|
Секс занимливости |
Внеси реплика | страница <1 3940414243 49> |
Автор | |
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
protestiram.,., ova e klasichen primer na provokacija.,
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бракот е рај за сексот
Голема заблуда е дека самците уживаат во луд и возбудлив секс. Статистиките покажуваат дека брачните парови имаат не само подобар секс...
...туку и поредовен од оние што живеат слободно, односно без брачни обврски. Сè зборува во прилог на тоа дека во брак, деновите, а особено ноќите, воопшто не мораат да бидат досадни и долги. Според истражувањата, се смета дека брачните парови водат љубов во просек девет пати месечно, додека слободните шест пати месечно. Постарите парови водат љубов шест пати месечно, а невенчаните парови четири пати месечно. Кога се жените во прашање, тие мора да се борат со некои други проблеми. Еден од најголемите е постигнувањето оргазам, а веднаш потоа следи грижата за одржување на привлечен изглед. Истражувањата покажаа дека 67% од испитуваните жени тврдат дека некои од своите сексуални потреби никогаш не ги исполниле! Да се вратиме на невенчаните парови. Постои еден аспект поради кој тие се во предност. Се работи за сексуалната издржливост. Жените што живеат сами воглавно се сексуално поактивни и се во подобра сексуална кондиција од мажените, а ист е случајот и кај мажите. Но, основната причина поради која сексот во брак е подобар е тоа што самиот чин на водење љубов е нешто повеќе од физички контакт – тој го надминува физиолошкото празнење. Воедно паровите во брак имаат можност почесто да водат љубов, иако мораат да се откажат од двочасовниот секс, особено ако имаат деца. Времетраењето на сексот во бракот е многу пократко. Меѓутоа, иако се тврди дека моногамијата е монотона, тоа не е точно. Најголемиот број парови ќе ви кажат дека не само што се задоволни со својот сексуален живот туку дека се одушевени со него. Уште кога на тоа ќе му ја додадете верноста, која ја зацврстува довербата, добивате идеална слика на мирни брачни води |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Четири пролетни најпопуларни интимни фризури
Најчестиот третман во козметичките салони сигурно е отстранувањето на влакна. Освен што сакаме нашите нозе да бидат совршено мазни, а рацете подготвени за кратки ракави, своите интимни делови од телото сакаме да ги одржаваме уредно, а притоа убаво обликувани. Освен вообичаеното отстранување на непотребните вишокот влакна, кои се најбараните интимни фризури оваа пролет?
3. Бразилка депилација |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Топ 5 вежби за мажи за подобар секс
Заборавете на разните средства за потенција и фатете се за вежбање. Имено, одредени вежби, освен тоа што го подобруваат здравјето, значајно допринесуваат за квалитетот на вашиот сексуален живот. Ви ги претставуваме петте најефикасни вежби за подобар секс.
Тренирање на силата извонредно позитивно влијае врз здолемување на потенцијата. Кревањето тегови го поттикнува телото на производство на тестостерон, кој е клучен фактор кога станува збор за сексуалната моќ. Стомачните вежби и склековите се идеален начин да ја подобрите вашата издржливост во сексот. Зајакнете го горниот дел од телото бидејќи бројни истражувања покажуваат дека токму тој дел е многу важен за сексуалната ефикасност.
Идеален нечин да го освежите вашиот сексуален живот со неколку нови пози е да практикувате јога. Така, ќе можете да се прилагодите на потешките позиции во сексот. Правилното држење и зајакнување на мускулатурата се директно поврзани со подобар перформанс за време на сексот. Сексот и издржливоста се директно поврзани. Ако пливате 30 минути три пати неделно, освен тоа што ќе ја намалите телесната тежина, ќе бидете и поиздржливи во сексот. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Црвенокосите најмногу сакаат секс
Црвенокосите почесто имаат сексуални односи во споредба со жените со друга боја на коса. Сексологот Вернер Хебермел заклучил дека црвенокосите во текот на животот имаат повеќе партнери. Жените кои имаат друга боја на коса бараат сериозен партнер, додека „огнените“ девојки им порачуваат на своите партнери дека очекуваат нешто повеќе од тоа што тој им го нуди. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секс со нов партнер
Атмосферата станува жешка, едвај чекате да се упатите кон креветот, но истовремено имате некој внатрешен страв. Се плашите од грешка! Без страв, бидејќи не сте единствени кои се возбудени пред сексот со нов партнер. Токму затоа во прилог следат неколку корисни совети за ваквите ситуации. 1.Не паничете и не покажувајте нервоза бидејќи во спротивно партнерот ќе ја почувствува вашата негативност, па шансите за добар секс ќе се сведат на нула. 2.Не претерувајте со алкохолот. Освен тоа што ги забавува рефлексите, може да оставите впечаток дека сте алкохоличарка, а тоа се разбира не ви оди во прилог. 3. Не брзајте. Дивиот секс не значи добар секс. Сексуалните амбиции оставете ги за подоцна кога ќе може да се покажете како вистинска љубовница. 4. На почеток заборавете на сексуалните помагала. Секој маж има различна реакција на играчки за во кревет. 5.Не споредувајте ги поранешниот и сегашниот партнер. Доколку со претходниот маж во вашиот живот сте имале одличен секс, тоа не значи дека секој следен ќе биде слаб на тоа поле. 6. Секогаш користете кондом. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вибраторите се појавиле за да ја излечат хистеријата кај жените
Премалку секс води во болест Тежок пат до оргазам Рачната масажа заменета со вода
Заблуди за вибраторите |
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
abe ti ko da si zaborail i da im go pokazhe6 kako izgleda ., alooo vibratorot., a ne., mnogu si napishal samo edna slika i jasna rabota ., pa aj sea vaka
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Десет грешки што мажите ги прават во кревет
1. Мисли дека девојката оргазмира иако тоа не е така Мажите мислат дека нивните девојки доживуваат оргазам секој пат кога се во кревет бидејќи тие така делуваат. Девојката е екстремно влажна, испушта звуци како навистина да ужива и превртува со очите како да се губи во времето и просторот. Но, вистината е малку поинаква. Ретко кој успева во креветот со својата девојка секој пат да биде вистински лав. Најчесто жените ги глумат оргазмите и тоа од различни причини. Кои и да се тие, мажите треба да бидат свесни, дека едноставно не е возможно да се задоволи девојката секој пат, освен ако не умеете да читате мисли или да сте Бог кој знае токму што и треба на секоја девојка во секој даден момент. 2. Не и нуди разновидност на девојката Почетокот на врската секогаш е забавен, интересен и страстен. Сексот на почетокот исто така е одличен (освен кога не е) бидејќи е нов и искуството за двајцата е ново. Но, луѓето генерално, имаат навика по одреден период да гледаат на сексот како нешто коешто треба да се случи само за задоволување на хормоните. Во таква ситуација, девојката гарантирано ќе го загуби интересот. Затоа, многу е паметно да го пронајдете своето алтер его во креветот и да се трансформирате во нешто коешто не сте надвор од него. На пример, девојките обожаваат „лоши момци“, тоа е општо познато. Па кога сте со неа, слободно можете да се опуштите со зборување валкани работи, со плескање и слични грубости. Само, не претерувајте па да ви дојде полиција дома и да ве обвини за семејно насилство. 3. Заборава да биде МАЖ Прашајте ја секоја девојка на светот и секоја ќе ви каже дека сака кога нејзиниот маж ќе покаже цврстина и мажественост. Ова, особено е нагласено во креветот и никогаш не смеете да го заборавите. Секоја жена сака кога тој ќе ја преземе контролата за време на сексот, всушност, најдобро е никогаш да не ја изгубите контролата. Можеби нема да забележите, но секоја девојка сака кога без предупредување ќе ја грабнете и превртите на колена за да продолжите „doggy stile“. 4. Мисли дека сексот не и е важен Навистина, по некогаш мажите добиваат впечаток дека на девојките никогаш не им е до секс. Но, вистината е дека и тие размислуваат речиси подеднакв за сексот колку и мажите, а дефинитвно уживаат во добриот секс и повеќе. Доказ? Па, ниту еден маж не може толку да полуди во кревет колку што може една жена. Штосот е што, добриот љубовник мора да знае дека нејзината желба за одење во кревет нема да падне од небо. ТОЈ треба да направи ТАА да побара. Како? Е тука е вистинската уметност... 5. Тивок е во кревет Можеби мислите дека е глупаво или непријатно да се зборува за време на сексот. Но, најголемиот број од девојките сакаат вербална комуникација и во креветот. Таа ги буди нивните емоции. Ако говорот е валкан и невообичаен, тој уште повеќе може да ги запали. А што позапалени се, тоа поголемо уживањето ќе биде. Како што говорот на телото е важен додека ја заведувате девојката, толку важен е и додека сте во кревет. Па, слободно опуштете се и „објаснете се“ некои работи во креветот. Гарантирано нема да погрешите. 6. Мисли дека треба да го „купи“ сексот Многу често гледаме како мажите ги носат девојките на вечера, им купуваат цвеќиња, а за тоа очекуваат да добијат секс. Праксата, рака на срце, покажала дека е тоа успешен начин, но исто така треба да знаете дека со тоа единствено ги навредувате вашите девојки бидејќи ги сметате за толку ниски, а второ, се навредувате и себе си со тоа што треба да признаете дека мора да „платите“ за таа да се заинтересира за вас сексуално. Да се купуваат подароци за девојката е прекрасно, девојките сакаат подароци, но тоа никогаш не го правете во очи сексот. Правете го непланирано и обидете се да направите изненадување. Но, сексот, обидете се да го добиете со тоа што ќе бидете заводливи и шармантни. 7. Нема предигра Не се брзајте да пенетрирате во неа. Освен ако не ви рече „аман ајде влегувај“, тогаш слободно занимавајте се со петинг, колку што имате желба. Штосот е што, жените предиграта не ја ни сметаат за одделен дел од сексот. За разлика од мажите, тие можат да доживуваат оргазми и за време на предиграта, па затоа бидете свесни дека никогаш не е доволно предигра, а девојката никогаш неможе да биде премногу „запалена“. Од прилика, времето коешто сметате дека е нормално за пенетрацијата, треба да биде времето коешто ќе го потрошите и на предигра. 8. Пребрзо „свршува“ Ова е точка за којашто сите мажи се свесни. Секој еден знае дека треба да издржи што подолго. Но, колку навистина е тоа подолго? Пет минути? Петнаесет? Два часа? Испитувањата велат дека сè што е над 10 минути, но квалитетно, ќе биде доволно за девојката да биде задоволна. Исто така, многу девојки е бидат радосни ако по направената „пауза“, продолжите со втора партија. Епа момци, ова е лесна математика. 9. Мисли дека нејзиното нерасположение е нормална работа Девојките знаат да менуваат расположение за работи за коишто на мажите не им се јасни. Но, една работа и тоа како е јасна. Ако девојката не е задоволена во спалната соба, нејзиното расположение и односот кон парнерот со текот на времето ќе стане ужасен. Дури и да не сте Аполон или надарен во „онаа“ смисла, ќе мора да пронајдете начин како таа да доживува оргазми со вас. Пробајте секси играчки, масла, создавајте посебна атмосфера, трудете се едноставно. Важно е дека секоја жена, ќе остане покрај својот маж каков и да е, ако тој успее да ја задоволи во креветот. Можете да немате скршен денар и да бидете најпростиот на светот, ако таа редовно доживува оргазми со вас, вечно е ваша. 10. Престанува со учење Сите оние коишто мислат дека научиле сè што треба во врска со сексот, се лажат. Сексот, исто како и секоја друга област, бара вежбање, кондиција и континуитет. Никогаш не смее никој да помисли дека нема што повеќе да научи или да одбие некакво ново искуство. Исто како и на мажите, така и на жените, сексот може да им стане многу досаден ако постојано се случува истото. Дури и тоа коешто на почетокот било добро и одлично ги задоволувало двајцата, со текот на времето може да стане исклучително монотоно. Затоа, не се срамете да ги посетите секси шоповите. Тие отвораат еден сосема нов свет на сексот. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ниту една поза во сексот не доби култен статус како онаа која пружа истовремено уживање и на едниот и на другиот партнер, односно популарната поза 69.
Иако оваа поза не е баш на првото место на листата на најпопуларните пози за постигнување на врвот на сексуалното задоволство, со добра волја и опуштено тело освен што уживањето нема да изостане, вас може и да ве преплави истовремено. За и против Предноста на позата 69 е тоа што и двајцата партнери имаат можност истовремено да го доживеат големото задоволство. Иако звучи контрадикторно, тоа е истовремено и најголемата мана на оваа поза. Фактот дека двајцата партнери имаат можност да се препуштат на уживањето на оралниот секс тоа може да доведе до моментот еден од партнерите своето задоволство да го стави на прво место. Без воздржување Ако се опуштите и се одлучите за оваа поза немојте да се срамите. Испробајте ги сите движења кои ќе ви паднат на памет и успехот е загарантиран. За да внесете уште повеќе возбуда, обидете се со најразлични “фризури“ кои нема да поминат незабележано. А со оглед на тоа дека оваа поза е доста еротска, жените треба да бидат внимателни – експертите препорачуваат мажите први да ја започнат играта. Кој е каде? При изведување на оваа поза, жените би требало да бидат под мажите – така на мажите ќе им биде полесно да ги задоволат своите партнерки, а тие повеќе ќе уживаат. Пожелно е и користење на рацете за поголема стимулација. Удобност Доста важен елемент е и удобноста. Не се воздржувајте користете повеќе перници за да ги придржувате одредените делови на телото. Што поудобно се сместите, полесно ќе се опуштите. Бидете опуштени – само така ќе можете да испробате повеќе пози и ќе можете подолго да се задржите. Доколку телото ви е вкочането, не само што нема да ги доживеете предностите на оваа поза туку ќе ви биде незгодно па дури и болно. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Автомобилот е симбол на слобода, моќ и општествен статус. Тогаш зошто да не пробате секс врз автомобил? Првиот услов да имате секс врз автомобил е да поседувате автомобил Немојте да го правите тоа врз туѓ автомобил. Најмногу одговараат помасивните автомобили и оние од класата седани, со што е можно повеќе хоризнтално поставена хауба. Пред да се решите за секс врз автомобил, препорачливо е да го измитети исполирате автомобилот за да можете да се огледувате од него за време на одосот, а и да избегнете некога мушичка да заглави на вашиот задник. Ако сте пополнички, внимавајте каде седите и се потпирате – кога страста ќе се разгори лесно може да го извиткате металот. Од хигиенски причини во близина имајте марамче или пешкир. Внимавајте и на тоа хаубата да биде ладна. Ако автомобилот е во темна боја, металот лесно се загрева, сигурно не сакате да завршите со изгореници. Најлесната и најпрактикуваната положба при секс врз автомобил е врз хаубата, на предниот дел од автомобилот. Жената седнува на хаубата, мажот и пристапува и тогаш забавата може да почне. Таа може да го прегрне со нозете околу неговите колкови, да легне и да ги стави нозете на неговите рамења. Оваа позиција е погодна и за полесна анална пенетрација. Автомобил со пострмна хауба не е погоден за оваа положба. Ако имате квалитетен автомобил, качете се на браникот. Жената нека се заврти и можете да прдолжите во “кучешки стил”. Внимавајте да не го извиткате металот со колената. За храбрите и силните еве уште една можна положба. Жената нека легне врз градите, нека се држи со рацете за левата и десната страна на автомобилот, а мажот ги зема нејзините нозе и ги бвиткува околу своите колкови. Оваа позиција овозможува стимулација на Г-точката кај жената, а жената всушност го прегрнува автомобилот. Оваа положба им ја препорачуваме на сите жени кои вистински сакаат автомобили. Секс може да имате и врз покривот на автомобилот. Со ова не се кршат никакви бариери, бидејќи сексот на покривот од автомобилот е ист како секс на било која рамна површина. Само мора да ве предупредиме, иако автомобилите изгледаат прилично издржливи, 150 килограми на покривот, на металот, концентрирани на две-три точки можат да остават траги врз автомобилот. Ако сте го позајмиле мерцедесот на тато, внимавајте кога имате секс врз покривот. Можеби е поинако со спортски автомобил. Обидете се!
|
|
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
vaka neshto bi izgledalo
|
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секс пози за лето
Секс во када Наполнете ја малку кадата и пуштете го тушот да тече. Легнете на страна и потпрете се на едната рака. Подигнете ја горната нога високо, а тој нека влезе во вас така што вашата нога ќе биде на неговото рамо. Неговата пубична коска ќе го трие вашиот клиторис и во оваа поза ќе го зголемите задоволството, а водата која ќе прска ќе ви овозможи суптилна масажа. Возбудливо под туш Застанете под тушот свртени еден кон друг. Гушнете го саканиот и ставете ја својата лева нога околу неговата половина. Тој нека ја постави својата десна нога под вашата, со цел да ја зацврстите позицијата. Влажно и лизгаво Застанете веднаш под тушот од кој тече силен млаз вода и потпрете се со рацете на плочките. Наведнете се лесно напред и држете ги рамената исправено. Вашиот партнер нека пенетрира одзади. Оваа поза гарантира задоволство бидејќи освен тоа што можете рачно да го стимулирате клиторисот, водата дополнително ве возбудува. Јавно и тајно во исто време Влезете во вода до градите и свртете се еден кон друг. Фатете се за неговите рамена додека нозете ви се позиционирани околу неговата половина. Позата е одлична бидејќи во исто време е интимна и можете да ја прекинете кога сакате, особено ако забележите дека некој ве гледа. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Крвната група покажува какви сте во сексотКрвните групи, освен начинот на кој треба да се храниме, ги откриваат и карактеристиките на поединецот, неговиот потенцијал, но и скриените склоности во љубовта и сексот. Изменето од емил - 23.Јули.2011 во 13:24 |
|
Внеси реплика | страница <1 3940414243 49> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |