IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Социјализам или капитализам?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Социјализам или капитализам?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5455565758 61>
Автор
Порака
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2011 во 06:17
Дали недостатокот на храна во првите 5 години по војната се должи на воспоставувањето на социјализмот? Или можеби е тоа резултат од разорената, и онака скромна, инфраструктура? Можеби заради тоа што во тоа време требело да се фомираат институциите на државата, регулираат правно-имотните односи, организра стопанството, образованието, здравството, се воспостави законодавството?! Знам едно, никој неумрел од глад, а потоа само тргнало по нагорна линија.

Исто така е неспорно дека ФНРЈ покрај комерцијални кредити, добивала и неповратни средства како благодарност, прво ради борбата против фашизмот, а второ што му го свртила грбот на рускиот реален социјализам.

Проблемите кои ќе настанат подоцна се должат на прекумерна фокусираност на идеолошките парадигми, притоа запоставувајќи ги економските, комерцијалните чинители.
Непокажувањето на флексибилност, на пример како што покажува Кина, а згора и политчките трендови ширум светот ќе допринесат да самоуправниот социјализам колабира и во СФРЈ.

Самиот колапс не покажува дека системот не функционирал или неможел да опстане, туку напротив колапсот само го потврдува недостатокот на политчка волја да истиот се модифицира, реорганизра. Со транзицијата назад кон капитализмот, кој теоретски стои на понизок степен на развиток на општествените системи кои ги познава човештвото, практично ние исчекоривме назад. Сведоци сме на резултатите од транзицијата. Всушност ние се вративме назад на почетокот на капиталисточкото општество при што требаше прво да се направи првобитна акумулација на капитал. Се што вредеше и се создавало со генерации се распродаде или беше оставено да пропадне.

Што се оденсува до кредитите и неповратните фондови, јас би те запрашал дали има нешто лошо во тоа? Па на сите ние познато дека некогаш богатите, заради постигнување на своите политчки цели, нештедат средства? Се е политка, интерес, за алтруизам неможе да стане збор, нели?

Колку што знам Грција е капиталистичка држава, а ако таа нема добиено кредити и неповратна финансиска помош, тогаш незнам кој друг има добиено. Грција, капиталистичка, западно демократска држава, а види од друга страна пред банкрот! Заради неуспехот на Грција сега ќе го обвинуваме капитализмот, како општествено уредување?!

Колку што мене ми е познато ЕЗ се раскости од давање грантови, па нешто непроцветаа демократските општества како Исланд, Португалија, Шпанија, Ирска.... и поновите демократски општества од Балтикот.

За Словенија си донекаде во право, ама само кога ќе ја споредуваш со другите екс Ју држави. Меѓудругото нејзиниот надворешен долг ја надмина бројката од 30 милијарди долари. Пред извесно време постирав еден меморандум, повик до словенската јавност, кој ми беше испратен од еден мој словенечки пријател. Тој пост беше одлична индикација како се чувствува словенечкиот народ околу политчките кланови, непотизмот, рафрлањето на народните пари.... Стравично беше што речникот кој го користеа ни е и нам толку близок, би рекол идентичен. Се разбира ниту еден челн на форумов не најде за сходно да даде коментар. Незнам, можеби заради тоа што тесктот беше на словенечки, па неверувам дека многу го разбрале.

Музиката која ја приложив беше само мал пример. Можам да исчепкам многу други работи, од културата, економијата, уметноста, спортот, научните достигнувања... Не би било лошо ако можеме да ги споредиме тогашните достигнувања со оние од пост социјалистичкиот период. Мислам дека во многу сегменти, и не само ние во Македонија, се имаме уназадено. Многу нешта и многу луѓе биле пред своето време, а богами и пред времето на некои луѓе кои им припаѓаат и на денешниве генерации.

Добро е што живееме во техолошки понапредни општества, па ни стојат на дофат на рака аудио-видео записи кои биле направени пред 30-40-50 години. Мислам дека сме доволно паметни да можеме да разликуваме што е нешто направено од срце, а што пропаганда.

Изменето од Platenik - 09.Мај.2011 во 07:23
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2011 во 11:52
Интересна дискусија за мене,премногу интересна иако ретко пишувам тука.

Гледам некој напиша дека се имало све во Социјализам,секој работел и одел на одмор и така натамо а денес било обратно.

Не би се сложил со ова затоа што фатив добро време од тој Социјализам и рака на срце не цветаа рози,и тогаш имаше сиромашни и богати а и сега е истото,според мене ситуацијата е скоро иста,таа носталгија за поранешната држава е претежно кон Културата,Уметноста и Спортот кои рака на срце беа неверојатно плодни и цовек навистина уживаше во нив.

Да се разбереме и во Социјализмот имаше сиромаштија ама мислам дека барем луѓето имаа храна за да преживеат,денес некои и тоа го немаат,место три оброци имаат еден.
На слична тема пред околу десетина години имав раговор со една жена кој  одеше отприлика вака,ќе парафразирам
-Имам 50 години,родена сум во 1960 година,учев за без пари,се лечев кога бев болна за без пари,ја прошетав цела СФРЈ за без пари а и добар дел од Европа,завршив факултет за без пари само книгите ги плаќав,се вработив и имав добра работа,работев многу и имав солидни средства.
Брак,деца и дом,мир и безбедност,живот без страв за себе,без страв за моите деца ,се најдобро,животот ме исполнуваше и го живеев,како што јас стареев се трудев секој ден да придонесувам за Социјализмот,додека други го уништуваа ,го гледав тоа и се борев против тоа но беше бадијала.
Потоа дојде Капитализмот и уништи се.
Безбедност немаше,работа немав,страв ми беше децата да ги пуштам да си играат на улица.
Јас немав работа,сопругот немаше работа,моите деца немаа облека,немавме средства за храна поради тоа јас јадев еднаш во два дена за моите деца да јадат три пати во денот,школото за нив требаше да го плаќам,немав средства за тоа,па работев се и сешто,од чистачка до продавачка на ситници на пазар иако бев Машински Инжињер.
Со Капитализмот дојде таканаречената демократија,а јас се чудев како може да дојде нешто што јас лично го имав и предходно,се тврдеше дека се добро ќе дојде и сите нешта,но тие нешта донесоа се  најлошо за мене.
Денес сум Тешнолошки вишок,јас која ја градев истата  технологијата која денес ја поседуваат други немам право да ја погледнам и да ги користам нејзините придобивки,седам дома револтирана,скршена и изневерена,болна и физички и ментално,болна од тага и проблеми кои други ми ги донесоа,новите времиња и Капитализмот и мојата безгранична чесност.


Вакви случаи има премногу за жалтага жената ја познавам лично иначе

Мислам дека неколку пати сум го пишал следново кое го прочитав како коментар на видеата на ју туб со тематика за СФРЈ,повторно ќе парафразирам.
-Менувам било каква демократија за социјализам во кој нема да се грижам за безбедноста на ќерка ми кога ќе шета навечер со другарките.



Изменето од fiks - 10.Мај.2011 во 11:53
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2011 во 13:13
Фикс,

Жената која ја споменуваш пред 10тина години имала 40тина години, а не 50. Се разбира ако е родена 1960.

Тој што вели дека имало се во социјализмот малку претерува. Веројатно имало доволно да продавницте бидат релативно полни и да не се чекаат редови како во источно европските земји. Со исклучок кога снемувало, масло, кафе, млеко, бензин, струја.... Ако снемало во продавницте, незначи дека домашните/куќните магацини не биле полни. За она што било “насушна“ потреба, луѓето си тркнувале на шопинг до Солун, Трст...

Никој не вели дека во тоа време немало сиромашни, меѓутоа разликата меѓу хигиенскиот техничар и генералниот директор по донос на нивните примања била 1:7, ајде еве нека била и 1:10 со деневниците од службените патувања. Црвената буржоазија ги регулирала тие односи, административно, повеќе идеолошки отколку економски. Во секој случај немало екстреми. Креативните луѓе и во такви услови покажувале резултати, додека медиокритетите, кои за жал секогш ќе бидат во поголем број, се тие кои ќе речат, зошто да вложувам екстра напор или превземам одговорност, кога не ме плаќаат доволно.

Парите се мотивирачки фактор до одредена граница. Ако не ти пее пилето за професијата која ја работиш, тогаш сите пари на светов нема да те направат нешто подруго од анален отвор, чмар!

Туку колкава е разликата денес меѓу некој општ работник и некое ЦЕО? Колкав е процентот на тие отепаните, да неречам експлоатираните? Како може тоа Македонец на Македонец да му го прави? Па нели се сите Македонци и се борат за својата татковина Македонија, некој со посен грав, а некој со бифтек. Таквите луѓе неможат да имаат ист интерес, нивните интереси се дијаметрално спротвиставени. Доколку јазот се продлабочува тие можат само да станат непријатели, ма колку тие биле припадници на иста нација.

Изменето од Platenik - 10.Мај.2011 во 13:28
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2011 во 13:31
Грешка но сеедно е,поената е јасна.

Читав пред некое време во весниците анализа на тие недостатоци што ги споменуваш,од типот на шеќер,кафе и бензин и јас ги паметам редовите за бензин кога и по огласи во весници или на разни места низ градовите налапени на мали плакатчиа се продаваа првите места во редовите нза бензин.

Имаше тамо споменато во статијата дека некои Српски аналитичари ја пресметале последната месечна плата која Тито ја имал и изнесувала фантастични,сега не сум сигурен дали беше 256 или 276 илјади Германски марки во динарска противредност голема%20насмевка


Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2011 во 13:46
Мислам дека Србите претеруваат, како и обично.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2011 во 13:50
Не знам,но мене ми гледа за многу точна бројка,статијата мислам дека беше во Нова Македонија а беше наведен и изворот на информацијата.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
vivi1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Легенда

Регистриран: 20.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 18941
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vivi1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2011 во 14:24
ufff..kaj dojdov jas....тага
vivi
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2011 во 15:30
Статијата е пренесена од белградска Политика.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2011 во 21:19
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Фикс,

Жената која ја споменуваш пред 10тина години имала 40тина години, а не 50. Се разбира ако е родена 1960.

Тој што вели дека имало се во социјализмот малку претерува. Веројатно имало доволно да продавницте бидат релативно полни и да не се чекаат редови како во источно европските земји. Со исклучок кога снемувало, масло, кафе, млеко, бензин, струја.... Ако снемало во продавницте, незначи дека домашните/куќните магацини не биле полни. За она што било “насушна“ потреба, луѓето си тркнувале на шопинг до Солун, Трст...

......................
jas po farmerki si trknuvav do trast ...a po kafe u solun,...i
 
... i toa ,duri, edno vreme se is[plateshe, dve tri kila kafe po poshta da si pratish doma od tamu,...i da go izvadish i patot i jadenje i pienje tamu,..pa duri i nekoj kjar kje imashe.да
 
...a, po poshta , zatoa shto ne beshe dozvoleno povekje od kilo da nosish  ''na sebe''..............
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2011 во 02:04
Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Originally posted by Brza Brza напиша:

Originally posted by Platenik Platenik напиша:

Фикс, Жената која ја споменуваш пред 10тина години имала 40тина години, а не 50. Се разбира ако е родена 1960. Тој што вели дека имало се во социјализмот малку претерува. Веројатно имало доволно да продавницте бидат релативно полни и да не се чекаат редови како во источно европските земји. Со исклучок кога снемувало, масло, кафе, млеко, бензин, струја.... Ако снемало во продавницте, незначи дека домашните/куќните магацини не биле полни. За она што било “насушна“ потреба, луѓето си тркнувале на шопинг до Солун, Трст...


...................... jas po farmerki si trknuvav do trast ...a po kafe u solun,...i
 

... i toa ,duri, edno vreme se is[plateshe, dve tri kila kafe po poshta da si pratish doma od tamu,...i da go izvadish i patot i jadenje i pienje tamu,..pa duri i nekoj kjar kje imashe.да

 

...a, po poshta , zatoa shto ne beshe dozvoleno povekje od kilo da nosish  ''na sebe''..............



Па ништо де, не си само ти што си го правел тоа.

Како и да е, во ју социјализмот си можел да го правиш тоа. Ем да се поршеташ, ем да направиш бизнис, ем да бидеш шизик и кога ќе ги прошеташ новите фармерките по скопските кафулиња.

Веројатно си правел бизнис и со земјите од реалниот социјализам. Си им продавал д’нки, дефки, чорапогашти... и со заработените пари си протерувал одмор на Черното Море, нели? Може ќе си донесел и по некоја пита кашкавал или квалитетен бугарски долен веш. Двојна корист!

Замисли да си се родел во Бугарија или Романија?

Изменето од Platenik - 11.Мај.2011 во 03:22
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2011 во 19:29
...ne znam za tebe ama,..jas ne sum bil takov trgovec!
 
...toa sum go napravil 9 so kafeto!),samo ednash ili dvapati,..i toa samo od keif, da proshetash malku  ''bez pari'' i da vidish bel svet,
 
...a,za toa vreme najbliskata amerika, sprema ona tuka shto beshe ...togash!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2011 во 02:05
Не сум убеден дека имало поблиска Америка од самата Америка.

Колку што ми е познато грчките мексиканци доаѓале во Скопје, Битола, Гевгелија и се што ќе нашле си купувале, банани, спортска опрема, па ќе прокоцкале некоја паричка, ќе се поскијале, а на Велигден ќе го дочекале Христовото воскреснување во Охрид...... ќе поправеле некој заб, фризура, а некои богами и ќе налетале на некоја камењарка..., всушност како и денес.

И едните и другите биле Мексиканци или Американци, ако сакаш, само тајмингот бил различен.
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2011 во 00:23
...a, zavesite  chipkani gi zaboravi?
 
...grcite tuka doagjale od sosema podruga prichina,....od taa, zoshto ti si im odel kaj niv!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2011 во 04:40
Која е причината што Грците доаѓале во Македонија? Да купуваат банани?

А која е причината што Македонците оделе во Грција и не само во Грција туку и во многу други земји?

Верувам ради, туризам, прошетка, шопинг, трговија....да се сретнат со роднините, ги посетат родните места.....
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5455565758 61>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.