IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - Македонската репрезентација
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонската репрезентација

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2728293031 35>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2011 во 11:57
Originally posted by pecok pecok напиша:

Тоа пеналот требаше да се изведе уште еднаш затоа што Шумоликовски прерано втрча во шеснаесетник

http://img268.imageshack.us/img268/3061/penal1.jpg

 
 
да требаше.Прекрасен кадар аплауз
Кон врв
Marko Polo 1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
venecijaner

Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Marko Polo 1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2011 во 15:17
Originally posted by fiks fiks напиша:

Се стори тоа,готово еПеналот се промарши и тоа е тоа.Ирска ништо посебно,победија со наши грешки



Taka, fiks... Makedonija sama se pobedi vcera.
Koga kje im tekne na nasive - osven selektor (ama barem nekoj prosecen) da angaziraat i psiholog... ne psihijatar...
Incredible Blue
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 05:53

ПОЧНАА ШПЕКУЛАЦИИТЕ ОКОЛУ МОЖНИОТ НАСЛЕДНИК НА ЈОНУЗ

Хаџиевски повторно селектор на Македонија?

По 12 години пауза, многу е веројатно дека Ѓоко Хаџевски повторно ќе се врати во селекторската фотелја на македонската фудбалска репрезентација. Откако по саботниот пораз од Ирска веќе е очигледно дека Мирсад Јонуз нема да го дочека крајот на квалификациите како селектор, името на Хаџевски е најспоменувано за иден предводник на македонскиот национален тим.
А, Хаџевски веќе има три и полгодишно искуство како селектор на Македонија. Човекот со кого нашата репрезентација беше блиску до завршницата на Мундијалот 1998 во Франција, една година подоцна беше сменет од тогашната фудбалска влада на Ламбе Арнаудов. Последниве три години, Хаџиевски ги помина во Азербејџан, а шест месеци работеше и како негов селектор.
- Јас сум секогаш подготвен да помогнам кога се работи за македонскиот фудбал. Нормално, доверувањето на селекторската функција би била голема чест, а, истовремено, "слатка" обврска за мене - вели Хаџиевски и додава:
- Едно сум уверен, ако бидам поставен за селектор, гарантирам дека за еден месец ќе ја вратам атмосферата во репрезентацијата. Добро ги познавам повеќемина од фудбалерите и знам дека можеме да создадеме добар тим. Истото се однесува и до навивачите, од кои, уште кога бев тренер на Вардар, секогаш сум имал поддршка. Мора уште сега да се почнат подготовките за следните квалификации за Мундијалот во Бразил.
Претходно, селекторски аспирации најави и Артим Шаќири.
- Кога можеа Клинсман, Ван Бастен, Стоичков... да станат селектори веднаш по завршувањето на играчката кариера, зошто не би можел и јас. Имам богато фудбалско искуство, добро ги познавам потенцијалните репрезентативци и, што е најважно, ги следам сите нови процеси во современиот фудбал - рече Шаќири, кој се стекна со највисокото тренерско звање, "Про"-лиценцата.
Инаку, последниве неколку години, при секој избор на селектор, се вртеа имиња на повеќемина европски фудбалски стручњаци, па дури и луѓето од "Пума" ни помагаа во тоа. Како несудени наши селектори се споменуваа: Чедомир Јаневски, Милко Ѓуровски, Србите Љубиша Тумбаковиќ, Душко Баевиќ, Зоран Филиповиќ и Драган Окука, Хрватите Мирослав Ќиро Блажевиќ, Зоран Вулиќ и Бранко Иванковиќ, Германците Берти Фогтс и Јирген Ребер и, на крајот, Романецот Ангел Јорданеску и Бугаринот Георги Василев. Дознаваме дека последнава година неколкумина менаџери веќе понудиле тренери од Турција како кандидати за македонски селектор, а како опција се споменувал и Германецот Лотар Матеус

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2011 во 04:54

Грозданоски преку Работнички до репрезентација

Враќање во репрезентативниот дрес преку успешни настапи за Работнички е главната цел на поранешниот фудбалски репрезентативец Влатко Грозданоски, кој по седум години повторно се враќа во македонскиот фудбал.
- Се одлучив за Работнички бидејќи располага со млад и квалитетен состав и поради тоа што има големи амбиции како во Лига Европа, така и во првенството. Добро се познавам со директорот Ангеловски и тренерот Петрески, со кои играв во Цементарница, па затоа за само десетина минути се договоривме за сите поединости. Во македонскиот фудбал се вратив со амбиции повторно да го облечам репрезентативниот дрес - рече Грозданоски на вчерашната промоција.
Според договорот, тој ќе остане една година во Работнички и ќе го носи дресот со број девет. Последен клуб на Грозданоски беше иранскиот второлигаш Дамаш.
На вчерашната прес-конференција, директорот Ангеловски информираше дека по заминувањето на Глигоров, нов капитен ќе биде Борче Маневски, а околу претстојната ждрепка за првото коло на Лига Европа, тој го посакува претставникот на Сан Марино.
Тренерот Горан Петрески ги презентираше планот на подготовките и засилувањата, кои и се потребни на екипата.
- Први од прволигашите ги почнавме подготовките, на кои на 22 и 24 јуни ќе се сретнеме со Рад и Партизан. Приоритет ми е да внесам победнички дух во екипата и препознатлив напаѓачки стил на игра. Што се однесува до засилувањата, покрај Грозданоски, до петок планираме да донесеме уште еден до двајца новаци, и тоа на страничните позиции и во средниот ред - рапортираше Петрески

Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2011 во 17:13
Originally posted by емил емил напиша:

ПОЧНАА ШПЕКУЛАЦИИТЕ ОКОЛУ МОЖНИОТ НАСЛЕДНИК НА ЈОНУЗ

Хаџиевски повторно селектор на Македонија?

Едвај чекам. голема%20насмевкададада
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2011 во 05:50

Македониjа загуби уште едни квалификации. Станавме селекција која служи за ,,билдање“ на бодови и селекција која го загуби респектот кој го имаше од европските репрезентации.

 

Ако ништо друго порано знаевме да им ги замрсиме сметките на оние ,,големи“ фудбалски велесили, да ги ,,испотиме“на Арената „Филип Втори“ или порано на Градскиот стадион. Ретко која селекција можеше да се пофали дека тотално не надиграла на нашиот терен. Но, сега...сега сликата за жал е сосема поинаква...

Уште кога беше извршена ждрепката за квалификациите за Европското првенство во Полска и Украина, македонската спортска јавност се израдува. Добивме група и противници, со кои барем според имињата можеме да се носиме. Добивме надеж дека конечно, по примерот на сите екс југословенски републики и ние ќе се вмешаме во битката за едно од првите две места. Но, наместо тоа добивме големо разочарување.

Добивме и нов фудбалски храм, фудбалски дом каков што заслужуваат сите репрезернтации. На дуелот со Р. Ирска имаше најголема посетеност и максимална поддршка од трибините, но сепак се е тоа попусто кога едноставно нема кој да ги води оние момци кои го носат националниот дрес. По кој знае кој пат тие со наведнати глави го напуштаат теренот. По кој знае кој пат тие делуваа немоќно пред една репрезентација која објективно не е ништо подобра од нив. Но, зошто е тоа така? Дали нашата верба во овие момци е само наша илузија дека тие можат да не однесат до успехот, или тие навистина имаат сила, имаат знаење, имаат желба за успех...Да, нашата верба е вистинска, нивната желба е голема, нивната сила е доволна, но немаме победнички менталитет. Нема кој да ги предводи овие момци, нема кој да им помогне до патот кон успехот. Конечно, да ние немаме таков селектор...

Мирсад Јонуз, сам против сите, човекот кој требаше да ги поттурне нашите момци до победа, кој требаше да внесе победнички менталитет, беше убеден дека тој може да се носи со овој товар. Но се излажа самиот, не излажа и сите нас. Наместо радост ни донесе разочарување, наместо успех ни донесе дебакл, наместо напредок на ФИФА листата ни донесе голем пад, наместо продор кон врвот и кон привилегираните ,,шешири“ за ждрепките, ние се најдовме во оние аутсајдерски...И сето тоа поради човекот кој не го тангираат свирежите од публиката и мислењето на јавноста.

Можеби не можеме да очекуваме многу од човек кој во својата тренерска кариера немал причини за радост, човек кој со младата македонска селекција немаше ама баш никаков успех, но сепак очекувавме дека тој ќе има храброст самиот да каже, доста е си заминувам, јас немам сила и знаење за оваа функција. Но, не Мирсад Јонуз се уште се бори сам против сите. Се уште мисли дека тој е во право, а револтот на сите други е неоснован.

Овие квалификации се загубени, време е да се смени нешто и да се остави простор на некој друг селектор, до следните квалификации да го поправи сето она што Јонуз го расипа. Време е некој да се жртвува, време е да се каже ДОСТА Е.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2011 во 01:19
Македонија на 98. место на ФИФА листата!
 
Ние во јуни веќе ќе се 'гордееме' што сме позади Сиера Леоне, Зимбабве, Бенин, Уганда..., а во Европа единствено пред аматерските селекции од Сан Марино, Фарски Острови, Андора, Луксембург...

Македонската репрезентација по последниот пораз од Ирска во квалификациите за ЕП 2012 ја чека ново срамно тонење на најновата јунска ФИФА листа која треба да биде објавена на 29 јуни.

Според последните пресметани рејтинг калкулации, Македонија во јуни ќе биде рангирана на 98. место на ФИФА листата со пад од 13 позиции и минус од 60 бодови во однос на претходниот мајски ранкинг. Срамниот рејтинг пад на нашата селекција следи по катастрофалните резултати последнава година, по кои сосема очекувано ние веќе ја напуштаме и првата стотка на селекции во светот... За жал, фудбалска Македонија во јуни ќе може да констатира дека репрезентацијата ни е и позади едни Сиера Леоне, Зимбабве, Бенин, Уганда, Централната африканска република..., а во однос на европските селекции единствено, покрај Азербејџан и Велс, ќе останеме пред аматерските репрезентации од Сан Марино, Фарски Острови, Андора, Луксембург...

Дефинитивно показателите кои ги нуди и ФИФА листата за нас се сосема релевантен доказ дека конечно мора да има промени на селекторската позиција во нашиот национален тим. Македонската репрезентација како никогаш досега ги бележ најцрните свои денови во историјата под водство на Мирсад Јонуз. Срамното назадување на ФИФА листата е само уште еден удар за и онака повеќе од скромната наша фудбалска сцена.

На врвот без никакви промени и во јуни ќе останат Шпанија и Холандија, пред Германија, Англија и Бразил.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јуни.2011 во 05:37

Отказ за Мирсад Јонуз!

http://img.plusinfo.mk/large_pics/2011/06/18/mirsad_jonuz.jpg

Управниот одбор на ФФМ со едногласна одлука на денешната седница во Дојран го разреши селекторот на фудбалската репрезентација Мирсад Јонуз. Како причини се наведуваат прекршувања и непочитувања на одредбите од договорот, но овој потег е очекуван, а причина се слабите игри и резултати на „црвено-жолтите“ во квалификациите за ЕП 2012 во Полска и во Украина.
к*риозитет е тоа што Јонуз не ја прифатил вината за лошата игра на репрезентацијата и константниот пад на ФИФА ранг листата, потенцирајќи дека нема намера да се повлече, а доколку биде разрешен, најави дека своите права ќе се обиде да ги заштити по судски пат.
Како можни наследници на кормилото на националната селекција во кулоарите се споменуваат имињата на Ѓоко Хаџиевски и на Чедомир Јаневски, а ФФМ најави дека на следната седница ќе расправа за условите под кои ќе се избира новиот селектор на репрезентацијата.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2011 во 06:28

Хаџиевски и Јовановски на преговори

Ѓоко Хаџиевски и Ѓоре Јовановски се првите двајца наши тренери кои имаа состанок во четири очи со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Харалампие Хаџи-Ристески. Со тоа почнаа разговорите за именување на ново име на кормилото на македонската фудбалска репрезентација по разрешувањето на Мирсад Јонуз на последната седница на Управниот одбор во Дојран.

„Има многу менаџерски понуди за квалитетни тренерски имиња кои несомнено се интересни за нас, но истовремено и далеку од нашите финансиски можности. Во секој случај ќе ги разгледаме сите опции, ќе го почитуваме мислењето на тренерската организација и најдоцна до 15 јули ќе го имаме новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација“, изјави Хаџи-Ристески за официјалната интернет страница на ФФМ.

За денеска во Скопје е најавено доаѓање на Турчинот Зија Доган кој беше еден од кандидатите за селектор по заминувањето на Среќко Катанец. Но, телефонски разговори се остварени и со уште неколку тренери од регионот кои изразија заинтересираност за преземање на функцијата. Меѓу нив се поранешниот црногорски кормилар, Зоран Филиповиќ, потоа Љупко Петровиќ, човекот што ја водеше Црвена звезда до титулата во КЕШ во 1991 година и до онаа во Интерконтиненталниот куп во Токио, и Бугаринот Пламен Марков. Според интернет страницата на ФФМ воспоставен е контакт и со менаџерот на нашиот интернационалец Чедомир Јаневски

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2011 во 04:39
Стартуваше постапката за назначување нов селектор, неговото име ќе се знае најдоцна до 15. јули

Претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески од денеска ги започна разговорите со потенцијалните кандидати за селектор на најдобрата македонската фудбалска репрезентација.

Во просториите на федерацијата, првиот човек на ФФМ разговараше со поранешните селектори на националниот тим Ѓоко Хаџиевски и Ѓорѓи Јовановски. Хаџи-Ристески одржа состанок и со претседателот на Тренерската организација во ФФМ, Вујадин Станојковиќ со што и тренерскиот еснаф е вклучен во изборот на наследник на Мирсад Јонуз.

"Извршени се телефонски разговори и со тренери од странство кои изразија заинтересираност за функцијата како Зоран Филиповиќ, Љупко Петровиќ, Пламен Марков и Зија Доган кој во текот на утрешниот ден ќе пристигне на разговори во Скопје." - изјави Хаџи-Ристески за официјалниот веб сајт на ФФМ, додавајќи:

"Исто така остварени се контакти и со менаџерот на нашиот интернационалец Чеде Јаневски".

"Покрај овие имиња има уште неколку менаџерски понуди за квалитетни тренерски имиња кои сигурно се интересни за нас, но далеку од нашите финансиски можности. Во секој случај ќе ги разгледаме сите опции, ќе го почитуваме мислењето на тренерската организација и најдоцна до 15. јули ќе го соопштиме новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација" категоричен е Хаџи-Ристески.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2011 во 05:34

Шаќири денеска на разговор кај Хари

Довчерашниот репрезентативец Артим Шаќири денеска го затвора списокот на потенцијални кандидат за функцијата селектор на македонската фудбалска репрезентација. Одкако во понеделникот и вторникот пред челниците на ФФМ Хари Хаџи-Ристески и Игор Климпер свои размислувања околу работата со репрезентацијата изнесоа екс селекторите Ѓоко Хаџиевски и Ѓоре Јовановски, како и Турчинот Зија Доган, денеска и Шаќири ќе ги презентира своите видувања за иднината на националниот тим.
- Кого можеа Клинсман, Ван Бастен, Стоичков... да станат селектори веднаш по завршување на фудбалската кариера зошто не би можел и јас. Ги следам сите ново процеси во современиот фудбал, а додека го носев дресот на Вест Бромвич Албион, следев и предавања на тренерската школа што ја организираше Фудбалската асоцијација на Англија. Исто така не треба да се заборави дека имам работено со многу познати тренери, и од секого имам "украдено" по нешто - вели Шаќири
Освен оваа "четворка", кандидатури за селектор испратија, а преку своите менаџери и контактираа со Хаџи - Ристески и: Чедомир Јаневски, Србите Зоран Филиповиќ и Љупко Петровиќ, како и Бугаринот Пламен Марков и Хрватот Ненан Грачан.
- Со сите кандидатите за селектор со кој досега разговаравме имавме корекни разговори, и искрено, задоволни сме од нивните програми и размислувања околу репрезентацијата. Останува уште да се сретнеме со Артим Шаќири кои исто така покажа желба да биде селектор. После тоа останува да се состане Управниот одбор и да одлучи во моментов кој е најдоброто решение за селекторската функција. Верувам дека во што е можен најбрз рок ќе го имаме новиот селектор - изјави генералниот секретар на ФФМ Игор Климпер. (Т. З.)

***

Ѓоре нема амбиции да биде селектор

Иако беше на разговор со претседателот на ФФМ Хаџи -Ристески, Ѓоре Јовановски информира дека во моментов нема амбиции повторно да биде селектор на Македонија.
- Немам селекторски амбиции. Навистина разговарав со Хаџи - Ристески, но имам други планови. Во моментов мислам дека во македонскиот репрезентативен фудбал нема "клима" да се спроведат моите размислувања, во кои на прво место е дисциплина во репрезентацијата - изјави Јовановски

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јули.2011 во 05:22

Македонија интересна за Аугенталер, Блажевиќ, Жирес

Тренери од светски калибар во трка за клупата на македонската фудбалска репрезентација

Сашко Ѓ. Димовски

Германецот Клаус Аугенталер, Французинот Алан Жирес и Хрватот Мирослав Ќиро Блажевиќ изразија подготвеност за преземање на селекторската работа во македонската фудбалска репрезентација. Тоа се новите имиња, според Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), што лицитираат за пополнување на испразнетото место по предвременото разрешување од функцијата на Мирсад Јонуз.

Аугенталер пројавил интерес за македонското фудбалско кормило преку македонскиот интернационалец, Саша Ќириќ, кој долги години живее и работи во Германија. Прославениот првотимец на минхенски Баерн и германски репрезентативец, во чија биографија стои дека бил асистент на Џовани Трапатони во стручниот штаб на Баварците, а потоа и нивни тренер, е најнов во низата тренерски имиња за водење на нашиот национален тим. Покрај Баерн (М) тој беше тренер и во уште неколку други бундеслигашки екипи како Нирнберг, Баер Леверкузен, Волфсбург, Унтерахинг. Но, во последната група за можен наследник на Јонуз не е единствен.

Конк*ренција ќе има во Мирослав Ќиро Блажевиќ. Хрватскиот тренерски стручњак направи бум со селекцијата на БиХ во квалификаците за СП 2010. Во моментот е на чело на олимписката репрезентација на Кина меѓутоа Блажевиќ, според ФФМ, повторно пројавува интерес за работа во Македонија како што беше случај и по заминувањето на Среќко Катанец, а пред изборот на Мирсад Јонуз.

Трето и последно тренерско име, најзвучно досега во актуелната потрага за нов македонски селектор, е Французинот Алан Жирес. Контактирано е преку неговиот менаџер кој порачал дека клиентот што го застапува е подготвен да застане на чело на репрезентацијата на Македонија по завршување на циклусот на квалификации за пласман на ЕП2012 во Полска и Украина. Жирес моментно е на кормилото на Мали, а покрај бројните клубови во кои работеше досега, ги предводеше уште и националните состави на Грузија и Габон.

Првиот човек на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески, веќе оствари средби со потенцијалниот домашен тренерски кадар. Прв во низата кандидати со кого се разговараше беше Ѓоко Хаџиевски, по него и со Ѓоре Јовановски, Илчо Ѓоргиоски, Артим Шаќири, со менаџерот на Чедомир Јаневски и со многу други. Новиот македонски селектор треба да биде познат до 15 јули. До крајот на оваа недела можно е да се одржи и седница на Управниот одбор на ФФМ по која ќе бидат отстранети многу дилеми. Наредниот натпревар (пријателски) на нашата репрезентација е закажан на 10 август во Баку против селекцијата на Азербејџан.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2011 во 13:03

Програмата на Стратев на увид кај Хари

Списокот кандидати за селектор на македонската фудбалска репрезентација од ден за ден се проширува. Вчера на разговор со претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески требаше да биде и поранешниот тренер на Вардар, Тетекс и Работнички, Зоран Стратев. Тој исто како и неговите претходници требаше да ја образложи својата програма за работа со националниот тим.
- И Зоран Стратев приложи кандидатура за селектор и беше закажан разговор со претседателот Хаџи-Ристески во просториите на ФФМ. Листата на кандидати секој ден се зголемува, но до петок, до седницата на Управниот одбор, нема да се знае името на новиот селектор. Ако Управниот одбор не се одлучи за ниеден од пријавените кандидати, може да се случи изборот да биде пролонгиран до следната седница - вели генералниот секретар Игор Климпер.
Откако се откажаа Ѓоре Јовановски и Ѓоко Хаџиевски, во моментов, кандидати за селектор на македонската фудбалска репрезентација се: Чеде Јаневски, Артим Шаќири, Илчо Ѓоргиоски, Зоран Стратев, како и странците Зија Доган, Пламен Марков, Ненад Грачан, Зоран Филиповиќ, Љупко Петровиќ, Клаус Аугенталер, Ќиро Блажевиќ и Ален Жирес.
Управниот одбор на ФФМ ќе заседава в петок, од 15 часот, во Прилеп

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2011 во 02:07

Тивка елиминација на Македонците

Сега Германецот Клаус Аугенталер и Бугаринот Пламен Марков се водечки кандидати за преземање на нашата репрезентација

Фудбалската федерација на Македонија, според последните информации токму од нејзините кругови, ќе се насочи кон странско име на клупата на националниот тим откако најсериозните домашни кандидати за наследник на Мирсад Јонуз веќе се откажаа од трката за селекторската функција.

Начинот на кој Управниот одбор на ФФМ го избира македонскиот селектор без навремени конкретно прецизирани ставови, критериуми и услови за "изгледот" на предводникот притоа со постојано одолговлекување на одлуката едноставно изминативе денови донесе тивка елиминација на Македонците од трката за нов водач на нашата сениорска клупа.

"Не може повеќе од еден месец да се калкулира со избор на нов селектор, а притоа од Управниот одбор на ФФМ да не слушнеме ниту еден конкретен став што навистина сакаат од новиот селектор. Дали има цврста одлука дали се сака домашен или странски тренер, дали амбициите се за апсолутен резултатски блесок веднаш или континуирано градење на нова селекција? Сите тие недоречености оставаат впечаток на несериозност поради што ние како професионалци мора да го бараме својот конкретен пат, а не постојано да живееме во очекување. Дали тоа се прави свесно да се елиминираат домашните тренери или, сигурно не знаеме, но едноставно како веднаш да беше ставено до знаење дека сепак ќе биде странец на тренерската клупа", е еднаков ставот на дел од македонските тренери кои изминативе денови го следат изборот на новиот селектор.

Ѓоре Јовановски, уште по првиот разговор со претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески, се откажа од трката, а по најавите за ангажман во странство веќе се откажаа и најсериозните кандидати Ѓоко Хаџиевски, за кого фудбалската јавност сметаше дека е веќе сигурен наследник на Јонуз, како и Чеде Јаневски кој е пред официјализирање на преселбата во грчкиот прволигаш Кавала. Сепак, од канцеларијата на ФФМ и натаму нагласуваат дека воопшто не се откажеле и од идејата македонски тренер и натаму да ја води селекцијата.

"Нема никаков став дека нема да биде Македонец на клупата на репрезентацијата. Ние и претходно истакнавме дека единствено мора да се согласат нашите амбиции и амбициите на идниот селектор за да дојдеме до заеднички договор. Ќе се бара искусно име од кое веднаш ќе се бараат резултати", велат од ФФМ.

Но, нескриен факт е дека некако во преден план во моментов остануваат единствено странските имиња во трката за нов кормилар на селекцијата. Според нашите информации, Германецот Клаус Аугенталер и Бугаринот Пламен Марков се водечки претенденти за преземање на националниот тим, иако како што е познато свои кандидатури до ФФМ доставија и Хрватот Чиро Блажевиќ, Французинот Алан Жирес, Србинот Љупко Петровиќ, Црногорецот Зоран Филиповиќ како и Турчинот Зија Доган. Управниот одбор на ФФМ претходно најави дека најдоцна до 15 јули ќе биде избран новиот македонски селектор.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2728293031 35>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.