сигурно ќе уживате во овој мал рај на земјата: Boracay на Филипини
Белата приватна плажа на ресортот Four Seasons на Малдиви
Плажите во Langkawi во Малезија
Matira на Бора Бора
Италијанската плажа Lampedusa
Cayao Largo на Куба
Заливот Hanauma на Хаваи
Заливот Wineglass на Тасманија
Grand Anse на Сејшелите
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Февруари.2016 во 08:39
TripAdvisor: Десетте најубави плажи на светот за 2016
Постојат места на планетата Земја кои изгледаат како да се откинати од рајот – бескрајни песочни плажи, проѕирни тиркизни води и егзотична флора и фауна. http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8/%D0%B7%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BC%D0%BB%D0%B8%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8/tripadvisor-%D0%B4%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D1%83%D0%B1%D0%B0%D0%B2%D0%B8-%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D0%B6%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82" rel="nofollow - TripAdvisor , најпознатиот сајт за патувања, состави листа со најубавите плажи за 2016 според рејтингот и рецензиите на своите посетители. Несомнено ќе се заљубите во прекрасните плажи и ќе започнете да сонувате за тропски одмор. 1. GRACE BAY, ТУРКС И КАЈКОС2. BAIA DO SANCHO, БРАЗИЛ3. PLAYA PARAISO, КУБА4. ANSE LAZIO, СЕЈШЕЛИ5. CAYO DE AGUA, ВЕНЕЦУЕЛА6. FLAMENCO BEACH, ПОРТОРИКО7. PLAYA DE SES ILLETES, ШПАНИЈА8. NGAPALI BEACH, МЈАНМАР9. WEST BAY BEACH, ХОНДУРАС10. NACPAN BEACH, ФИЛИПИНИ
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Јуни.2016 во 13:17
Бисерот на Сејшелите: Ова е најубавата плажа во светот |
Многу туристи по доаѓањето на сејшелскиот остров Ла Диг директно се упатуваат на плажата Ан Сурс Даржон, а лесно е да се каже зошто – станува збор за најфотографираната плажа на светот. Замислете ја следната сцена – светкав бел ситен песок, големи камени карпи кои природата со тек на време ги извајала во величенствени скулптури и смарагдно зелена вода... Секако, овој дијамант не е совршен. На моменти е исклучително преплавен со туристи, особено во периодот на плима кога поголемиот дел од плажата привремено исчезнува, а бидејќи водата е исклучително плитка и некаде богата со алги, местото не е погодно за пливање. Меѓутоа, ако некогаш одлучите да го посетите овој рајски остров, погрижете се таму да поминете повеќе од еден ден. Лесно е да се пронајде дрво под чија сенка можете да уживате, имајќи впечаток како да се наоѓате на крајот од светот и дека ова парче рај го имате само за себе. Најдобрите фотографии настануваат во доцните попладневни часови, кога боите на плажата и морето се најинтензивни. Плажата е свртена кон запад, така што можете да ги набљудувате прекрасните зајдисонца. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2017 во 15:54
1. La Concha Beach, Сан Себастија, Шпанија
2. Elafonissi Beach, Крит, Грција
3. La Cote des Basques, Биариц, Франција
4. Fig Tree Bay, Протарас, Кипар
5. Spiaggia dei Conigli, Сицилија, Италија
6. Playa de Ses Illetes, Форментера, Шпанија
7. Balos Beach and Lagoon, Крит Грција
8. Kleftiko Beach, Милос, Грција
9. Weymouth Beach, Велика Британија
10. Playa de Muro Beach, Шпанија
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Јуни.2017 во 09:13
1. Скриената плажа – Островот Мариета, Мексико Оваа плажа е толку уникатна и убава, што ќе ве остави без здив. Сепак, начинот на кој настанала не е многу привлечен. Имено, мексиканската влада некогаш ја користела таа област за тестирање на бомби, а детонациите урнале дел од карпите и ја формирале плажата која ја знаеме денес. Капењето таму е навистина посебно доживување. 2. Светкава плажа – Малдивите За оваа плажа велат дека изгледа како ноќно небо преполно со ѕвезди. Кога ќе падне мрак, водата станува толку светкава, што е тешко да го одвоите погледот од неа. За тоа се заслужни фитопланктоните кои светкаат кога се вознемирени. Токму оваа плажа е популарна дестинација за заминување на меден месец, бидејќи е магична и многу романтична.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Јули.2017 во 11:57
Росили,Беј,Свонси,Велика Британија
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Јули.2017 во 07:53
Mosquito bay -Порторико
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Мај.2018 во 06:33
Grace Bay, Провиденсиалес, Турк и КаикосPraia dos Sanchos, Фернандо де Норон, БразилVaradero Beach, Варадеро, КубаEagle Beach, Палм, АрубаSeven Mile Beach, Гранд КајманLa Concha Beach, Сан Себастијан - Доностиа, ШпанијaClearwater Beach, Клируотер, ФлоридаSeven Mile Beach, Негрил, ЈамајкаBavaro Beach, Баваро, Доминиканска РепубликаPlaya Norte, Исла МухeресElafonissi Beach, Елафониси, ГрцијаFalesia Beach, Олхос де Агуа, Португалија
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Мај.2018 во 06:43
White Beach, Боракај, Филипини
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Мај.2018 во 06:44
Nungwi Beach, Нунгви, Танзанија
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|