|
Проституцијата, проститутките, ... и верата |
Внеси реплика | страница <1 45678 9> |
Автор | |||||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Ako sakash i ako ne ti e teshko, koga kje imash vreme postiraj nekoi takvi citati od Stariot Zavet, kako i citati od Noviot Zavet kade shto se gleda na shto mislel Isus.
Ako si prezafaten i nemash vreme, togash ostavi za nekoi drugi podobri vreminja. |
|||||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Еве некои цитати пријателе: Втора книга Мојсеева 22,16: 16 „Ако некој заведе девојка, која не е свршена, и легне со неа, нека даде за неа откуп за женачка и нека ја земе за жена. 17 Ако нејзиниот татко одбие да му ја даде, заведникот треба да измери сребро во вредност на откупот за женење за девојката.” Петта Книга Мојсеева 22,13-21: 13 Ако некој маж земе жена и влезе при неа, но ја замрази потоа, 14 и припише неубавини и ја озлогласи, велејќи: ‘Се оженив со неа ама кога и пристапив, не ги најдов во неа знаците на девственоста’, 15 тогаш таткото и мајката на девојката нека го земат доказот на девственоста на девојката, па нека го изнесат пред градските старешини при вратата. 16 Потоа таткото на девојката нека им проговори на градските старешини: ‘На овој човек му ја дадов ќерка си за жена, ама ја замрази. 17 Затоа и припишува сè што е грдо и тврди: „Не ги најдов во твојата ќерка белезите на девственоста.” Но еве ги девствените знаци на мојата ќерка!’ И нека ја распрострат облеката пред градските старешини. 18 Тогаш старешините на оној град нека го земат мажот и нека го казнат; 19 затоа што раширил лош глас за една израелска девица, нека го казнат со глоба од стотина сребреници па нека му ги дадат на таткото на младата жена. И таа нека му биде и натаму жена, да не може да ја отпушти додека е жив.” 20 „Но ако обвинението - дека не се најде девственоста во младата жена - биде вистина, 21 нека ја изведат девојката при куќната врата на нејзиниот татко, па луѓето на нејзиниот град нека ја засипуваат со камења, додека не умре, зашто направила срам во Израел, предавајќи му се на блудот во татковиот дом. Така ќе го откорнеш злото од својата средина. Oва погоре беше во однос на тоа што вели Законот за предбрачните односи. Во однос на блудницата, прочитај ја глава 38 од Првата книга Мојсеева и види дека снаата Јудина била обвинета за блуд. Откако се ова ќе го сумираш, многу лесно е да се види што претставувало блудница за Израелците, особено пак во последниот случај, кога жена која за јаре, или пари, или било што, легнувала со маж. Таквата жена се сметала за блудница, независно дали била мажена или немажена. Бидејќи Исус не го отфрлил пишувањето на Мојсеја, ниту пак Стариот Завет, јасно е дека ја прифатил таа дефиниција за блудници, која на Израелците им била позната. Од сето тоа произлегува дека блудот на оние кои не се во брак истотака се осудувал, односно дека не се правело разлика дали се во брак или не се. Изменето од Македон - 08.Јуни.2011 во 14:00 |
|||||||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
„Сте слушале дека на старите им било речено: ,Не прељубодејствувај!‘ Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне на жена со желба, тој веќе извршил прељуба со неа во срцето свое. Ако те наведува на грев десното око, извади го и фрли го од себе; зашто подобро ти е да изгубиш еден дел од твоето тело, отколку целото да биде фрлено во пеколот. И десната рака, ако те наведува на грев, исечи ја и фрли ја од себе; зашто подобро ти е да изгубиш еден дел, отколку целото твое тело да биде фрлено во пеколот.” „Речено било исто така: ,Ако некој ја остави својата жена, нека и даде разводно писмо.‘ А Јас пак ви велам: секој што ќе ја остави својата жена, освен за прељуба, тој ја тера да прељубодејствува; и кој ќе се ожени со така напуштена, тој прељубодејствува.” (Ев. Матеј 5 ) И пристапија фарисеите и Го прашаа, искушувајќи Го: „Допуштено ли е, да ја остави човек својата жена?” А Тој им одговори и рече: „Како ви заповеда Мојсеј?” Тие рекоа: „Мојсеј дозволи да се напише разводно писмо и да се отпушти.” Одговори Исус и им рече: Поради вашето жестоко срце ви ја напишал таа заповед. Во почетокот на создавањето, пак, Бог ги создаде (едно) машко и (едно) женско. Затоа човек ќе го остави татка си и мајка си, ќе се прилепи до жената своја и обата ќе бидат во едно тело; и така, тие веќе не се двајца, туку едно тело. Значи, тоа што Бог го сврзал, човек да не го разделува.” И во домот, учениците Негови пак Го прашаа за тоа. И им рече: „Кој ќе ја напушти својата жена и се ожени со друга, тој прељубодејствува кон неа; а и жена, ако го напушти својот маж и се омажи за друг, прељубодејствува.” (Ев. Марко 10) Никој, ама абсолутно никој, не ги заштитува жените (и мажите) како што тоа го прави Совршената Вистина во - и преку - Мудроста БОЖЈА (Христос)! Но, дали имаме очи да го увидиме тоа, или пак очите ни се многу повеќе гладни за нешто друго и вперени во истото? Изменето од spiros - 08.Јуни.2011 во 15:21 |
|||||||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Vaka sega prijatele... ti reche:
Na toa jas zamoliv da dadesh tokmu takvi citati:
Ova nema nishto so blud, tuku so reguliranje na odnosot na slobodni mazh i zhena koi kje legnat zaedno. Toa i denes se primenuva so takanarechenata "begalka". Ako roditelite na devojkata se slozhat so nivniot odnos, togash tie prodolzhuvaat da zhiveat zadno so podmiruvanje na tradicionalnite davachki, a ako roditelite ne se slozhat so toa, togash mazhot plakja za neuspeshniot obid. Ova vtorovo mnogu retko se sluchuvalo (da ne kazham nikogash) bidejkji ne se znaelo dali devojkata ostanala trudna. Biko kako, takvata devojka povekje nemala shansi da se omazhi za drug mazh, kako shto sledi od sledniot primer:
Povtorno, ne se raboti za bludnichenje za kakvo shto govorime na ovaa tema, tuku za reguliranje na odnosite megju sopruzhnicite. Od objasnuvanjeto koe go dadov od pred nekoj den, od najkrucijalna vazhnost bil dokazot deka zhenata nemala vrska so drug mazh, shto svedochelo deka nema potomstvo od nego koe vo idnina bezdrugo kje dovelo do polaganje pravo na imotot na domakjinot preku pravoto na nasledstvo preku majkata. TOA bilo vistinskata vrednost i vazhnosta na zhenskata devstvenost i zatoa na nea se pridavalo tolkavo znachenje i se sozdavale elaborirani zakoni za negovoto reguliranje vo odnos na dvete semejstva povrzani so brachnata vrska. Zhenata so svojata devstvenost garantirala za sebe, a mazhot toa ne mozhel tuku taka da go odbie i da go diskreditira bidejkji bez nego devojkata, poradi prethodnoto objasnuvanje, bi ostanala nemazhena za cel zhivot. Ubavo posochi deka seto toa se predbrachni odnosi, no vo niv ne se govori za onoa shto zboruvame nie - koi se citatite za bludnichenje i kakov e odnost na Boga kon niv. E sega, vo posocenata glava od Prvata Mojsieva kniga imame neshto sosem drugo, a tokmu toa dopira tokmu onamu kade shto nie diskutirame. Sto se sluchiva tamu? 1. Juda samiot doagja do Tamara i bara taa da legne so nego: 15 Кога Јуда ја виде, помисли дека е блудница, зашто го имаше покриено лицето. 16 Тој наврати при неа и рече: „Дај да ти пристапам!” 2, Tamara, za da ne se posmneva Juda deka ne e bludnica, glumi oti ja interesira kolku klje bide platena za uslugata: 16 А таа одговори: „Што ќе ми дадеш, за да влезеш при мене?” 3. Juda vetuva shto kje plati, no vednash potoa doagja do rasvetluvanje na poentata na Tamariniot zaplet - taa bara od nego artefakti koi kje potvrdat deka toj bludnichel nea. A celata rabota ja smisluva bidejkji iako Silom (Judiniot sin) vekje bil vozrasen, Juda ne sakal da go ozheni za Tamata kako shto povelaat evrejskite zakoni i kako shto bil vetil na svojata snaa. 4. I sega zoshto Juda povikuva na Tamarino palenje? Zatoa shto koga narodot ja videl trimesechanat trudnost na Tamara, a znaejkji deka taa ne zhivee so Silom, ja pretstavi kako Judina razbludena snaa - vekje znaeme kakvi posledici noselo toa! 5. No Tamara gi vadi Judinita artefakti i dokazhuva deka tokmu toj legnal so nea ! 25 Додека ја изведуваа, таа му порача на свекорот: „Зачнав од човекот, чие е ова.” Уште додаде: „Види чии се овој печат на врвцата, и стапов!” 6. I shto veli na toa samiot Juda ? 26 Јуда ги препозна и рече: „Таа е поправедна од мене, зашто не и го дадов својот син Шела.” Shto razbirame od ovaa prikazna, a shto e od interes za nashava diskusija? 1. Bludnici postoele, narodot gi znael i ne gi brkal. 2. Juda bara usluga od bludnica i za toa ne e ukoren i kaznet od Boga. 3. Nitu Juda i nitu Tamara ne se kazneti od Boga za nivnoto bludtsvo od koe se ragjaat dve deca. I toa e ponetata za nashava tema ! Onoa shto nie go narekuvame preljuba ne postoi vo nitu eden od posochenite primeri vo Stariot Zavet zatoa shto preljuba znachi da se bide vo ljubovna i brachna vrska so nekogo i istovremeno da se vleze vo ista takva so nekoj drug. Za toa govori Bozhjiot zakon "Ne vrshi preljuba". Preljubata derogativno bila narekuvana i bludstvo zatoa shto se smetalo deka zhena mozhe da bide vo ljubov samo so eden mazh i seto drugo mozhe da bide samo bludstvuvanje. Ova ne doveduva do eden sosem drug zakluchok za razlika od onoj koj go naveduvash na krajot. A toa e deka zakonot zabranuval preljuba, a ne blud (seksualno opshetenje megju slobodni mazhi i zheni). Bludnici postoele, kaj niv doagjale slobodni mazhi i nikoj ne bil sankcioniran poradi toa. Ako ushte ne veruvash vo ova pogledni koga Juda pojduva kaj "bludnicata" za da ima blud so nea: 12 Долго време потоа, почина Сујината ќерка, Јудината жена. Кога помина времето на жалост, Јуда отиде, заедно со својот пријател Одоламецот Ир, во Тамна, за да ги стриже своите овци. Juda legnuva so bludnicata otkako umrela zhena mu i koga minalo obligatornoto vreme za zhalost! A toa znachi koga zakonski stanal sloboden mazh. I toa e vistinata od Stariot Zavet za preljubata i bludot i toa e onoa na koe se navrakja i Isus. Razlikata kaj nego e shto toj, kako i kaj bogatiot mlad chovek, gi voochuva lugjeto so faktot deka Ljubovta treba da bide onaa koja gi revidira zakonite i deka tie treba da pravat onoa kon shto taa kje gi vodi. Zatoa i toj lichno ne sudi i ne osuduva bludstvo, ne go zabranuva i ne go odobruva, tuku povikuva na Ljubov... a tamu kade shto postoi Ljubov povekje nema bludstvuvanje tuku splotuvanje na dve Bozhji cheda vo edno telo. Изменето од Messenger - 08.Јуни.2011 во 22:47 |
|||||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Од денешен аспект не се работи за такво блудничење, но, од тогашен аспект така се гледало на нештата. Не случајно и ги наместив по овој редослед цитатите, за да може преку следниот пример овој да се потврди. Имотно-правните односи нема да ги дискутирам сега, ќе ги оставиме за други теми, само ќе те потсетам на тоа дека жената не наследувала. Точно е дека имале право на наследство, ама по друга основа. Тоа е објаснето во Стариот Завет мошне добро, ама ќе излеземе од темата. Но, јасно е дека предбрачните односи биле забранети. Во однос на кажаното, ако не се сметало ова за блуд, зарем Тамара ќе била обвинета за блуд? Нам може ни е тоа туѓо сфаќање, но не и на тогашниот човек. Тамара била обвинета за блуд, а и девиците од цитатот погоре се обвинети за блуд
Пријателе, погледни каде се случило дејството и кај кој народ, а ти говориш за бркање. Погледни уште во првиот стих од главата и види каде се населил Јуда. Дури и жената на Јуда не била Еврејка. Тој живеел во земја каде владееле туѓи обичаи. Тие луѓе не биле Евреи, ниту ги следеле еврејските закони.
Не случајно Јуда сака да ја запали Тамара. Таа е слободна жена, која нема маж, ама треба да се омажи за синот на Јуда. Но, обвинета е за блудство. Затоа што прељубата е еднаква на блудство, според тогашните сфаќања.
Тамара нема причина да биде казнета, затоа што се обидувала да го продолжи потомството на својот починат маж. Затоа и почина вториот маж, затоа што не го сторил она што му било должност.
Во тоа време прељубата и блудот, како што кажавме, биле изедначувани. Нема потреба да философираме и да вршиме сложени анализи, зар не?
А зошто тогаш Бог забранува женидба со блудници? Не се децата во прашање, затоа што не сите блудници имале деца, а и децата на блудниците немале можност да наследат затоа што биле родени надвор од брак.
На Јуда жената не му била Еврејка, била Хананејка, Јуда живеел во туѓа земја, кај Хананејци, па според тоа и нормално е по смртта да бил слободен. А колку било тоа праведно што отишол по блудница, тоа е друго прашање. Не бил венчан ниту според еврејски обичаи, ниту според традициите, затоа што Господ дури и забранува мешање на Евреите и Хананејците. Не го заборавај тоа. Не случајно Јуда и се одделил од својот народ.
Ако беше тоа вистината, зарем пророците ќе се закануваа со казни за Израилот и ќе го споредуваа Божјите зборови со блудница? Ако блудниците не беа грешни, зарем Бог, преку нив, ќе го споредуваше Израилот со блудница? Оди на страната www.mkbible.net и во местото за пребарување напиши блудница, ќе видиш што говорат пророците и со што го споредуваат Израилот. Ќе видиш дека е тоа сосема исто со она што јас го говорам. Зарем Бог ќе ги укорува Израилците и ќе ги споредува со блудници, ако смета дека блудот не е гнасен и грешен? Како дополнение на тоа е и овој стих: Петта книга Мојсеева 23,2: ниту син на блудница, да влегува во Господовиот храм, ни десеттото колено нејзино! Овде нема никаков имотно-правен однос, тоа е однос меѓу Бога и луѓето. Зарем Бог, ако не го осудува блудот, ќе ги лиши синовите на блудниците од пристап кон светињите? Изменето од Македон - 09.Јуни.2011 во 00:50 |
|||||||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Совршениот БОГ својата Мудрост Ја отелотвори во Исус за да ја уништи похоттата, неправдата, војната, лицемерието, блудот, проституцијата, ... и да Го воспостави Своето Царство - како на Небото, така и на земјата - но не на начинот и со средствата коишто ги посакуваат чедата на темнината! Ако некој шири учења дека Исус несакал и несака да осуди никого, тоа е во ред. Но ако некој шири учења дека Исус не осудува ништо, тогаш тој се'уште потполно не го познава (нити го учи) здравото учење! |
|||||||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
So seta dolzhna pochit prijatele, ama ne si vo pravo. Ne si pravo zatoa shto Tamara e obvineta za blud bidejkji spored zakonot taa mu pripagja na posledniot Judin sin. 5 Кога браќата живеат заедно па едниот од нив умре, а да немал син, жената на покојниот нека не се премажува надвор од куќата, туку нека и пристапи кон неа нејзиниот девер и нека си ја земе за жена, па да ја изврши деверската должност. ВТОРОЗАКОНИЕ - ПЕТТА КНИГА МОЈСЕЕВА, Глава 25 I tokmu zatoa taa e chuvana do polnoletstvoto na Silom. Taa ne e slobodna zhena! A deka Juda se rakovodel tochno spored evrejskite zakoni se gleda od tuka: 6 Јуда го ожени својот првенец Ир со девојка, чие име беше Тамара. 7 Но Јудиниот првороденец Ир Го навреди Бога, и Бог го погуби. 8 Тогаш Јуда му рече на Онан: „Пристапи и, на вдовицата на брата си, исполни ја кон неа деверската должност и така запази му го потомството на брата си!” 9 Но Онан, знаејќи дека семето нема да се смета за негово, го истуруваше на земја, секогаш кога ќе и пристапеше на братовата вдовица за да не му даде потомство на брата си. 10 Тоа што го правеше Го навреди Господа, па го погуби и него. 11 Тогаш Јуда и рече на својата снаа Тамара: „Остани вдовица во домот на татка си, додека потпорасне мојот син Шела. БИТИЕ - ПРВА КНИГА МОЈСЕЕВА , Глава 38
Kako shto vekje posochiv, ne si vo pravo. Voopshto ne e vazhno kade se sluchuvalo, kaj koj narod bilo toa i kakvi obichai imale tie. Tamara se omazhila za evrein, a zhena koja ne e evrejka mozhe da go stori toa edinstveno ako ja primi evrejskata vera (postane evrejka) i gi sledi evrejskite zakoni. Dokaz za toa e posledniot citat shto go navedov. Taa spored evrejskite zakoni Tamara ne bila slobodna zhena s'e dodeka imala deveri. Duri i da se vrati doma kaj roditelite taa ostanuva evrejka. Juda ja obvinuva zatoa shto kako mazhena zhena od negovoto semejstvo, koja spored evrejskiot zakon go cheka polnoletstvoto na posledniot dever, se odnesuva kako da e slobodna zhena i zabremenuva, kako shto site mislele, so nekoj drug mazh koj ne e od Judinata familija! Toj ne ja osudil kako nekoja obichna bludnica koja zbaremenila. Kogo go interesiralo dali nekoja bludnica zabremenila ili ne ??? Dali mozhesh da citirash nekoj zakon spored koj bludnicite se kaznuvale ako zabremenat ?
Apsolutno ne pravime nikakvi slozheni analizi. S'e e tolku ednostavno, samo shto so vreme Hristijanskata teologija im dala podrugo znachenje na evrejskite zakoni i termini. Preljuba znachi da se bide vo ljubovna i brachna vrska so nekogo i istovremeno da se vleze vo ista takva so nekoj drug. Za toa govori Bozhjiot zakon "Ne vrshi preljuba". Preljubata derogativno bila narekuvana i bludstvo zatoa shto se smetalo deka zhena mozhe da bide vo ljubov samo so eden mazh i seto drugo mozhe da bide samo bludstvuvanje. Terminot "bludstvo" ne znachel i ne znachi "preljuba", iako denes ovoj zbor vo Hristijanstvoto tradicionalno se koristi kako sinonim. "Bludstvo" e imanje seksualni odnosi (vo generalna i seopshta smisla), dodeka "preljuba" e da se ima takvi odnosi so drug chovek ili zhena iako se naogja vo brachna vrska. Razlikata e mnogu ochebijna i ednostavna i toa, zaedno so primerot na Juda koj kako sloboden mazh odi kaj bludnica, jasno pokazhuva deka evrejskiot zakon zabranuval preljuba, a ne blud (seksualno opshetenje megju slobodni mazhi i zheni). Toj veli - ako si vo brachna obvrska togah nemoj da pravish preljuba (seksualno da opshtish so nekoj koj ne ti e sopruzhnik). kako shto gledame od primerot so Juda, koga toj povekje ne bil pod brachnata obvrska mozhel da opshti so bludnicata.
Povtorno kje si dozvolam da ti svrtam vnimanie deka ne si vo pravo - ovoj zakon gi potvrduva prethodno kazhanite raboti. Zhena koja ne e devica nemozhe nikogash da dokazhi deka nema deca od drug mazh. Dali navistina imala ili nemala povekje ne e vazhno bidejki ostanuva samo na nejziniot zbor. A dokolku bludnicata vleze vo brak, togash nejzinite deca kje polagaat nasledno pravo spored krvnata linija po majkata. Evrejskoto biblijsko pravo tuka e mnogu precizno so raspredeluvanjeto na imotot megju decata na roditelite. Tokmu zatoa, Bog im nareduva na evreite koi odele vo vojni da gi otepuvaat site mazhi, deca i zheni osven devicite koi po volja mozhele da si gi prisvojuvaat za svoi zheni ( kaj evreite poligamijata bila dozvolena so toa shto site zheni i nivnite deca uzhivale ramnopravnost ) . Na toj nachin se garantiralo deka vo idnina nema da se pojavat sinovi i kjerki koi kje polagaat pravo na naslednost po majchinata linija i taka kje ja odzemat naslednosta od evrejskite roditeli i od evrejskite pleminja.
Ova e neshto sosem drugo i nema vrska so bludnishtvoto za koe govorime. Ova everjskiot Bog ne go rekol samo za sinovite na bludnicite, tuku i za onie koi doagjaat od najchesnite i najvernite evrei: 16 Господ му рече на Мојсеја: 17 „Речи му на Арона: ‘Никој од твоите потомци, во нивните родови, кои ќе имаат некаков телесен недостаток не смее да се доближи да го принесува лебот на својот Бог. 18 Ниеден на кого има недостаток не смее да пристапува: ни слеп, ни хром, ни со обезличен нос, ни со излишен член; 19 ни таков кој има скршена рака или нога; 20 ни подгрбавен, ни со сув член, ни со болни очи, ни лишав, ни јадежлив, ни килав. 21 Ниеден човек од потомците на свештеникот Арон, кој има недостаток, нека не пристапува да принесува паленица; бидејќи има недостаток, нека не се доближува да Му принесува леб на својот Бог. 22 Може да јаде од храната на својот Бог: од светите и од пресветите жртви; 23 но нека не доаѓа кон завесата, ниту да му пристапува на жртвеникот, зашто има недостаток. Нека не ги обесветува Моите светилишта, зашто Јас, Господ, ги осветувам.’” ЛЕВИТ - ТРЕТА КНИГА МОЈСЕЕВА, Глава 21 Ajde dobra nokj prijatele, docna e i ne mi se pishuva povekje. P.S. Treba da se razbere neshto okolu evrejskata i hristijanskata teologija. Za evreite materijalniot aspket od zhivotot e neshto shto nikogash ne go stavale pod prashanje. Trgovijata, lihvarstvoto, menuvanjeto pari, zgolemuvanjeto na imotot, zarabotuvachkata, akumuliranjeto bogatstvo, pari, zlato, robovi, zheni i protektiranjeto na istite po sekoja cena bil normalen nachin na zhiveenje pottiknuvan i blagosloven od nivniot Bog. Od toj aspekt e postaven i zakonot za preljubata. Celiot pogled na ovaa rabota se smenuva so pojavata i razvivanjeto na Hristijanstvoto koe ne mozhelo da go prifati faktot deka za evreite brachnata vrska e dogovor baziran na materijalistichki osnovi, pa zatoa so vreme, pochnuvajkji so tolkuvanjata na Pavle, se postavilo podrugo interpretiranje na istite. I taka dojdeno e do ova deneshno hristijansko uchenje deka preljuba i blud e edna ista rabota i deka blud e mozhen i dozvolen edinstveno vo brachna vrska ( samo so edna zhena ), a nekoi otideni se duri do tamu shto tvrdat deka toa mozhe da se pravi edinstveno so cel za ragjanje deca, oti sekoe zadovolstvo e gjavolska rabota. P.P.S. Znam deka izlagam nadvor od temata, no prethodno kazhanoto dava odlichna prilika da se kazhe i ova: tokmu poradi osuduvuvanjeto na seksualnoto zadovostvoto kako takvo, nekoi hristijani go osuduvaat i samozadovoluvanjeto (mastrubacijata) - taa se pravi edinstveno za zadovolstvo i so nea ne se pravat deca... Mozhe li da ima neshto pogjavolsko od toa, a? Изменето од Messenger - 09.Јуни.2011 во 17:10 |
|||||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Според кој закон пријателе? Дали можеш да ми наведеш цитати за да видиме според кој закон Тамара му припаѓа на Јудиниот син? Мојсеевиот Закон не бил даден на луѓето. Биле дадени неколку наредби на Ное, Јаков и Авраам. Тоа било се. Имало само народен обичај, а тоа било да не се мешаат со Хананејците, затоа што овие биле политеистите, тоа било оставено од Авраама. Тоа за кое ти говориш, тогаш воопшто и не било издигнато на степен на закон. Било морална обврска. Секако, Бог ја благословувал таа обврска, поради што и ги погубил Јудините синови, но никаде немало наредена казна за блуд, или нешто друго. Тамара дури живеела и со своите родители.
Пријателе, како можел Јуда да се раководи според тој Закон, кога таа книга и не постоела во времето на Јуда? Прочитај и ќе видиш дека Јуда му наредува на својот син да ја земе Тамара, а не му вели дека така е според законот. А знаеме дека порано родителите ги избирале мажите и жените на децата.
Блудниците не се казнувале ако забременат, ама доколку посочеле дека го сториле тоа со човек што не треба да го стори тоа, се казнувале двајцата според Мојсеевиот закон.
Напротив пријателе!
А зошто тогаш блудството јасно е поставено како спротивно на светоста? Трета Книга Мојсеева глава 21,7: Нека не се женат со блудница и со обесчестена; ниту смеат да се женат со онаа, која нејзиниот маж ја отпуштил, зашто тие се свети на својот Бог. Toa го рекол Бог кога говорел за своите свештеници. Неговите свештеници се свети, Тој е свет, блудниците се спротивни на светоста. Јасно е што се сака да се каже.
Не се мажеле сите мажи за девици. Царот Давид земал и жена која не била девица. Мажите кои останувале вдовци често се мажеле за вдовици. Тоа било нормална појава тогаш. И воопшто наследството не било во прашање, затоа што жена не можела да наследи! Точно е дека деца го наследувале својот очув, но на друг начин оделе тие нешта. А ако жената имала деца настрана, тие не би можеле да наследат. Тоа е едноставно, но не е за оваа тема, а и погоре ти свртев внимание дека наследните односни не настанувале преку жената. Сепак, ова е за друга тема. А и во Библијата каде има цитат за налседување по женска линија, освен доколку таткото нема синови? Жената не наследувала по основа на брак. А да не говорам дека не сите племиња биле убивани целосно. Во Библијата има цитати каде што се убивани мажите, а жените и децата биле запленувани.
Тука те чекав пријателе, само чекав дали ќе го напишеш тоа. Тоа кое го наведе се однесува на децата на Арон, кои треба да свештенодејствуваат, а не се однесува на сите други луѓе. Тоа за децата на блудниците се однесува на сите луѓе. Изменето од Македон - 10.Јуни.2011 во 00:53 |
|||||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Amn! Toa chekav da kazhesh. bludnici nikogash ne se kaznuvale, vkluchuvajkji i ako zabremenat osven ako ne se dokazhalo deka rabotat na preljuba i rasturanje semejstvo. I toa e poentata na celava diskusija okolu bludot, prostitucijata i preljubata. Na krajot, posle tolku ispishani stranici, dojdovme do zakluchokot koj go posochuvav ushte na pochetokot.
Ama shto ima toa vrska so postoenjeto na bludnicite i bludot nastrana od brakot i preljubata ??? Zarem samo toa bilo sprotivno na svetosta, a postoelo vo sekojdnevniot zhivot ? Zarem mitnishtvoto, lihvarstvoito i menuvanjeto pari bile sveti raboti ??? Pretpostavuvam deka ne sakash da tvrdish oti s'e shto postoelo moralo da bide sveto ili da bide unishteno. Bog nikade ne zabranuva da se ima intimni odnosi megju slobodnite mazhi i zheni i ne za site nareduva brak bez iskluchok . No koga lugjeto vekje kje bidat vo brak, Bog nareduva da ne se pravi preljuba. Podocna hristijanskite teolozi, pochnuvajkji so Pavle, toa go menuvaat vo iskluchivost - deka lugjeto mozhat da bidat intimni edinstveno ako se vo brak, vo sprotivno intimnosta se smeta za grev. Skluchuvanje brachna zaednica i sozdavanje semejstvo e reshenie za zadovoluvanjeto na bludot ?!?! Ideata e ochebijna - namesto mazhite povremeno da gi zadovoluvaat svoite potrebi so bludnici, da bidat primorani da vlezat vo brak i taka da sozdadat semejstva i potomstvo. I dokolku se posochi deka brakot treba da bide edinstveno druzhba od ljubov, a ne od bilo kakov interes ili potreba, vlkuchuvajkji ja i seksualnata, kje se odgovori deka vo toa nema nishto losho, deka e bogougodno i ... so vreme mozhebi sopruzhnicite kje se zasakaat. A podocna eden del od teolozite kje odat i podaleku tvrdejkji deka nitu vo brak chovek ne smee da ima seksualno zadovolstvo bidejkji toa e grev, a da ima intimni odnosi edinstveno za pravenje deca. I taka od arno se napravi "poarno" i na krajot "najarno". Najposle hristijanite uspeeja preljubata, bludot i grevot da gi napravat potpolno megjusebno zamenlivi termini. Odlichen primer za voochuvanje kako so vreme rabotite bile modificirani i menuvani spored sfakjanjata na podocnezhnite generacii vernici i teolozi. Od mene tolku. Изменето од Messenger - 10.Јуни.2011 во 05:00 |
|||||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||||||||
spiros
Сениор Регистриран: 28.Јули.2008 Локација: На пат Статус: Офлајн Поени: 4490 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Бракот е допуштен за луѓе (слични како мене) коишто се’уште не се слободни од телесните страсти и (поради тоа) се’уште не влегле во Совршената Слобода ! Но, ако не можат да се воздржат, нека се женат и мажат; бидејќи подобро е да се женат и мажат, отколку да горат од страст. (1 Коринтјаните: 7:9) Значи - порано или покасно - човекот би требал да се разбуди и отвори за потполното ослободување од неговите телесни “врзувања“ (attachment`s) со минливите нешта од овој свет и потполно да се поврже (re-ligio) со Врската на Светиот Дух БОЖЈИ, во Која е потполно надмината секоја форма на телесна страст и похлепа! Така? Или - Господине Месинџер - можеби веќе неважи (и) од вас (со право) константираното? Изменето од spiros - 13.Јуни.2011 во 23:29 |
|||||||||||||
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free, in Time & Eternity! БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...! |
|||||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Ако веќе сакаме да бидеме точни, тогаш истата се казнувала и ако подоцна решела да се омажи, а мажот не ја најде девица, освен доколку мажот немал ништо против таа да не е девица. Ако можеш, побарај и прочитај и како гледале Евреите на Еврејките блудници, односно што значело Еврејка да стане блудница.
Лихварството во Стариот Завет зарем е забрането? Повели, посочи ни такви цитати каде што се вели дека е целосно забрането такво нешто. Колку што знам, на свештениците блудот им е забранет, ти посочив цитати за тоа, додека пак лихварството не им е забрането, ниту менувањето пари, ниту пак други нешта.
Не тврдам такво нешто, ама се што се сметало за спротивно на светоста, не смеело да се допира до светото, а Бог е Свет, свештениците Негови се свети, Неговиот храм е свет, како и другите нешта. Не е случајно тоа. Сите морале да бидат свети, а за возврат добивале секаква помош од Него, од лечење болести, до уништување непријатели. P.S. За Христијанството не дискутирам, Христос многу јасно ги сместува блудниците во грешнички, не случајно и ги споредува со свештениците. Затоа и ти велев да обрнеш внимание на светоста на свештениците во Стариот Завет и на забраната за нивен допир со блудници. Не случајно им велеше Христос на свештениците дека ќе бидат преварени во Царството Божјо од блудници. Тие, кои се свети на Бога, преварени од блудници. Пораката која сакал Исус Христос да ја прати на фарисеите е јасна, ама тие не ја разбрале. Тоа кое им го велел е токму она што го посочувам јас со овие стихови. Изменето од Македон - 10.Јуни.2011 во 14:12 |
|||||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Ili navistina ne se razbirame ili ne sakame da se razbereme...
Nikoj vo temava ne govori za intimniot zhivot na sveshtenicite, tuku za narodot. Za sveshtenstvoto si postoele posebni normi i zakoni koi ne vazhele za obichniot chovek. Ovde govorime za preljubata i bludot na obichniot chovek. Bidejkji de fakto verata bila i zakonot na zhiveenjeto kaj evrejskiot narod, mestoto na koe se sopnavme beshe dali preljuba i blud znachelo isto ili ne. Bidejkji kaj evreite ne postoi zakon koj ja zabranuva intimnosta megju vozrasnite i postoenjeto na bludnicite, jasno e deka Bozhjiot zakonot (7. Не ќе прељубодејствуваш! ) za koj diskutirame vazhi za preljubodejstvuvanje na lugje koi se vo brak. Se nadevam deka na krajot ja raschistivme rabotava. P.S. Najednostavno kazhano, ako si sloboden chovek ne postoi zakon koj kje ti zabrani da imash intimni odnosi vo vzaemen dogovor so drug kako tebe, a zakonot veli deka takvata vrska vo odredeni sluchai mozhe da se zavrshi so brak dokolku dvete strani se volni za toa, no i ne mora dokolku ednata ne se slozhuva. No ako chovek vekje e vo brachna vrska, togash mu se zabranuva intimnost nadvor od brakot. Nema potreba od iskrivuvanja i filozofiranja okolu neshto shto e potpolno ispravno i jasno. Изменето од Messenger - 10.Јуни.2011 во 15:03 |
|||||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||||||||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Нека биде како што велиш, јас сепак ќе те упатам да ги прочиташ и Пророците и да видиш и што вели Бог преку нив и со што го споредува Израел, кому пак му порачува казна. Не е со некаква света работа, туку со нешто друго, а и го најавува Неговиот гнев токму поради блудот на Израел.
Не поради нешто друго, туку за да биде целосна сликата. |
|||||||||||||
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||||
Prostitucija kako toa gordo zvuci hahahahahahaaaa
Hmmmmm prashanje na koe znam deka nikoj nema da odgvori no sepak Koj bil kaj prostitutka i imal seks so nea ????? Jas da mnogu pati .... ce goram vo pekolot za toa (kako i za drugi raboti)hahahhaaaaaa Dali nekoj od vas imal seks so prostitutka ????? |
|||||||||||||
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 45678 9> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |