|
Дали знаете зошто ......???? |
Внеси реплика | страница <1 56789> |
Автор | |
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали знаете зошто предебела или преслаба конституција ...се смета за болест??
Три позиции … слаба ..нормална …дебела…!! Кое ви изгледа поздраво?? кое по секси?? ваше да одлучите... дебелината велиме над 5кг од нормалната тежина не е состојба туку болест… ај ќе ја поделам болеста во три категории… лесно ….со над 5кг вишок , што само неколку неделен дисциплиниран режим на исхрана и вежбање се доаѓа до идеалната тежина… средно… со над 10 кг вишок што веќе имаме промени на телото во деформирање на истото…овде веќе е потребно над шест месеци дисциплиниран режим на исхрана и вежбање за да се дојде до идеалната тежина… среднотешко…со над 20 кг вишок да не кажам дека веќе здравствени промени има коските да не кажам р*бетот кои се многу оптоварени од зголемената маса….потребно над година дисциплиниран режим на исхрана и вежбање… тешко…над 30 кг вишок тука веќе имаме потреба од поголеми амбиции и воља и тоа во прашање се повеќе време да не речам 2,3 години за идеална тежина… претерано тешко…за ова веќе нема да кометирам оти се можни разни пореметување за ваква состојба.. овде веќе имаме идеална тежина во идеално тело….и сега ќе одам во спротивен правец… сега веќе имаме испод нормална тежина овде веќе од 5-10 кг….почеток на анорекција… Lindsay Lohan со испод 10, 15 кг од нормалата веќе е накитена со болеста анорексија.. и за ова веќе немам коментар оти се води во многу тешка болест со фатални последици …анорексија!! Све што е претерано не чини па во која страна на крајноста да се наоѓате потрудете се да се доближете до средината да не речам до идеалното… Ваше е да одберете на која страна од огледалото ќе бидете додека не станете идеални !!! Изменето од bijonse1 - 07.Декември.2010 во 18:17 |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Визуелно ...
дали знаете зошто треба да прекинете со пушењето!!??!! закон за пушењето на комичен начин!!...кликни...уште едно комично клипче околу пушењето..кликни!!!Јас бев силна наеднаш го фрлив....без изговор од тип на намалување, не увлекување , зависност, здебелување., не можам не ќе успеам , ми треба ..нервозна сум!! ...реков НЕ !! и остана НЕ до ден денешен!! |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колку чаши вода пиете дневно? Две,три, четири...повеќе? Основните работи кои треба да му ги давате на организмот се урамнотежени оброци, редовно и умерено вежбање, одмор и релаксација, забава и смеење. Сето ова влијае на здравјето и на човечкиот организам. Но, една од најважнте работи е конзумирање на вода. Ако сакате да постигнете долгорочно здравје, тогаш дознајте зошто е добро да пиете од 6 до 8 чаши вода дневно! |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чаша пиво на ден е здрава и не нè дебелее!
Во последните години пивото се означува како производ кој дебелее, во што и има вистина, но ако умерено се консумира, омилениот пијалак нема да му наштети на вашиот организам, туку ќе го направи токму спротивното. Имено шпанските научници велат дека една чаша пиво на ден може да го намали ризикот од дијабетес и висок крвен притисок, а може да помогне и во слабеењето. Во истражувањето кое го носеше името „Пиво, медитеранска исхрана и кардиоваскуларни болести“ учествуваа 1.249 жени и мажи постари од 57 години. - Ова истражување конечно ќе засени еден голем мит. Сега знаеме дека не можеме да го обвинуваме пивото за дебелеење. Секако за да се здебелите потребно е да пиете пиво, јадете колбасици и грицкате чипс, но една чаша пиво не е одговорна за вишокот на килограми, истакна Роса Ламуела која работела на истражувањето. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лимонот се користи и за...
* Ако имате проблеми со дамки на забите, тријте ги со кора од лимон, а потоа измијте ги со вода. |
|
Nadia
Сениор Регистриран: 22.Декември.2010 Статус: Офлајн Поени: 227 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кората од лимон против главоболка
Постои едно старо руско средство: одделете ја лимоновата кора од белиот, меснат дел. Оставете ја само жолтата кора. Со влажната страна ставете ја на слепоочниците. По некое време, на кожата ќе се појави црвена дамка. Наскоро болката ќе помине. |
|
Nadia
Сениор Регистриран: 22.Декември.2010 Статус: Офлајн Поени: 227 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Жените кои пијат вино не се дебелат
Жените кои практикуваат повремено да пијат вино во умерени количини, особено пред вечерата, имаат помал ризик од дебелеење, објавиле американските научници после една спроведена студија. После истражувањето кое траело 13 години и во кое учествувале повеќе од 19.000 жени, научниците ги објавиле податоците кои сугерираат дека жените не се дебелеат од виното (црното и црвеното), што е контрадикторно на бројните тврдења дека конзумацијата на алкохолот води кон зголемување на телесната тежина. Калориите од алкохолот, се претпоставува дека телото ги искористува на друг начин и во поинаков облик, велат лекарите. Се смета дека алкохолот се разградува во црниот дроб користејќи различни метаболни патишта, како би се создала енергија - топлина, а не масно ткиво. Водачот на оваа студија – Др. Лу Ванг од Бостон, работела на студија која опфаќала 19.220 здрави жени, а скоро 38% од нив биле жени кои никогаш не конзумирале алкохол. Всушност се докажало дека жените кои умерено пијат црно вино имале најмала стапка на дебелеење. Ова истражување е објавено во списанието “Internal Medicine”, но истражувачите сепак забележале дека не може да се потврди јасната врска помеѓу конзумацијата на алкохолот и наголемувањето на телесната тежина, но ја поставиле хипотезата дека најверојатно се работи за внес на дополнителни калории во течна форма (преку алкохолот) кои брзо се елиминираат од телото (преку разградба во црниот дроб, и елиминација преку бубрезите), а енергетската вредност на секој поединечен пијалок е онаа која е одговорна за дебелеењето. |
|
Nadia
Сениор Регистриран: 22.Декември.2010 Статус: Офлајн Поени: 227 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кофеин за концентрација
* За смиреност и олабавеност - јадете тестенини, компири и други продукти богати со јагленохидрати, зашто таквата храна го зголемува количеството на триптофан во крвта. Таа аминокиселина во мозокот се преработува во серотонин, материја што го подобрува расположението, апетитот и мирниот сон. * За бистри мисли - јадете немрсна храна богата со белковини (риба и бело месо), зашто содржи тирозин, аминокиселина која се поврзува со менталната будност. * За итна концентрација - кофеинот од кафето и чајот го стимулира нервниот систем, ги забрзува реакциите и ја подобрува концентрацијата, но сето тоа трае мошне кратко. |
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали знаете зошто липосукција...??
Липосукцијата е еден од најчестите зафати во естетската хирургија… означува вшмукување (сукција) на мастите (липо)… оваа техника се користи за преобликување на телото со трајно отстранување на депоата на масно ткиво… се изведува во долниот дел на грбот, над задникот, во задните делови на натколеницата – под задникот, на бочните страни од бутовите и на бочните страни на задникот… целта на липосукцијата е обликување на бутините и на бочните страни на задникот со цел да попримат виток, атлестски, пропорционален изглед… липосукцијата не е техника за губиток на телесната маса, нити лек за прекумерната телесна тежина… липосукцијата е техника која ви овозможува одстранување на масното ткиво кое неможе да се отстрани на поинаков начин… Липосукцијата како оперативна техника и метода може да биде изведена во локална анестезија, локална потенцирана и општа, во зависност од површините каде што се работи и истата освен за убавина и естетика може да има примена и при одредени болести… овој зафат може да се примени кај секое лице кое има потреба од липосукција, а нема здравствени проблеми…цената на липосукцијата изнесува од 500 до 2000 евра...Како и секоја интервенција, и липосукцијата има несакани ефекти… од неа може да се јави инфекција, хематом, т.е. собирање крв во просторите меѓу масните клетки, некроза на површината на кожата, која се коригира по хируршки пат , една од најнесаканите компликации доколку пациентот не каже дека има некои заболувања е пулмоналната емболија…која може да биде фатална за пациентот…најмногу масна течност остранета во Скопје со липосукција е седум литри или осум килограми… во светот најголемо количество е извадена во Швајцарија-16 килограми…липосукцијата се изведува на вратот, дојките, надлактиците, стомакот, слабинскиот дел, натколениците, потколениците, колковите и на задникот, а со еден третман се слабее осум до десет килограми… при ултразвучна липосукција (UAL: ultrasound assisted lyposuction)се користи специјален раствор, кој се вбризгува поткожно… се формираат шуплини исполнети со растворена масна содржина… со ултразвучни микроканили се вшмукува масното ткиво, и се моделира регијата каде што се изведува липосукцијата… разликата меѓу ултразвучната и класичната липосукција е што со новата метода белезите се минимални, не се создаваат хематоми, а крвавењето е минимално поради малиот дијаметар на канилите… најчесто со еден третман се слабее од осум до 10 килограми, но за формирање на “дефинитивната” витка става е потребен период од еден месец…пред да се подвргнат на ултразвучна липосукција пациентите треба да направат претходни прегледи и консултации – лабораториски анализи на крвта и урината, преглед и консултација со кардиолог или со анестезиолог…
постои голема разлика меѓу целулитот и вишокот масно ткиво… оти целулитот е воспаление на масното ткиво (кое дегенерира) и тој треба прво да се излекува, а потоа да се пристапи кон липосукција, бидејќи зафатот се изведува само на здрав дел од телото… затоа кај луѓето што имаат проблеми со вишокот килограми мора да се утврди патологијата на настанувањето на дебелината, која може да биде хормонска, метаболичка и дебелина што настанува од неправилен сооднос меѓу внесените и потрошените калории – прекумерно јадење и минимално движење… при хормонското нарушување прво треба да се “стабилизира” хормоналниот статус, па да се пристапи кон естетско решавање на дебелината… метаболичкото дебелеење е поделено во многу поттипови, но заедничко за сите е што со клинички испитувања треба да се открие причината пред да се изведе липосукцијата… најголем процент од пациентите што се подложуваат на липосукција се луѓе со третиот тип дебелина, предизвикан од неправилен сооднос меѓу внесените и потрошените калории… возрасна граница за липосукција не постои, но сепак не се препорачува за пациенти во пубертет и кај луѓе со ослабен имунитет… Liposuction Procedure with Dr. William Hall - Thighs...кликни !Пред зафатот, лекарот ги означува деловите на телото на кои треба да се направи липосукцијата… во вената се поставува венски систем преку кој се даваат течности… зафатот може да се изведе под општа анестезија, или пак комбинација од седација и локална анестезија… за време на зафатот хирургот прави мал рез, обично на местото на наборите на кожата, со цел да биде помалку воочлив…низ тој рез се воведува цевка со мал лумен, канила низ масното ткиво… канилата се користи за разбивање на масните наслаги и обликување на телото во саканите пропорции… вишокот на масното ткиво се вшмукува со силен вакуум систем низ кожата, додека крвните садови, мускулите, и нервите ги остава неоштетени… Liposuction / Lipo Procedure with Dr. William Hall - Kликни !!!Во масното ткиво може да се инјектира физиолошки раствор со адреналин, или анестетик кој ги смалува болките и крварењето и овозможува полесно разбивање на масните наслаги… зависно од количината на растворот кој се инјектира, се применува super-wet или tumescence техника… Нехириршката ултразвучна липосукција е новата техника која користи ултразвук кој се испорачува преку кожата до масните клетки, а има за цел да го растопи масното ткиво… може да се комбинира со Accent XL(RF), Мезотерапија и RDT терапија со цел за оформување на контурите на определени делови на телото за неопределено време…неоперативната липосукција користи ултразвук за отстранување на целулит и предизвикува клеточно оштетување по термички и микромеханички пат, односно афектирана е мембраната на масните клетки која прска, а маснотиите се излеваат во меѓуклеточната течност каде што се разградуваат од ензимите и како едноставни супстанции се елиминираат преку крвната циркулација… Liposuction Procedure with Dr. William Hall - Abdomen...кликни!со сондата се овозможува концентрација на ултразвучната енергија на точно одредена длабочина во ткивото со што се предизвикува селективно разбивање на масните клетки… третманите се апсолутно безболни, а се чувствува благо загревање на третираните површини… третманот трае околу еден час, а резултатите се видливи и се проценуваат со мерење веднаш по третманот… најдобри кандидати се особи кои не се екстремно дебели и кои сè уште имаат затегната кожа, но видливи се масни перничиња на одредени делови од телото…нехируршката липосукција е извонредно ефикасна метода, а најголемата предност е што е неинвазивна, брза и едноставна за изведување… не е потребно време за опоравување, нема ризик, а за пациентот третманот е пријатен… п.с. ејјјј ј важно да има љубов… маааааа не толку важно како изгледате… ејјј важно да сте среќни !!! Изменето од bijonse1 - 15.Февруари.2011 во 17:49 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
7 едноставни совети за подолг живот
Ситниците живот значат. Не мора секогаш да правите радикални пресврти во животот за да го подобрите вашето здравје и квалитет на животот. Неколку навистина едноставни совети можат да ви помогнат да избегнете здравствени незгоди, како срцев удар во вашите четириесетти години, и да уживате во длабока старост. Чај секое утро Навалете се Со право седење под агол од 90 степени му вршите притисок на вашиот ’рбет. Едно шкотско-канадско истражување наведува дека идеална поза за седење е кога сте благо навалени наназад, односно 45 степени од вертикалната положба. Пијте вино и останете слаби
Полифенолите, состојки на црвеното вино, му помагаат на вашето тело во блокирање на апсорпцијата на мастите. Општо е познато дека умерената консумација на црвено вино благотворно делува на здравјето, како и на превенција на срцев и мозочен удар.
Едно неодамнешно италијанско истражување откри дека термичката обработка на брокулата на пареа ја зголемува концентрацијата на глукосинолат (ефикасна состојка за борба против ракот) за 30 проценти. Спротивно, со готвење, односно варење на брокулата, истата состојка се намалува. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Избегнувајте да ги бакнувате своите миленици
Во устата на најдобриот пријател на човекот може да живеат микроби од опасни болести, па поради тоа експертите советуваат дека не треба да ги љубите вашите миленици, да ги пуштате да ве лижат и да ви спијат во креветот. Ако кучето ве лизне, тогаш тоа место треба добро да го исчистите со вода и сапун, бидејќи така ќе ги спречите бактериите како што е Pasteurella, која што живее во слузницата на носот и грлото на животните да се развие кај вас. Таа кај луѓето може да предизвика, меѓу другото, труење на крвта, воспаление на коските и белите дробови. Многу животински видови можат да бидат носители на бактерии, иако се сосема здрави. По секој контакт со животните треба добро да се исперат рацете и морате да внимавате вашето пријателче често да го носите на ветеринар, како и да го чистите од паразити. Од 250 болест кои можат да се пренесат на луѓето, дури стотина доаѓаат од домашните миленици, тврдат научниците. Дури 53 отсто од сопствениците своите миленици ги сметаат за рамноправни членови на семејството, а 56 отсто од луѓето признаваат дека секојдневно кучето спие со нив, од кои 26 отсто се жени. |
|
HerbaLife_yes
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Нов член Регистриран: 07.Март.2010 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Со учество во анкетата за здрави животни навики, имате можност да освоите награда во вредност од 1.500 денари, Повелете. Kликнете на линкот и уживајте.
http://FreeOnlineSurveys.com/rendersurvey.asp?sid=bgsglale41ocqyu881622 |
|
HerbaLife
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зошто Ешерихија Коли стана фатална за луѓето??
Додека загрижено читам вакви ненајдени информации да преку ноќ се случува епидемија со фатални последици да една обична досадна бактерија Esherichia coli која се пренесува со суровиот зеленчук краставица кој е најактуелен во исхраната во овој период не ми дава да не помислам дека све ова е ,,наместена,, работа… Дали знаете зошто?? е па , Шпанија богами е добра конк*ренција за летниот туризам све живо идат таму дури и јас помислив годинава да прошетам , па сега како ќе ја скинат економијата и ќе ги одвратат туристите ако не на ваков начин?? и не само преку загадени намирници туку се пренесува и со нечисти раце… и самата бактерија тешко се искоренува да речам ,, да се смири,, ако еднаш збувне во човекот… нели често пати со месеци со примена на разна терапија оти таа си е многу отпорна на антибиотици , а најчесто доминира во човечкиот организам кога неговиот имунитет е на многу ниско ниво… Една од најголемите загуби што ја погоди Шпанија во последно време се резултат на краставиците , губејќи дневно 7 до 8 милиони Евра поради одбивањето на увоз на овој зеленчук од страна на државите во ЕУ…Тестовите во Германија покажало дека 1000 луѓе се заразиле со бактеријата E.coli но не смртно инфицирани така да главниот извор на ова опасна бактерија е се уште непознат изјавила мистерката за здравје Cornelia Pruefer-Storcks од Hamburg… мм таа сепак ја советува германската популација да се воздржи од консумирање на салати конкретно патлиџан и краставици додека не се открие со точност изворот и причинителот на епидемијата…инаку до сега 15 души починале во Германија и еден во Шведска…Специјалистите по микробиологија од Helmholtz, Германија успеале да го визуелизираат опасната хеморагична цревна бактерија со еден електронски микроскоп…Зашто???? Ете затоа имунитетот држето го на ниво… и немате гајле … телото све ќе регулира !! Изменето од bijonse1 - 01.Јуни.2011 во 20:50 |
|
Iron Man
Сениор железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
браво Бијонсе за ваквите постови (иако не го прочитав) другпат ќе го читам ама многу фала за сликата
за на аватар одлично ќе лежи вакво чупе |
|
|
|
Внеси реплика | страница <1 56789> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |