|
Уапсен Љубе Бошковски |
Внеси реплика | страница <1 45678 15> |
Автор | |||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Strashno!
Posle vakvi i slichni komentari koi zachestija vo posledno vreme povekje ne vredi da se doagja na ovoj podforum. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Интересно е како некои работи кои се прават во самото општество,некои мислат дека треба да ги идеализираме,баш на оној начин како на некој му одговара или како сака да го скрои јавното мнение.
Добор и тоа е сфатливо,режимот си е режим дали бил комунизам или сега ганстерски капитализам постапките се исти. Жално е да се насочуваат одредени размисли кон одредени форумџии,секој има право да дебатира и да изнесува мислење,говориме за настаните ,а не за нас,е сега некој ако нападне некого или ако сака да му ги исправа милсите,тогаш секој има право на одговор. |
|||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|||
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
И уште една,море не ,уште неколку сомнителни работи
Молњевито го апсат и со камери (за гледачите на Сител),потоа му текнува од,таму кај командирот,а бе будали како го апсите врз база на што? ,ајде враќај го Љубе на лице место,ај сега фрли кесата,ај наведни се тука,е сега потпиши записник,е сега ова е РЕКОНСТРУКЦИЈА. Понатаму оптужба за злоупотреба на службена должност,која па претседател на партија не е никава службена должност. Прима пари за кампања,а која кампања,алоо,кампања заврши ,нема ништо од тоа ,обезбедиле снимки,па сега и еден тинејџер ќе ти направи снимки на компјутер. Затоа малку трезвеност,а не продожување на линч,само и тука има сопнување???? |
|||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да, тоа добро го разбравме. Се потенцира втората поента без да се става значење на првата. Треба ли да ги поставувам мислите на тие кои ги наведов за да видиш кон што целам, а што ти и со оваа порака го потврдуваш? И тие кога се пресметувале со оние со кои сметале дека треба, велеле дека не е важно дали е виновен или не. Сосема се идентични мислите да знаеш! И тие целеле да ја потенцираат пораката и не се интересирале дали некој навистина е виновен или не. Изменето од Македон - 09.Јуни.2011 во 00:56 |
|||
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Еее, видете, мене баш ме радува што ве запрепастуваат моите коментари.
Драго ми е што постоите вие тука во дискусијата, за да го регулирате нивото на дискусијата, за да зборувате за процедурите, демократијата, правото. Навистина го мислам тоа Јас понекогаш чувствувам дека морам да ја подигнам тензијата, бидејќи некогаш како во оваа наша општествена ситуација, само во криза се решаваат некои огромни маани на општеството. Некогаш, мора да се кажат нештата со вистинското име, а понекогаш и парадоксално, за да се запрепастиме и да реагираме. Парадоксот може да биде и отрезнувачки Оти предолго сме во ситуација на апатија, депресија, и притаен бес, и ништо не правиме со тоа. Значи, се надевам дека Љубе ќе има фер судење и процес кој ќе добие своја завршница. Исто така, се надевам дека сепак ќе реагираме на оваа ситуација во која многу очигледно, пред истражен судија завршуваат единствено оние кои и се огрешиле на власта, т.е. тргнале да ја критикуваат. Оние, кои се нејзини партнери и пријатели, а за кои се појавуваат во јавноста исто така отворени сомневања за нивното работење, не се наоѓаат. Изменето од Kali - 09.Јуни.2011 во 10:34 |
|||
zenmaster
Сениор Interceptor Регистриран: 05.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 4262 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ВМРО-ДПМНЕ добиле 520.000 евра донации, а потрошиле 4,4 милиони евра за кампања.
Зарем има некој со здрав разум кој мисли дека Љубе е помалку крив од останатите ? Крив е оти не ја финансираше кампањата со средства од буџетот на Р.М. ? Реформите победија...го ебавме ежот |
|||
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ако се однесува ова на коментарот погоре, за кој и јас не верував дека го читам, па и повеќемина реагиравме, не гледам причина за радување. Тоа е страшно и да се помисли, а не пак да се каже. На такво размислување може да се каже само едно: Среќна нова 1984. |
|||
zenmaster
Сениор Interceptor Регистриран: 05.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 4262 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Македон барем ти не правеше овакви малверзации... Сто проценти свесно намерно ја вадиш од контекст ! Јас да ти појаснам...немој да кажеш дека не ти треба дообјаснување. -Исто како Никола Груевски и Сашо Мијалков размислувале Сталин , Хитлер , Че Гевара и останата контрабанда. Кали пред тебе го осуди таквиот начин на владеење а ти се правиш паметен . Размислувањето на Кали не се совпаѓа со овие набројаниве туку начинот на владеење на Никола со фамилијата има заеднички симптоми со нив. Овие вмровци не се многу различни од комунистите само ти не си во состојба релано да ја согледаш ситуацијата оти ти недостасуваат главните симболи т.е. срп и чекан. |
|||
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Воопшто не вадам никого надвор од контекст. За власта не гарантирам дека не размислува така, ниту знам, а ниту сум загрижен за нив, ама лошо е кога обичен граѓанин размислува и вели дека не е важно дали некој е виновен или не е, туку била важна пораката? Зарем нема разлика дали некој е виновен или невин? Зарем е исто дали некој сторил или не нешто? Зарем треба да ни бидат важни пораките? Затоа и реагирав како што реагирав. Секому, барем во демократско општество, треба да му биде важно дали се казнуваат невини, или виновни личности. |
|||
pecok
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 01.Јуни.2011 Статус: Офлајн Поени: 300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Па нормално. Шо мислевте дека ќе го уапсат оној што ветуваше „инвестиции“ од албанија и косово или оној што викаше дека ако не одиме во нато ќе си одат со друга држава која е веќе во нато?
|
|||
zenmaster
Сениор Interceptor Регистриран: 05.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 4262 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Македон требаше да ја препознаеш иронијата во реченицата. Мислам дека имаме ист став за цивилното општество . Да не изигравам адвокат но читајќи ја Кали мислам дека воопшто нема такви ставови како шо побрзавте да ја осудите дека претендира казна без суд . |
|||
[IMG]http://img148.imageshack.us/img148/4285/xxxpn7.gif">
|
|||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Со такви нешта мислам дека воопшто и не треба да иронизираме, затоа што, сепак, тоа е човечка судбина, а дополнително Кали кажа и дека стои зад тоа што го напишала и затоа сите изреагиравме така како што изреагиравме. Барем кај мене тоа беше причината. |
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
главната поента на постот не се состоеше во тоа да се каже дека не е битно дали бил Љубе виновен или не...
и колку и да збориме како требало да биде и дека се апселе криминалци само... факт е дека кај нас има селективно апсење и дека не се сите еднакви пред законот не знам колку бил Љубе Виновен, не можам да тврдам дека не е ниту пак дека е, не сум бил таму нити знам што се случувало, но знам дека сигурно за негово апсење имало веќе повод, се што било потребно е да се појави на виделина причина |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
На оваа тема, посебно околу апсењето на некогашниот министер на МВР и лидер на партија со најостра реторика на предвремените избори 2011 година не сакам многу да зборувам од едноставна причина што за него и не сакам да формирам некое мислење. Но некои работи тешко се премолчуваат. Љубе Бошковски е првиот министер кој почна со спектакуларните апсења во Македонија. Така речи ова се негов изум. Облечен во мантил и јак шешир (ко Вајат Ерп од каубојските филмови даваше изјави пред новинарите).Неговата појава кај некои предизвикуваше воодушевување, кај други смеа, а кај трети револт.
Велат- Се се враќа се се плаќа Е сега околу апсењето- разговарав со правници (среќа имам пријатели од сите профили) и тие низ смеа велат дека има грешки во чекори во неговото апсење. Прво-инкриминирање на доказите-јасно го дадоа оперативецот како доказите ги фаќал со голи раце-без задолжителните ракавици. Потоа односот на полицајците кон нивниот некогашен министер- легнување на земја во прашината, ставањето лисици, држење така некое време... Повикување на одредбата- злоупотреба на службената должност Зар лидер на партија е служба? Некои политички опоненти на оваа власт со скепса по откривањето на убистрвото на момчето од страна на полицискиот службеник шпекулираат дека апсењето на Бошковски е само обид да се заташка вториов потежок случај. Демек се надевале дека ќе успеат зад оваа атракција да ја затскријат случената трагедија. И демек се прелажале бидејки народот и не се сожалил многу на Љубе. Од една страна ова наликува на добар политички трилер, но од друга страна кој ли да знае што се случува во високата политика? Лично донесов еден суд- поарно е да си обичен смртник, да си живееш мирно, па макар и посиромашки отколку да си играш политика, оти кога тогаш ќе се изгориш папрено. |
|||
Внеси реплика | страница <1 45678 15> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |