IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Македонски фудбал
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонски фудбал

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 13>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2011 во 07:29
Нова победа за Металург, Вардар одигра нерешено во Турново
Нова%20победа%20за%20Металург,%20Вардар%20одигра%20нерешено%20во%20Турново
Металург убедливо со 3-0 ја победи Брегалница, Вардар ремизираше во Турново, Работнички не успеа да го победи Скопје.
Металург продолжува со одличните изданија во пролетниот дел од сезоната, денеска ја победија Брегалница со 3-0.

Резултатот беше отворен во 7та минута, Цветановски си постигна автогол за водство на Металург од 1-0.

Во 65та минута Баже Илијоски зголеми на 2-0, во 90та Начевски ги постави конечните 3-0.

Вардар непоразен се враќа од Турново, одигра 1-1.

Домаќините поведоа со голот на Милушев во 63та минута, Никанчевски десет минути подоцна израмни на 1-1.

Работнички не успеа да ја искористи предноста на домашен терен, одигра само 1-1 против Скопје.

Петковски во 71та донесе водство за Работнички, пет минути подоцна Кировски од пенал реализира за 1-1.

Напредок на свој терен славеше со 2-0 над Пелистер.

Левков во првото полувреме ги постигна двата гола за домаќините.

Ренова со пресврт дојде до победа над Силекс од 2-1.

Насевски во 16та минута погоди за Кратовчани, Бајрами во 39та израмни на 1-1, Степановски во 60та ја донесе победата.

Утре се игра градското дерби во Тетово помеѓу екипите на Тетекс и Шкендија.

 


Изменето од емил - 03.Април.2011 во 07:30
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2011 во 06:41

Костов го напушти кормилото на Работнички

По серијата слаби резултати и неполни четири месеци на функцијата, Влатко Костов повеќе не е шеф на стручниот штаб на Работнички. Тој поднесе оставка по нерешениот резултат со екипата на Скопје.
- По најновиот неуспех и нерешениот резултат со Скопје, ја понудив својата одговорност пред управата на клубот, со цел да покажам, пред се, на играчите дека никој не е незаменлив. Овој клуб заслужува многу повеќе од тоа четврто место на табелата - изјави Влатко Костов.
Довчерашниот прв помошник на Костов, Горан Петревски, е именуван за нов тренер на Работнички и своето деби ќе го има на денешното дерби со Вардар

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2011 во 04:53
25 коло во ПМФЛ поделено во три дена

Во Првата македонска фудбалска лига на распоредот е 25.коло, а шесте натпревари ќе се играат од утре па се до понеделник. Причината за развлекување на колото е тоа што трите тетовски екипи (Тетекс, Шкендија и Ренова) во оваа рунда се домаќини, а сите играат на „Градскиот стадион“ во Тетово.

Во четирите утрешни натпревари ќе играат: Тетекс - Брегалница, Металург - Скопје, Работнички - Пелистер и Хоризонт Турново - Напредок.

За в недела е закажан дуелот Шкендија - Силекс, а колото ќе биде комплетирано в понеделник по одигрувањето на натпреварот Ренова - Вардар.

Почетокот на сите средби е во 16 часот.

Табела: Шкендија 51 бод, Металург 44, Работнички 41, Ренова 41, Хоризонт Турново 36, Напредок 35, Тетекс 31, Силекс 31, Брегалница 29, Скопје 27, Вардар 21 и Пелистер 12.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2011 во 07:10

Отпишаниот Пелистер изненади во Скопје

 

Победата на Пелистер од 2-1 на гостувањето кај Работнички е најголемото изненадување во 25. коло, но и во досегашниот дел од фудбалската сезона во Првата лига. Битолчани немаа освоено ниту бод на гостувањата во првенството. По победата во градското дерби против Вардар минатото коло, се чинеше дека Работнички конечно се најде на посакуваниот колосек, но така не мислеше убедливо последнопласираниот противник, кој пред овој дуел имаше четири порази во низа и само три победи во целата сезона. На Работнички не им помогна ниту брзото водство со голот на најдобриот стрелец во лигата, Борче Маневски, во 9 минута. Бујчевски во 23 минута погоди за 1-1, а пресвртот го приреди Симоновски во 80. минута.

- Противникот беше потценет, но и нам не ни досудија пенал за 2-0 што може добро да се види и на видеото што кружи на интернет. При 1-1 игравме со четири напаѓачи, но ни се случи една контра од страна на противникот, а потоа беше тешко да се израмни - вели стрелецот Маневски.

Раководството на поразената екипа за денеска најави состанок на кој ќе се расправа за евентуалните казни, но и за други одлуки во врска со последниот резултат на трикратниот првак.

Ова му е втор пораз условно како домаќин на тимот од Дебар маало оваа сезона, покрај оној првиот од Тетекс во август на почетокот од 2010/2011.

Металург брзо го заборави минатонеделниот пораз од Силекс и со 2-1 беше поуспешен од Скопје во дербито на двата тима од Автокоманда. Миле Крстев во свој стил во 2 минута погоди од слободен удар за водство на Металург, додека Скопје, кој грчевито се бори за опстанок, возврати преку својот најдобар стрелец Христијан Кировски во 35. минута. Музафер Ејупи му ја донесе победата на второпласираната екипа со вистински еврогол, откако неговиот силен удар се одби од пречката и заврши во мрежата во 69. минута.

Како мало изненадување може да се смета победата на Брегалница од 2-0 кај Тетекс, кој досега на домашен терен обезбеди седум победи и имаше само еден пораз. Илиев и Мандак беа творци на победата со прецизните удари во 6 и 62 минута.

Мрежите мируваа на мечот Хоризонт Турново - Напредок. Вчера се играше мечот Шкендија - Силекс, а за денеска е закажана средбата Ренова - Вардар.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2011 во 05:53

ФФМ не ја проширува Првата лига

Фудбалерите на Вардар и на Пелистер ќе мораат да се изборат на зелениот терен ако сакаат да се спасат од излегување од Првата лига. По катастрофалната сезона, по која двата најпознати македонски клуба се со едната нога во Втората лига, нивните управи се надеваа дека ќе дојде до проширување на прволигашкото друштво на 14 или, пак, на 16 екипи. Но, во Фудбалската федерација на Македонија воопшто не постои расположение за такво нешто.
- Прво сакам да кажам дека до денеска никој до ФФМ не поднесол барање за проширување на Првата лига, а, во моментов, воопшто и не размислуваме за таков потег. Ставот на Управниот одбор е да се следат тенденциите на европскиот фудбал, кои налагаат помали лиги, се со цел да се зачува квалитетот на фудбалската игра - вели генералниот секретар на ФФМ Игор Климпер.
Инаку, евентуалното излегување од Првата лига на брендови како Вардар и Пелистер нема да биде нешто непознато во европски фудбалски рамки. Во втора лига играле и такви фудбалски гиганти како што се Манчестер јунајтед, Јувентус, Милан, Валенсија, Борусија Менхенгладбах, Ференцварош... а од ексјугословенските простори, и најпознатиот словенечки клуб Олимпија, која, слично како и Вардар, поради финансиски проблеми почна речиси од нула

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2011 во 06:57

Металург останува на исто растојание од лидерот Шкендија

 

Победи остварија водеќките четири клуба во петте натпревари кои попладнево се одиграа од 27 коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Нема промени на врвот на табелата, Шкендија ја задржа бодовната предност од пет бода пред второпласираниот Металург.

Најубедливата победа ја оствари токму Металург на стадинот во Автокоманда во Скопје против последнопласираниот Пелистер со 5:0. Работнички на стадионот во Чаир беше подобар од Хоризонт Турново со 3:1, а во Тетово Ренова славеше триумф против Напредок со 4:1.

Единствената гостинска победа во ова коло ја постигна Силекс во Тетово против Тетекс со 2:0. Без победник заврши натпреварот во Штип меѓу Брегалница и Скопје. Во вчерашниот натпревар лидерот Шкендија го совлада Вардар со 2:0.

Табела: Шкендија 58 бодови, Металург 53, Ренова 50, Работнички 47, Силекс 37, Хоризонт Турново 37, Напредок 36, Тетекс 34, Брегалница 33, Скопје 29, Вардар 21, Пелистер 15

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2011 во 05:57
Вардар освои само бод против Брегалница, Шкендија сигурна против Пелистер

Поради редовната седница на Собранието на ФФМ, што ќе се одржи во утрешниот термин за прволигашки мечеви во Охрид, натпреварите од 28. коло во елитниот домашен фудбалски шампионат се одиграа денеска, невообичаено за наши услови.

Фудбалскиот маратон во Скопје започна со дуелот меѓу Работнички и Тетекс во 13 часот, а им припадна на "романтичарите" кои со 2-1 славеа против тетовскиот тим. Во продолжение Вардар и Брегалница ги поделија бодовите играјќи нерешено 1-1. Од овој натпревар за одбележување е и 78. минута од мечот, кога стрелецот на единствениот погодок за Брегалница, Лазар Илиев заработи црвен картон.

Лидерот Шкендија славеше на гости кај фенерџијата Пелистер, додека со нерешен резултат 1-1 заврши и дуелот во Турново помеѓу Хоризонт и Ренова.

Фудбалерите на Металург славеа во Кичево против Напредок, додека Силекс се избори за бод на мечот против скопје во скопската населба Автокоманда.

Резултати:
Работнички - Тетекс 2:1
Глигоров 72', Велковски (п) 92' - Наумовски 88'

Напредок - Металург 1:2
Вренцовски 36' - Илијоски (п) 47', Ејупи 70'

Пелистер - Шкендија 1:3
Дјелил (аг) 84' - Сали 58', Хасани 74', 88'

Скопје - Силекс 1:1
Кировски 4' - Заревски 30'

Хоризонт Т. - Ренова 1:1
Ковачев 75' - Али (п) 60'

Вардар - Брегалница 1:1
Џангаровски 77' - Илиев 34'.

Табела:
Шкендија 61
Металург 56
Ренова 51
Работнички 50
Силекс 38
Хоризонт Т 38
Напредок 36
Тетекс 34
Брегалница 34
Скопје 30
Вардар 22
Пелистер 15.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2011 во 05:10
Три бода за Тетекс во дуелот со Скопје

Комплетирано е 29. коло во Првата фудбалска лига на Македонија. Во последниот меч, одигран денеска, фудбалерите на Тетекс, пред свои гледачи, славеа во дуелот со Скопје. Гостите поведоа непосредно пред одморот благодарение на погодокот на Кировски, за во вториот дел Тетекс преку Наумовски во 66. минута и Јовановски во 73. минута, да стигне до важни бодови за изгенување на баражот.

резултати и стрелци:

Тетекс - Скопје 2:1
Наумовски 66', Јовановски 73' - Кировски 44'

одиграно вчера
Шкендија - Напредок 4:1
Емини 13', Ардијан Нухиу 37', Сали 58', Хасани (п) 80' - Левков (п) 81'

одиграно во саботата:
Силекс - Вардар 0:1
Фабио Силва 44'

Брегалница - Пелистер 4:0
Попанев 28', Георгиев 60', Велинов 75' Алексов (п) 90'

Металург - Хоризонт Турново 1:1
Илијоски 45' - Милушев 9'

Ренова - Работнички 2:2
Емини 45', Ристов 62' - Маневски 8', Тунески 29'

Табела:
Шкендија 64 бод
Металург 57
Ренова 52
Работнички 51
Хоризонт Т. 39
Силекс 38
Тетекс 37
Брегалница 37
Напредок 36
Скопје 30
Вардар 25
Пелистер 15.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2011 во 05:53
Вардар освои бод против Скопје, Шкендија само на бод од првата шампионска титула

Фудбалерите на Вардар, пред својата публика, одиграа нерешено без голови во директниот дуел со најблискиот конк*рент, Скопје, на кого треба да му ја одземат позицијата на табелата, за да обезбедат бараж за опстанок во Првата фудбалска лига на Македонија. И по денешниот меч, Вардар заостанува зад Скопје 5 бода, што сеуште теоретски го остава во игра најголемиот македонски фудбалски бренд, во пресрет на последните три кола од домашниот шампионат, да се избори за задржување на прволигашкиот статус. Секако, Скопје е во многу подобра позиција на крајот да игра бараж за опстанок.

Сега повеќе нема дилеми, Вардар мора да освои 9 бода во преостанатите три рунди до крајот и да се надеваат на грешки на Скопје кој пак секако си има свои пресметки во борбата за позиции.

На врвот од табелата Шкендија го совлада Хоризонт во Турново, а по ремитo меѓу Металург и Работнички, сега на тимот од Тетово му е потребен само уште еден бод за и теоретски да ја обезбеди првата шампионска титула.

Ренова го совлада Тетекс, во меч во кој поразениот тим од 65. минута играше со играч помалку поради исклучувањето на Јовановски, додека Напредок и Брегалница одиграа меч без погодоци.

Пелистер иако имаше предност од два гола против Силекс, сепак на крајот загуби, благодарение на погодокот на Нацев непосредно пред последниот судиски свиреж, а од овој меч за одбележување е и фактот дека двата тима натпреварот го завршија со по десет играчи во поле.

Резултати и стрелци:
Вардар - Скопје 0:0

Напредок - Брегалница 0:0

Пелистер - Силекс 2:3
Талевски 12', Бујчевски 48' - Насевски 64', Заревски 68', Нацев 90'

Работнички - Металург 1:1
Велковски 57' - Миле Крстев 84'

Хоризонт Т. - Шкендија 0:2
Хусеини 35', Хасани (п) 52'

Ренова - Тетекс 4:2
Емини 27', Степановски 48', Исмаили 83', Јанчевски 90' - Сиљановски 33', Столевски 80'.

Табела:
Шкендија 67
Металург 58
Ренова 55
Работнички 52
Силекс 41
Хоризонт Т. 39
Брегалница 38
Тетекс 37
Напредок 37
Скопје 31
Вардар 26
Пелистер 15.

До крајот на првенството останува да се одиграат уште три кола и тоа по следниот распоред:
31. коло
Тетекс - Вардар,
Скопје - Пелистер,
Силекс - Напредок,
Брегалница - Хоризонт Т.,
Шкендија - Работнички,
Металург - Ренова.

32. коло
Металург - Тетекс,
Ренова - Шкендија,
Работнички - Брегалница,
Хоризонт Т. - Силекс,
Напредок - Скопје,
Плистер - Вардар.

33. коло
Тетекс Пелистер,
Вардар - Напредок,
Скопје - Хоризонт Т.,
Силекс - Работнички,
Брегалница - Ренова,
Шкендија - Металург.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2011 во 05:43
Промена на терминот за бараж натпреварите

Поради предвремените избори во Република Македонија терминот за одигрување на бараж натпревари за пополнување на Првата фудбалска лига, кој требаше да се одиграат на ден 05. јуни 2011. година (недела) се променува и истите ќе се одиграат на ден 02. јуни 2011. година (четврток) со почеток во 16:30 часот.

Согласно пропозициите во натперварувачката 2010/2011 година десетто пласираниот од првата лига игра со трето пласираниот од втората лига, деветто пласираниот од првата лига игра со четвртопласираниот тим од втората лига.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2011 во 06:13

Шкендија ја прослави титулата пред 12.000 навивачи

Шкендија и официјално беше промовирана во нов шампион, а Вардар и Пелистер се простија од прволигашкото друштво по натпреварите од последното коло од Првата фудбалска лига, кое, резултатски, немаше никакво значење. За тетовскиот тим, ова е најголем успех во 32-годишната историја на клубот, кој лани играше во Втората лига. Шкендија го доби победничкиот пехар во спектакуларна атмосфера за наши услови по нерешените 2:2 со Металург, на кои присуствуваа 12.000 навивачи. Прославата потоа продолжи и на улиците на Тетово. Успехот е уште поголем, ако се земе предвид дека на второпласираниот Металург му избега цели 11 бода. Следната сезона, Шкендија ќе игра во Лигата на шампионите.
Металург, сега веќе бившиот првак Ренова и Работнички ќе играат во Лига Европа следната сезона. Како освојувач на Купот на Македонија, Металург ќе стартува во второто коло на Лига на Европа, додека Ренова и Работнички ќе почнат од првото коло.
Скопје и Напредок, пак, ќе играат во баражите за пополнување на Првата лига против трето и четвртопласираниот тим во Втората лига. Пред последното коло, тоа беа Тиквеш и Миравци.

**

Листа на стрелци

Кировски (Скопје) 20
Маневски (Работнички) 19
Хасани (Шкендија) 14
Сали (Шкендија) 12
Темелков (Силекс) 12

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2011 во 06:39
Одбиен предлогот за проширување на Првата фудбалска лига на Македонија

Управниот одбор при Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница во Прилеп, го искористи овластувањето на Собранието на ФФМ да разговара за проширување на Првата фудбалска лига на Македонија и одлучи да го одбие предлогот елитното фудбалско друштво да се прошири на 16 членови.

УО при ФФМ донесе заклучок да се подготви посебна седница на која ќе се разговара за резултатите на фудбалската репрезентација на Македонија во квалификацискиот циклус 2012 година и понатамошниот статус на актуелниот селектор на националниот тим Мирсад Јонуз.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јуни.2011 во 06:05
Напредок и Миравци прволигаши

Бараж средбите за пополнување на Првата фудбалска лига на Македонија се одиграа попладнево. Со сигурни победи на средбите во Скопје и Прилеп во елитата ќе играат екипите на ФК Напредок и ФК Миравци.

Резултат:

 

Напредок - Тиквеш 2-0 (Стадион Ѓорче Петров)

Скопје - Миравци 1-4 (Стадион „Гоце Делчев" Прилеп).

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2011 во 05:16
Промовирани најновите засилувања во ФК Работнички

Тренерот на Работнички, Горан Петрески полека го комплетира составот за настапите во Лигата на Европа и новата сезона во домашното првенство. Најнови на списокот на засилувања, денеска промовирани, се Владица Брдаровски и Горан Станковски.

И двајцата ги одбработуваат првите полесни тренизи заедно со физиотерапевтот, со оглед на тоа дека имаат ситни повреди, но се очекува до недела кога Работнички на белградска "ЈНА" ќе одигра пријателски меч со Партизан, да бидат подготвени.

И Брдаровски и Станковски се повратници во македонскиот фудбал бидејќи изминатиот период настапуваа во Чешка (Брдаровски), односно Молдавија (Станковски).

„Очекувам во настапите во Лигата на Европа да стигнеме далеку и да играме со некој тим од рангот на Атлетико Мадрид и Тотенхем, а во домашното првенство да се бориме за шампионската титула“ - изјави актуелниот младински репрезентативец Владица Брдаровски.

"Мислам дека најквалитетната екипа во Македонија во моментов е Работнички и затоа мојот избор е токму Работнички“ - потенцираше повратникот во Работнички, Горан Станковски кој во 26 мечеви за Работнички има постигнато 14 голови.

Од таборото на Работнички и веста дека до заминувањето на мини-подготовките во Белград в недела се очекува и официјализирање на договорот на уште еден повратник во тимот од Дебар Маало, Димитрија Лазаревски кој веќе почна да ги одработува првите тренинзи со екипата.


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.