|
Занимливости околу исхраната |
Внеси реплика | страница <1 910111213 20> |
Автор | ||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Замрзнување на продукти
Овошје |
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Оризот поздрав од лебот
Новите Јужно Корејски студии покажуваат дека јадењето ориз овозможува човечкиот организам да издржи физички напор и до 50% подолго отколку кога се јаде леб, а воедно е и поефикасен во смалувањето на холестеролот. Корејскиот институт за храна објави резултати од нивните неодамнешни истражувања за здравствените ефекти од корејската сортирана храна. |
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Внимателно со копривата * Копривата го намалува крвниот притисок и го намалува пулсот, така што пациентите со срцеви проблеми би требало да се посоветуваат со лекар пред да ја употребат. |
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Мајоранот ја смирува нервозата Мајоранот најчесто се употребува во кулинарството како зачин при подготвување печено месо (свинско и јагнешко), за разновидни сосови и, измешан со сок од лимон, како прилог на похуваните јадења, варените и пржени компири и мешунки. Помалку е познато дека овој зачин има и лековити својства - ги смирува грчевите во мускулите, цревата, стомачната нервоза, кашлањето, главоболката и го подобрува расположението. |
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Варењето на пареа ги чува витамините Некои витамини се растворливи во вода, па затоа е препорачливо нежниот пролетен зеленчук да се приготвува со колку што е можно помалку течност, т.е. да се вари на пареа. Ако немате специјален сад за готвење на пареа, тогаш ставете малку вода во тенџере, врз него цедалка со зеленчукот и поклопете го. Зеленчукот варен на овој начин ќе биде готов за 5-15 минути, во зависност од тоа што подготвувате. |
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Изменето од Valerija - 03.Јуни.2011 во 07:59 |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Добриот“ холестерол не нè штити од срцев удар
Со зголемувањето на нивото на „добриот“ холестерол во крвта не се намалува ризикот од срцеви болести кај пациентите кои земале статини за намалување на лошиот холестерол, се истакнува во опширната студија која ја изврши Американскиот национален институт за срце, бели дробови и крв (NHLBI). Ова истражување беше спроведено од 2006-та година во САД и Канада на
нешто повеќе од 3400 луѓе на возраст од околу 60-тина година, а беше
прекинато предвреме, иако беше планирана до 2012-та година. Во текот на
32-месечното следење, половина од пациентите добивале појачана доза на
нијацин (витамин B3) за зголемување на нивото на „добриот“ холестерол
(HDL) и стандардна доза на статин поради намалување на „лошиот
холестерол“ (LDL). Втората група, со мало ниво на „добар холестерол“
наместо статин, добивала плацебо. Според процените, секој седми Американец има превисок „лош“ холестерол, што е главен ризик за срцевите болести од кои во САД секоја година умираат 800.000 луѓе. Изменето од Valerija - 03.Јуни.2011 во 07:59 |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Научниците открија „ултра лош“ холестерол
Научниците
открија нова форма на „ултра лош“ холестерол, кој го зголемува ризикот
од болести на срцето и полесно се лепи за ѕидовите на артериите. Новиот
тип холестерол воглавно може да се најде кај повозрасните лица и оние со
дијабетес од типот два. Ова истражување го спроведоа научниците од Универзитетот Ворвик во
Велика Британија, проучувајќи различни форми на штетен холестерол или
липопротеин со мала густина (ЛДЛ). Ултра лошата форма на холестерол,
која научниците ја открија се вика МГмин-ЛДЛ и има слатки молекули кои
се помали и погусти од оние нормалните ЛДЛ. Научниците ја создале човечка молекула МГмин-ЛДЛ во лабораторијата за
да испитат како се однесува во допир со другите молекули во организмот.
Тие додале екстра шеќерни група во ЛДЛ, со цел да добијат екстра
леплива форма на холестерол. Ова истражување е објавено во списанието
„Диабетес“, а работата на овие научници појаснува и зошто широко
употребуваниот лек за дијабетичари метформин, изгледа го намалува
ризикот од срцев удар. Изменето од Valerija - 03.Јуни.2011 во 07:58 |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Овошје, зеленчук и физичка активност за превенција од рак
Секојдневното
внесување свежо овошје и зеленчук, како и редовната физичка активност
се незаменливи во превенцијата на ракот, додека алкохолот и прекумерното
внесување црвено месо, месни преработки и сол се погодни за добивање на
таа болест, предупредуваат француските стручњаци. Тие четири години работеле на истражување на производи со
антиканцерогени својства и дошле до заклучок дека мајчината душица и
зелениот чај кои отсекогаш се сметало дека се одлична превенција против
ракот, го немаат тоа својство. Редовната умерена физичка активност доведува до енергетски и хормонален баланс што е одлична превенција против рак. Стручњаците советуваат секојдневна прошетка во траење од 30 минути бидејќи таа е незаменлива во одржувањето на витка става што е многу важно кога станува збор за канцерогени заболувања со оглед на тоа што дебелината претставува еден од ризиците за добивање рак. Изменето од Valerija - 03.Јуни.2011 во 08:00 |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Цвеклото е докажано најлековит зеленчук
Денес цвеклото се смета за најкорисен и најлековит зеленчук кој лесно се вари, во себе содржи огромен спектар на витамини и минерали, а исто така, извонредно е богато и со белковини и јаглехидрати.
Како уште едно својство на цвеклото
кое е од неизмерно значење е неговата моќ на обновување, односно
способност да го поправи поголемиот дел од она што е ошететно во нашиот
организам.
Изменето од Valerija - 03.Јуни.2011 во 08:01 |
||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Кога замрзнувате месо
Месото треба да се исече на правилни парчиња со мазна површина, при што, таму каде што е можно, треба да се отстрани од коските за да не заземаат драгоцен простор во замрзнувачот. Исто така, треба да се отстранат дебелите наслојки сланина, зашто колку што е попосно месото, толку повеќе се одржува. Препорачливо е пакувањата со месо да не бидат потешки од 2.500 грама за да може што побрзо да се замрзне. Најдобро е меленото месо да се зачини пред замрзнување, а пакетите не би требало да бидат потешки од 500 до 700 грама. |
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Најчести заблуди поврзани со зеленчукот
Дали навистина пченката и морковите се полни со шеќери? Треба ли да ги избегнуваме компирите, бар ако сакаме да ослабеме? Размислете уште еднаш и погледнете ги фактите за плодовите кои многумина ги избегнуваат. Свежото и необработено овошје и зеленчук секако дека не може да ви наштети. Одредени озлогласени плодови всушност се полни со витамини, минерали, фитохемикалии, нудејќи различни бои и вкусови кои ќе го збогатат вашиот оброк. Научниците знаат дека компирот е полн со различни витамини и фитохемикалии, а неговата лушпа е богата со ратителни влакна. Компирите се добри за срцето и телото во целина, бидејќи го зголемува имунитетот. Содржат и хемикалии кои го намалуваат крвниот притисок, а со лушпата од еден плод се задоволуваат 20 проценти од дневната потреба за калиум. Не треба да се заборави дека шеќерот од морковите е пропратен со витамини, минерали и растителни влакна. Влакната и бета-каротените од морковот помагаат за стабилизирање на нивото на шеќер во крвта. Богати се и со фалкаринолом, фитохемиказија која штити од рак на цревата. Покрај тоа, морковите се и познати чувари на видот. Целерот го намалува крвниот притисок со тоа што ги опушта крвните садови. Апигенините, вид на фитохемикалии кои ги содржи, штитат од рак бидејќи ја спречуваат мутацијата на гените. Целерот содржи малку калории и доволно растителни влакна, па со тоа претставуваат идеален оброк за оние на диета. Пченката му помага и на срцето бидејќи содржи фолати и витамини од Б групата, кои ја прочистуваат крвта од штетните материи. Додека, пак, зеакстанинот и лутеинот кои ги содржи ги штитат очите и спречуваат настанување на дегенеративни процеси. |
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
|
||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||
Празот - одличен диуретик
Празот е идеален пролетен продукт за чистење на организмот. Тој е одличен диуретик - го поттикнува излачувањето на мочта, им помага на пациентите со камен во бубрезите и со поголем процент на уреа во крвта. Етеричното масло од празот го поттикнува излачувањето на желудочните и на цревните сокови, а растителната слуз поволно дејствува врз органите за дишење. Поради ова второто, им се препорачува на болните од бронхитис и на болните кои имаат воспаление на дишните органи. Единствената мана му е големото количество целулоза, која ги дуе цревата |
||||||
Внеси реплика | страница <1 910111213 20> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |