|
Дали во Македонија има слобода на говорот |
Внеси реплика | страница <1 1617181920> |
Автор | ||
The Best WH
Нов член Pro гејмерКА Регистриран: 18.Април.2011 Статус: Офлајн Поени: 11 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пак ќе повторам, има и премногу. На улица, во автобус, пред зграда, по пат, во кола, на форум си цепаат комуњарите муабети против власта. Ова ако не е слобода на говор, тогаш незнам што е. А да не збориме тоа што многу, ама многу навредуваат. За нив само диктатура па да видат што значи тој збор
|
||
Klucarot
Група Регистриран: 12.Април.2011 Статус: Офлајн Поени: 47 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ако ти ова го глеаш како слобода на говор ( барем тоа што си навел ) изглеа дека си ја утнал работата. Мислам дека темата е инспирирана од случувањата со А1 телевизија и целта е да се каже дека сите оние повлијателни поединци кои можеа и сеуште можат да и наштетат на владеачката партија го губат правото на слобода на говор.А само уште еден мал детал околу форумите ... освен до сега што се прислушкуваа телефони сега се следат и IP адресите па и има случаеви каде и полицијата тропнува на врата и почнува да се заканува. Зарем тоа е слобода на говор ?!?! |
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Vo Makedonija ima sloboda na govor kako vo retko koja zemja na Balkanot. Vo Makedonija sekoj moze sto saka da kaze i da napise i nisto da ne mu fali. Negativniot izvestaj za Makedonija za slobodata na govorot e vo golema merka "zasluga" na izvestuvacot Zoran Taler koj samo gi prenese stavovite na opozicijata kako megafon vo Brisel. No, vistinata sekogas izleguva na videlina i vidovme kako zavrsi gospodinot Taler, platenikot za amandmani i drugi intervencii ... |
||
SOLI DEO GLORIA
|
||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да ли има слобода на говорот ? Па зошто да нема ? Кој му смета на македонецот да си кажуваа тоа што мисли?Има доволно форуми,сајтови ,трибини каде секој може да се изкаже и неговото мислење да биде слушнато од политичарите.
Ете дури во празник информационите служби работат :
|
||
robert 22
Група Регистриран: 28.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 56 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Незнам кој вели дека во Македонија немало слобода на говор, но дефинитивно ја има, а некои и дури ја злоупотребуваат.
Во македонија не е проблем да каже кој медиум што сака, туку проблем е кој ќе му плати повеќе за да каже што тој сака. 5 месеци не трујат упад во А1 упад во А1, а вестите на А1 уште Игор иванов да почне да ги води и комплет цела бихаќка ќе се префрли внатре. Ја досега немам слушнато некој да се пожали дека полиција му чукнала на врата и му рекла, абе ти си коментирал против влада на тој ти тој форум, тоа се глупости и измислици кои се користат во една негативна кампања која не им допринесува ништо на опозиционерите, кои наместо да пружат квалитетна програма, се сведуваат на најниско можно ниво со заканување на недемократско рушење на влада која е легитимно избрана од народот и која сеуште ужива голема доверба во народот. Ако некој на некого му чукнувал на врата, ти немаше да имаш јајца и да го пренесуваш тоа тука на форум нели ? И да се согласувам со членот погоре, слободата на говор досега е објаснета како лоша само од Зоран Талер, социјалистот кој го фанаа со "раката во медот". |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Денес на светскиот ден на слободата на медиумите, и покрај ниските рангирања на листите на медиумски слободни земји, новинарите по втор пат не можат да се соберат да дискутираат за своите проблеми. Здружението на новинарите по втор пат неуспешно во обид да ги собере уредниците на нашите медиуми. Пратиле новинари да известуваат од состанокот, ама ниеден уредник не дошол. А и за што ќе разговараат, кога се си кажаа преку своите медиуми. |
||
Klucarot
Група Регистриран: 12.Април.2011 Статус: Офлајн Поени: 47 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Во тој случај да го оставиме Талер на страна , но и најновиот извештај на Фридом Хаус, кој за жал само го потврдува континуираниот пад на слободата на медиумите во Македонија е нарачан од Бранко Црвенковски така ?!?! |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Тема: Дали во Македонија има слобода на говорот
Ne bre, nema... zatoa site se prejaduvaat burek i neprekinato povrakjaat po vesnicite i televiziite, pa se kandidiraat za pratenici vo parlamentot... abre edna uzhasna diktatura.
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
немој после сите коментари на темава да пишуваш вакво нешто
не озбилно, прекрасно е што повторно се активира на подфорумов, ама очекувам поквалитетни дискусии со тебе а и тоа што го кажуваш укажува дека во земјава нема слобода на говор, со самото тоа што сите говорници ги кажуваат зборовите на партијата, а не сопствените мислења, мислам дека тоа сакав да го кажам со коментарот дека кај нас има слобода на говор, ама џабе е кога е тешко манипулиран и сопиран од политиката, без разлика за која партија се работи |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
robert 22
Група Регистриран: 28.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 56 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Епа зошто нема слобода на говор, разбираш ли ти што значи слобода на говор, или ти само си разбрал дека слобода на говор е да зборуваш а да не ти се закануваат? Слобода на говор значи да кажеш што ти мислиш, без закани а богами и без дебел џеп напунет од некоја партија. пак ќе кажам А1 6 месеци ни ја пумпаат главата не затвараат, не затвараат, а уште работат и тоа со полна пареа, некој од нив дури и заработија пратенички кандидатури од тоа "затварање". Влог во негативниот имиџ имаат сите новинари кои си го полнат џепот со пропагирање политика, не оние измислени притисоци од овој или од оној, не им давале да даваат вести! |
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
А најчесто, "борците" за слободата на говорот, уверувањето и мислата, оние кои се жалат од диктатура, имаат повеќе од педесет или шеесет години. Интересно е што многумина од "борците" пред само триесеттина години друга песна пееле и се колнеле во непогрешливоста на партијата, а сите спротивни мислења ревносно се бореле да ги уништат. Тогаш никаде ги немало во борбата против диктатурата и едноумието. Изменето од Македон - 04.Мај.2011 во 01:08 |
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
не дека нема вистина во тоа дека најгласни кај нас се пензионерите, кои се бунат иако се им е угодено, дури и јавниот превоз... ()
ама што да правам јас со фактот дека иако имам цел живот пред мене и роден сум во општествен систем заснован на демократија, моето мислење никогаш нема да биде земено во предвид се додека не станам чело на партија или било каква висока политичка функција? што ако можам да искажам мислење кога никој нема почит спрема него само од сограѓаните, а да не збориме за политичарите, дури и кога треба да има жестоки протести, властите воопшто не се обидуваат да ги спречат со компромис и времето го посветуваат на организирање контранапади и неиздржани обвинувања кои дури потоа ги покриваат ова е проблем во секоја демократска земја, но во нашава е повеќе од изразен! кај нас до тој степен стигаат работите, што наместо нормални протести, треба да се крева револуција и да настанат сериозни последици од тоа, но народот не е спремен за такво нешто и што правиме ако јас земам самостојно да протестирам со глад пред влада,собрание, што и да е, не е битно, ќе ме поминат неколку чаршиски муабети и ќе влезам во заборав, а властите нема ништо да превземат дури и ако иумрам од глад... (чиста претпоставка, не почнувајте муабет за ова) значи не се сведува се само на јадење бурек против власт во празно и проблемот е многу поширок од тоа, самата „слобота на говор“ со себе опфаќа многу елементи |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ти, како и сите ние, младите, треба да се избориме гласот да ни биде слушнат. Сета почит до пензионерите, навистина и тие имаат големи проблеми, но, лицемерно е некој кој во минатиот општествен систем бил на партиска функција и го воспевал и бранел едноумието, наеднаш да се смета за некаков борец за слободата на говорот и демократијата. Со чиста совест можам да кажам, дека вистински борци за слободата на говорот се младите во Македонија, секако, со чест на исклучоците од постарите генерации. Донекаде и ги разбирам, растеле слушајќи ги родителите како си шепотат: "Молчи, не пред детето, ќе каже надвор". Или пак, родителите му говореле на детето: "Немој надвор нешто да си кажал, сите ќе не затворат, тешко нам ќе биде". Најмногу ме разлутува, што сега, токму постарите, кои учествуваа во демократизацијата на државата,но во демократијата си продолжија со манирите наследени од социјализмот, сметаат дека се најголеми борци за демократијата, што е парадоксално. И токму таквите, како што кажа zabegan, нема ниту да го слушнат туѓото мислење мислење, да не говорам дека веднаш ќе реагираат со зборовите дека е премногу млад, дека тие веќе изградиле нешто, иако ако почне добро да се гледа во минатото, ќе се види дека друга песна пееле во минатиот систем, а сосема друга сега. Се кулминира кога ќе се случи се она што го кажа zabegan при ненадејно изразување на задоволството. Ние уште на почеток имавме и сеуше имаме проблем со сфаќањето на демократијата, а уште подалеку сме од нејзиното практикување. Но, сепак, мора да се разграничи едно нешто сега. Не можеме во Македонија, барем ние младите, кои сме живееле и растеле во демократија, да дозволиме некој да не убедува дека ова во кое живееме е диктатура, тиранија и нешто слично, а убедувачот да е некој кој половина живот го проживеал во таков систем и никаде го немало да е побуни и го поддржувал тој систем, па дури и за истиот сеуште тагува, а од петни жили се труди да докаже дека ова е тиранија и е борец за слободата на говор. Тоа е парадокс. Затоа и ми се допадна постот на Messenger, мислам дека тој токму и на ова алдуираше во тоа што го кажа. Изменето од Македон - 04.Мај.2011 во 01:46 |
||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
најтажното е што тоа преминува во традиција, до пред некоја година се надевав дека светот на младите останува, ама не е така, разни мислења и практики се пренесуваат од колено на колено и никогаш нема да изумрат, зошто инаку има денес деца кои се опседнати со минати политички системи и пропаганди а воопшто ги немаат доживеано
мислам дека гледаме различно на младината, јас воопшто не сум задоволен од денешната младина во сите сфери општо, не само во политика, барем се она што го имам видено ми убива секаква надеж за светла иднина, бидејќи ќе продолжат грешките кои на народов му се повторуваат со векови, затоа и денес ни се појавуваат слични ситуации кои ги имало во комунизмот и не знам зошто никој не сака да го признае тоа... како и да е, младината наша можам да ја поделам само во неколку категории, ама нема ништо убаво да напишам, само помалку или повеќе лошо за жал, тешко нас со таква младина... не смееш да забораваш дека колку и да има недеж, има иста или поголема количина идиоти а тоа дека можеш да се бориш, не може, треба потполна согласност меѓу народот за неговото мислење да може да промени нешто, сам само бесполезно се бориш и си го отежнуваш животот... лично сум се обидувал на повеќе начини неполитички да учествувам во општествово и ништо од тоа не вреди, а како врв ми дојде протестот за црквата на плоштад по кој се откажав од било какво учество во било што и сега се се сведува на зборење во празно на интернет, каде тешко дека било какво мислење ќе успее... а и што да кажеме за остатокот од личниот живот? образование, плата, семејство, здравје, социјални проблеми и т.н. сето тоа е поврзано, зошто на пример јас да не можам нормално да си дозволам да живеам ко нормален човек, уште сега се соочувам со проблеми, што правиме понатака ако продолжи вака? не можам да си дозволам сам да си бирам и да организирам, морам да играм по правилата кои ми ги поставил некој а кои со себе ги влечат сите сфери во животот на еден обичен граѓанин така да, сметам дека по малку наивни ти се мислењата за младината, барем од досегашното лично искуство имам изгубено било каква надеж за колективно подобро |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
Внеси реплика | страница <1 1617181920> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |