|
Бранко се повлече? |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
sloboden MKD
Група Регистриран: 14.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 43 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 20.Април.2011 во 20:35 |
Samo sakam da znam.
Изменето од Анастеа - 21.Април.2011 во 22:38 |
|
Audiofil
Сениор Регистриран: 23.Мај.2006 Статус: Офлајн Поени: 374 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Branko ne e povlecen!Toa e samo manipulacija so javnosta za SDSM da osvoi sto poveke glasovi.Ako SDSM dobie mnozinstvo vo parlamentot Radmila Sekerinska samo na hartija ke bide premier zatoa sto ke raboti po naredbi na Branko Crvenkovski isto kako sto sega Nikola Gruevski raboti po naredba na Saso Mijalkov.
|
|
sloboden MKD
Група Регистриран: 14.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 43 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
dobro od tebe druze
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бранко сеуште ги влече конците во партијата. И ако некој мисли дека со евентуалниот избор на Рада за премиер ќе биде поинаку, само се лаже. Во нашите 2 најголеми партии важните одлуки ги носат два-тројца луѓе и уште неколку во позадина или таканаречената сива еминенција. Сите муабети и обиди за внатрепартиска демократија се само шминка за пред народ и членство. |
|
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што те наведе Анастеа, да имаш такво толкување на дешавките во СДС?
|
|
KUKOC7
Сениор Барон Минхаузен Регистриран: 26.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 1852 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
tipicno za nego!!! a mislam i vreme bese!!! ne zasluzuva nisto poveke!!! dovolno "napravi" za drzavata!!!
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ме наведува речиси дваесет годишно следење и анализа на приликите (и неприликите) во македонската политика, дваесетгодишното тегнење за нос од страна на истите неколкумина политичари кои глумат демократија, а делуваат по принцип capo di tutti capi. |
|
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тоа не е конкретен одговор за толкувањето дека Бранко сеуште ги влече конците.
Иако е дефинитивно комон сенс...баш поради тие дваесет години. Јас пак, мислам дека баш после тие дваесет години, и после еден факт кој вели дека светот го движат интересите; поголемиот дел од членството на СДС како и од оние неопределените, не го доживуваат веќе Бранко како лидерска фигура која треба да се поддржува. Тој можеби е добар лидер на партија, ама веќе никој не смета дека е лик на државник. Тоа што го велиш за ’’демократијата’’ и дека неколцина ги држат конците, многу луѓе сметаат дека важи за цел свет, не ексклузивно за Мк. Ама, никогаш да не ги потцениме широките народни маси, тие можат и тоа како да влијаат на промените. Мислам дека нештата ретко кога остануваат непроменети подолго време. И дека Бранко полека но сигурно ја губи својата моќ и меѓу своите и меѓу народот. А ако немаш моќ, тогаш оние кои те поддржувале од позадина, повеќе нема да те поддржуваат. Меѓудругото, и од причина што структурата на луѓето кои гласаат за СДС и оние кои гласаат за ВМРО е значително различна. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што би било Кали за тебе конкретен одговор, да понудам писмен доказ, некоја инсајдерска изјава или признание можеби? Тоа е мое лично мислење, кажав врз основа на што е базирано, а ми се потврди со номинирањето на Шеќеринска за иден мандатар. Црвенковски се одлучи за свој близок соработник и човек од доверба низ сиве овие дваесет години. Самиот тој ги држи во врвот и ги врти истите имиња (Шема, Макрадули, Бучко, Рада...), наместо како претседател да понуди вистински, наместо шминкерски реформи во партијата. Има во СДСМ свежи, неекспонирани кадри кои се спремни можеби и да понудат еден поинаков пристап кон политиката, само треба да им се даде шанса и соодветно да се промовираат во јавноста. Политиката функционира врз основа на интереси, тоа сите го знаеме, како што знаеме и дека одлуки најчесто се носат од мала група луѓе со взаемни интереси. Насекаде малцинските групи владеат со мнозинските, но вообичаена пракса е и правилото дека тимот што губи си оди или политички се маргинализира. СДСМ со оваа постава на врвот веќе изгуби неколку изборни циклуси. Не е ли тоа доволен доказ дека тимот треба радикално да се смени, Бранко комплетно да се повлече а раководството да се препушти на нова екипа? Народот за овие 20 години плурализам веќе насобра доволно искуство за да не им верува ниту на суетни популисти, но ниту на брзозборечки елитисти. Можеби на овие избори, токму неопределените гласачи ќе им соопштат на оние политичари во врхушките од кои се презаситени, дека е време да заминат во политичка пензија. Иако повеќето од нив се млади по години за такво нешто. Освен онаа “структура на гласачи“ за СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ која велиш по сруктура е различна. Тој дел од електоратот верно и по дифолт гласа за сопствената партија. Без разлика на резултатите. И без разлика дали за политичка функција е кандидиран квалитетен кандидат или магаре. Изменето од Анастеа - 27.Април.2011 во 14:04 |
|
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не се тревожи, јас побарав само дискусија
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Далеку ми е моменталното расположение од растревоженост. Бараше дискусија, ја доби. Наместо одговор, ти ми враќаш лично... ах бре Кали. |
|
Kali
Сениор Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Фала ти ...
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Малку е поинаку тука на теренот. Оние кои не добиле она што очекувале во матичната партија птеминуваат во другава демек разочарани кодошат за неарнотиите што ги правеле и обратно. Така да и немаат ни едните ни другите свое ептен стабилно членство. Слушајки ги обичните луге колку се издишани од плажите, палмите и што ли не “иновации“ и “економски просперитет“ не може да се биде начисто што ќе биде. и оваа опсесивност со Бранко кај лугето направи аверзија и почнаа да гледаат на нашава ситуација ко на кавги на јатрви на селска чешма или за браздата вода Најмалку видовме политичка зрелост. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мамамд ќе морам да се дообјаснам иако сме офтопик. Воопшто не е поинаку ''на теренот“ од она што јас го напишав. Точно е и твоето, само што јас и Кали зборевме за нешто друго: за оние што гласаат, не за оние што не гласаат или на различни избори гласаат за различни партии. Факт е дека сите не гласаат од корист. Еден дел од гласачкото тело гласа на сите избори за идеологија (или она што тие го замислуваат дека партиите го нудат како идеологија), од “љубов“ или симпатии кон лидерот/партијата или онака чисто од некој инает или лично убедување (пример: “јас сум вмровец и никогаш нема да гласам за “комуњарите“... или: “јас сум социјалдемократ и никогаш нема да гласам за “квазипатриотите“..) Тоа е еден дел од електоратот кој гласа за “својата партија“ дури и кога резултатите од владеењето им се катастрофални. Тоа е на пример оној дел кој '98-ма и покрај поразителните резултати, пак гласаше за Бранко и СДСМ. Тоа е оној дел кој на следните изборите пак гласаше за ВМРО, и покрај катастрофите на Љубчо. Тоа се тие гласачи кои можат во некој политички жаргон да се дефинираат како постојани гласачи на СДСМ или гласачи на ВМРО-ДПМНЕ. Сите партии си имаат еден таков речиси фиксен дел од електоратот кој безусловно ги поддржува. Затоа реков ќе гласаат дури и за магаре, само да не гласаат за “непријателската“ партија и кандидат. Сите други кои се на било која основа разочарани како и неопределените, нормално и пожелно е гласовите да им флуктуираат кај различни партии на секои избори. Затоа и постојат избори. Разочарувањето од утнати проекти и сомневања за криминал е големо, тоа ќе се види и на изборите, ама не им е место на темава. Ниту на палмите. Темата беше: Бранко се повлече... навистина се повлече (?!) Не ми е јасно само на што мислеше Слободен мкд, а го нема да дообјасни: од што се повлекол Бранко? Од политиката воопшто, од лидерското место во партијата, од кандидат за премиер, од кандидат за пратеник...? Изменето од Анастеа - 28.Април.2011 во 17:23 |
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |