Испечати | Затвори го прозорот

Бранко се повлече?

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Избори
Опис на форумот: Локални, парламентарни, претседателски...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24339
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 16:30
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Бранко се повлече?
Постирано од: sloboden MKD
Наслов: Бранко се повлече?
Датум на внесување: 20.Април.2011 во 20:35
Samo sakam da znam.



Коментари:
Постирано од: Audiofil
Датум на внесување: 23.Април.2011 во 00:35
Branko ne e povlecen!Toa e samo manipulacija so javnosta za SDSM da osvoi sto poveke glasovi.Ako SDSM dobie mnozinstvo vo parlamentot Radmila Sekerinska samo na hartija ke bide premier zatoa sto ke raboti po naredbi na Branko Crvenkovski isto kako sto sega Nikola Gruevski raboti po naredba na Saso Mijalkov.


Постирано од: sloboden MKD
Датум на внесување: 26.Април.2011 во 22:36
dobro od tebe druze


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 27.Април.2011 во 12:08


Бранко сеуште ги влече конците во партијата. И ако некој мисли дека со евентуалниот избор на Рада за премиер ќе биде поинаку, само се лаже.
Во нашите 2 најголеми партии важните одлуки ги носат два-тројца луѓе и уште неколку во позадина или таканаречената сива еминенција.
Сите муабети и обиди за внатрепартиска демократија се само шминка за пред народ и членство.





-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Kali
Датум на внесување: 27.Април.2011 во 12:17
Што те наведе Анастеа, да имаш такво толкување на дешавките во СДС? среќа


Постирано од: KUKOC7
Датум на внесување: 27.Април.2011 во 12:18
tipicno za nego!!! a mislam i vreme bese!!! ne zasluzuva nisto poveke!!! dovolno "napravi" za drzavata!!!


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 27.Април.2011 во 12:43

Originally posted by Kali Kali напиша:

Што те наведе Анастеа, да имаш такво толкување на дешавките во СДС? среќа


Ме наведува речиси дваесет годишно следење и анализа на приликите (и неприликите) во македонската политика, дваесетгодишното тегнење за нос од страна на истите неколкумина политичари кои глумат демократија, а делуваат по принцип capo di tutti capi.




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Kali
Датум на внесување: 27.Април.2011 во 13:01
Тоа не е конкретен одговор за толкувањето дека Бранко сеуште ги влече конците.

Иако е дефинитивно комон сенс...баш поради тие дваесет години.

Јас пак, мислам дека баш после тие дваесет години, и после еден факт кој вели дека светот го движат интересите; поголемиот дел од членството на СДС како и од оние неопределените, не го доживуваат веќе Бранко како лидерска фигура која треба да се поддржува. Тој можеби е добар лидер на партија, ама веќе никој не смета дека е лик на државник.

Тоа што го велиш за ’’демократијата’’ и дека неколцина ги држат конците, многу луѓе сметаат дека важи за цел свет, не ексклузивно за Мк. Ама, никогаш да не ги потцениме широките народни маси, тие можат и тоа како да влијаат на промените.
Мислам дека нештата ретко кога остануваат непроменети подолго време. И дека Бранко полека но сигурно ја губи својата моќ и меѓу своите и меѓу народот. А ако немаш моќ, тогаш оние кои те поддржувале од позадина, повеќе нема да те поддржуваат.
Меѓудругото, и од причина што структурата на луѓето кои гласаат за СДС и оние кои гласаат за ВМРО е значително различна.




Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 27.Април.2011 во 13:59


Што би било Кали за тебе конкретен одговор, да понудам писмен доказ, некоја инсајдерска изјава или признание можеби? Тоа е мое лично мислење, кажав врз основа на што е базирано, а ми се потврди со номинирањето на Шеќеринска за иден мандатар. Црвенковски се одлучи за свој близок соработник и човек од доверба низ сиве овие дваесет години. Самиот тој ги држи во врвот и ги врти истите имиња (Шема, Макрадули,  Бучко, Рада...), наместо како претседател да понуди вистински, наместо шминкерски реформи во партијата. Има во СДСМ свежи, неекспонирани кадри кои се спремни можеби и да понудат еден поинаков пристап кон политиката, само треба да им се даде шанса и соодветно да се промовираат во јавноста.
Политиката функционира врз основа на интереси, тоа сите го знаеме, како што знаеме и дека одлуки најчесто се носат од мала група луѓе со взаемни интереси. Насекаде малцинските групи владеат со мнозинските, но вообичаена пракса е и правилото дека тимот што губи си оди или политички се маргинализира.
СДСМ со оваа постава на врвот веќе изгуби неколку изборни циклуси.

Не е ли тоа доволен доказ дека тимот треба радикално да се смени, Бранко комплетно да се повлече а раководството да се препушти на нова екипа?збунетост


Народот за овие 20 години плурализам веќе насобра доволно искуство за да не им верува ниту на суетни популисти, но ниту на брзозборечки елитисти. Можеби на овие избори, токму неопределените гласачи ќе им соопштат на оние политичари во врхушките од кои се презаситени, дека е време да заминат во политичка пензија. Иако повеќето од нив се млади по години за такво нешто.

Освен онаа “структура на гласачи“ за СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ која велиш по сруктура е различна. Тој дел од електоратот верно и по дифолт гласа за сопствената партија. Без разлика на резултатите. И без разлика дали за политичка функција е кандидиран квалитетен кандидат или магаре.
намигнување






-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Kali
Датум на внесување: 27.Април.2011 во 14:43
Не се тревожи, јас побарав само дискусијаголемо%20гушкање



Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 27.Април.2011 во 15:10


Далеку ми е моменталното расположение од растревоженост.
Бараше дискусија, ја доби.
Наместо одговор, ти ми враќаш лично... ах бре Кали.големо%20гушкање




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Kali
Датум на внесување: 27.Април.2011 во 17:16
Фала ти  големо%20гушкање... 


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 27.Април.2011 во 23:55
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:




Освен онаа “структура на гласачи“ за СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ која велиш по сруктура е различна. Тој дел од електоратот верно и по дифолт гласа за сопствената партија. Без разлика на резултатите. И без разлика дали за политичка функција е кандидиран квалитетен кандидат или магаре.
намигнување





Малку е поинаку тука на теренот. намигнување Оние кои не добиле она што очекувале во матичната партија птеминуваат во другава демек разочарани кодошат за неарнотиите што ги правеле и обратно. Така да и немаат ни едните ни другите свое ептен стабилно членство.
Слушајки ги обичните луге колку се издишани од плажите, палмите и што ли не “иновации“ и “економски просперитет“ не може да се биде начисто што ќе биде.
 и оваа опсесивност со Бранко кај лугето направи аверзија и почнаа да гледаат на нашава ситуација ко на кавги на јатрви на селска чешма или за браздата водаголема%20насмевка
Најмалку видовме политичка зрелост.


-------------


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 28.Април.2011 во 17:18


Мамамд ќе морам да се дообјаснам иако сме офтопик. Воопшто не е поинаку ''на теренот“ од она што јас го напишав. Точно е и твоето, само што јас и Кали зборевме за нешто друго: за оние што гласаат, не за оние што не гласаат или на различни избори гласаат за различни партии.
Факт е дека сите не гласаат од користнамигнување. Еден дел од гласачкото тело гласа на сите избори за идеологија (или она што тие го замислуваат дека партиите го нудат како идеологија), од “љубов“ или симпатии кон лидерот/партијата или онака чисто од некој инает или лично убедување (пример: “јас сум вмровец и никогаш нема да гласам за “комуњарите“... или: “јас сум социјалдемократ и никогаш нема да гласам за “квазипатриотите“..) Тоа е еден дел од електоратот кој гласа за “својата партија“ дури и кога резултатите од владеењето им се катастрофални. Тоа е на пример оној дел кој '98-ма и покрај поразителните резултати, пак гласаше за Бранко и СДСМ. Тоа е оној дел кој на следните изборите пак гласаше за ВМРО, и покрај катастрофите на Љубчо. Тоа се тие гласачи кои можат во некој политички жаргон да се дефинираат како постојани  гласачи на СДСМ или гласачи на ВМРО-ДПМНЕ.

Сите партии си имаат еден таков речиси фиксен дел од електоратот кој безусловно ги поддржува. Затоа реков ќе гласаат дури и за магаре, само да не гласаат за “непријателската“ партија и кандидат.
Сите други кои се на било која основа разочарани како и неопределените, нормално и пожелно е гласовите да им флуктуираат кај различни партии на секои избори. Затоа и постојат избори.

Разочарувањето од утнати проекти и сомневања за криминал е големо, тоа ќе се види и на изборите, ама не им е место на темава. Ниту на палмите.голема%20насмевка

Темата беше: Бранко се повлече... навистина се повлече (?!) свиркање

Не ми е јасно само на што мислеше Слободен мкд, а го нема да дообјасни: од што се повлекол Бранко? Од политиката воопшто, од лидерското место во партијата, од кандидат за премиер, од кандидат за пратеник...?збунетост




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 29.Април.2011 во 21:15
Бранко се повлече?
размислување
Ova e istata rabota kako shto napravija konzervativcite vo Kanada so Kim Campbell.
 
Zhal mi e za Shekerinska. тага
 


-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: којсумјас
Датум на внесување: 29.Април.2011 во 21:49
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Бранко се повлече?
Zhal mi e za Shekerinska. тага
 

Не би рекол дека е глупава...
па не знае во каква авантура влегува...
и што за неа  ќе значи поразот...
а што уствари ќе изгуби...?
мора да има добра причина за тоа што го прави...
да речеме дека поразот нема да се случи...

победа е мотивација за неа...
колку и да изгледа невозможно...
во Macedonia се е можно, а богами и не зависи само од гласачите...намигнување
замисли колку само Шекеринче би добила со евентуална победа...

инаку Меси, Шекеринска ама ич не би ја жалел, поточно и веројатно мислиш сожалувал...
неа не и беше жал за народот кога беа на власт...
а и не е сиромаштија, значи си има доволно евриња...
за и повеќе од добар живот...
и зошто тогаш некој би ја сожалувал...збунетост



Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 29.Април.2011 во 22:18
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Бранко се повлече?
размислување
Ova e istata rabota kako shto napravija konzervativcite vo Kanada so Kim Campbell.
 
Zhal mi e za Shekerinska. тага
 

Ехеее далеку сме ние од она како во канада.тага
Шекеринска е премногу интелегентна и образована жена за да дозволи да биде жртва. Таа е на политичката сцена, таа е мажена за богат човек, што значи е богата. Политички е поткована, и кај интелектуалата има симпатии. Остра е на јазик.
И реално кога таа ја водеше евроинтеграции котиравме добро и токаш нели и добивме некое си пристапно писмо за почеток на преговори.
Дека изборот е добар покажува и нервозата во спротивниот табор.
Инаку не верувам дека Црвенковски трајно се повлече и дека ќе остави СДСМ други да го раководат. Може да не се кандидира за премиер, ама дека нема да помага, не верувам.изненадување


-------------


Постирано од: mamamd
Датум на внесување: 30.Април.2011 во 09:14
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:



Мамамд ќе морам да се дообјаснам иако сме офтопик. Воопшто не е поинаку ''на теренот“ од она што јас го напишав. Точно е и твоето, само што јас и Кали зборевме за нешто друго: за оние што гласаат, не за оние што не гласаат или на различни избори гласаат за различни партии.
Факт е дека сите не гласаат од користнамигнување.



Тоа зборуваме- се повлекол  Бранко, не се повлекол, изборите се математика. Евала Бранко да е маката, лесно ќе го решиме.намигнување Ние имаме друга мака- ПОЛИТИКАТА ДОХОДОВЕН БИЗНИС-затоа нема стабилно членство-секој гледа да лапне мест- без да се секира го бидува/не го бидува.
Еве еден убав коментар во контекст на ова што го зборевме.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=41F3A1BF542AA54EB3B3D102BFE11EC3 - Бонева ќе ги одмерува силите со Бошкоски?

Датум: 30.04.2011 01:04:28
I vo Berovo ke bide interesno. Poradi golemata vnatrepartiska borba pomegu lokalnite vmrovci vo optek e varijanta so poranesen partiski funkcioner i direktor koj zivee i raboti kako advokat vo Skopje, a e so poteklo od Malesevijata koj bil izbor na partiskoto rakovodstvo za da gi spreci vnatrepartiskite prepukuvanja i kandidat kojsto kako postar clen mozel da gi obedini glasovite na desnicita i da gi dobie onie od nezadovolnite stari vmrovci.


-------------


Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 30.Април.2011 во 18:40

Lugje, koga mazhite vo politika kje vidat deka im se gotvi gubitok od nesogledlivi proporcii i so trajni posledici po nivnata kariera, togash mnogu disciplinirano i revno se krijat zad suknjite na svoite koleshki, koi  odusheveni od shansata koja so shiroko otvoreni race im ja nudat nivnite kolegi, presrekjni slepo se nafakjaat za gubitnichkata uloga ... za potoa vechno da ischeznat od politichkoto nebo.

Ja zhalam Shekjerinska shto ima dolga kosa, a kus... vid.
 
Ama naskoro kje providi.
 
I kje nauchi neshto na sopstvena kozha.
 
I onaka, za uchenje nikogash ne e docna.
 
 
Samo sledete shto kje se sluchuva... potoa kje rekapitulirame.
 
 
A Branko ne se povlekuva od nishto i od nikade, a tokmu toa e katastrofalnoto po SDSM. Toa kje napravi, za zhal, VMRO-DPMNE da dobie nov chetirigodishen mandat i SDSM da ja isprati vo podalechnata istorija.
 
 
 
 
 
 


-------------
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.


Постирано од: Klucarot
Датум на внесување: 07.Мај.2011 во 19:22
Мислам дека Бранко овој пат рече дека нема да биде кандидат за наредните избори, дека нема лични амбиции повеке и дека не претендира за ништо, тоа и се случи !!! На ВМРО сега му преостана да ја почне кампањата " ВРАТИ СЕ БРАНКО" бидејки изгледа дека сега немаат за кого да ги праваат оние нивни добропознати црни кампањи ...   


Постирано од: robert 22
Датум на внесување: 08.Мај.2011 во 16:49
Originally posted by Klucarot Klucarot напиша:

Мислам дека Бранко овој пат рече дека нема да биде кандидат за наредните избори, дека нема лични амбиции повеке и дека не претендира за ништо, тоа и се случи !!! На ВМРО сега му преостана да ја почне кампањата " ВРАТИ СЕ БРАНКО" бидејки изгледа дека сега немаат за кого да ги праваат оние нивни добропознати црни кампањи ...   

а мислиш народот сега во памет му е дека Бранко е пензионер, и дека шекеринска е "новата" личност која ја води партијата, со нови луѓе и со нови идеи?
Од километар се гледа структурата на сдсм, лидер бранко, кукла со врвци шекеринска, и околу неа верните луѓе на бране кои тој си ги постави. Очигледно беше дека бране неможе да поднесе пораз, ја бутна шекерка да гори наместо него и сега ќе го убедуваат народот, ние се реформиравме.
Шекерка е пратеник на сдсм исто колку што и ѕинго е дел од парламентот, фаците кои ги претстави сдсм се истите, луѓето од доверба на бране+синови и ќерки на поранешни олигарси на бране, а згора на се ден денеска немаат никаква програма со која би излегле на избори, а и ги крадат идеите на вмро. Смешно е да се рече дека се реформирале кога и малите деца веќе напамет им ги знаат сите луѓе. Бранко нема потреба да се враќа, тој си е тука и си ја команда партијата како што му сака, тоа го знаат сите.


Постирано од: RedEyeDragon
Датум на внесување: 17.Мај.2011 во 18:33
Истото повлекување го видовме и на претходните избори... жалосно за Шеќеринска се наоѓа пред нов пораз.


Постирано од: kultuzin
Датум на внесување: 17.Мај.2011 во 18:59
Бранко не се повлече туки ИЗБЕГА од одговорнот. Ја прати Шекеринска да изгуби , која не е ништо друго туку гласноговорник на Бранко. Не ме изненади потегот ама воопшто. ниту пак ме изненадува тактиката на Бране да ги влече конците од позадина и да жртвува политички кариери без око да му трепне. Единствено се надевам дека некогаш и негде ќе се наде МАЖ во СДС кој навистина ќе може да му се спротистави на ЕЛ БРАНКО...


Постирано од: Audiofil
Датум на внесување: 17.Мај.2011 во 21:14
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:

Бранко не се повлече туки ИЗБЕГА од одговорнот. Ја прати Шекеринска да изгуби , која не е ништо друго туку гласноговорник на Бранко. Не ме изненади потегот ама воопшто. ниту пак ме изненадува тактиката на Бране да ги влече конците од позадина и да жртвува политички кариери без око да му трепне. Единствено се надевам дека некогаш и негде ќе се наде МАЖ во СДС кој навистина ќе може да му се спротистави на ЕЛ БРАНКО...


Ke pocekame po izborite dali Latas navistina ima madinja da mu se sprotivstavi na Branko pod uslov da se kandidira za pretsedatel na SDSM i clenstvoto da go izbere nego.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk