IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Спорт > Фудбал
  Активни теми Активни теми RSS - УЕФА Лига на Шампиони
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

УЕФА Лига на Шампиони

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3334353637 43>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2011 во 06:33

Во неинтересна средба без голови во Лондон, составот на Карло Анчелоти благодарение на победата во гости се пласираше во четвртфиналето.

 

По оние 2:0 за Челзи во Копенхаген пред две недели сосема јасно беше дека “сините“ на свој терен нема да дозволат изненадување. Со рутинска игра, без многу ризикување тие стигнаа до пласман во последните осум во Лигата на шампионите, одигрувајќи без голови на домашен терен.

Челзи напаѓаше, но и гостите не беа целосно инфериорни и во првиот дел од слободен удар ја погодија и стативата.

Еден од најинтересните моменти на средбата беше одлуката на Карло Анчелоти да го остави на клупата Фернандо Торес, ставајќи го во игра во последните 20 минути на местото на Николас Анелка. Сепак, Шпанецот не успеа да го постигне својот прв гол во синиот дрес.

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2011 во 02:38

Јунајтед го надигра Челзи, Барса броеше до пет


 
 

 

Манчестер Јунајтед и Барселона се изборија за предност во четвртфиналните битки од Лигата на шампионите, откако ги добија натпреварите со Челзи, односно со Шахтјор.

Потешко до победата и тоа минимална 1:0, стигнаа избраниците на Фергусон, кои благодарение на Вејн Руни по 9 години од „Стемфорд бриџ“ си заминаа со кренати глави.

Одлучувачкиот момент се случи во 24-та минута, иако во самиот финиш судијата Маленко не досуди пенал по кој „Сините“ ќе имаа шанса да ја анулираат негативата.

Затоа пак, се однапред беше јасно во мечот на Пиринеите. Барселона демонстрираше класа прегазувајќи го солидниот Шахтјор од Доњецк со 5:1.

Каталонците побрзаа со отворањето на резултатот, уште во 2-та минута реализираше Иниеста. За 2:0 мораа да почекаат до 34-та, овој пат стрелаше Алвеш.

По одморот Пике успеа да се запише во листата на стрелците зголемувајќи на 3:0, а по еден час игра конечно гол запишаа и Украинците. Погоди Ракитскиј.

Сепак, веќе во следниот напад, Кеита го совлада Пјатов поставувајќи го резултатот 4:1. А конечниот резултат го постави Чави на неколку минути пред крајот.


I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2011 во 08:27

Луческу вели “Готово е“, Гвардиола - “Не му верувајте“  

Уште не влезен во салата на Камп Ноу каде се одржуваше прес конференцијата по мечот Барселона - Шахтјор, Гвардиола им се обратил на новинарите: “Ви се допадна Шахтјор, нели? Сега ми верувате кога ви велев дека нема да биде лесно?“ - пренесуваат шпанските медиуми.

Барселона ноќеска извојува заслужена и висока победа со 5-1, а Гвардиола истакна дека е среќен со триумфот над украинците, но сепак остана воздржан во проценките за понатамошниот пласман. “Слушајте ме, не му верувајте на Луческу кога вели дека овој двомеч е веќе решен. Ништо не е решено. Свежи ни се сеќавањата на дуелите од купот со Бетис. На првиот натпревар победивме со 5-0, а потоа видовте што можеше да се случи“ (3-1 за Бетс на реваншот н.з.)

Луческу пак истакна дека “детските грешки“ се главната причина за поразот на Камп Ноу. “Се поразивме самите, Барселона не нé победи“ - изјави романецот кој веќе му честиташе на Пеп за пласманот во полуфиналето. Сепак признава дека Барселона е многу силна екипа во моментов: “Не гледам кој би можел да ги победи оваа сезона. Знаат скапо да ги наплатат грешките на противникот. А и противниците кои играат против Барселона излегуваат на теренот исплашени“.

Луческу се надева дека и на реваншот ќе дојдат барем 50 илјади навивачи и дека неговата екипа ќе одигра многу подобро отколку ноќеска и нема да доживее уште еден дебакл

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2011 во 20:48
Синоќа  Манчестер  го победи  Челзи....задоволство...
ама   вечерва сакам  Интер  да го ... згази  Шалке ......не%20зборувам
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Април.2011 во 23:12
Раул никогаш во кариерата не му дал гол на Ван дер Сар

Фудбалерите на Шалке и Манчестер Јунајтед во Гелзенкирхен во вторник ќе го одиграат првиот полуфинален меч во Лигата на Шампионите. Домашните навивачи со право најмногу надежи полагаат во својот Раул.

Шпанскиот фудбалски мајстор и долгогодишен играч на Реал Мадрид минатото лето дојде во Шалке и по неколку месеци привикнување почна да ги тресе противничките мрежи како некогаш во "кралскиот клуб".

Вкупно во кариерата 33-годишниот Раул постигна дури 71 погодок во мечевите од Лигата на Шампионите, но интересно е дека никогаш во кариерата не успеал да го совлада Ван дер Сар, 40-годишниот голман кој во вторник ќе биде последна пречка за играчите на Шалке.

Инаку, прв пат тие двајца фудбалери на тревникот се сретнале далечната 1995. година која Ајакс и Реал играа во фазата по групи во Лигата на Шампионите. И тогаш голманот на Ајакс, Ван дер САр го доби секој двобој со тогаш 18-годишниот Раул.

"Нека остане таа традиција несрушена и по овие две полуфиналиња. Но, тоа можам само да го посакам, а друго е што ќе се случува на тревникот. Раул особено го почитувам, тој е еден од најдобрите европски напаѓачи во последните две децении. И на мојата одбрана против него нема да и биде лесно." - рекол холандскиот голман.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2011 во 00:00
Првото полувреме за Нојер, второто за Јунајтед

Шалке - Манчестер Јунајтед 0:2 (0:0)
Гигс 67', Руни 69'

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го направија веројатно одлучувачкиот чекор кон пласман во финалето од Лигата на Шампионите, откако првиот полуфинален меч во Гелзенкирхен против Шалке го добија со 0:2.

Чуварот на мрежата на германската екипа, Мануел Нојер правеше чуда во првите 45 минути, бидејќи својата мрежа ја сочува дури седум пати, од кои барем три топки "веќе беа видени" во голот. Сепак, неговите соиграчи не покажаа речиси ништо во првите 45 минути, а ништо поагилни не беа  ни во продолжението.

Од друга страна Манчестер од средината на второто полувреме конечно почна да ги користи своите бројни можности, па прво Гигс по одличното додавање од Руни го доведе Јунајтед во водство, за само две минути подоцна Ернандез да го пронајде Руни за уште еден погодок

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2011 во 00:08

Триумф на Барселона против Реал Мадрид

Голем триумф на Барселона во првото полуфинале од Лигата на шампионите против вечниот ривал Реал Мадрид на гостувањето на Сантијаго Бернабеу. Каталонскиот великан со двата гола на волшебникот Лео Меси во 76 и 86 минута го порази Реал и го најави учеството во големото финале на Лигата на шампионите на новиот Вембли. Барселона со триумфот на гостински терен во шпанската престолнина во целост му се реваншираше на Реал за минималниот пораз во финалето на купот на кралот.

Вечерашнотот Ел класико во Мадрид наместо по врвен фудбал ќе го паметиме и по големата тензија меѓу актерите на теренот и командатите од клупата. Гигатскотот супер дерби во Мадрид заврши со дури три црвени картони .Првиот црвен картон го заработи резревниот голман на Барселона Пинто поради физички напад на полувремето ,вториот заслужено му беше покажан на Пепе поради груб старт кон Алвеш а последниот очекувано е за контроверзниот Мурињо кој не можеше да ја прифати казната на Пепе.

Најубавите моменти ги видовме во последните 15 минути од средбата . До тој момент се играше грубо на двете страни а за нијанса поофанзивна беше Барселона.

Неполни две минути по влегувањето во игра Холанѓанецот Афелај му овозможи на Меси да го совлада одличниот Касиљас за водство на Каталонците од 1-0 .

10 минути подоцна најдобриот светски фудбалер уште еднаш ја надмудри одбраната на кралевите од Мадрид и по втор пат го натера Касиљас на капитулација поставувајќи ги конечните 2-0. Меси со 11 гола на 11 натпревари е убедливо најдобриот стрелец во елитата .

Со успехот во Мадрид Барселона го трасираше патот кон уште едно финале во шампионската лига, кралевите по седум дена ќе бидат во скоро невозможна мисија на Камп Ноу.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2011 во 16:22
 barca-    uaaaaaaaaa............tikvari kralski shutevi голема%20насмевка
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај gonzo Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Април.2011 во 17:06
Da ne go isterase sudijata Pepe, Mesi namesto 3 ce nanizese 4 fudbaleri....плазење
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2011 во 09:07
 aaaaaaaaa tuka ni kralot nemozhe da pomogneнамигнување
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2011 во 23:29
Јунајтед во финалето од Лигата на Шампионите, резервниот тим пресилен за Шалке

Манчестер Јунајтед - Шалке 4:1 (2:1)
Валенсија 26', Гибсон 31', Андерсон 72', 76' - Хурадо 35'

Не се случи големо изненадување на "Олд Трафорд", иако Алекс Фергусон на теренот изведе речиси резервен состав па во финалето од Лигата на Шампионите на 28. мај на "Вембли" ќе играат Манчестер Јунајтед и Барслона. "Црвените ѓаволи" и во реванш мечот против Шалке докажаа дека се далеку поквалитетна екипа дури и без најголемите ѕвезди во тимот, кои искусниот стратег ги одмораше за пресудниот меч во Премиер лигата против Челзи, кој на програмата е веќе в недела.

Отсуството на Руни, Видиќ, Фердинанд, Ернандез и Гигс, не само што не се почувствува, туку "резервистите" беа поефикасни во однос на екипата која одигра меч во Гелзенкирхен, па го совладаа Шалке со 4:1. Во првото полувреме Валенсија ја искористи грешката на фудбалерите на Шалке за почетно водство, за само пет минути подоцна Гибсон да го удвои водството на домашната екипа со голема помош од Мануел Нојер, кој притоа се посрами примајќи гол по млакиот удар на репрезентативецот на Република Ирска. Почесниот погодок за Шалке во овој полуфинален двомеч беше дело на Хурадо во 35. минута од реванш мечот.

Гледајќи дека нема што да загуби, тренерот на гостите Ралф Рангник во 70. минута наместо центрахалфот Хеведес во игра го внесе Хунтелар што многу брзо му 'се удри од глава', бидејчи Бразиелцот Андерсон во рок од само четири минити постигна два гола за конечни 4:1.

Елиминирајќи го Шалке, Манчестер Јунајтед се пласираше во своето трето финале во Лигата на Шампионите во последните четири години вклучувајќи го и она од 2009. година кога во Рим загуби од Барселона со 2:0, предавајќи им го така на Каталонците пехарот кој го освоија година дена порано со победата против Челзи во Москва.

I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2011 во 13:39

Барселона и Манчестер повторно во финалето

Барселона и Манчестер јунајтед ќе се сретнат на 28 мај на "Вембли" во Лондон во финалето на Лигата на шампионите. Исто беше пред две години, кога со головите на Самуел Ето и Лео Меси, Барселона триумфираше во Рим. Прва во годинашното финале се пласираше Барса, која славеше со 2:0 кај Реал Мадрид, а на "Камп Ноу" одигра 1:1. Јунајтед, пак, двапати славеше во полуфиналето против Шалке (2:0, 5:1). Според историјата на двата тима и нивните меѓусебни дуели, тешко може да се избере јасен фаворит.
ПРЕТХОДНИ СРЕДБИ
Јунајтед и Барселона досега се сретнале десет пати, двата тима имаат по три победи, со четири нерешени. Ова ќе им биде втора пресметка во финалето на Лигата на шампионите, а во финалето на Купот на победниците на куповите во 1991 година, Алекс Фергусон го освои својот прв европски трофеј со Манчестер, совладувајќи ја токму Барса со 2:1. Херој за "црвените ѓаволи" беше поранешниот напаѓач на Барселона Марк Хјус, кој двапати го совлада голманот Карлос Бускетс, таткото на сегашниот дефанзивец Серхио. Засега, ниту еден тим не победил на два дуели во низа.
"ВЕМБЛИ"
Манчестер, нормално, е добро запознат со најпознатиот англиски стадион, каде што освоија девет трофеи во ФА купот, но "Вембли", исто така, и е останат во убаво сеќавање на Барса. Двата тима таму ги освоија своите први титули во Купот на европските шампиони: Јунајтед во 1968 година, кога славеше со 4:1 над Бенфика, а каталонскиот гигант во 1992 година, со победата од 1:0 над Сампдорија. Тренерот на Барса, Пеп Гвардиола, тогаш беше во стартните 11-мина.
ЕВРОПСКО ПЕДИГРЕ
Двата тима имаат по три титули и се надеваат дека годинава ќе се израмнат со Ајакс и Баерн Минхен, кои имаат по четири. Само Ливерпул, Милан и Реал Мадрид имаат повеќе трофеи во ЛШ. Јунајтед имаше 100% учинок пред финалето во 2009 година, совладувајќи ги Бенфика (1968), Баерн (1999) и Челзи (2008). Барса, пак, има три победи на шест средби. Победи против Сампдорија (1992), Арсенал (2006) и Манчестер (2009) и загуби од Бенфика (1961), Стеауа (1986) и Милан (1994).
ФЕРГУСОН ПРОТИВ ГВАРДИОЛА
Пеп Гвардиола имаше само седум години, кога 36-годишниот Алекс Фергусон го имаше својот прв настап во европските купови како тренер на Абердин во 1978/79. Она што следуваше во кариерите на двајцата е добро документирано, а ако неговиот тим победи на "Вембли", тоа ќе биде трета титула за Шкотланѓанецот, со што ќе се изрмани со својот сонародник Боб Пејсли. Гвардиола, пак, е еден од само шестемина кои имаат триумф во Лигата на шампионите како играч и тренер. Останатите се Мигел Муњос, Џовани Трапатони, Јохан Кројф, Карло Анчелоти и Франк Рајкард.
АНГЛО-ШПАНСКИ ФИНАЛИЊА
Досега имало 15 финалиња во натпреварувањата на УЕФА помеѓу шпански и англиски тимови и Англија има осум победи, една повеќе од Шпанија. Тотенхем ја почна серијата со победа од 5:1 над Атлетико Мадрид во 1963 година во КПК. Англичаните победија на шест од првите осум финални пресметки, вклучувајќи го триумфот на Ливерпул над Реал Мадрид во КЕШ во 1981 година. "Црвените", исто така, славеа во драматичното финале на Купот на УЕФА против Алавес со 5:4 дваесет години подоцна. Затоа, пак, Шпанците беа подобри на последните неколку дуели.

р: Раул се простува како најдобар стрелец

Реваншот од полуфиналето против Манчестер јунајтед, веројатно, беше последен натпревар во Лигата на шампионите за шпанската легенда Раул Гонзалес. Напаѓачот на Шалке застана на 142 натпревари и 72 гола, што го прави најдобар стрелец во историјата на елитното европско клупско натпреварување. Покрај тоа, тој има три трофеи, освоени во дресот на Реал Мадрид.

н: Фергусон ќе бара совети од Мурињо

Алекс Фергусон, тренерот на Манчестер јунајтед, најави дека ќе зборува со својот колега од Реал Мадрид, Жозе Мурињо, за неговата анализа на Лео Меси и останатите играчи на Пеп Гвардиола.
- Ќе ги земеме тие информации, бидејќи Жозе може многу да помогне. А, и ние, како да не сме ги виделе претходно. Само сезонава ги гледавме многу пати - изјави Фергусон по триумфот над Шалке.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2011 во 05:53
Фергусон: Сосема е нормално Барселона да ја наречам фаворит

Легендарниот "Вембли" во сабота ќе биде доамќин на финалниот меч од Лигата на Шампионите. Токму како и пред две години за титулата првак ќе се борат Барселона и Манчестер Јунајтед.

Поради формата и резултатите фаворити на хартија на тој дуел се фудбалерите на Каталонците, што го потврдил и тренерот на Јунајтед, Алекс Фергусон.

"Мислам дека е сосема логично Барселона да ја наречам фаворит на тој меч. Никој не играше во таква форма сезонава и имаат многу фудбалери кои се секогаш при самиот врв во последните избори" - рекол Фергусон, но на се тоа додал:

"Меси е посебен фудбалер, но никој не смее да заборави дека и ние имаме такви креативни играчи кои сами можат да си подготват шанса себе си и на другите. Таков е Руни, такви се Хернандез, Нани и Валенсија. Сакам да кажам дека и кај нас постои против тежа на Меси, Џави, Иниеста и останатите".

Фергусон додал:

"Барселона игра со топката в нозе, но подеднаков таков притисок прави и кога не ја поседува. Ние мора да играме како Манчестер Јунајтед, како што веќе се навикнавме, па на крајот треба да очекуваме многу интересен натпревар."

И според обложувалниците, Барселона е фаворит во пресрет на финалниот дуел од ЛШ. Коефициентот дека Барселона ќе слави во регуларните 90 минути изнесува 1,90, додека за триумф на Јунајтед коефициентот е 3,80.

Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2011 во 21:37

Фергусон: Тешко ќе биде да го изберам составот за Барселона


Менаџерот на актуелниот премиерлигашки првак Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, призна дека ќе му биде многу тешко да го избере составот на кој ќе смета за финалето во Лигата на шампионите против Барселона.


Шкотскиот фудбалски стратег додаде дека неговата потешка задача е да ги одбере играчите кои ќе останат надвор од теренит за оваа сабота, односно оние кои нема да истрчаат на Вембли во финалето.

Не е лесно да се избере еден состав, особено не за големо финале, бидејќи треба да се усогласат и човечките вредности.“

Сите играчи напорно работеа за тимот во текот на целата сезона. За жал, постои само еден човек кој треба да им каже дали спаѓаат во екипата или не, а тоа сум јас.“

Имам многу тешка задача пред мене, но истата треба да биде завршена затоа што сакаме да победиме на овој натпревар. Сите го знаат тоа.“ - изјави Фергусон.
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3334353637 43>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.