|
Не прави идол или слика на она што е горе |
Внеси реплика | страница <1 1718192021 23> |
Автор | |||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Исус Христос - иако самиот не бил во телесен брак, нити практицирал секс - Тој никогаш не го забранил бракот нити сексот во него! Со кое право - во Името Исусово - на лукав начин сакаш да ми го забраниш тоа што мие дозволено? 1 Тимотеј: 4:3
Надприродната Мудрост БОЖЈА - Која што Совршениот БОГ за спасение на сите Ја отелотвори во Исус Христос- е единственото вистинско Евангелие, а четирите Библиски сведоштва (извештаи) за тоа единствено совршено Евангелие не се случајно баш тие четири, исто како што годината неслучјно има баш четири годишни времиња, рајот неслучајно е помеѓу четирите реки и универзумот неслучајно е од четири елементи! Секој кој што верува или фаворизира некојси други “евангелија“ коишто се израмнуваат или издигнуваат со Единственото Совршено Евангелие - за кого што прекрасно сведочат четирите Евангелиски извештаји - се'уште не разбрал како што треба да се разбере! Изменето од spiros - 12.Јуни.2011 во 22:03 |
|||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
|
|||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Црквата е Богочовечка. Благословеното е од луѓе. А пребивањето на Светиот Дух во Црквата е за зачувување на учењето на Црквата, а не поради фреските, иконите и слично. За разлика од тоа Бог е Бог, не е Човек, туку Бог. Неговата природа не е Богочовечка, туку е Божја. Во Стариот Завет, Бог не се јавува како Човек, туку како Бог. Кога го благословува Храмот, го исполнува со Својата Божественост.
Може ли да видиме каде Бог наредил да му изградат Храм? Не говориме за Скинијата на сведоштвото, туку за самиот Храм. Повели, презентирај цитат каде Бог му наредува на Соломон да му изгради храм. |
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Prijatele, navistina ne te razbiram, ama se nadevam deka barem tebe ti e jasno shto pishuvash. Kako mozhe Crkvata da e Bogochovechka i da bide blagoslovena od lugje, a ne od Boga? kako mozhe Svetiot Duh da prebiva za zachuvuvanje na uchenjeto, a freskite, ikonite i statuite da ne se del od toa uchenje? Za drugoto navistina ne znam shto da kazham...
Poveleno: 7 Уште Давид му рече на Соломона: „Сине! Посакав во своето срце да Му изградам Дом на Името на Господа, својот Бог. 8 Но ми дојде Господовото слово: „Многу крв пролеа и водеше големи војни; не ќе Му изградиш ти Дом на Моето Име; зашто пролеа многу крв на земјата пред Мене. 9 Ете, ќе ти се роди син; тој ќе биде мирољубец, и ќе му дадам мир од сите негови непријатели отсекаде наоколу; името ќе му биде Соломон. Ќе му дадам мир и тишина на Израел во негово време. 10 Тој ќе Му изгради Дом на Моето Име, тој ќе Ми биде син, а Јас ќе му бидам Татко нему, и ќе го утврдам неговиот царски престол над Израел довека.” 11 Сега, сине мој, Господ нека биде со тебе за да успееш за да Му изградиш Дом на Господа, својот Бог, како што рече за тебе. ПРВА КНИГА ЛЕТОПИСИ , Глава 22 Se nadevam deka so ovaa posledna replika i citati ja zavrshivme diskusijata za vtorata Bozhja naredba i nejzinoto slobodno interpretiranje od strana na Crkvata. Изменето од Messenger - 13.Јуни.2011 во 00:35 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ќе се потрудам да ти објаснам со пример. Светиот Дух ја зачувал Црквата од лажните учења, како на пример иконоборството, аријанството и многу други нешта. И постојано пребива во Црквата и благодарение на Светиот Дух се запазуваат вистинските учења, па и за иконите. Но, Светиот Дух не пребива во секој уметник во однос на правоверноста на неговото сликање. А во тие времиња, не заборавај дека често се случувало и да не можат сите да се запознаат со каноните на Црквата.
Благодарам за повеленото, ама каде виде пријателе наредба во рамки на овие стихови? Божјото предзнаење не е наредба. Тоа е ветување кое Бог му го дава на Давид, а не наредба до Соломон за изградба на храм. Нема никаква наредба упатена до Соломон. Сеуште не можам да сфатам како не можеме да се разбереме пријателе, кога токму самиот ја објасни Божјата заповед како неврзување за ништо во нашата комуникација со Бога. Токму тоа и се обидувам да ти го посочам во примерот со Соломон. Во Храмот имало многу слики и изобразувања, но Соломон не ги почитувал како идоли, ниту како посредници, ниту како нешто друго. Токму таков е и односот со иконите. Изменето од Македон - 13.Јуни.2011 во 01:05 |
|||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Значи, пророчанството за Храмот во времето на вториот Цар Израелски и тоа во дваесет и втората глава на летописи? Ајде сега, како да не го сакаш бројот 22?
Јас себеси никогаш не сум се преставувал како некој што е попаметен, повистинит или поисправен од Христа (и вистинските Апостоли Христови) за Кого (и кои) прекрасно сведочи Светото Писмо, туку себеси сум се сметал (и се сметам) за она што сум: еден грешник кој што нити очите не е достоен да ги подигне кон Небото кадешто Царува Единствениот Совршен и Вистински БОГ! Но ете, не поради мојата праведност или исправност, туку поради Името и Милоста на Единствениот Совршен БОГ верувам, се надевам, љубам и живеам, иако душманите би сакале тоа да нее така и многумина од ними би се радувале кога би Ја отфрлил Милоста БОЖЈА, како што тоа го направи јуда искариот! Господ *е Пастир мој, ништо нема да ми недостасува, Он ме пасе на плодни пасишта и ме води на тихи води, ја поткрепува душата моја, ме води по патот на правдата заради името Свое. Кога би тргнал и по долината на смртната сенка, нема да се исплашам од злото, зашто Ти си со мене; Твојот жезал и Твојата палка ме успокојуваат. Си приготвил пред мене трпеза на очиглед на непријателите мои, си ја помазал главата моја со елеј; и чашата твоја ме напојува со блаженство. И милоста Твоја така да ме придружува преку сите денови на мојот живот, и јас ќе престојувам во домот Господов многу дни.
„Да, дојди, Господи Исусе!” (Откр. 22:20) Изменето од spiros - 13.Јуни.2011 во 01:36 |
|||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Божјата наредба е дадена во Мојсеевиот Закон: „Нека Ми изградат Светилиште, за да можам да престојувам меѓу нив.“ (Излез 25:8, Библијата)
Не би рекол. Мнозинството православци ги целиваат иконите, се клањаат пред нив, се молат пред нив, им се обраќаат на нацртаните ликови и сл. Такво нешто не правеле евреите, а не прават ни ден денес. Би сакал да ви цитирам нешто од Православниот молитвеник на Брегалничката епархија (стр. 224) „Кога и како се целиваат светите икони? При влегувањето во храмот, верникот може да ја целива иконата што е на средината, па и оние отстрана... Средната икона, ако има таква во храмот, се целива на следниов начин: се прават два поклона пред неа, па се целива, потоа се прави уште еден поклон..." На луѓето што не допреле Библија во рацете овие регулативи им изгледаат како да се Божји регулативи и многу е тешко да го убедете таквиот дека тоа не се Божји регулативи, туку човечки измислици на православните цркви. |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ајде прочитај убаво што напишав. Јас кажав да се постави цитат каде Бог му вели на Соломон да му изгради Храм, јас не говорам за Скинијата, не говорам за она што е наредено во законот на Мојсеја, туку говорам за Храмот изграден од Соломон, со сите работи во него. Ова за кое ти пишуваш не е спорно.
Целивањето не значи идолопоклонство. Евреите и денес го целиваат ѕидот на плачот и се молат пред него, но не му се молат на ѕидот, туку се молат пред ѕидот. Изменето од Македон - 13.Јуни.2011 во 01:51 |
|||||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Тоа што ти го нарекуваш Скинија, за евреите тогаш претставувало Божји храм. „Нека Ми изградат Светилиште, за да можам да престојувам меѓу нив. При градењето на Престојувалиштето и на сè во него, постапи точно според образецот што ќе ти го покажам...“ (Излез 25:8-9, Библијата) Ако продолжиш да читаш ќе видиш дека и во Светилиштето престојувал Бог (значи тоа било релевантен храм), и во тоа Светилиште имало жртвеник, ковчег на заветот, имало и херувими извезени исто како и храмот што Соломон го изградил. Кога Соломон го градел храмот, тој не добил нови упатства, туку го правел според истиот образец од Мојсеевиот закон (горниот цитат).
Ѕидот на плачот е еден вид идол и за денешните евреи, во спротивно не би иделе да се молат баш пред него и не би лепеле молитви баш на него, небаре тоа е поштенско сандаче за испораки до Бог. Изменето од EvAngelos - 13.Јуни.2011 во 02:05 |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Евреите (и неевреите) коишто се слепи за Вистината и Духот Светол во Хритос Исус, не се миродавните, туку оние Евреи (Апостолите и вистинските следбениците од народот Израелев) и оние неевреи кои исто како Апостолите и вистинските следбеници Христови го примија Духот Светол и Вистината во своите срца !
А што мислиш, дали тој камен ѕид или каменот во каба е поголем идол?
п.с. Скинијата, Законот, Храмовите, Каменот, Иконите, Склуптурите ... но и се’ во материјалниот свет е само сенка од Живата Мудрост БОЖЈА, Којашто ЕДНСТВЕНИОТ БОГ - преку Својот ДУХ Светол - за спасение на сите Ја отелотвори во Исус Христос! Изменето од spiros - 13.Јуни.2011 во 02:22 |
|||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ти би бил во право кога Храмот би претставувал целосна копија на Скинијата, но добро знаеш дека во Храмот имало нешта кои ги немало во Скинијата на сведоштвото, ниту во Божјите наредби, меѓу кои и резбани ликови. А Соломон за тие работи не добил наредба од Бога, туку самиот наредил да се изработат.
Тие пораки кои ги оставаат таму се само молитви напишани на хартија, ништо повеќе. А тоа што се молат пред него воопшто не е доказ за идолопоклонство. Според тоа, сите што се молат во цркви или некакви објекти ќе испаднат идолопоклоници, затоа што и таму се молат пред некаков ѕид или друг објект поставен токму во тој објект, па некој може и да си помисли дека тие места се поштенски сандачиња и дека луѓето се зависни од тоа, а тоа да не е точно. Изменето од Македон - 13.Јуни.2011 во 02:16 |
|||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Македоне, на многу луѓе им е многу важно каде, пред што или кон што се молат, со што покажуваат (и докажуваат) дека се’уште не Го препознале Живиот Христос, во Кого е БОГ (Суштината на Вистината)! Исус и рече: „Жено, верувај Ми дека доаѓа време кога ни на оваа планина, ниту во Ерусалим не ќе се поклонувате на Отецот. Вие му се поклонувате на она што не го знаете, а ние се поклонуваме на она што го знаеме; зашто спасението е од Јудејците. Но иде време и веќе дошло кога вистинските поклоници ќе Му се поклонуваат на Отецот со Дух и Вистина, зашто Отецот сака такви да бидат оние кои Му се поклонуваат. Бог е Дух и оние што Му се поклонуваат, треба да се поклонуваат со Дух и со Вистина.” (Ев. Јован, глава 4) Изменето од spiros - 13.Јуни.2011 во 02:35 |
|||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Ne znam dali mislish oti Bog ima samo eden urnek za nareduvanje? Dali mora sekogash da kazhe "Jas ti nareduvam..." ili mozhe da si dozvoli da se izrazi i na drug nachin, a toa sepak da bide naredba Na primer, shto e ova za tebe, naredba, predznaenje ili vetuvanje? 8 Но ми дојде Господовото слово: „Многу крв пролеа и водеше големи војни; не ќе Му изградиш ти Дом на Моето Име; зашто пролеа многу крв на земјата пред Мене. ПРВА КНИГА ЛЕТОПИСИ , Глава 22 Изменето од Messenger - 13.Јуни.2011 во 04:31 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||
Јасно е дека станува збор за пророштво дадено од Бога до Давид, особено ако се погледне целата глава. А на други места во Светото Писмо има и наредба од Бога до Давид да не гради Храм. Но, конкретно ова е пророштво кое и се исполнило. |
|||||
Внеси реплика | страница <1 1718192021 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |