IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - ЛАТАС- новинар, камелеон или...???
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

ЛАТАС- новинар, камелеон или...???

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 28>
Автор
Порака
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2011 во 21:54
Originally posted by vmro1990 vmro1990 напиша:



Уредникот на Сител телевизија и дневниот весник Вечер, Драган Павловиќ-Латас,
Според потпреседателката на СДСМ, Ана Павловска-Данева, партијата поседува документи кои се доказ дека прилозите на ТВ Сител и Вечер за спорот на државата за 450 хектари земјиште во Зелениково со кои според нив, со денови ја малтретирал македонската јавност, не биле направени заради заштита на интересите на државата, туку заради личните имотни интереси на Латас.
*****
 Наместо со Груевски одбра да дели мегдан со мене. Веројатно поради што битката со Груевски и е одамна загубена. Јас сум приватно лице кое нема јавна функција и за својот имот не одговарам пред јавноста.
******

Ајде да ги проанализираме овие два момента- -нема јавна функција, но е на место кое многу може да влијае на јавното мислење.Сите сме сведоци дека Латас не го крие своето воодушевување од сегашнава власт, нити пак го крие антагонизмот кон Бранко Црвенковски.
Аргументите кои ги нуди СДСМ -дека ги користел медиумите за да добие личен профит треба некој да ги разгледа-прифати или отфрли.
Е ај сега ова поцрвенетото- Не одговара можеби кривично како дошол до имотот-но богами пред јавноста и тек како одговара-затоа што јавноста веднаш формира свое мислење и нормално е да се прашува како дошол до имотот. Так нормално е некој да го осудува-а некој да го велича и да го имитира-на истиот начин да дојде секој поединец до имот како на Латас.
Околу неговиот коментар и епитетите нема многу што да се каже-очигледно е дека првичната реакција покажа дека беше бајаги издишан од зададениот удар-а и изјавата која ја даде и навредите-жаргонот со кој беше се кажано богами не доликува на главен и одговорен уредник на два медиума кои сепак нешто значат во нашиот медиумски простор.
Мислам дека во иднина би требало да се потсети себеси дека има одговорност пред своите гледачи и пред своите помлади колеги да се воздржи, да внимава на својот речник. И како што самиот кажа- дека полага рачун  пред своето семејство така треба и да знае дека дома  може и да опцуе, може и да ја нарекува Данева како му е драго-ама не и на медиуми во јавни изјави.
Впрочем како сака-може-ама губи поени во очите на оние кои сметаат дека главните уредници на медиумите треба дапочитуваат  одреден кодекс на однесување.

Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2011 во 15:48
Да,одлично кажано,во оваа ситуација,само се потврдува реченото,кој е всушност латас(обичен кодош),кој нема друг речник,па тој и во минатото се користеше со тие фрази ,но само во поблага форма,е сега кога ја има силата,и е на страна на диктатурата,со умислата дека се тие главни и на нив како ќе им текне така ќе го кројат јавното мнение,кутриуот народец,од сиромаштија,нема време ни да го коментира па камли да го осуди неговото однесување.
За волја на вистината ,а во контекст на кажаното само би ги спомнал и двата други мегафони,миленко и бурекчијата,кои вчера си правеа емисија кај јанко,истата перверзност и арогантност со безобразлук ја презентираа,дури миленко погледна во часовникот ,дали бил поминат 00 часот,за да може да зборува (одговара)безобразно.
Ако вака сакаме и понатаму да живееме и вакви ликови да ни гравитираат во медиумските простори,а со тоа и да ни го кројат мислењето на безобразлук и страв,вреди да се размисли како да се гласа на претстојните избори.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2011 во 16:02
а кога само ќе се сетам како плукаше по Фрчко ради неговиот речник...
е па мајсторе,испадна дека не си баш нешто подобар од него
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2011 во 19:25
Оној кој не го разбира Латас...
како бизнисмен...
не разбира во каков систем...
живее...
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2011 во 20:23
Originally posted by којсумјас којсумјас напиша:

Оној кој не го разбира Латас...
како бизнисмен...
не разбира во каков систем...
живее...

Еве јас не го разбирам.
А го знам откако почна, сум го читала, гледала. Сега се чудам како толку човекот се измени?тага

Кон врв
speed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Март.2007
Статус: Офлајн
Поени: 803
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај speed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2011 во 17:26
Latas e platenik na site rezimi, no ovoj pat debelo si profitiral izgleda za toa sto zbori celo vreme protiv SDSM ui Branko, odnosno mu dodelile golema lokazija vo zelenikovo i ja prenamenil za izgradba na golf tereni i slicno, a vo vremeto na Ljupco Georgievski mu podarile Jip normalno za zaslugite i manipuliranjeto
Mo ke go stigne pravdata i Latas, Latas ke go jade najmnogu koa ke se smeni ovaa vlast...
speed
Кон врв
aLbaneso Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Септември.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 933
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај aLbaneso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2011 во 18:17
Originally posted by speed speed напиша:

Latas ke go jade najmnogu koa ke se smeni ovaa vlast...

Sekako nekoj ne moze ni da doceka za da mu vozvrati na Latas

Изменето од aLbaneso - 27.Април.2011 во 18:18
Љаеш НЕ касаш !
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2011 во 11:17
 
 
Писмото од новинарот Латас до ...............


Живот је чудо, што би рекле Славко Штимац и Емир Кустурица во истоимениот филм. И тоа добар филм. А животот е стварно чудо. После толку пишувања сфатив дека јас живеам од тоа. Дека не знам поинаку. Сфатив, а не разбрав дека, патем, најприватното станало јавно и дека, еден ден, ќе осознаам дека не ни можам да напишам приватно писмо.

Ова е малку поинаква приказна. Ако подобро размислам, и не е текст за весник. Ова, повеќе, е лично писмо. Мое писмо до Црвенковски Бранко.

Подобро е вака. Јас имам чиста совет дека сум пишал. Тој има чиста ситуација дека писмото му е испратено. Па, нека прави што и да сака да чини.
За три недели имаме избори. Битни избори.

Ние бираме дали завршува транзицијата и се што оди со неа. Ти, Бранко, бираш дали ќе ни дозволиш да живееме како сиот нормален свет. Или не.

Не е главниот избор дали Груевски ќе добие шанса да гради, да отвора школи и болници, да го брани името од диктати, да покачи пензии, или да дава стипендии... или ќе се вратиме на твоите бескрајни приказни дека државата пропаѓа, ама ти ќе ја спасиш: ќе апсиш од мене, па се до последниот судија, полицаец и цариник што тебе ти личи на груевист. Ќе ни го направиш минатото иднина и ќе ни ги вратиш Шекеринска, Фрчковски, Тито Петковски, Јани Макрадули... да не убедат дека стопати преплетен џемпер е нашата нова облека.

Па они, онака како што знаат, да тргнат онаму каде што секогаш оделе.

А знаеме каде одат. Долго одевме по тој пат. Убедени дека ти ја спасуваш државата, а не уништуваш нас. Умно просветени дека државата е нешто друго. Над нас. И од нас поважно.
Патем, останавме без фабрики. По тој пат не изградивме ниту едно школо, стадион, театар, болница или музеј. Ниту еден споменик за да видат децата дека имало и подобри од нас. Некои, на кои вреди да се сеќаваме.

Останавме, Бранко, патувајќи по твојот пат, без работа. Стотици илјади од нас. Загубивме војна и добивме бисексуална држава. Загубивме име и на таа, каква таква држава. Загубивме и знаме, патем. Едвај напишавме енциклопедија, твоите ни ја протестираа и ни ја укинаа. Загубивме стара девизна заштеда. И новата ја загубивме, со твоите од ТАТ. Онака, попатно, со тебе и твоите на чело останавме без армиските имоти дадени на блиските во четири очи.

Кога ти продаваш, Рамстор добива плац за 25 евра квадрат. Кога Груевски продава, одма до тебе на исто место, тоа вреди 400 евра квадрат. Ти продаваш евтино, но паметно. Особено кога продаваш наше. Тогаш не се штедиш.

А богами, поприлично наше имаш продадено. Од името на државава до знамето. Од фабрики до плацеви. Од војни до фри шопови...

А дека патувавме, патувавме стварно. Уморни сме веќе од тој пат.

Не ни даде да одмориме. Таман да земеме здив, да се свртиме околу себе и видиме каде сме, ти не потстеуваше дека државава е во криза. Дека немаме избор. Дека ти, ти и само ти можеш да не спасиш од тоа.

И продолжувавме понатаму. Се до пред некоја година.

Како друг Марко од Андерграунд" на Кустурица, заедно со Шекеринска, Фрчкоски... со години не држеше под земја, убедувајќи не дека горе е опасно. Дека државата е се уште во војна. Дека ти, ти и само ти гледаш далеку и цениш подбро од сите. За доброто на сите нас. Дека твојата среќа е само твоја работа, но затоа твојот бес, твојот гнев, е добар ден за сите нас.

Еден ден мајмунот влезе во тенк. И пукна. Падна плафонот и влезе виделина во нашето подземје. Во нашиот Андерграунд.

И видовме дека горе е ден. Дека народ живее и дека горе чекаат на нас. Да живееме како сиот нормален свет. Дека знаеме да изградиме улица, да отвориме болница, изѕидаме музеи и болници... дека животот чекал на нас.

Како сега да не вратиш назад?! Пак назад, во подрумите на твојата политика. Дали, искрено, веруваш дека тоа што повикот доаѓа од Шекеринска изгледа повеќе привлечен? Дека ќе веруваме на твоите зборови од неа кажани?

Ќе не направиш поинакви, а не си успеал ни себе да се смениш.

Останат сам. Гневен, бесен човек кој веќе никому не верува. Политичар кој одржа конгрес во заклучен хотел. Без новинари. Шеф на партија кој на пушкомет од партијата ги држи партиските легенди од Ѓорѓи Спасов и Никола Поповски, до Бузле, Иљо... ти секако не веруваш дека ликови како Гордан и Радмила, со додадената Ана Данева, можат да смислат нешто паметно за оваа држава. Тој збир на мрачни, конфликтни типови без дух. Како од Адамс фемили" излезени.
Бранко, пријатељу, знаеме како стана претседател на оваа држава. Ти и јас добро го знаеме тоа. Знаеме и како го одјеба Киро. Како ги реши Буч и Радмила. Каде се парите од Рамстор и дека од турскиот врв е побарано тоа да не се чепка ако сакаме нивна НАТО поддршка... Коч не е кој било таму.

Знаеме, Бранко, и ти и јас, а и многу други, дека овие избори ќе ги загубиш. И дека сакаш од зијанот да направиш ќар со чистка во партијата на сите до и околу Радмила, Гордан и тој сосросоиден рециклаж. Ок, тоа е ваша работа.

Но, немој, Бранко, да најавуваш, создаваш, подготвуваш и темпираш гнев и тепачки поради наводно намесетни избори. Да се тепаме меѓу себе за ти да останеш шеф. Да не влечат по европски канцеларии и весници како албански рецидив. Само во Тирана и Скопје има таква политика.

Немој, Бранко, да создаваш атмосфера на постизборни конфликти во кои Али Ахмети и Тачи ќе најават дека Македонија не е демократска држава и затоа тие треба да бараат свое решение.
Немој, Бранко, да го правиш ова и многу други работи за кои во ова писмо нема место да бидат спомнати. Да сме сакале да гинеме, ќе загиневме веќе.

Немој! Треба и утре да се живее. И тоа не како било.
Да се живее нормално, Бранко.

Јас пишав што имам. Не донесувам одлуки што можат илјадници луѓе да направат несреќни. Тоа е твоја привилегија, Бранко. И твој ризик.

Пишува: Драган П. ЛАТАС

Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2011 во 12:55
Се гнасам од вакви работи,затоа што подлегнувате на србскиот врховизам и кодошлак на кој припаѓа оваа гнаса,латас.
Би се обратил до оние Македонци кои не си ја познаваат вистинската историја и читаат вакви работи,не подлегнувајте под туѓи влијанија.
И уште една работа каде е напишано ова писмо ,за да му се обратиме НИЕ на ова џубре и на неговиот падрон гујо-дафи дак.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2011 во 15:02
Се гнасиш од вистината за Бранко или од тоа што е кажана од Латас истата таа вистина?

Просто ме чуди како тоа при толку способни персони во СДСМ,кои според партијата се ептен многу јаки стручњаци и оратори и ли што знам што се,не се најде еден да  тера барем дискусија со Латас по весниците и барем да ја брани честа(ако ја има се уште) на Бранко???

Па добро мајку му до такво ли дереџе е дојден СДСМ да еден човек како Латас има толкаво влијание на народот Македонски и сето тоа да го постигне со лажење,кодошлок и презентирано од една гнаса како што го нарече Горазд???



Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
MyWay Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Антиталенат на годината

Регистриран: 05.Септември.2008
Локација: Aruba
Статус: Офлајн
Поени: 23914
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MyWay Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2011 во 15:17
Доброто за Латас е тоа што тој не лаже...

Си кажува во лице се што има и ај пријатно..

Така треба.....го гледам стално оти ме расположува кога збори а не како оние темните и мрачни облаци.....


Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......

Кон врв
Kali Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Storyteller

Регистриран: 30.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4947
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kali Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2011 во 16:41
Originally posted by MyWay MyWay напиша:

Доброто за Латас е тоа што тој не лаже...




Лелеле голема%20насмевка Абе ќе ме расплачете некој од овие денови големо%20гушкање роза


Изменето од Kali - 22.Мај.2011 во 16:43
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2011 во 16:59
Што е вистина, вистина е... Латас е цвеќето кое треба сите да го мирисаме, дури и кога прди.... Офајден си е тој, и нормално уплашен дека ќе има линч кога ќе се смени власта... Па јас не го терав на коленици да му го онади на грујо, за да земе некој денар повеќе или некоја локација повеќе.... Кога го слушав порано на вести, мислев дека сум некаде на алпите, и уживам во убавините што ми ги презентира, за да се освестам многу брзо што излезам од дома...

И да ги расположува сите оние кои го поддржуваат вмро, зашто тој (му) го поддржува (на) грујо..... сосема нормално е да слушате пофални работи, и да ви се допаѓаат.... Зашто сте истомисленици, а неистомислениците да имаше закон за палење на клада, гарантирам дека тоа ќе се случуваше.... И така среќни задоволни ќе си живееја наоколу вмро и ПОДдржувачите на вмро, на чело со Латас... Е сеа кој повеќе кој помалце ќе се офајдеа....

Дајте ве молам... Латас реален а? Греота човекот е ангел и незнае што е тоа лага.... А најдобар другар му е Миленко... хахахахахахах...


The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2011 во 00:39
Е вечерва се изнасмеав со Латас- демек се засекира човекот што сдсмовците го ставиле своето лого на локумот и кафето а не биле произведувачиголема%20насмевка
Божееее!!!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 28>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.