|
УЕФА Лига на Шампиони |
Внеси реплика | страница <1 3334353637 43> |
Автор | ||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Во неинтересна средба без голови во Лондон, составот на Карло Анчелоти благодарение на победата во гости се пласираше во четвртфиналето.
По оние 2:0 за Челзи во Копенхаген пред две недели сосема јасно беше дека “сините“ на свој терен нема да дозволат изненадување. Со рутинска игра, без многу ризикување тие стигнаа до пласман во последните осум во Лигата на шампионите, одигрувајќи без голови на домашен терен. |
||||||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Јунајтед го надигра Челзи, Барса броеше до пет
Манчестер Јунајтед и Барселона се изборија за предност во четвртфиналните битки од Лигата на шампионите, откако ги добија натпреварите со Челзи, односно со Шахтјор. Потешко до победата и тоа минимална 1:0, стигнаа избраниците на Фергусон, кои благодарение на Вејн Руни по 9 години од „Стемфорд бриџ“ си заминаа со кренати глави. Одлучувачкиот момент се случи во 24-та минута, иако во самиот финиш судијата Маленко не досуди пенал по кој „Сините“ ќе имаа шанса да ја анулираат негативата. Затоа пак, се однапред беше јасно во мечот на Пиринеите. Барселона демонстрираше класа прегазувајќи го солидниот Шахтјор од Доњецк со 5:1. Каталонците побрзаа со отворањето на резултатот, уште во 2-та минута реализираше Иниеста. За 2:0 мораа да почекаат до 34-та, овој пат стрелаше Алвеш. По одморот Пике успеа да се запише во листата на стрелците зголемувајќи на 3:0, а по еден час игра конечно гол запишаа и Украинците. Погоди Ракитскиј. Сепак, веќе во следниот напад, Кеита го совлада Пјатов поставувајќи го резултатот 4:1. А конечниот резултат го постави Чави на неколку минути пред крајот. |
||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Луческу вели “Готово е“, Гвардиола - “Не му верувајте“Уште не влезен во салата на Камп Ноу каде се одржуваше прес конференцијата по мечот Барселона - Шахтјор, Гвардиола им се обратил на новинарите: “Ви се допадна Шахтјор, нели? Сега ми верувате кога ви велев дека нема да биде лесно?“ - пренесуваат шпанските медиуми. |
||||||||||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Синоќа Манчестер го победи Челзи.......
ама вечерва сакам Интер да го ... згази Шалке ......
|
||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Раул никогаш во кариерата не му дал гол на Ван дер Сар
Фудбалерите на Шалке и Манчестер Јунајтед во Гелзенкирхен во вторник ќе го одиграат првиот полуфинален меч во Лигата на Шампионите. Домашните навивачи со право најмногу надежи полагаат во својот Раул. Шпанскиот фудбалски мајстор и долгогодишен играч на Реал Мадрид минатото лето дојде во Шалке и по неколку месеци привикнување почна да ги тресе противничките мрежи како некогаш во "кралскиот клуб". Вкупно во кариерата 33-годишниот Раул постигна дури 71 погодок во мечевите од Лигата на Шампионите, но интересно е дека никогаш во кариерата не успеал да го совлада Ван дер Сар, 40-годишниот голман кој во вторник ќе биде последна пречка за играчите на Шалке. Инаку, прв пат тие двајца фудбалери на тревникот се сретнале далечната 1995. година која Ајакс и Реал играа во фазата по групи во Лигата на Шампионите. И тогаш голманот на Ајакс, Ван дер САр го доби секој двобој со тогаш 18-годишниот Раул. "Нека остане таа традиција несрушена и по овие две полуфиналиња. Но, тоа можам само да го посакам, а друго е што ќе се случува на тревникот. Раул особено го почитувам, тој е еден од најдобрите европски напаѓачи во последните две децении. И на мојата одбрана против него нема да и биде лесно." - рекол холандскиот голман. |
||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Првото полувреме за Нојер, второто за Јунајтед
Шалке - Манчестер Јунајтед 0:2 (0:0) Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го направија веројатно одлучувачкиот чекор кон пласман во финалето од Лигата на Шампионите, откако првиот полуфинален меч во Гелзенкирхен против Шалке го добија со 0:2. Чуварот на мрежата на германската екипа, Мануел Нојер правеше чуда во првите 45 минути, бидејќи својата мрежа ја сочува дури седум пати, од кои барем три топки "веќе беа видени" во голот. Сепак, неговите соиграчи не покажаа речиси ништо во првите 45 минути, а ништо поагилни не беа ни во продолжението. Од друга страна Манчестер од средината на второто полувреме конечно почна да ги користи своите бројни можности, па прво Гигс по одличното додавање од Руни го доведе Јунајтед во водство, за само две минути подоцна Ернандез да го пронајде Руни за уште еден погодок |
||||||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Триумф на Барселона против Реал МадридВечерашнотот Ел класико во Мадрид наместо по врвен фудбал ќе го паметиме и по големата тензија меѓу актерите на теренот и командатите од клупата. Гигатскотот супер дерби во Мадрид заврши со дури три црвени картони .Првиот црвен картон го заработи резревниот голман на Барселона Пинто поради физички напад на полувремето ,вториот заслужено му беше покажан на Пепе поради груб старт кон Алвеш а последниот очекувано е за контроверзниот Мурињо кој не можеше да ја прифати казната на Пепе. Најубавите моменти ги видовме во последните 15 минути од средбата . До тој момент се играше грубо на двете страни а за нијанса поофанзивна беше Барселона. Неполни две минути по влегувањето во игра Холанѓанецот Афелај му овозможи на Меси да го совлада одличниот Касиљас за водство на Каталонците од 1-0 . 10 минути подоцна најдобриот светски фудбалер уште еднаш ја надмудри одбраната на кралевите од Мадрид и по втор пат го натера Касиљас на капитулација поставувајќи ги конечните 2-0. Меси со 11 гола на 11 натпревари е убедливо најдобриот стрелец во елитата . Со успехот во Мадрид Барселона го трасираше патот кон уште едно финале во шампионската лига, кралевите по седум дена ќе бидат во скоро невозможна мисија на Камп Ноу. |
||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||||||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
barca- uaaaaaaaaa............tikvari kralski shutevi
|
||||||||||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||||||||||
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Da ne go isterase sudijata Pepe, Mesi namesto 3 ce nanizese 4 fudbaleri....
|
||||||||||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
||||||||||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
aaaaaaaaa tuka ni kralot nemozhe da pomogne
|
||||||||||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||||||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Јунајтед во финалето од Лигата на Шампионите, резервниот тим пресилен за Шалке
Манчестер Јунајтед - Шалке 4:1 (2:1) Не се случи големо изненадување на "Олд Трафорд", иако Алекс Фергусон на теренот изведе речиси резервен состав па во финалето од Лигата на Шампионите на 28. мај на "Вембли" ќе играат Манчестер Јунајтед и Барслона. "Црвените ѓаволи" и во реванш мечот против Шалке докажаа дека се далеку поквалитетна екипа дури и без најголемите ѕвезди во тимот, кои искусниот стратег ги одмораше за пресудниот меч во Премиер лигата против Челзи, кој на програмата е веќе в недела. Отсуството на Руни, Видиќ, Фердинанд, Ернандез и Гигс, не само што не се почувствува, туку "резервистите" беа поефикасни во однос на екипата која одигра меч во Гелзенкирхен, па го совладаа Шалке со 4:1. Во првото полувреме Валенсија ја искористи грешката на фудбалерите на Шалке за почетно водство, за само пет минути подоцна Гибсон да го удвои водството на домашната екипа со голема помош од Мануел Нојер, кој притоа се посрами примајќи гол по млакиот удар на репрезентативецот на Република Ирска. Почесниот погодок за Шалке во овој полуфинален двомеч беше дело на Хурадо во 35. минута од реванш мечот. Гледајќи дека нема што да загуби, тренерот на гостите Ралф Рангник во 70. минута наместо центрахалфот Хеведес во игра го внесе Хунтелар што многу брзо му 'се удри од глава', бидејчи Бразиелцот Андерсон во рок од само четири минити постигна два гола за конечни 4:1. Елиминирајќи го Шалке, Манчестер Јунајтед се пласираше во своето трето финале во Лигата на Шампионите во последните четири години вклучувајќи го и она од 2009. година кога во Рим загуби од Барселона со 2:0, предавајќи им го така на Каталонците пехарот кој го освоија година дена порано со победата против Челзи во Москва. |
||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Барселона и Манчестер повторно во финалето Барселона и Манчестер јунајтед ќе се сретнат на 28 мај на "Вембли" во Лондон во финалето на Лигата на шампионите. Исто беше пред две години, кога со головите на Самуел Ето и Лео Меси, Барселона триумфираше во Рим. Прва во годинашното финале се пласираше Барса, која славеше со 2:0 кај Реал Мадрид, а на "Камп Ноу" одигра 1:1. Јунајтед, пак, двапати славеше во полуфиналето против Шалке (2:0, 5:1). Според историјата на двата тима и нивните меѓусебни дуели, тешко може да се избере јасен фаворит. |
||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Фергусон: Сосема е нормално Барселона да ја наречам фаворит
Легендарниот "Вембли" во сабота ќе биде доамќин на финалниот меч од Лигата на Шампионите. Токму како и пред две години за титулата првак ќе се борат Барселона и Манчестер Јунајтед. Поради формата и резултатите фаворити на хартија на тој дуел се фудбалерите на Каталонците, што го потврдил и тренерот на Јунајтед, Алекс Фергусон. "Мислам дека е сосема логично Барселона да ја наречам фаворит на тој меч. Никој не играше во таква форма сезонава и имаат многу фудбалери кои се секогаш при самиот врв во последните избори" - рекол Фергусон, но на се тоа додал: "Меси е посебен фудбалер, но никој не смее да заборави дека и ние имаме такви креативни играчи кои сами можат да си подготват шанса себе си и на другите. Таков е Руни, такви се Хернандез, Нани и Валенсија. Сакам да кажам дека и кај нас постои против тежа на Меси, Џави, Иниеста и останатите". Фергусон додал: "Барселона игра со топката в нозе, но подеднаков таков притисок прави и кога не ја поседува. Ние мора да играме како Манчестер Јунајтед, како што веќе се навикнавме, па на крајот треба да очекуваме многу интересен натпревар." И според обложувалниците, Барселона е фаворит во пресрет на финалниот дуел од ЛШ. Коефициентот дека Барселона ќе слави во регуларните 90 минути изнесува 1,90, додека за триумф на Јунајтед коефициентот е 3,80. |
||||||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Фергусон: Тешко ќе биде да го изберам составот за Барселона
Шкотскиот фудбалски стратег додаде дека неговата потешка задача е да ги одбере играчите кои ќе останат надвор од теренит за оваа сабота, односно оние кои нема да истрчаат на Вембли во финалето. „Не е лесно да се избере еден состав, особено не за големо финале, бидејќи треба да се усогласат и човечките вредности.“ „Сите играчи напорно работеа за тимот во текот на целата сезона. За жал, постои само еден човек кој треба да им каже дали спаѓаат во екипата или не, а тоа сум јас.“ „Имам многу тешка задача пред мене, но истата треба да биде завршена затоа што сакаме да победиме на овој натпревар. Сите го знаат тоа.“ - изјави Фергусон. |
||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||||||
Внеси реплика | страница <1 3334353637 43> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |