|
КОДОШИТЕ во Република Македонија |
Внеси реплика | страница 123 7> |
Автор | |
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 28.Април.2011 во 22:52 |
Член на Советот на град Скопје бил КОДОШ Член на Советот на град Скопје од редовите на опозициски партии најверојатно е нов јавен функционер кој не го поминал лустрацискиот филтер пред Комисијата за лустрација, дознава "Дневник" од неофицијалните извори.
Според сознанијата, тој извршува висока функција во редовите на својата партија, која е дел од опозициската коалиција. Овој функционер веќе бил известен од Комисијата дека неговата изјава дадена на нотар дека не соработувал со поранешните тајни служби не соодветствува со вистината утврдена од документите добиени од четирите надлежни државни институции. Томе Аџиев, член на Комисијата, потврди дека таков допис бил испратен до лицето. Досега е утврдено дека градскиот советник бил соработник на тајните служби околу една деценија, во 70-ите и 80-ите години од минатиот век. Документите за неговата соработка до Комисијата за лустрација биле доставени од страна на УБК. Овој функционер сега има рок од пет дена да одговори на заклучокот на Комисијата. "Дневник" се обиде да стапи во контакт со лицето за кое се претпоставува дека бил соработник на тајните служби, но тој беше недостапен на својот мобилен телефон. Неофицијално се дознава дека овој советник ќе ги оспори доказите од кои Комисијата го извела заклучокот дека соработувал со тајните служби. Како главен доказ во тоа се очекува да го искористи аргументот дека биле користени материјали што се наоѓаат снимени на микрофилмови. Досега лустрацискиот филтер не го помина единствено уставниот судија Трендафил Ивановски. (Б.Ѓ.) (До) кога ли ...жална Македонија ќе се бави и ќе трпи ...со овој остаток од минатиот (непрежален од некои) ТОТАЛИТАРЕН сиситем?
|
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Откако ја прочитав веста дека судијата чии два прста беа одлучувачки за доказ дека претседателот на судскиот совет ли беше-бил копдош- седнал на неговото место, јас не верувам дека кај нас има кодоши.Уште помалку пак верувам во кодоши од некој си претходен систем. Борба-потурни па земи му го местото има, ама дали тоа спаѓа во категорија кодошство- не знам. Мене повеќе ми личи на лакомост, злоба, напакостување отколку кодошење.
Та нели едно време (во турско) кодоши билче тие кои кодошеа кај поробителите? |
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
избори се ближат, избори се ближат
да не го тапам, во наредниов месец ќе се изнаслушаме кој колкав кодош бил повеќе одколку во минативе 20 години |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нормално е човек да не верува во нешто што не му се случило, скраја да е на негов грб. Сепак има семејства чии животи и судбини биле претворени во пекол со децении назад, токму од вакви луѓе - кодоши. Таквите семејства и блиските на оние што со години биле следени и кодошени, очекуваат барем делумна правда. Доволно е барем еднаш засекогаш да бидат отстранети од политички функции. Не спомнаа медиумите кој бил овој последниот што наводно имал досие, како што прочитав бил лидер на некоја од помалите политички партии? |
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Според мене..И тоа не би било доволно..
Ова(ка) треба:
Поред нивно (со закон) одстранувањето од денешните јавни функции кои ги обавуваат..и јавно презентирана конфискација на сето она што е заработено со (децении од) таква „јавна„ (читај кодошка) функција..
Тука подразбирам и одстранување на сето поблиско и подалечно семејство на истотакви (добро платени) работни места..здобиени по системот на „наши се децата„..
Денешниот систем на јавни фунции и работни места во јавни установи е преполн со „наместени„ извршители од „вакви„ пошироко гледани цели семејства..тоа е насекаде во здравството школството невладиниот сектор насекаде околу нас ...и т.н.
Со други зборови кажано...насекаде каде што има многу пари а многу малку и обврски и јавна и секому достапна по резултати контрола..
|
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Оваа прикаска околу кодошењето датира од монгу поодамна,односно корените се доста длабоки и богами жалосни за нашата земја,па од тука произлегува синдромот на самоуништувањето на Македонецот.
За да не навлезам во проблематиката на Историјата,но сепак би спомнал работи кои сум ги читал и истражувал во однос на Македонија пред и по Илинденското востание,(книгата е издадена 1949 год и е донесена од затвор,пречитувана од оние кои лежеле за Македонија по затворите во тогашниот систем)ќе споменам одредени детали. Она кое се кажува,а богами се кажува со факти,цитирани работи од преживеани од тој период,има текстови објавувани тогаш.па богами и оригинал фотографии,доволно зборува за поделбата на Македонецот како етникум,односно коренот на самиот кодошлак.Посебно после Илинден кога востанието не успева,а Централниот комитет на партијата(ВМРО)тогаш се растура на Централисти,па врховисти,прво бугарски,а потоа и србски. Народот имал дилема, мака каде и на што да се определува,па секој си зафаќал кодошка страна. И така да не должам,а морам да признаам дека е доста шокантно,само ги споредувам денешните настани и со сколпување на деловите од денешниот живот,веднаш можете да заклучите кој од каде и како е кодош ,и тоа не само во горните слоеви,ами и во редовите на обичниот човек. |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Е ај да го дефинираме терминот кодош!!!!
Дали не е кодош-да речеме некој мој колега кој оди кај директорот, во партија, во општина и кажува работи од работа Не е ли кодош, директорот кој мора во општина да реферира кој според негово убедување е од спротивниот табор Море, пак останувам на ставот дека кај нас кодоштвото не е од политички туку од интересни (лични) причини. |
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нажалост ваша почитувана колешке (форумска секако)..... , овој поим е веќе ДЕФИНИРАН со и во Закон за Лустрација.
И се однесува само на „соработниците„ на безбедносните служби....кај народот македонски познати и како УДБА(ши).
|
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А сега УДБА не е УДБА Значи може раат да кодошат До кога? |
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секако дека (и) денешната УДБА ...си е (нажалост) НАША СУДБА..
Како и порано што си било
А денешните (модерни) кодоши ..си се нарекуваат ИЗВЕСТИТЕЛИ
Изменето од Анастеа - 01.Мај.2011 во 23:56 |
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
DameMak
Сениор Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И добро, се знае ли сега кој е овој советник?
Да го имаме списокот на советници - по метод на елиминација ќе го лоциравме. Не се многу советници во Град Скопје. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Уште не се знае кој е советникот, ама еве го веќе најавил дека ќе се повлече од Советот. Од лични причини. |
|
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас мислам дека знам кој е....односно на кого се (овде) мисли!
А тој е ....еден актер-кодош....поради кој пак... еден друг (сега поинаку третиран но покоен) актер на времето имал „проблеми„ со комунистичката власт.
На времето ...си бевме (ептен блиски) пеџере до пенџере соседи
Се работи ...за покојниот Ристо Шишков ...кој од кодош-актерот бил клеветен ..и се случи она што повеќемоината го знаат добро.
Кој не знае ..нека (си) праша
А кој (тука ќе) праша....се (и потенко) ќе му биде објаснето..
|
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Медиумите веќе пишуваат дека се работи за Слободан Угриновски, кој не само што не го признавал Законот за лустери , туку ги признавал само “законите на СФРЈ и на СРМ и судот на Сојузот на комунистите на Југославија, на СКМ и на мојата партија Сојуз на Титовите леви сили.“ |
|
Внеси реплика | страница 123 7> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |