IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Занимливости околу исхраната
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Занимливости околу исхраната

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 20>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2011 во 20:19
Замрзнување на продукти

Овошје

Овошјето мора да биде квалитетно, зрело, ненабиено и да не биде расипано. Секое овошје не е за замрзнување, на пример, грозјето, крушите, односно, воденестото овошје. Најидеални за замрзнување се зрнестото и другото ситно овошје. Рок на траење: 8-10 месеци.

Зеленчук

Како и овошјето, и зеленчукот мора да биде свеж, квалитетен, добро измиен, исечкан и кратко бланширан. Бланширањето практично е задолжително, зашто со кратко потопување во вриена вода, се убиваат разните ферменти и бактериите, а зеленчукот станува помек и полесен за пакување. Треба да се напомене дека компирите, зелената салата, ротквиците и доматите не се најсоодветни за замрзнување.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2011 во 19:28
Оризот поздрав од лебот

Новите Јужно Корејски студии покажуваат дека јадењето ориз овозможува човечкиот организам да издржи физички напор и до 50% подолго отколку кога се јаде леб, а воедно е и  поефикасен во смалувањето на холестеролот.

Корејскиот институт за храна објави резултати од нивните неодамнешни истражувања за здравствените ефекти од корејската сортирана храна.

Истражувачите тестирале колку долго можат да вежбаат студентите откако ќе јадат ориз односно леб.

Тие кои јаделе ориз можеле да вежбаат во траење од 456 секунди (со грешка во маргината 58,3 секунди), во споредба со оние кои јаделе леб  311 секунди (со грешка во маргината 41,9 секунди).

Истражувачите истовремено  испитале и како оризот и лебот влијаат врз нивото на холестерол кај хрчаци кои имаат  хиперлипидемија.

После осум недели, групата која јадела ориз имала намалено ниво на  холестерол во крвта.Освен што ги намалиле мастите тие го зголемиле нивото на излачување жолчна киселина, која делува при разложувањето и варењето на мастите.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2011 во 18:50

Внимателно со копривата

* Копривата го намалува крвниот притисок и го намалува пулсот, така што пациентите со срцеви проблеми би требало да се посоветуваат со лекар пред да ја употребат.
* Бидејќи оваа билка е диуретик, подолгото нејзино користење не им се препорачува на пациентите кои не смеат да користат лекови за исфрлање течности, зашто може да доведе до нерамнотежа на електролитите и на минералите во организмот.
* Копривата не се препорачува ако се користат лекови за срце и за исфрлање на течности од организмот, зашто го зголемува нивниот ефект.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2011 во 14:23

Мајоранот ја смирува нервозата

Мајоранот најчесто се употребува во кулинарството како зачин при подготвување печено месо (свинско и јагнешко), за разновидни сосови и, измешан со сок од лимон, како прилог на похуваните јадења, варените и пржени компири и мешунки. Помалку е познато дека овој зачин има и лековити својства - ги смирува грчевите во мускулите, цревата, стомачната нервоза, кашлањето, главоболката и го подобрува расположението.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2011 во 05:55

Варењето на пареа ги чува витамините

Некои витамини се растворливи во вода, па затоа е препорачливо нежниот пролетен зеленчук да се приготвува со колку што е можно помалку течност, т.е. да се вари на пареа. Ако немате специјален сад за готвење на пареа, тогаш ставете малку вода во тенџере, врз него цедалка со зеленчукот и поклопете го. Зеленчукот варен на овој начин ќе биде готов за 5-15 минути, во зависност од тоа што подготвувате.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2011 во 07:54
Внимавајте! Исхрана која ги слабее коските

За да ги одржувате вашите коски здрави и силни, неопходна ви е правилна исхрана. Кога станува збор за коските, сите знаеме дека калциумот е најважната состојка, но свесни ли сте дека постои одредена храна која може буквално да ги ослабе коските бидејќи ги блокира нивните нормални функции или поттикнува исфрлање на минералите?

1. Сол

Солта влијае на губење на калциумот од коските, а тоа со текот на времето ги слабее. На секои внесени 2.300 милиграми натриум губите 40 милиграми калциум.

2. Газирани пијалоци

Овие пијалоци често содржат фосфорна киселина, која го забрзува исфрлањето на калциумот преку урината.

3. Витамин А

И премногу добро може да наштети. Витаминот А е неизмерно корисен за видот и за имунитетот, но ако пиете премногу мултивитамини и намирници со додадени витамини, може да ја пречекорите дозволената доза. На вишок витамин А посебно се чувствителни жените после менопауза. Ако ја преминуваат дозволената доза, во просек се здобиваат со два пати повеќе скршеници отколку останатите жени.

4. Кофеин

Кофеинот не е толку лош колку солта, но имаат слично дејство. И заради кофеинот губиме калциум од коските. На секои 100 милиграми кофеин (што одговара на количина на мала до средно голема шолја кафе), се губат 6 милиграми калциум. Тоа не е многу, но може да стане вистински проблем доколку секојдневно консумирате преголеми количини на кафе. Не пијте повеќе од две шолји на ден.






Изменето од Valerija - 03.Јуни.2011 во 07:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2011 во 07:56
Добриот“ холестерол не нè штити од срцев удар

Со зголемувањето на нивото на „добриот“ холестерол во крвта не се намалува ризикот од срцеви болести кај пациентите кои земале статини за намалување на лошиот холестерол, се истакнува во опширната студија која ја изврши Американскиот национален институт за срце, бели дробови и крв (NHLBI).

Ова истражување беше спроведено од 2006-та година во САД и Канада на нешто повеќе од 3400 луѓе на возраст од околу 60-тина година, а беше прекинато предвреме, иако беше планирана до 2012-та година. Во текот на 32-месечното следење, половина од пациентите добивале појачана доза на нијацин (витамин B3) за зголемување на нивото на „добриот“ холестерол (HDL) и стандардна доза на статин поради намалување на „лошиот холестерол“ (LDL). Втората група, со мало ниво на „добар холестерол“ наместо статин, добивала плацебо.

Експертите на NHLBI заклучиле дека спојот на нијацин, кој навистина го поткренал „добриот“ холестерол и статин, на нивно големо чудење, воопшто не влијаел врз стапката на срцеви болести (со или без смртен исход), мозочните удари и хоспитализацијата поради акутниот срцев синдром или постапката за реваскуларизација (вградување бајспас или стентови). Иако намалувањето на лошиот холестерол со помош на статините го намалува кардиоваскуларниот ризик, што покажаа бројни истражувања, добриот холестерол не влијае брз срцевите болести.

Според процените, секој седми Американец има превисок „лош“ холестерол, што е главен ризик за срцевите болести од кои во САД секоја година умираат 800.000 луѓе.



Изменето од Valerija - 03.Јуни.2011 во 07:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2011 во 07:58
Научниците открија „ултра лош“ холестерол

Научниците открија нова форма на „ултра лош“ холестерол, кој го зголемува ризикот од болести на срцето и полесно се лепи за ѕидовите на артериите. Новиот тип холестерол воглавно може да се најде кај повозрасните лица и оние со дијабетес од типот два.

Ова истражување го спроведоа научниците од Универзитетот Ворвик во Велика Британија, проучувајќи различни форми на штетен холестерол или липопротеин со мала густина (ЛДЛ). Ултра лошата форма на холестерол, која научниците ја открија се вика МГмин-ЛДЛ и има слатки молекули кои се помали и погусти од оние нормалните ЛДЛ.

Изменетата форма на нормалните молекули на холестерол лесно се лепат за ѕидовите на артериите, со што се отвара патот за за лепење на опасни масни наслаги, односно за брзо собирање на крвните садови и потежок проток на крвта. На крај тие можат да пукнат што би предизвикало создавање на крвни згрутчувања, кои предизвикуваат срцев удар или мозочен удар.

Научниците ја создале човечка молекула МГмин-ЛДЛ во лабораторијата за да испитат како се однесува во допир со другите молекули во организмот. Тие додале екстра шеќерни група во ЛДЛ, со цел да добијат екстра леплива форма на холестерол. Ова истражување е објавено во списанието „Диабетес“, а работата на овие научници појаснува и зошто широко употребуваниот лек за дијабетичари метформин, изгледа го намалува ризикот од срцев удар.

Метформин е познат како лек кој го намалува нивото на шеќер во крвата, а може да ја блокира и трансформирацијата на нормалните ЛДЛ во оние кои се многу поопасни за здравјето и кои научнциите ја открија - МГмин-ЛДЛ.

-Многу сме среќни што гледаме дека нашето истражување доведе до подобро разбирање на овој тип на холестерол што би можело да ни помогне да ја отркиеме причината на срцевите удари кај дијабетичарите и повозрасните лица, изјави лидерот на истражувањето др. Наила Рабани.


сподели%20на%20Facebook


Изменето од Valerija - 03.Јуни.2011 во 07:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2011 во 08:00
Овошје, зеленчук и физичка активност за превенција од рак

Секојдневното внесување свежо овошје и зеленчук, како и редовната физичка активност се незаменливи во превенцијата на ракот, додека алкохолот и прекумерното внесување црвено месо, месни преработки и сол се погодни за добивање на таа болест, предупредуваат француските стручњаци.

Тие четири години работеле на истражување на производи со антиканцерогени својства и дошле до заклучок дека мајчината душица и зелениот чај кои отсекогаш се сметало дека се одлична превенција против ракот, го немаат тоа својство.

Со внесување свежо овошје и зеленчук се обезбедува избалансиран внес на витамини и минерали кои се неопходни за одржување на животот, а со тоа и најдобра превенција против сите заболувања вклучувајќи го и ракот.

Француските стручњаци советуваат внесувањето месо да се ограничи на 500 грама неделно.

Редовната умерена физичка активност доведува до енергетски и хормонален баланс што е одлична превенција против рак. Стручњаците советуваат секојдневна прошетка во траење од 30 минути бидејќи таа е незаменлива во одржувањето на витка става што е многу важно кога станува збор за канцерогени заболувања со оглед на тоа што дебелината претставува еден од ризиците за добивање рак.



Изменето од Valerija - 03.Јуни.2011 во 08:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2011 во 08:01
Цвеклото е докажано најлековит зеленчук

Денес цвеклото се смета за најкорисен и најлековит зеленчук кој лесно се вари, во себе содржи огромен спектар на витамини и минерали, а исто така, извонредно е богато и со белковини и јаглехидрати.


Од витамините кои ги содржи, најприсутни се Б1, Б2, Ц, како и витаминот Б12, кој многу ретко се сретнува во билните плодови.

Црвената боја на цвеклото доаѓа од антоцијаните, кои придонесуваат за обновување на крвта, а исто така, докажано е дека овој зеленчук спаѓа во антиканцерогените плодови.

Како уште едно својство на цвеклото кое е од неизмерно значење е неговата моќ на обновување, односно способност да го поправи поголемиот дел од она што е ошететно во нашиот организам.


Изменето од Valerija - 03.Јуни.2011 во 08:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2011 во 05:58
Кога замрзнувате месо

Месото треба да се исече на правилни парчиња со мазна површина, при што, таму каде што е можно, треба да се отстрани од коските за да не заземаат драгоцен простор во замрзнувачот. Исто така, треба да се отстранат дебелите наслојки сланина, зашто колку што е попосно месото, толку повеќе се одржува. Препорачливо е пакувањата со месо да не бидат потешки од 2.500 грама за да може што побрзо да се замрзне. Најдобро е меленото месо да се зачини пред замрзнување, а пакетите не би требало да бидат потешки од 500 до 700 грама.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јуни.2011 во 23:20
Најчести заблуди поврзани со зеленчукот

Дали навистина пченката и морковите се полни со шеќери? Треба ли да ги избегнуваме компирите, бар ако сакаме да ослабеме? Размислете уште еднаш и погледнете ги фактите за плодовите кои многумина ги избегнуваат.

Свежото и необработено овошје и зеленчук секако дека не може да ви наштети. Одредени озлогласени плодови всушност се полни со витамини, минерали, фитохемикалии, нудејќи различни бои и вкусови кои ќе го збогатат вашиот оброк.

1. Белиот компир дебелее...

Еден печен компир со средна големина содржи 160 калории и нуди 4 грама заситени масти. Освен тоа, оладениот варен компир содржи облик на скроб кој помага за губење на килограми.

Научниците знаат дека компирот е полн со различни витамини и фитохемикалии, а неговата лушпа е богата со ратителни влакна. Компирите се добри за срцето и телото во целина, бидејќи го зголемува имунитетот. Содржат и хемикалии кои го намалуваат крвниот притисок, а со лушпата од еден плод се задоволуваат 20 проценти од дневната потреба за калиум.

2. Морковите се преполни со шеќри...

Една шолја сецкани моркови содржи 52 калории и 12 грама јаглехидрави. Половина од јаглехидратите се од природни шеќери, па според тоа содржи помалку шеќери отколку една шолја млеко или отколку овошки од средна големина.

Не треба да се заборави дека шеќерот од морковите е пропратен со витамини, минерали и растителни влакна. Влакната и бета-каротените од морковот помагаат за стабилизирање на нивото на шеќер во крвта. Богати се и со фалкаринолом, фитохемиказија која штити од рак на цревата. Покрај тоа, морковите се и познати чувари на видот.

3. Целерот не е многу корисен...

Древните народи го користеле целерот при лечење на низа болести. Навидум неугледниот плод крие единствена комбинација на витамини, минерали и фитохемикалии кои штитат од разни болести.

Целерот го намалува крвниот притисок со тоа што ги опушта крвните садови. Апигенините, вид на фитохемикалии кои ги содржи, штитат од рак бидејќи ја спречуваат мутацијата на гените. Целерот содржи малку калории и доволно растителни влакна, па со тоа претставуваат идеален оброк за оние на диета.

4. Пченката содржи само јаглехидрати...

Секако дека пченката содржи јаглехидрати, но станува збор за најдобриот вид на јаглехидрати кои се висококвалитетни и комплексни. Од пченката, по индустриски пат, се прави пченкарен сируп, кој останува без хранливите состојки и влакната, па нуди многу фруктоза. Но, овој сируп нема никаква врска со пченката консумирана обарена или потпечена. Еден кочан пченка задоволува 15 проценти од дневната потреба за растителни влакна на организмот.

Пченката му помага и на срцето бидејќи содржи фолати и витамини од Б групата, кои ја прочистуваат крвта од штетните материи. Додека, пак, зеакстанинот и лутеинот кои ги содржи ги штитат очите и спречуваат настанување на дегенеративни процеси.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 05:43

Подготвување јадења со пилешко месо

Искусните домаќинки знаат дека младите пилиња се најдобри за похување, малку постарите за печење, а оти старите пилиња, односно кокошки, даваат мошне вкусна супа. Кога подготвувате супа, може да додадете малку алкохол (коњак) во неа за да има подобра арома, а месото да биде помеко.
Од пилешко месо може да се подготват многу вкусни јадења. Од ладни предјадења (паштети), мешани салати, варено филувано пиле, бистри, крем и рагу-супи до печено и похувано пилешко месо.
Пред подготвувањето, може да го маринирате пилешкото месо со еден или повеќе зачини, како, на пример: сол, бибер, зачинал, рузмарин, тимијан, жалфија, коријандер, кари во прав, мелен црвен пипер, ѓумбир, рендана лимонова кора, сенф, масло. При маринирањето, може да додадете и малку алкохол - бело вино или коњак.
Пилешкото можете да го подготвите и со разни сосови. Не треба да се занемарат ни пилешките дропчиња, од кои може да подготвите паштети и други јадења.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 12:15
Празот - одличен диуретик

Празот е идеален пролетен продукт за чистење на организмот. Тој е одличен диуретик - го поттикнува излачувањето на мочта, им помага на пациентите со камен во бубрезите и со поголем процент на уреа во крвта. Етеричното масло од празот го поттикнува излачувањето на желудочните и на цревните сокови, а растителната слуз поволно дејствува врз органите за дишење. Поради ова второто, им се препорачува на болните од бронхитис и на болните кои имаат воспаление на дишните органи. Единствената мана му е големото количество целулоза, која ги дуе цревата

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213 20>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.