IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Останати спортови
  Активни теми Активни теми RSS - Занимливости - останати спортови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Занимливости - останати спортови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2011 во 07:06

ТОП 5 НОКАУТИ НА СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ

Не, тука нема да стане збор за моќните аперкати и крошеа на Вели Мумин и на Примислав Димовски. Во спортот е вообичаено навивачи да се тепаат меѓу себе, но гневот понекогаш излегува од рамките на трибините и се шири кон теренот. Било од тупаници било од фрлени предмети, во такви ситуации знаат да настрадаат и спортисти, тренери, судии и други службени лица. Всушност, никој не е поштеден.

1. Гунар Прокоп

Хрватите го имаат Звонимир Бобан, ние го имаме Џандар. Сликата на спружениот газда на Хипо на паркетот во СРЦ "Кале" е веќе толку легендарна, што заслужи барем да се најде на поштенска марка. Настанот е првото финале на ѓорчепетровки во Лигата на шампионите во 2000 година, а македонскиот ракомет го плати со едногодишна суспензија од сите меѓународни натпреварувања.

2. Чедо Николовски

Ретко се случува на терен да биде нападнат претседател на спортска федерација. Веројатноста за тоа се зголемува доколку тој, истовремено, е во улога на судија. Така, првиот човек на македонското борење лани беше нокаутиран откако не досуди туш, па ја смени својата одлука во корист на Бучим. Нокаутот не е карактеристичен за борењето, но Бобан Данов од штипски Балканец малку се занесе.

3. Марин Докузовски

Навивачите на МЗТ Скопје оваа сезона стигнаа да избркаат свој и да повредат противнички тренер. Само три натпревари откако се врати на клупата на Работнички, Докузовски и се израдува и се покаја за тоа. Неговиот тим изненадувачки го освои Купот, а селекторот беше нападнат со палка од тапан, која го легна на паркетот, откако го погоди во градите.

4. Жорж Амбурет

Секакви маки видоа фудбалерите на Македонија ЃП на патот кон својата прва титула во 2009 година, а најкритично беше на дербито со Ренова во Тетово. Тоа беше прекинато по првите 45 минути, откако репрезентативецот на Габон беше удрен на патот кон соблекувалните по добиениот црвен картон. Место да го заштити од вакви работи, некој од обезбедувањето си даде слобода да дели дополнителна правда.

5. Пепи Манасков

Машката ракометна репрезентација беше на прагот на својот прв пласман на едно големо натпреварување (ЕП 1998 во Италија), но прво требаше да се издржи гостувањето во Орадеа (Романија). Колку не беше наивно тоа, на своја кожа, поточно, на своја глава, почувствува капитенот Пепи Манасков, кој беше погоден со паричка додека се подготвуваше да изведе еден седмерец.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2011 во 23:08

ТОП 5 недостижни постигнувања

Заборавете на хокејот, уметничкото лизгање и на ватерполото, Македонија има долга и успешна традиција во некои сосема други спортови. Но, место да се инвестира во спортовите за кои докажано сме талентирани, тие ги доживуваат своите најтешки моменти, го допираат дното, а некои се и речиси пред умирање. Затоа резултати како овие уште долго време нема да бидат повторени.

1. Мурат Рамазанов

Сакаме да се пофалиме дека борењето е најтрофејниот спорт во Македонија, но тоа е нешто што важи од минатиот век. Потоа спаднавме на увезените кадри Могамед Ибрагимов и Мурат Рамазанов, кој ни донесе две европски бронзи (2005 и 2007 г.). Денес имаме ситуација четворицата македонски борачи да остварат вкупно една победа на Европското првенство во Ајндховен.

2. Мирјана Бошевска

Пливачите со норма, а не со вајлд-карта, своевремено беа најбројниот дел од македонските олимписки тимови, а врвот на една одлична генерација беше достигнат на Европското првенство 2002 во Берлин, каде што Бошевска заврши на четвртото место на 400 метри мешано. Денес имаме пливачи, а немаме базени. Ако имаат среќа, ќе добијат стипендија за студии во САД.

3. Александар Китинов

Факт е дека Магдинчев и Русевски ја донесоа тениската еуфорија во Македонија со резултатите во Дејвис купот, но ниту тие не успеаја да се пробијат на АТП-сцената. Специјализирајќи се за игра во двојки, Китинов освои три титули во седум финалиња (Борнмаут, Базел и Бук*решт) и дотурка до одличното 38. место на АТП-листата. Првиот рекет на Македонија денес е Томислав Јотовски на 1.278. место.

4. Работнички Фершпед

Точно три децении по настапот на Вардар на завршниот турнир на Купот на европските шампиони, македонската одбојка во 2006 година повторно имаше екипа меѓу најдобрите четири на континентот, овој пат во Топ тимс купот. Работнички на крајот беше четврти во Модена и како што ја испиша најубавата страница во својата богата историја, така почна и да згаснува. Клубот денес не постои.

5. Владимир Георгиев

Злато за Драгољуб Јаќимовиќ во Истанбул во 2000 г., осмо место за мажите во Блед две години подоцна, па сребро за Владимир Георгиев во Калвија во 2004 г., македонската репрезентација имаше серија незаборавни настапи на три шаховски олимпијади по ред. Но, Македонија повеќе од десет години нема нов велемајстор, а на ланските ОИ во Ханти-Мансиск, спротивно на рејтингот, бевме пласирани под 50. место.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2011 во 09:01

ТОП-5 ФУДБАЛСКИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ-ШАМПИОНИ

Со по три шампионски титули во дресот на Динамо Загреб, односно Партизан, Гоце Седлоски и Милан Стојановски се нашите најтрофејни фудбалски интернационалци во последните 20 години. Хрватска, Србија, Бугарија... тоа се лигите во кои македонските фудбалери полесно се пробиваат и неретко се вистински ѕвезди, а Артим Шаќири (Халмстад) и Зоран Јовановски (Хелсингборгс) отскокнаа од просекот, па славеа титула во Шведска.

1. Горан Пандев

Лига: Серија А, Италија (4. место на листата на УЕФА).
Најдобриот македонски фудбалер пристигна во Интер во најдобар момент, кога, под водство на Жозе Мурињо, беше на врвот на својата моќ. "Нераѕурите" ја завршија 2010 година со пет титули, вклучувајќи го и 18. скудето, а Пандев стана првиот Македонец кој бил првак во некое од петте најсилни европски првенства.

2. Игор Митрески

Лига: Премиерлига, Русија (7. место).
Пред да дебитира за репрезентацијата, Митрески веќе играше во Лигата на шампионите, а во првата сезона во дресот на Спартак Москва дојде до титулата првак на Русија во 2001 година и се најде во поширокиот идеален тим на сезоната. Московјани тогаш во тимот имаа уште двајца Македонци: Никола Ѓошевски и подзаборавениот Игор Стаменовски.

3. Тони Савевски

Лига: Суперлига, Грција (11. место)
Ниту еден македонски спортист не уживал таков статус во Грција како Савевски. Тоа го заслужи со настапите за атински АЕК, каде што помина 13 години како играч. АЕК има 11 шампионски титули, а последните четири (1989, 1992, 1993, 1994) се по заслуга токму на Савевски, кој денес работи во младинскиот погон на клубот.

4. Гоце Толески

Лига: Гамбринус лига, Чешка (18. место)
Откако одигра одлична есенска полусезона во дресот на Мост, Толески и пристапи на Славија Прага во јануарскиот преоден рок во 2008 година. На крајот од таа сезона, заедно ја славеа 15. шампионска титула во историјата на клубот (петта во Чешка), но тој се задржа тука само една година.

5. Иван Тричковски и Бобан Грнчаров

Лига: Прва дивизија, Кипар (20. место)
Кипар последниве години е вистинска мека за македонските фудбалери, но само двајца од нив се радуваат на крајот од оваа сезона. Минатиот викенд, АПОЕЛ од Никозија ја обезбеди рекордната 21. титула првак на Кипар, за што Тричковски придонесе со девет гола, а Грнчаров беше столб на една од најдобрите одбрани во лигата.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2011 во 05:34

ТОП 5 ИЗГОВОРИ

Пораз секогаш тешко паѓа. Некои се заслужени, некои се помалку заслужени, но ниту еден не може да помине, а за него да биде виновна исклучиво лошата игра. Секогаш има нешто повеќе тоа, секогаш тој може да се оправда со некои надворешни фактори и да се покрие со соодветно алиби. Ова се петте најчести, па и стереотипни изговори, со кои однапред или подоцна се служат тренери и играчи.

1. Руска школа

Без разлика дали играме против Естонци, Азербејџанци или Ерменци, македонските екипи сите ги сведуваат на руска школа, нешто што своевремено беше поим за почит. И не е важно што овие држави се независни веќе 20-ина години и што, во меѓувреме, изградиле свој сопствен стил. Друга работа е со колку играчи тие навистина придонесле во репрезентациите на некогашниот Советски Сојуз.

2. Судии

Оние кои би требало да делат правда и да се грижат за обезбедување фер-плеј и регуларност на натпреварите, неретко се ставаат во првата реченица кога се приговара и критикува, дури и во случај на победа. Се добива впечаток дека луѓето во црно ги имаат зацрнето македонските екипи на секој втор натпревар, особено во ракометот, каде што тие имаат најголемо влијание врз играта.

3. Буџет

Прво што забележуваат македонските екипи кога треба да играат со некој силен и реномиран клуб е разлика во буџетите, која понекогаш е навистина енормна. На теренот на крајот ќе истрча подеднаков број играчи од двете страни, но не е одвишно да се посочи дека предноста на противникот е во тоа што може да си приушти големи и скапи ѕвезди и што работи во попрофесионални услови.

4. (Не)искуство

Тоа е картата на која често се губат натпревари и особено доаѓа до израз во оние завршни, решавачки моменти, кога од играчите се бара да бидат психолошки најстабилни и најподготвени. Пречесто повикувајќи се на овој фактор, се добива впечаток дека македонските екипи секоја сезона одново и одново дебитираат на големи натпревари и дека постојано прават смени на генерации.

5. Гостопримство

Иако веќе 20-ина години сме присутни на меѓународната спортска сцена, некои се уште се дрзнуваат да третираат македонски спортисти како граѓани од втор ред. Колку пати сме се пожалиле дека очекуваното хотелско сместување било заменето со интернат или со друг недостоен објект, а веќе сме навикнале да бидеме изложени на ситни валкани игри околу теренот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2011 во 05:20

ТОП 5 НЕОБИЧНИ ИМИЊА НА КЛУБОВИ

Добрата страна на играњето на меѓународната спортска сцена е што притоа се запознаваат некои нови средини и екипи. Против Ливерпул, Барселона и Кил е атрактивно и предизвикувачки да се игра, но тешко е да се очекува резултат. Во зависност од спортот, ние можеме да се мериме со екипите од Грузија, Естонија, Скандинавија... и секоја сезона оттаму налетува нешто необично, интересно и симпатично.

1. Чоколит бојс

Иако повеќе звучи како име на машки бенд, Чоколадни момчиња, всушност, е естонски ракометен тим, кој ваквото име му го должи на својот поранешен спонзор, фабрика за слатки. Естонците се сретнаа со Вардар во Купот на победниците на куповите во 2008 година и не поминаа баш сјајно, но тешко дека некој ќе се сетеше на тоа да не беше ова навистина необично име.

2. Жемаитијос Локјаи

Жалгирис и Лиетувос ритас се клубовите со кои се поистоветува литванската кошарка. И среќа што е така, бидејќи Жемаитијос Локјаи, дефинитивно, не е атрактивно име за најдобрата екипа на една земја. Без разлика на тоа, Жемаитијос Локјаи беше доволно тежок противник за Работнички, па го совлада во двете меѓусебни средби во Купот Сапорта во 1998 година.

3. Шљауљај

Литванските имиња се вистинска ноќна мора за дешифрирање и изговор. Ако некому нешто му значи, ова е четвртиот град по големина во Литванија и оттаму доаѓа истоимениот ракометен клуб, кој пред 12 години гостуваше кај Младост во Богданци, во рамките на Купот на ЕХФ. Шљауљај, сепак, далеку подобро котира во кошарката, каде што е веднаш зад најдобрата двојка.

4. Крусејдерс

Северноирските "крстоносци" тргнаа во поход на Македонија пред две години, но беа запрени уште на свој терен. Тимот од Белфаст беше релативно лесен залак за македонски фудбалски услови, па Работнички ремизираше на гости (1:1) и му уфрли четири парчиња во Скопје. Клубот, кој датира уште од 19 век, може да се пофали со четири титули првак на Северна Ирска.

5. Дуделанж

Екипите од Луксембург се меѓу најомилените противници на македонските клубови во еврокуповите. Тоа е држава која можеме да ја победиме во кој било спорт, а најубаво е кога тоа е фудбалот. Дуделанж двапати се обиде да промени нешто во тој поглед, но и во двата случаја беше елиминиран, иако никогаш убедливо: првин од Вардар, а потоа и од Работнички.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2011 во 05:41

ТОП 5 МАЛИ КЛУБОВИ ЗА ГОЛЕМИ КАРИЕРИ

Воопшто не е невообичаено големите спортски ѕвезди да ги доиграат последните сезони од својата кариера далеку од Серија А, Премиерлига, Бундеслига... Кој не би сакал да заработи некој милион повеќе на залезот од кариерата? Повеќемина се решаваат за богатите арапски земји, Дејвид Бекам и Тјери Анри ги избраа САД, а Ривалдо не се срамеше за големи пари да игра во Узбекистан. Некои од најпознатите македонски спортисти, сепак, ги завршија своите кариери во не така голем стил.

1. Панчев во Сион

Кариерата на најдобриот македонски фудбалер на 20 век нагло тргна по надолна линија по трансферот од Црвена звезда во Интер во 1992 година. Не само што таму не се изнаигра туку по оваа епизода за заборав, тој се обиде да се врати преку, за негово реноме, второкласни клубови. По Лајпциг и Фортуна Диселдорф, Панчев заврши во швајцарскиот прволигаш Сион, но само за една сезона.

2. Радуловиќ во Кабран амбалажа

Ризикувајќи да не настапи на ЕП 2008 во Македонија поради немање клуб, двократната европска првенка, по Кометал ЃП, Хипо и Слагелсе, прифати да игра за овој ракометен суперлигаш од Кавадарци. Како проект кој многу бргу ги потроши своите амбиции, тој престана да постои уште истата зима, па Вале повторно остана без клуб по само неколку месеци. По ЕП, веќе не ни заигра ракомет.

3. Христов во Јиваскила

Заминувајќи од Пелистер уште како младинец, долгогодишниот најдобар стрелец на македонската фудбалска репрезентација настапуваше во десет различни првенства во текот на својата кариера. Меѓу нив, особено се истакнуваат сезоните во Англија и во Холандија, а откако ја освои шампионската титула во Азербејџан со Баку, тој заврши во скромниот фински прволигаш ЈЈК.

4. Шаќири во Карабах

Стрелецот на најславниот гол во историјата на македонскиот фудбал, исто така, често менуваше клубови во својата кариера, па опфати екипи од англиската Премиерлига до Лихтенштајн. Ретко каде се задржа повеќе од една сезона, а последната станица му беше Азербејџан, кој денес е една од меките за македонските фудбалери. Карабах нема лошо реноме во тамошниот фудбал и еднаш дури беше шампион.

5. Кастратовиќ во Рокаса

Кога на крајот од сезоната 2005/06 Кометал ЃП шокантно одлучи да се збогува со најдобрата македонска ракометарка, тоа беше конечното раскрстување на клубот со сите свои легенди. Иако 35-годишна, Индира не се предаваше и за своја нова дестинација го избра шпанскиот прволигаш Рокаса. Сепак, предалеку од дома, таа по само три месеци ја напушти Гран Канарија и се повлече од терените.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2011 во 05:53
ТОП 5 СЕРИИ БЕЗ ТРОФЕЈ

"Вратете се кога ќе ги имате 18", му порачаа навивачите на Ливерпул на својот лут ривал Манчестер јунајтед во 1990 година, несвесни дека со тоа се проколнуваат самите себеси. Оттогаш трае најславниот пост на еден клуб во светот на фудбалот и осумгодишниот период без титула на Јувентус е неспоредлив со агонијата што ја преживуваат многубројните фанови на "црвените" низ целиот свет. Но тоа е спортот, полн со подеми и со падови, со црни и со трофејни серии.

1. КК МЗТ Скопје

Скопската населба Аеродром живее за кошарката и, се чини, никој во Македонија не посакува шампионска титула повеќе од навивачите на МЗТ. Нивното трпение како да нема крај и, можеби, токму таа вечна потрага по титулата ги држи толку приврзани за овој клуб. Воопшто гледано, МЗТ за последен пат се радуваше на трофеј во 2000 година, кога беше освоен Купот по четврти пат.

2. ФК Вардар

Нашиот најпопуларен фудбалски колектив од следната сезона ќе биде најтрофејниот второлигаш во историјата на македонскиот спорт. Омилена средина за сплеткарење, страдањето и падот на "црвено-црните" траеја долго време и, како резултат на тоа, престанаа да доаѓаат и титулите. Вардар за последен пат беше шампион во 2003 година, а четири сезони подоцна освои само уште еден Куп-трофеј.

3. РК Пелистер

Пренесувајќи го своето реноме од поранешна Југославија, Битола цела деценија важеше за главен бастион на македонскиот ракомет. Но, како што Вардар, а потоа и Металург стануваа сè помоќни така и титулите почнаа да го одминуваат Пелистер, кој со текот на времето го загуби и статусот на најтрофеен ракометен клуб. Битолчани чекаат трофеј од 2005 година, кога, со помош на Трифун Костовски, ја славеа двојната круна.

4. ОК Струмица

Струмица секогаш важела за најголем расадник на одбојкарски таленти во Македонија, но корист од тоа најчесто имале некои други клубови. Доаѓајќи од Првата сојузна лига, струмичките одбојкари ја освоија единствената шампионска титула во првата сезона од осамостојувањето на Македонија, во 1993 година, а потоа неприкосновениот Работнички стапи на сцена.

5. РК Борец

Како и Пелистер, и велешани можат да се пофалат дека биле членови на, своевремено, најквалитетната ракометна лига во Европа, стигнувајќи и до финалето на Купот на СФРЈ. Борец го оправдуваше ваквото свое реноме и во првите сезони на самостојното македонско првенство, па првин го освои Купот во 1994 година, а една сезона подоцна стана и шампион, промовирајќи го Кире Лазаров.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2011 во 06:09

ТОП 5 ФУДБАЛСКИ ВЕЛИКАНИ ВО ВТОРА ЛИГА

Вардар и Пелистер, двете најпознати фудбалски имиња од Македонија, следната сезона во пакет се селат во Втората лига. Сосема заслужено, ако се суди според единствениот важечки критериум - резултатите.

Истото ги снајде и поранешните шампиони Депортиво Ла Коруња во Шпанија и Сампдорија во Италија, но таму не постојат заштитени брендови во спортот, па никој не побара да се прошират Примера и Серија А. Ако се доволно добри, ќе се вратат во елитата уште следната пролет, како што правеле и други великани на европскиот фудбал.

1. Манчестер јунајтед

Само шест години откако стана првиот англиски клуб кој го освоил Купот на европските шампиони, Манчестер испадна од елитното друштво. Тоа беше кулминација на неколкуте лоши сезони по освојувањето на европската титула во 1968 година, а, во меѓувреме, си заминаа и Боби Чарлтон, Денис Ло и Џорџ Бест. Како седумкратен англиски првак, Јунајтед ја помина сезоната 1974/75 во втората лига.

2. Валенсија

Векот го почна со две финалиња на Лигата на шампионите, но 80-ите, несомнено, беа период за заборав за еден од најпопуларните клубови во Шпанија. Преживувајќи тешка резултатска и финансиска криза, Валенсија го допре дното во 1985 година, кога не успеа да обезбеди опстанок во Примера. Сепак, бргу се консолидираше и по само една сезона се врати меѓу најдобрите.

3. Атлетико Мадрид

Под водство на контроверзниот претседател Хесус Хил, Атлетико успеа да ја прекине 12-годишната доминација на Барселона и Реал Мадрид и да ја освои својата деветта шампионска титула во 1996 година. Но, кога тој се најде зад решетки три години подоцна, клубот буквално се растури и уште истата сезона испадна од Примера. Во Сегунда остана наредните две сезони.

4. Лацио

"Дербито на Рим" не беше во програмата на Серија А баш секоја сезона. И додека Рома само еднаш играше надвор од елитата (1951/52), Лацио имаше далеку потурбулентни периоди во својата историја и неколкупати испаѓаше во Серија Б, а во 1987 година беше на чекор и до Серија Ц. Тоа како да ги освести римјаните, па се вратија во елитата наредната година и почнаа да освојуваат и домашни и европски трофеи.

5. Борусија (М)

Златната ера на денес помалку популарната Борусија се одвиваше во 70-ите години од минатиот век, кога ги освои сите свои пет титули во Бундеслигата и стигна до финале на КЕШ. Со тек на годините станувајќи просечен прволигаш, Борусија за првпат заврши во понизок ранг во 1999 година и оттогаш постојано гравитира меѓу првата и втората Бундеслига. Така беше и сезонава, кога едвај се спаси.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2011 во 23:49

ТОП 5 ЕВРОПСКИ ФИНАЛИЊА НА МАКЕДОНСКИ СПОРТИСТИ

Лани ова време, Македонија се уште беше опиена од триумфот на Горан Пандев во Лигата на шампионите. Друг македонски спортист кој се закити со европски трофеј беше Драгана Пецевска, која славеше со Будуќност во Купот на победниците на куповите. Сезоната 2010/11 е речиси завршена, а Македонија, како ретко кога досега, може да се пофали дека имаше свои спортисти во големи финалиња, иако тие, главно, губеа во нив.

1. Наташа Илиевска

Злато од големите натпреварувања ретко доаѓа во Македонија. Наташа Илиевска ни овозможи за момент да заборавиме на овој поразителен податок, кога стана европска шампионка во карате на првенството што се одржа во Цирих. Две години откако освои сребро во Загреб, Наташа напредуваше скалило повисоко и оствари еден од најголемите успеси на македонскиот спорт воопшто.

2. Кире Лазаров

Играјќи цела деценија во елитата на европскиот ракомет, време беше да го видиме Кире и во финале на Лигата на шампионите. Услови за тоа се создадоа откако минатото лето направи трансфер во една од најдобрите европски екипи, Сиудад Реал, каде што одлично се вклопи. Сепак, како во домашното првенство така и во ЛШ, титулата му ја однесе лутиот ривал Барселона.

3. Наташа Андонова

Во сенка на големото финале помеѓу Барселона и Манчестер јунајтед, Олимпик Лион за првпат стана европски првак во фудбал во женска конк*ренција. Во финалето, одиграно на стадионот на Фулам во Лондон, Французинките го совладаа со 2:0 бранителот на трофејот, Турбине Потсдам, чиј дрес од оваа сезона носи нашата Андонова. Таа не беше во тимот за финалниот натпревар.

4. Мејси / Вилкинсон

Тројца македонски кошаркарски репрезентативци стигнаа до завршницата на Еврочеленџ купот на ФИБА, но, на крајот, сите останаа со празни раце. Спартак на Перо Антиќ беше елиминиран во полуфиналето, и тоа токму од Локомотив Кубан, за кој настапуваат двајцата Американци со македонски пасош. Џеремаја Мејси и Мајк Вилкинсон потоа го загубија трофејот од словенечка Крка.

5. Ленче Илкова

Иако и припаѓа на истата генерација на Пецевска, Црвенкоска, Мечевска... Илкова, конечно, доби постојано место во женската ракометна репрезентација по одличната европска сезона со тимот на Муратпаша. Станува збор за првиот турски клуб кој стигнал до финале на некој европски куп, со тоа што трофејот на Челенџ купот, сепак, заврши во витрините на француско Мио Бигано.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јуни.2011 во 00:50

ТОП 5 шампиони со нов идентитет

Испаѓањето на Вардар од Првата фудбалска лига не треба да се сфати како потоп на македонскиот спорт, но секако претставува кулминација на континуираното пропаѓање на некои од нашите најпознати екипи. Денес - шампиони, утре - на раб на егзистенција, тоа е (пре)честата слика на домашната спортска сцена. На некои клубови им беше поедноставно целосно да се укинат и потоа да почнат одново, занемарувајќи ја традицијата.

1. ФК Викторија

УЕФА практично ја згасна прилепска Победа, кога во 2009 година и изрече осумгодишна забрана за натпреварување поради местење на мечот од Лигата на шампионите со Пјуник. Тоа не значеше и крај на фудбалот во овој град. Прилеп наесен повторно ќе има прволигаш - 11 Октомври, а врз темелите на поранешниот двократен првак беше создаден тимот на Викторија, кој оваа сезона стартуваше како третолигаш.

2. КК АБА

Љубителите на кошарката во Струмица не можеа да уживаат долго во успесите на својот истоимен клуб. Во 2007 година се славеше титулата, а само 12 месеци подоцна, веднаш откако загуби во финалето на плеј-офот од Фени, КК Струмица престана да постои, бидејќи беше напуштен од грчкиот спонзор. Кошарката во Струмица ја вратија Американци, кои формираа нов клуб - АБА, денес прволигаш.

3. ФК Ѓорче Петров

Бесмислената одлука на управата да се бојкотираат прволигашките средби го одведе тогаш актуелниот шампион Македонија ЃП на општинско ниво на натпреварување. Таму не останаа долго. Ѓорчепетровци прво се фузираа со тимот на Шишево, што им обезбеди напредок во Третата лига, а потоа, преку зелениот терен, се изборија за повторен настап во второлигашкото друштво, но без шампионското име Македонија.

4. РК Ѓорче Петров

Ѓорчепетровки со години ја усреќуваа нацијата, а кога спонзорот Трифун Костовски одлучи да се повлече од клубот, преку ноќ сите кренаа раце од нив. Без славната додавка Кометал, клубот едвај преживуваше и во текот на минатата сезона презеде нови чекори во обидот да опстане. Се врати во својата матична населба и се спои со школата на својот легендарен тренер Владимир Радиќ.

5. ОК Џио Струмица

Струмичката одбојка долго време имаше локални ривали во екипите на Македонија Џио и Струмица, инаку, првиот шампион во самостојна Македонија. Играчки и финансиски, тоа беше преголем товар за така мала средина, па, за да се подигне квалитетот, пред неколку години дојде до обединување на двата клуба.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2011 во 12:28

ТОП 5 АК­ТИВ­НИ РЕП­РЕ­ЗЕН­ТА­ТИВ­ЦИ СО НАЈ­ДОЛГ СТАЖ

Ма­ке­дон­ска­та фуд­бал­ска реп­ре­зен­та­ци­ја е во оче­ку­ва­ње на сво­јот 200. ју­би­ле­ен иг­рач. За ва­ка ма­ла др­жа­ва, тоа е за­вид­на број­ка фуд­ба­ле­ри кои до­би­ле шан­са да го об­ле­чат нај­дра­го­це­ни­от дрес од пр­ви­от нат­пре­вар про­тив Сло­ве­ни­ја пред не­пол­ни 18 го­ди­ни. Но, би­деј­ќи не­ма не­за­мен­ли­ви, ту­ку се ва­жи са­мо мо­мен­тал­ни­от ква­ли­тет, рет­ки се тие кои оп­ста­на­ле во на­ци­о­нал­ни­от тим по­ве­ќе од де­сет го­ди­ни и кои ус­пе­а­ле тол­ку дол­го да ја одр­жат до­вер­ба­та, без раз­ли­ка на про­ме­ни­те на се­лек­тор­ска­та клу­па.

1. Ве­ли­че Шу­му­ли­ко­ски

Де­би: 28.07 2000 про­тив Азер­беј­џан.
Ано­ни­мен за ма­ке­дон­ска­та јав­ност во вре­ме­то на де­би­то на тур­ни­рот во Вар­на, стру­жа­не­цот де­нес е не­за­мен­лив во сред­ни­от ред на на­ци­о­нал­ни­от тим, иа­ко не­го­ви­от при­до­нес во иг­ра­та е рет­ко за­бе­леж­лив. Во ме­ѓув­ре­ме, стиг­на до број­ка­та од 73 нас­та­пи и пред не­го се са­мо уш­те Ар­тим Ша­ќи­ри (75) и Го­це Сед­ло­ски (100) на веч­на­та лис­та.

2. Го­ран Пан­дев

Де­би: 23.12 2000 про­тив Ас­ту­ри­ја.
Нај­доб­ри­от ма­ке­дон­ски фуд­ба­лер има­ше са­мо 17 го­ди­ни ко­га за прв­пат го об­ле­че реп­ре­зен­та­тив­ни­от дрес, до­ду­ша на не­о­фи­ци­ја­лен нат­пре­вар, па вис­тин­ско­то де­би ус­ле­ди шест ме­се­ци по­доц­на. Се­га е на 59 нас­та­пи и 23 го­ла, што го пра­ви нај­до­бар стре­лец на ма­ке­дон­ска­та реп­ре­зен­та­ци­ја.

3. Игор Мит­ре­ски

Де­би: 28.02 2001 про­тив Чеш­ка.
Де­вет де­на от­ка­ко на­пол­ни 22 го­ди­ни, Мит­ре­ски до­би го­ле­ма од­го­вор­ност да зас­та­не во цен­та­рот на од­бра­на­та на ма­ке­дон­ски­от на­ци­о­на­лен тим и от­то­гаш ре­дов­но го гле­дав­ме во тан­дем со Го­це Сед­ло­ски. Со одиг­ра­ни 69 сред­би за реп­ре­зен­та­ци­ја­та, не­го­во­то ис­ку­ство е го­лем адут кај кој би­ло се­лек­тор.

4. Бо­бан Грн­ча­ров

Де­би: 30.12 2001 про­тив Оман.
Ка­ко 19-го­диш­ник, се нај­де ме­ѓу де­вет­те­ми­на де­би­тан­ти во реп­ре­зен­та­ци­ја­та, ко­ја со суд­ни ма­ки бе­ше сос­та­ве­на за но­во­го­диш­на­та тур­не­ја на Блис­ки­от Ис­ток. Се­пак, ви­со­ки­от де­фан­зи­вец баш и не мо­же да се по­фа­ли со не­ко­ја стан­дар­дност во ти­мот, на што и се дол­жи број­ка­та од са­мо 21 нас­тап.

5. Ацо Стој­ков

Де­би: 21.08 2002 про­тив Мал­та.
Иг­ра­чот од ко­го се оче­ку­ва­ше ка­ри­е­ра на ни­во на Го­ран Пан­дев, ис­то та­ка, за прв­пат до­би шан­са ка­ко ти­неј­џер, но ос­та­на не­до­ре­чен. Не­го­ви­от на­па­ѓач­ки учи­нок во реп­ре­зен­та­ци­ја­та из­не­су­ва 41 нас­тап и са­мо пет го­ла, си­те на ква­ли­фи­ка­ци­ски сред­би, ос­та­ну­вај­ќи во ком­би­на­ци­и­те кај си­те се­лек­то­ри.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2011 во 13:06

ТОП 5 НЕУСПЕШНИ ТРАНСФЕРИ

Трансфер-пазарот на спортисти е толку раздвижен, што не поминува ден, а да не сме бомбардирани со помалку или повеќе засновани шпекулации за тоа кој каде оди. Сето тоа е и еден вид реклама за клубовите, кои се натпреваруваат меѓусебе кој (фиктивно) ќе понуди повеќе за некој играч. Се разбира, секогаш е поголем бројот на неуспешните, отколку на успешните трансфери, кои пропаѓаат и кога се чини дека веќе ништо не може да ги расипа.

1. Христов во Вардар

Заминувајќи во Партизан како 18-годишник, поранешниот прв голгетер на репрезентацијата не стигна да заигра во Првата македонска лига. Желбата не му се оствари ниту на залезот на кариерата, иако еднаш беше виден со дрес на Вардар во рацете. Во февруари 2009 година, Христов, наводно, потпиша едногодишен договор со "црвено-црните", но, место на Градски, заврши во Финска.

2. Мојсоски во Вилпен

Во својот прв обид да ја продолжи кариерата во странство, еден од нашите најдобри ракометари направи таква мешаница, што заработи суспензија од ЕХФ. Мојсоски прво потпиша преддоговор со францускиот второлигаш Вилпен, па потоа се премисли и реши да остане во Пелистер, занемарувајќи дека тоа баш и не се прави така. Одговорот на ЕХФ беше шестмесечна суспензија.

3. Јалчин во Слога

Кога прволигашот од Чаир спектакуларно го претстави турскиот репрезентативец Серген Јалчин како засилување за својата екипа, тоа, всушност, беше параван за сосема друга игра. Јалчин немал намера да остане ниту ден во Слога, туку таа само требаше да му помогне да се пресели од Фенербахче во лутиот ривал Галатасарај, каде што го отстапи веднаш потоа.

4. Погорелов во Металург

Кога во 2008 година Металург спектакуларно објави дека во Автокоманда го довел поранешниот олимписки, светски и европски првак, тоа со право беше видено како најголем трансфер во историјата на македонскиот ракомет. Сепак, оние кои го виделе Русинот тврдат дека тој беше само половина играч, алудирајќи на неговата ужасна физичка подготвеност, па Металург бргу се ослободи од него.

5. Портјанко во Подравка

Како што стануваше јасно дека ситуацијата во Кометал ЃП нема да се подобри, така и играчите еден по еден си заминуваа. Турција беше само попатна станица за Портјанко кон трансфер во посоодветен клуб за нејзините квалитети и Подравка се чинеше токму таков. Но, Јуле баш немаше среќа. Само што почна со подготовките во новата средина, и хрватскиот првак сфати дека е во криза, па ги отпушти сите странски ракометарки.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2011 во 05:33

ТОП 5 ПРОСЛАВИ

Бившите ју-народи баш знаат да слават успеси на своите врвни спортисти. Во понеделникот, над 100.000 луѓе во Белград му се поклонија на победникот на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, а иста таква еуфорија претходно владееше во Загреб за Јаница и Ивица Костелиќ, како и за Горан Иванишевиќ во Сплит. Ист третман добиваа и ракометари, кошаркари, ватерполисти... А, Македонија? Ние досега не сме имале такви постигнувања, но во неколку наврати покажавме колку сме желни за нив.

1. Кометал ЃП

Плоштад Македонија никогаш, ни порано ни подоцна, не бил така полн како таа вечер на 19 мај 2002 година. Македонија го славеше својот европски шампион во ракомет и сите оние кои не можеа да влезат во "Кале" си најдоа место во центарот на градот, па макар и на некое од дрвјата. Во времето кога на плоштадот немаше ниту еден споменик, беше возможно да се соберат и 30.000 луѓе.

2. Победа

Прашањето на новиот фудбалски шампион веќе беше решено, кога Слога Југомагнат гостуваше во Прилеп на крајот на мај во 2004 година. Победа за првпат ја освои титулата и тоа мораше да се прослави на соодветен начин. А, тоа почна уште пред почетокот на средбата, кога за половина час беше изеден цел бик од половина тон, кој се печеше на врвот на трибината. Славењето продолжи на улиците на Прилеп.

3. Ракометарките на СП 1997

Сепак, ракометната еуфорија во Македонија не почна со Кометал ЃП, туку со првиот настап на женската репрезентација на големите натпреварувања. Освојувајќи го седмото место на СП 1997 во Германија, што беше до тогаш невиден резултат за македонскиот спорт, нашите најдобри ракометарки станаа национални хероини и заслужија почесен круг со автобус по плоштадот во Скопје.

4. Англија-Македонија 2:2

Единствениот фудбалски резултат кој во изминатите 18 години беше доволно голем да предизвика спонтано излегување на навивачи беше оној од Саутемптон од октомври 2002 година. Како што судијата отсвири крај, така почна да се труби и да се пее по улиците, да се веат знамиња, да се слави Артим Шаќири и да се исмева Дејвид Симан. Англичаните се прашуваа каде е Македонија и оттогаш добро знаат.

5. Ракометарите на СП 2009

Никој не очекуваше чуда од Македонија на СП во Хрватска, но таа покажа дека тие се можни кога се има Кире Лазаров во тимот. По сензационалната победа над светскиот вицепрвак Полска, секој наш нареден меч стана фешта, како на самото место во Вараждин и Задар, така и во Скопје, за оние кои не беа во можност да и се придружат на армијата навивачи во Хрватска.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јули.2011 во 15:46

ТОП 5 ЕВРОПСКИ ФУДБАЛСКИ РАЗОЧАРУВАЊА

Целта на секоја екипа е да избори настап во европските купови, зашто тоа дава можност за дуели со големи имиња, но и ја полни клупската каса. Но, кога веќе се пласирале, тоа носи и обврска за достоен и чесен настап, без разлика кој е противникот, бидејќи, истовремено, претставува презентација на фудбалот на својата земја. Македонските екипи неретко не успевале во тоа.

1. Беласица-Лешоеш

Многумина ќе кажат дека португалската втора лига е посилна од нашата Прва лига и веројатно се во право, ама Лешоеш беше третолигаш кога ја елиминираше Беласица од Купот на УЕФА во 2002 година. Лешоеш се избори за излез во Европа како финалист на националниот куп и во двете средби со струмичани остана непоразен, 2:2 и 2:1, на голема срамота за македонскиот фудбал.

2. Ренова-Гленторан

Фудбалот во Северна Ирска има долга традиција, но и најверните љубители на овој спорт тешко можат да набројат две екипи од ова земја. Гленторан немаше победа на домашен терен во еврокуповите цели 25 години, се додека не налета на нашата Ренова пред десетина дена. Продолженијата и пенал-рулетот, несомнено, беа едно ново искуство за фудбалерите од Џепчиште.

3. Победа-Левадија

Ниското ниво на македонскиот клупски фудбал уште еднаш дојде до израз, кога тогашниот првак Победа се сретна со својот пандан од Естонија на стартот на сезоната 2007/08. Се чинеше дека прилепчани добија противник по мерка во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите, но се виде дека нема такви екипи за нас, па беа исфрлени со само еден примен гол во двете средби.

4. Силекс-Акранес

Од шесте евросезони, кратовци, објективно, се посрамотија само еднаш. Никој не бараше од нив да ги елиминираат Борусија (М), Бриж или Шахтар, но Акранес, сепак, беа Исланѓани, па макар и 17-кратни прваци на својата земја. Овие дуели дојдоа во периодот кога Силекс се уште беше фактор на домашната фудбалска сцена и поразот од 2:0 во Акранес беше доволен рано да се заврши настапот во Купот на УЕФА во 1997 година.

5. Вардар-Бекешчаба

Историскиот прв настап на македонските клубови во еврокуповите во 1994 година заврши разочарувачки. "Црвено-црните" во тоа време беа моќни и неприкосновени, но не го покажаа тоа во двомечот со скромниот унгарски прволигаш, кој денес не е ниту тоа (впрочем, и Вардар е далеку од тоа што беше). Унгарците одиграа 1:1 во Скопје и славеа со 1:0 на свој терен.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.