IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Опаѓање на коса
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Опаѓање на коса

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
Автор
Порака
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Септември.2009 во 23:00
pobijedi%20ćelavost


Novite metodi ovozmozuvaat vsaduvanje na kosa vo skalpot na glavata...    голема%20насмевка
taka da nemajte gajle...
.
Кон врв
Kartov Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Април.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kartov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2009 во 03:11
При првите знаци на косопаст треба да делувате смирено и брзо. Доколку ова ве засега премногу и сте решени да одвоите значаен дел од вашиот буџет и вашето време и да го прифатите фактот дека третманите против опаѓање на косата МОРА да се употребуваат доживотно, тогаш бидете сигурни дека со читањето на оваа статија, вашиот проблем со голема веројатност ќе биде решен.

Како прво:

Треба да утврдите од каков тип на косопад страдате.
Постојат 3 најчести видови на косопаД.

1. MPB(Male Pattern Baldness) - Типична машка ќелавост или попозната како Androgenetic Аlopecia. Најчеста причина за косопастот кај мажите со 95 % застапеност.Доколку вашата коса се ретчи само на предниот дел од главата или ви се појавуваат мали залистоци над слепоочниците, или пак мала пропетченост на темето на главата,не се залажувајте - вие имате Типична Машка Ќелавост која доколку не се третира, најчесто доведува до целосна ќелавост во период од 5 до 15 години. Причина за овој тип на ќелавост се гените и вишокот на тестостерон во организмот кој кога се врзува со 5 - алфа ензимот кој го создава простатата креира Дихидротестостерон кој е главната причина за истенчувањето на влакното, неговото опаѓање и изумирање на фоликулите на влакното.Оваа болест, иако во мал процент, ги напаѓа и жените исто така.

2.Tellogen Efluvium - Овој тип на косопаст ги напаѓа подеднакво и мажите и жените и е последица од стрес или постоперативен период кога фоликулите на косата се атрофирани како последица на оперативниот стрес. Овој вид на косопаст е повремен и после 6 до 12 месеци косата сама се обновува. Се препознава по тоа што косата се тенчи и се ретчи низ целата глава подеднакво. Ако имате залистоци или дупка на тилот тогаш не страдате од оваа болест, туку имате MPB со сигурност од 99%.

3.Alopecia Areata - Овој тип на алопециа(косопаст) се појавува подеднакво и кај мажите и кај жените и е најтешка форма на косопаст. Одредени делви од главата во облик на кругови се нападнати од некоја бактерија што доведува до целосно опаѓање на косата во тие делови. Може да се третира со Ketoconazole апчиња и со други антибактериски и антимикотични креми и препарати.

Исто така постојат и други видови на косопаст како што се Duffuse Thinning, Alopecia Totalis, Scarring Alopecia и други, но овие типови на косопаст се многу ретки и за нив нема за зборувам.

Други причини за појава на косопад се: Хормонален дисбаланс предизвикан од проблеми со тироидната жлезда, период на породување и менопауза кај жените лоша исхрана, aнемијa,мс,диабетес, полови заболувања - кандида, сифилис итн... НО СИТЕ ОВИЕ СЕ МАНИФЕСТИРААТ ИСКЛУЧИВО СО ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА ПО ЦЕЛАТА ПОВРШИНА НА ГЛАВАТА А НЕ САМО НА НЕКОИ ДЕЛОВИ(ПРЕДНИОТ ДЕЛ, ЗАЛИСТОЦИ, ТЕМЕТО КАЈ МАЖИТЕ ИЛИ САМО ГОРНИОТ ДЕЛ НА ГЛАВАТА).

Секој човек има генетска предодреденост на ќелавење. Кај некои тоа е изразено во голема мера и во рани години, кај некои во помала и во поодминати години, но некои луѓе исто така имаат генетска предодреденост да НЕ страдаат од косопад.

Запомнете дека косопастот поготово кај мажите НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ САМ ПО СЕБЕ и во голем дел од случаите ке кулминира после 5-15 години и ќе доведе до потполна ќелавост.

Ќелавоста кај мажите,типичната машка ќелавост - MPB, според нејзиниот степен на изразеност се мери според мегународната NORWOOD скала од 1 до 7 степени.

Не постојат шампони или витамини, Velform течности, Vicky таблети,MERZ, OLIGOVIT или било какви препарати кои ќе го излечат косопастот, но со секојдневна употреба тие можат да го забават или да го запрат паѓањето на косата, НО НИЕДЕН ОД ГОРЕНАВЕДЕНИТЕ НЕ Е НАУЧНО ДОКАЖАН ДЕКА НАВИСТИНА ДЕЈСТВУВА. Не трошете ги вашите пари залудно доколку не сте сериозни во вашата борба против косопадот, зашто со нередовна употреба на било кој препарат или средство, дејството е само привремено.Направете истражување пред да започнете со било каков третман. Консултирајте се со луѓе кои имаат искуства, и бидете спремни отворено да зборувате за вашиот проблем. Криењето на болеста која често е застрамувачка и депресивна, НЕМА да го реши вашиот проблем. Доколку не превземете никакви мерки, таа многу веројатно со тек на време ќе стане видлива и забележлива за другите.

Не постои траен лек за MPB и сите препарати и лекови се ефективни само за време на нивната употреба. За оптимален резултат се смета престанувањето на косопастот, но во некои случаи може да се појави и никнување на нови влакна.90% од компаниите кои тврдат дека имаат лек за косопастот се скамери и профитери без никаков респект кон вас и вашите пари.

Во светот постојат само 2 докажани ефикасни долгорочни третмани против опаѓање на косата.

1.Minoxidil, попознат како Rogaine(Brand name) во САД.

2.Finasteride или попознат како Propecia(Brand name) во САД.

Американската асоцијација за храна и лекови (FDA - Food and Drug Association) после извршените тестови го одобри Minoxidil како лосион за спречување на паѓањето на косата и обновување на косата во 1978 година. Finasteride(Brand name - Propecia) е одобрен во 1997 година и се употребува во форма на апчиња. FDA препорачува да не се употребуваат никакви други лекови или препарати освен горенаведените две.
   
Како најважно предупредување ќе го издвојам фактот дека за андрогена алопециа или MPB(Male Pattern Baldness) односно Типична машка ќелавост, и двата лека треба и МОРА да се користат постојано без никаков прекин до крајот на животот. После секое прекинување сите резултати кои се добиени како резултат од овие лекови ке изчезнат во рок од 3-6 месеци.
   
1.Minoxidil(Rogaine) е прапарат кој се нанесува директно на главата во форма на лосион или пена. Првенствено откриен како лек против зголемен крвен притисок кој како страничен ефект покажувал обновување на паднатата коса.Minoxidil постои во варијанта од 2% и од 5% и може да се купи и во Македонија во сите аптеки без лекарски рецепт. Minoxidil не покажува системски странични ефекти, освен зголемена појава на првут и иритација на кожата, што се регулира со Ketoconazole шампон за кој ќе зборувам подоцна. Се нанесува 2 пати дневно, наутро и навечер. Minoxidil делува како вазодилазатор и е научно е докажано дека Minoxidil е најефикасен во делот на темето на главата и на горниот дел на главата. Не е докажано дека е ефикасен на предниот дел од главата кај залистоците(Receding hairlines) што не значи дека не делува и на тој дел.Minoxidil 2% може да го употребуваат и мажи и жени додека варијантата од 5% е наменета исклучиво за мажи.За било какви резултати од овој лек пациентот мора да почека најмалку 6 месеци за да ги види првите резултати.Minoxidil e многу ефтина варијанта и најбезбедна. Чини само околу 450 ден месечно. Се употребува до крајот на животот.

2.Finasteride e НАЈДОБРИОТ лек во светот за вашата MPB. Finasteride e лек кој е наменет за третирање на Бенигна хипертрофија на простатата, кој како страничен ефект имал значително обновување на косата. Finasteride за лечење на простатата се користи во облик од 5мг секој ден, а за косопаст во облик на апче од 1мг.Finasteride СЕ УПОТРЕБУВА САМО КАЈ МАЖИТЕ!!! Употребата од страна на жени може да предизвика аномалии кај гениталиите на новороденчето доколку жената остане бремена.Finasteride е најефикасниот лек за лечење на MPB и има ефект кај 89% од пациентите.Тој активно делува врз 5-алфа ензимот и го спречува креирањето на Дихидротестостеронот кој е главниот предизвикувач на MPB.Finasteride има СЕРИОЗНИ СТРАНИЧНИ ЕФЕКТИ и пред да започнете со ваков вид на терапија мора да се консултирате со лекар( НАЖАЛОСТ ВО МАКЕДОНИЈА ЛЕКАРИТЕ НЕ ЗНААТ НИШТО ЗА ОВОЈ ЛЕК КОЈ ГО КОРИСТИ ЦЕЛИОТ СВЕТ) или да направите добро истражување преку интернет со корисници кои веќе го користат и целосно да се информирате. 15% од корисниците пројавиле странични ефекти како што се: намалена желба за секс, намалена количина на сперма, намален процент на сперматозоиди во спермата, болка во тестисите. 0.5% од корисниците пројавиле целосна импотенција.Finasteride лекот во облик од 1мг за третирање на косопаст не е достапен во Македонија. Достапен е во варијанта од 5мг(многу корисници во светот користат 5мг таблети и ги кршат на 4 еднакви делови со што добиваат прилично иста доза од 1мг дневно, а и заштедуваат финансиски сретства)
Finasteride e прилично скап лек. Propecia - нарачана преку интернет ќе ве чини околу 3500 денари месечно. Варијантата од 5мг (име на лекот-PROSCAR, кој го има во Македонија) искршени на 4 дела ќе ве чини 2800 денари за 4 месеци (800 ден-месечно). Finasteride не се продава без лекарски рецепт. Се употребува до крајот на животот.

Други лекови докажани од задоволни клиенти и клинични тестирања, но не и од FDA - Американската институција за храна и лекови.

3.Dutasteride - Лек со слични особини како Finasteride, но со поголема концентрација на активна супстанција и поголеми можности за странични ефекти.
4. Ketoconazole шампон - постои во варијанта 1% и 2% и е многу добар за отстранување на првут (Minoxidile поради присуството на алкохол,веројатно ќе предизвика првут) Исто така тој има и антибактериско дејство и антимикозно и е доста ефикасен и како природен блокер на DHT(Дихидротестостерон) на површината на главата. Достапен е во Македонија без лекарски рецепт во секоја аптека и чини околу 200 денари за еден месец.

Природни лекови кои не се докажани клинични, но со добри резултати кај некои поединци.

5.SAW PALMETTO - приподен DHT блокер кој е производен од вид на палма која расте во северна Америка. Се пие во облик на апчиња и се консумира секој ден. После престанување со неговото консумирање, пациентот ги губи сите постигнати резултати како ефект од неговата употреба.Нема поголеми несакани дејства освен - лош здив.Го има во некои аптеки во Македонија и чини 1200ден месечно. Се употребува до крајот на животот.

6.Чај од корен од коприва, зелен чај, чај од ѓумбир, Рузмарин зовриен во вода се користи за поливање на косата, екстракт од пиперка се трие на коренот на влакното,Алое вера креми и шампони, Лаванда екстракт како локален апликатор на главата, Коњско опавче како чај и вода за миење на главата, триење на главата со лук СИТЕ ОВИЕ ПРИПОРДНИ ПРЕПАРАДИ НЕ СЕ НАУЧНО ПОТВРДЕНИ И ИМААТ ЕФЕКТ САМО КАЈ ПОМАЛКУ ОД 25% ОД ПАЦИЕНТИТЕ МАЖИ А ПОГОЛЕМ ЕФЕКТ ОД 45% КАЈ ЖЕНИТЕ.

После било кој третман за опаѓање на косата, ТАА НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ДА ОПАЃА ВЕДНАШ.Доколку вашата коса престане да опаѓа набргу после земањето на лекот, тогаш тоа не е последица на земањето на тој лек, туку постои некоја друга причина која е моментална и вашата коса ќе започне да опаѓа повторно(нажалост). Потребни се најмалку 4-6 месеци секојдневна употреба на лекот за да се видат првите резултати(поради природниот тек на растот на влакното кое расте во три фази-Анаген,Телоген и Катаген).Најверојатно доколку третманот е ефикасен во првите 2-3 месеци треба да забележите ЗГОЛЕМЕНО ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА поради нејзиното обновување и ослободување од влакната кои се веќе влезени во Телоген фазата(Фаза на мирување на влакното).

Не се залажувајте и не се надевајте на пресадување на коса доколку немате енормно длабок џеб. Пресадувањето на косата има горна граница и неговиот успех зависи од тоа колку коса имате во донор областа(тилот) од каде се земаат влакната и се ставаат на оголениот дел. Просечна цена на трансплантација според стариот СТРИП метод чини околу 15,000 евра за 4,000 grafts, a и покрај тоа никогаш нема да ја добиете посакуваната густина на косата од вашата младост. Во најновиоф FUE начин на пресадување цените се околу 25,000 евра за 2,500 графтс што е релативно малку и ќе мора да се вратите најмалку уште 3 пати за посакуваната густина. После пресадување на коса вие ќе МОРА да ги користите двата лека кои ги набројав како препорачани ако сакате да ја задржите пресадената коса.

Ослободете се од бабините приказни дека носењето капа влијае на косопадот, дека често миење на косата ја прави помрсна(косата се мрси од зголемено лачење на Себум, кој го лачат лојните жлезди на главата, како резултат на хормонално пореметување манифестирано со зголемување на женскиот хормон Прогестерон или Естроген, кој го имаат и мажите и жените), дека краткото стрижење ќе ја згусти косата,дека сушењето со фен и пеглањето предизвикува опаѓање на косата(сушењето со фен и пеглањето го оштетува влакното и доведува до кршење на косата но не го оштетува коренот) и други 100 % невистини и чисти заблуди и глупости.
Реагирајте уште при првите знаци на косопаст и преземете сериозни мерки затоа што што порано се отпочне со терапија - тоа поголеми шанси да го задржите она што го имате и евентуално да видите резултати во обновување на мртвите фолекули ( корени на влакната).

Јас лично користам:
- Minoxidil 2% (Original Rogaine-USA)- 2 пати дневно, - 1050 ден/месечно
- Finasteride 1mg (Оriginal Propecia-USA)- 1 апче дневно, 3500 ден/месечно
- Saw Palmetto - 1 апче дневно, - 1200 ден/месечно
- Шампон Ketoconazole 2% - 3 пати неделно, - 200 ден/месечно
- MERZ Spezial Dragees - 2 апчиња дневно, - 550 ден/месечно
- Чај Виталиа-Зелен чај со лимон и Ѓумбир - 1 дневно, - 150 ден/месечно
- Рузмарин и корен од коприва за поливање на главата после миење. - 300 ден/месечно.
и сум многу задоволен од своите резултати. Косата престана да ми опаѓа целосно иако претходно губев енормно голема количина на коса дневно. Исто така имам големи резултати во обновување на паднатата коса. Иако мојот косопад беше во почетна фаза и речиси неприметлив за другите, со правовремена реакција спречив понатамошно опаѓање а добив и значајно обновување. Немам никакви странични ефекти од лекарствата, но месечно од својот џеб одвојувам околу 7,500 денари за оваа намена.

ВАЖНО: Со употреба на лекови од домашни или локални брендови или генерички лекови истиве лекови и препарати против опаѓање на косата можат да ве чинат само околу 2,000 денари месечно.
---------------------------------------------------------
Потрошив голем дел од моето слободно време за оваа статија, само и се со цел и Македонците да се едуцираат и да научат нешто повеќе за современите третмани за косопастот и да сватат дека секој третман за коса кај мажите кои страдаат од MPB(95% од мажите) МОРА да трае до крајот на нивниот живот.
Отворен сум за секакви прашања. Се надевам дека оваа статија ќе им користи на многу луѓе кои имаат проблем со косопадот. Ви посакувам се најдобро!
Картов -
Волонтер, член на Мегународната Асоцијација за борба против опаѓање на косата.
Veteran Real Hair Club Member na HairLossNetwork мрежата.
---------------------------------------------------------
П.С.
ЈАС НЕ СУМ ЛЕКАР, ЈАС СУМ ИНЖЕНЕР. ВЕРУВАЈТЕ МИ ДЕКА ЛЕКАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ЕДНИ ОД НАЈЗАОСТАНАТИТЕ ВО СВЕТОТ КОГА СЕ РАБОТИ ЗА ПРОБЛЕМОТ СО КОСОПАД И НЕЗНААТ НИ 1/3 ОД ФАКТИТЕ КОИ ГИ НАБРОЈАВ ПРЕТХОДНО. НИЗ ГОЛЕМИОТ БРОЈ КОНТАКТИ КОИ СУМ ГИ ОСТВАРИЛ СО РЕНОМИРАНИ СТРАНСКИ ДЕРМАТОЛОЗИ И ЕНДОКРИНОЛОЗИ, НАШИОТ РАЗГОВОР ЗАВРШУВАШЕ СО ИЗМЕВАЊЕ И ЧУДЕЊЕ КАКО НЕКОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ТОЛКУ НЕКОМПЕТЕНТЕН ВО СВОЈАТА ПРОФЕСИЈА.ЗАМИСЛЕТЕ, ИМАМ ПОКАЧЕНО НИВО НА ТЕСТОСТЕРОН А МОЈОТ ЛЕКАР МИ ВЕЛИ ДЕКА САМО НАМАЛЕНО КОЛИЧЕСТВО НА ТЕСТОСТЕРОН Е ПРИЧИНА ЗА ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА.ЦЕЛИОТ СВЕТ СЕГА СЕ СМЕЕ НА НАШИТЕ ЛЕКАРИ И Е ПОТПОЛНО ВО ПРАВО. СУМ ПОМИНАЛ НИЗ МНОГУ БОЛНИЧКИ ХОДНИЦИ.ОД МАКЕДОНСКИТЕ ДОКТОРИ ДОБИВ РЕЦЕПТ ЗА MINOXIDIL НО НЕ БЕВ ИЗВЕСТЕН ДЕКА МОРАМ ДА ГО КОРИСТАМ ЦЕЛИОТ МОЈ ЖИВОТ, ТУКУ ДЕКА ТРЕБА ДА ГО КОРИСТАМ 4 МЕСЕЦИ, ПА ПОСЛЕ ПРЕСТАНУВАЊЕТО ИЗГУБИВ ОГРОМНА КОЛИЧИНА НА КОСА ЗА КОЈА МИ ТРЕБАА ИЛЈАДИНИ ДЕНАРИ ЗА ПОВТОРНО ДА ЈА ПОВРАТАМ.СО МОЕТО ИЗЛАГАЊЕ ЕДИНСТВЕНО САКАМ ДА ПОМОГНАМ СО МОИТЕ ЛИЧНИ ИСКУСТВА И МОЕТО ЛИЧНО ЗНАЕЊЕ ЗА ОВОЈ ПРОБЛЕМ, А ТОА ГО СМЕТАМ ЗА ХУМАНО.

Изменето од Kartov - 10.Октомври.2009 во 14:07
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2009 во 21:17
П.С.
ЈАС НЕ СУМ ЛЕКАР, ЈАС СУМ ИНЖЕНЕР. ВЕРУВАЈТЕ МИ ДЕКА ЛЕКАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ЕДНИ ОД НАЈЗАОСТАНАТИТЕ ВО СВЕТОТ КОГА СЕ РАБОТИ ЗА ПРОБЛЕМОТ СО КОСОПАД И НЕЗНААТ НИ 1/3 ОД ФАКТИТЕ КОИ ГИ НАБРОЈАВ ПРЕТХОДНО. НИЗ ГОЛЕМИОТ БРОЈ КОНТАКТИ КОИ СУМ ГИ ОСТВАРИЛ СО РЕНОМИРАНИ СТРАНСКИ ДЕРМАТОЛОЗИ И ЕНДОКРИНОЛОЗИ, НАШИОТ РАЗГОВОР ЗАВРШУВАШЕ СО ИЗМЕВАЊЕ И ЧУДЕЊЕ КАКО НЕКОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ТОЛКУ НЕКОМПЕТЕНТЕН ВО СВОЈАТА ПРОФЕСИЈА.ЗАМИСЛЕТЕ, ИМАМ ПОКАЧЕНО НИВО НА ТЕСТОСТЕРОН А МОЈОТ ЛЕКАР МИ ВЕЛИ ДЕКА САМО НАМАЛЕНО КОЛИЧЕСТВО НА ТЕСТОСТЕРОН Е ПРИЧИНА ЗА ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА.ЦЕЛИОТ СВЕТ СЕГА СЕ СМЕЕ НА НАШИТЕ ЛЕКАРИ И Е ПОТПОЛНО ВО ПРАВО. СУМ ПОМИНАЛ НИЗ МНОГУ БОЛНИЧКИ ХОДНИЦИ.ОД МАКЕДОНСКИТЕ ДОКТОРИ ДОБИВ РЕЦЕПТ ЗА MINOXIDIL НО НЕ БЕВ ИЗВЕСТЕН ДЕКА МОРАМ ДА ГО КОРИСТАМ ЦЕЛИОТ МОЈ ЖИВОТ, ТУКУ ДЕКА ТРЕБА ДА ГО КОРИСТАМ 4 МЕСЕЦИ, ПА ПОСЛЕ ПРЕСТАНУВАЊЕТО ИЗГУБИВ ОГРОМНА КОЛИЧИНА НА КОСА ЗА КОЈА МИ ТРЕБАА ИЛЈАДИНИ ДЕНАРИ ЗА ПОВТОРНО ДА ЈА ПОВРАТАМ.СО МОЕТО ИЗЛАГАЊЕ ЕДИНСТВЕНО САКАМ ДА ПОМОГНАМ СО МОИТЕ ЛИЧНИ ИСКУСТВА И МОЕТО ЛИЧНО ЗНАЕЊЕ ЗА ОВОЈ ПРОБЛЕМ, А ТОА ГО СМЕТАМ ЗА ХУМАНО.

Vo sekoja oblast postojat struchni i pomalku struchni,mozebi i na nash*te  inzeneri im se  potsmevaat onie od stranstvoнамигнување
Ne plukajte po celata fela,sekade postojat iskluchoci.
Inaku sekoja chest za tvojot post,eve sega licata so vakov problem  se detalno informirani,pa ako imaat dlabok dzeb kako vashiot kje  zemaat dozivotna terapija .
Кон врв
Kartov Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Април.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kartov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2009 во 22:58
Да така е, можеби и нам инженерите ни се потсмеваат. Се извинувам доколку навредив некој лекар, но 2 години поминав низ болниците и таков лекар не најдов. А кога се говори се говори глобално за сите и самото тоа подразбира дека постојат исклучоци. Исклучоците не се споменуваат при карактеризација на некоја група, тие се подразбираат.

Добро кажавте госпогице/ѓо/г-дине, но јас изгледа немав среќа да го пронајдам тој исклучот, каде и да е. Единствена цел со постот ми беше да ги информирам лицата со ваков или сличен проблем. И да, вистинските третмани и лековите кои не се генерички се навистина скапи, но подобро да се знае суровата реалност, отколку да се живее во илузии.

И најнакрај, за тоа дали јас имам длабок џеб,а некој друг нема, најмалку сум виновен јас самиот, туку напротив со деноноќна работа и студирање само придонесов за мојот џеб да биде таков каков што е.

Поздрав и се најубаво. Со почит, Картов.

Изменето од Kartov - 10.Октомври.2009 во 23:18
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2009 во 23:17
Renata sum jasголема%20насмевка ne sum  gospodin,nema vrska...
Kazav jas na pochetokot deka premnogu dobar beshe vashiot post,ama ete malku me zasegna zavrshnicata,pa zatoa izreagirav.
Razbiram jas  deka vie ste izgubile  mnogu vreme i ete ste nemale srekja da naidete na doktor koj kje vi pomogne da go resh*te vashiot problem,ama ete pak me zasegna generalizacijata,mozebi bev malku pristrastna.
Kako i da e,milo mi e shto so vashiot post doprinesovte da pomognete  na onie koi se soochuvaat so vakov problem i pak kje naglasam koi se vo finansiska moznost da si priushtat vakov tretman,koj osven finansii bara i vreme i  jaka disciplina.Pozdrav i do vas i sekoe dobro!
Кон врв
Kartov Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Април.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kartov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Октомври.2009 во 23:20
Посебно ми е драго што разбравме Рената. Секое добро. Поздрав до вас.
Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2009 во 00:14
Косопаст .....ако имаш генска предиспозиција ........
што сакаш ставај  ,мачкај на скалпот.....
ефектот ќе биде видилив додека се аплицира......
со прекинување .......иде ........пак старата приказна....

Германските научници веруваат дека откривањето на генот одговорен за реткиот облик на ќелавост може да овозможи развој на нови лекови се серија видови на косопаст.

Станува збор за генот поврзан со состојбата позната под името Hypotrichosis simplex, која се јавува кај едно од 200.000 лица, а е карактеристична по тоа што косопастот се јавува уште во детството.

Научниците од институтот за фармакологија и токсикологија во Бон го идентификувале клучниот ген P2Y5 со анализа на ДНК на 11 члена на едно семејство од Саудиска Арабија.

Се покажало дека една од мутациите на P2Y5 го оневозможува правилното формирање на рецепторите за раст на ќелиите на фоликулата од кои расте косата, поради што доведува до ќелавост.

Генско средување.....е тоа е нешто друго !!!трепкање




Изменето од bijonse1 - 11.Октомври.2009 во 00:15
Кон врв
Anger Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 06.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2010 во 03:50
Здраво
Јас го имам проблемот со опаѓање на косата.
Веќе 9-10 месеци користам PILFUD- minoxidil 5% два пати дневно, i Proscar-finasterid таблети од 5мг кои ги сечам на 4 парчиња со што внесувам 1.25мг дневно.

Имам неколку прашања околу кои се надевам дека Картов ќе ми помогне:

-Дали постои разлика во составот, квалитетот и влијанието на PILFUD(bosnalijek) во однос на ROGAINE-USA и колкава е разликата?

-Дали доколку почнам да земам и SAW PALMETO ќе има некаков проблеми односно поголеми можности за странични ефекти бидејќи веќе користам еден DHT блокатор(Проскар-финастерид)а како што прочитав и SAW PALMETO е еден вид на DHT блокатор.

-Колкаво е влијанието на SAW PALMETO врз здивот,од каде можам да набавам SAW PALMETO во мк, и кој производител има најдобар квалитет бидејки како што видов на интернет има повеќе различни пакувања?

Благодарам однапред.
Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2010 во 00:45
Абе тоа е знак на мажевственост. плазење
Дека чоекот има бајаѓи тестостерон. голема%20насмевкаголема%20насмевка
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2010 во 00:08
MERC- specijalni drazei za kosa,nokti i koza,okolu 500 denari se i pomagatда
Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2010 во 00:15
Мене не ми помогнаа. Ама не сега. Одамна беше. Имав никакви нокти тогаш, па пробав.
Ни со косата се смени нешто, ни со ноктите

Изменето од ФорумскаБаба - 05.Август.2010 во 00:15
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
sundav5 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 20.Јануари.2011
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sundav5 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2011 во 18:57
Najdobro do sega se pokazaa "HAIR VITAL KAPSELN" od DR. FORSTER -GERMANIJA. jas gi upotrebuvav i navistina sum prezadovolna so dve dozi od po 120 perli kosata prestana da mi opaga. Poradi trosocite za vtorata kutija se zacleniv za da dobijam popust. Vredese ako ste zainteresirani moze da kontaktirame na e-mail: suncica.davidovska@gmail.com   
Кон врв
sesilija Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 23.Април.2011
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sesilija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2011 во 11:29
zdravo
5 godini kosata mi paga i to nenormanlo vidlivo mi e okolu celoto........... vitamini piev duri i hormonite gi napraviv test se e normenlo ..... ..offf
pirvin mi pocna edna tocka srvenilo vo kozata i toa mi se sirese .....vo srveniloto mesto okolu 50% kosa mi padna...probav i bioxsin sampon ne mi pomogna sega probam sulfate sampon i mi zapra paganjeto na vlaknata no vo mestoto mi pocna slabi vlakna da mi rastat no nikako ne mise zasvrstuvaat
...........nekoj da mi pomogne ????
Кон врв
FeaR Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
False Evidence Appearing Real

Регистриран: 15.Септември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 5307
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај FeaR Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2011 во 21:08
Originally posted by sesilija sesilija напиша:

zdravo
5 godini kosata mi paga i to nenormanlo vidlivo mi e okolu celoto........... vitamini piev duri i hormonite gi napraviv test se e normenlo ..... ..offf
pirvin mi pocna edna tocka srvenilo vo kozata i toa mi se sirese .....vo srveniloto mesto okolu 50% kosa mi padna...probav i bioxsin sampon ne mi pomogna sega probam sulfate sampon i mi zapra paganjeto na vlaknata no vo mestoto mi pocna slabi vlakna da mi rastat no nikako ne mise zasvrstuvaat
...........nekoj da mi pomogne ????
probaj so Vitofal go ima vo aptekive nasi toj sampon mislam deka ke ti pomogne
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.