|
Занимливости околу исхраната |
Внеси реплика | страница <1 89101112 20> |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кимот ги смирува грчевите Покрај тоа што кимот се користи како ароматичен зачин, оваа двегодишна билка е и лековитра. Напролет се вади коренот, а на есен се собира семето од кое се вари чај за јакнење на желудникот, за подобро варење и за исфрлување на мочта. Оваа напивка посебно им се препорачува на жените, зашто ги смирува грчевите во матката, а во текот на доењето го забрзува лачењето на млекото. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не фрлајте ги перцата од младото кромитче
Бројните истражувања потврдија дека повеќето луѓе грешат што ги фрлаат зелените перца од младото кромитче и го користат само белиот дел. Зашто, покажаа анализите, перцата од младото кромитче изобилуваат со витамините Ц (3-4 пати повеќе од главица зрел кромид) и А, како и со минерали. Надземниот дел од младото кромитче содржи и јагленохидрати и билни влакна, така што претставува вистинска ризница на здравје. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што да изберете за јадење?
На дамите првиот избор би требало да им биде овошјето. За подобар и сјаен изглед, има помала енергетска вредност, а гарантира доволно енергија за дневните активности. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Водич за свински ребраBaby back ribs Baby back ribs Името го добиваат заради тоа што се пократки од останатите ребра. Поврзани со 'рбетот, сместени меѓу слабините, ова се најчистите и најмеките ребра. Просечно парче има меѓу 11 и 13 коски, од кои најмалата е околу 8 сантиметри, а најголемата околу 16. Во зависност од тоа како месарот ги отстранува ребрата, коските можат да имаат и до 2 сантиметри нежна кртина на горната страна. Просечното парче тежи меѓу 650 и 900 грама, од кои половина е коска. Цената на овие ребра е меѓу 4 и 8 долари, пред се бидејќи се помеки и имаат помалку сало од останатите ребра. Посебно се добри кога се подготвуваат на чад, полека и на температура од 100 степени, околу четири часа. Се препорачува премачкување на ребрата со сос за скара, пред да бидат тргнати од оган. Ниската температура придонесува месото да биде уште по меко и по сочно. Високата температура ги стврднува.
Според правилата, едно парче од овие ребра треба да содржи најмалку 11 коски и парчето има повеќе коска отколку месо. Најголемиот дел од месото се наоѓа меѓу ребрата а не на горната страна. Коските се прави и потенки од оние на "бејби бек ребрата," а месото има повеќе мрсно меѓу мускулните влакна. Коските, сврзувачкото ткиво и маснотијата го прават месото посебно вкусно. Цената на овие ребра се движи од 2 до 6 долари за 450 грама, а просечното парче тежи меѓу кило и кило и пол. Од ова половина се коска и рскавица. Едно парче обично може да најаде две лица. Најдобро е да се подготвуваат исто како "бејби бек" ребрата, само наместо 4, треба да се остават 6 часа. Овие ребра се малку поевтини од "бејби бек" ребрата, пред се затоа што имаат повеќе коска и затоа што драстично е зголемена побарувачката за овие вторите.
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Научниците препорачуваат скара со рузмарин Истражувачите од Универзитетот "Канзас Стејт" открија дека рузмаринот може да го редуцира нивото на сврзниците на хетероцикличките амини (ХЦА) во месото печено на скара. ХЦА настануваат во храната богата со протеини, кога таа се пече на скара, се вари или се пржи. Порано спроведените епидемиолошки истражувања укажаа на поврзаноста на ХЦА со некои видови рак. |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Овошен коктел за моќно здравје
Најздравото овошје заедно со некои други здрави додатоци се наоѓа во супермоќниот коктел кој може да ни обезбеди добро здравје и долг живот. Француските научници тврдат дека успеале да произведат коктел од
седум видови на овошје кој може да обезбеди долг и здрав живот. Како што
велат научниците, коктелот го подобрува здравјето, го намалува ризикот
од срцев и мозочен удар, а што е најважно, има и многу убав вкус. Таков коктел има силни антиоксидативни карактеристики и делумно може да ги поправи оштетените ДНК молекули. Се разбира, напомнуваат научниците, потребни се уште додатни истражувања, но уште сега е јасно дека станува збор за многу моќна напивка која би можела да постигне извондреден успех. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Жените на диета јадат два пати повеќе
Жените кои се обидуваат да ослабат со диета, јадат два пати повеќе, велат експертите. Експертите за исхрана во Алабама објаснија дека жените кои сакаат да
се ослободат од вишокот килограми често не можат да состават добар режим
на исхрана. Слабите познавање на принципите на здравата исхрана понекогаш
доведува до тоа дамите, наместо да ослабуваат, за време на диетата да
додадат уште некој килограм. Многу од „наводната“ здрава храна содржи големи количини на шеќер, масти и калории, објаснија диетолозите.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Постењето има низа предности за здравјето
За едни постот е тест за телото и волјата, за други - само начин да се направи обид за соборување на барем неколку килограми. Сепак - во што точно се состои карактеристики на овие повеќе од 40 дена? За праведниот христијанин за време на пост треба да се посетуваат
црковните служби за големите празници и во недела. Без тоа Великите
Пости нема да бидат целосни. Постењето придонесува за прочистувањето на организмот од отрови и сите системи се одмараат.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПОЛНОЌНОТО ЈАДЕЊЕ ОСТАВА ГОЛЕМИ ТРАГИ
Полноќните закуски можат да остават поголеми траги на вашиот организам отколку што мислите. Истражувањето спроведено во Соединетите Американски Држави ја потврди теоријата дека уживањето на храна во текот на ноќта води кон поголема акумулација на тежина отколку во конзумација на иста храна во вообичаеното време на јадење. Во гореспоменатата студија глувците кои биле хранети во текот на ноќта добиле повеќе од двојно на телесната тежина одколку глувците кои биле хранети преку ден, со истата храна. Јадењето во несоодветни време ја нарушува природната рамнотежа на телото, која води до една серија на метаболичките реакции и на крајот влијае на клучните хормони со кои се регулира апетитот. Станува збор за зголемување на ghrelin, хормон со кој чувствуваме глад, и намалување leptin, хормон што сигнализира ситост. Се препорачува да се избегнува јадење пред да се оди на спиење, не само за да се спречи формирањето на телесната тежина, но за да се спречат дигестивни проблеми кои можат да предизвикаат интерференција со спиење. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Коприва место спанаќ Големата коприва веќе во мај е мошне голема и груба, па не е употреблива за јадење, но ви преостанува малата коприва, исто така, мошне распространета. Таа може да се бере за јадење и во летните месеци. Големата израснува и до 150 сантиметри, а малата не е поголема од 60 сантиметри и се разликува од големата по подолгите лисни петелки. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Замрзнување на овошје во сируп Овошјето треба да се измие, исчисти, а по потреба и да се исече на парчиња. Се става во кутија и треба да се прелие со изладен сируп, што вака се подготвува: |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сокот од јаболка добар за меморијата Скромното јаболко отсекогаш било познато како здраво овошје, а констатирано е дека и помага во зачувувањето на доброто памтење. Две-три чаши јаболков сок на ден значително го намалува ризикот од губење на меморијата што се јавува во постарите години, покажа истражувањето спроведено на Универзитетот во Масачусетс. Научниците сметаат дека за тоа е заслужна високата содржина на антиоксиданти во ова овошје. Се разбира, исто заштитно дејство има и јадењето на свежи јаболка, а за да бидат нависитна корисни, тогаш треба дневно да се јадат од две до четири. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Подготвување телешко месо Дали треба да го исчукате телешкото месо пред употреба? |
|
Внеси реплика | страница <1 89101112 20> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |