IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Дали државата може да гради фабрики?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали државата може да гради фабрики?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
Автор
Порака
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2011 во 20:50
државата не гради фабрики...може само да ги поттикне странските инвеститори да изградат фабрика...на пример како што ја поттикнаа градбата на Сведмилк
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Joshua_Tree Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Joshua_Tree Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2011 во 22:15
ami mora nekoj da gi muze....kravite deголема%20насмевка
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2011 во 09:37
Originally posted by brza brza напиша:

a, koja drzava pa, bash fabriki gradi?!изненадување
edno e uslovi da obezbedish za  toa , a sosema drugo taa da pravi bilo kakva fabrika!
 
koja kapitalistichka drzava  ''lichno''gradi fabriki ,bash so taa i takva cel ,...da zaposli nekoj?збунетост

Ме мрзеше надолго да објаснувамнамигнување
За даимаме фабрики треба да  дојде инвеститор. Кого ќе бара кога ќе дојде со паричките во џебот- мене, тебе????збунетост
Кога државата ќе обезбеди почитување на законската регулатива ИНДИРЕКТНО гради фабрики и вработува невработени, значи се грижи за социјалниот мир.
Кога држава (ко нашава) гледа само да мушне за во свој џеб, тогаш инвеститорите -фабрикантите бегаат како ѓаволот од крстот.
И ко што кажа Анѓето- за сликање на кадро тука се, за сечење ленти, фрлање по една земја лопата ги личи, ама после за сносење одговорност за фијаското - се кријат, ги нема.

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2011 во 10:03
а и Веле Самак и оној Ташковиќ ли беше,нели дебело ги плаќаме да донесат инвеститори?А единствена инвестиција на Веле е деканското место на татко му
Ја би ги зела сите на одговорност,ако нема трага од ветените инвестиции, да ни ги вратат парињата што ги вложивме во нивните „брилијантни“ бизнисменски мозочиња и одржувањето на нивните имоти...па ќе си ја опраиме државичкава
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2011 во 10:22
Незнам зошто се запнува толку со инвестиции од надвор. За да дојдат тие инвстиции прво и основно треба да зајакне домашното стопанство. Според мене грешка на владата е што премногу енергија вложи на привлекување на странски инвестиции, додека домашните производители ги запоставија на некој начин. Втора работа која државата може а не го прави е правилно распоредување на средствата кои ги доделуват во вид на субвенции. Тука има навистина големи пропусти. Но сепак најголема грешка јас гледам во неинвентивноста па ако сакате и неспособноста на нашите производни капацитети да понудат конк*рентни продукти.
Секако има неколку позитини примери кои докажуват дека способните бизнисмени колку и да е лоша власта и колку и да се лоши законите сепак можат да напредуват.
Ке ја земам за пример винаријата Бовин или Сковин. Како и Виталиа. Пример нека бидат и Алкалоид или па Скопска пивара. Здравје Радово исто така од едно собиче почна да се развива. Пебеско исто така е добар пример. Има и многу добри примери во Струмичко кои со земјоделие станаа мали предприемачи и денес запослуват луѓе. Сите овие примери кажуват дека владата може да ги подобри условите за оварање и развој на мали и средни бизниси но на крај сето се сведува на тоа што можеме ние да го понудиме како идеја. Еве на пример видете што се случува со Охрид кој буквално лежи на пари , но хотелиерите сеуште не нашле нчин како да го искористат тој потенцијал.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2011 во 10:33
Originally posted by kultuzin kultuzin напиша:


Секако има неколку позитини примери кои докажуват дека способните бизнисмени колку и да е лоша власта и колку и да се лоши законите сепак можат да напредуват.
Ке ја земам за пример винаријата Бовин или Сковин. Како и Виталиа. Пример нека бидат и Алкалоид или па Скопска пивара. Здравје Радово исто така од едно собиче почна да се развива. Пебеско исто така е добар пример. Има и многу добри примери во Струмичко кои со земјоделие станаа мали предприемачи и денес запослуват луѓе. Сите овие примери кажуват дека владата може да ги подобри условите за оварање и развој на мали и средни бизниси но на крај сето се сведува на тоа што можеме ние да го понудиме како идеја. Еве на пример видете што се случува со Охрид кој буквално лежи на пари , но хотелиерите сеуште не нашле нчин како да го искористат тој потенцијал.

Ееее не сме толку олапеле да не памтиме како на цел глас викаа дека ќе ги затворат за криминалната приватизација, ама после (од кој знае кој причининамигнување) ги оставија на мира.
Се согласувам дека и кај нас може-ама ај да бидеме реални дека ако не се во љубов со властодршците и ако не плаќаат арач кој нигде не се кажува бргу пропаѓаат.
Затоа спомнав-власта (државата) ако нема лепливи раце и скинати џебови-ние и нема да сме до ова дереџе.тага
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2011 во 10:59
Мамамд разочарувачки е што сеуште нашата неспособност ја оправдуваме со „лепливите раце„ на вадата„. Јас незнам кој не спречува да имаме добра идеја , да најдеме финансиско покритие и да инвестираме. Парите од буџетот кои викаш ти дека се крадат , и да не се крадат ќе завршат на друго место. Јас ти кажав кај власта има огромни пропусти меѓу кој „лепливите прсти„ се најмал проблем. Но тоа не е оправдување. Има милион начин за развој на малите бизниси и за реализација на квалитетни проекти. Но колку ние сме способни да понудиме конк*рентни проекти и идеи. Јас сепак сум за тоа да се погледнеме во огледало самите па после да критикуваме. Но сепак критиката е најлесниот начин на бегање од одговорност. Владата ни е таква каков што е народот. Да не беше народот таков немаше ни вадата да ни биде таква каква што е. За споредба земи ја Словенија. Можам да се кладам дека и најлошата влада да ја имат во светот менталитетот на Словенците и сфаќањата за тоа што е квалитет, што е конк*рентен производ ќе ги бутка напред и повторно ќе бидат тоа што се. Сосема спротивното се лсучува кај нас, каде што за жал сеуште огромен дел од граѓаните сеуште живеат во некој времиња каде што државата им го сервираше лебот на тацна. Мислам дека за жал тоа е сеуште најголемата кочница на нашето општество.Тоа најдобро се одсликува со партизацијата на институциите и гледање на успехот преку партиска линија. Што ќе каже повторно на грбот на државата. Е тоа е она што треба да се смени.
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2011 во 11:55
[QUOTE=kultuzin]Јас незнам кој не спречува да имаме добра идеја , да најдеме финансиско покритие и да инвестираме/QUOTE]
Ако некој најде, нека ми јави. Тгнувам веднашнамигнување
Кон врв
Platenik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3600
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Platenik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2011 во 16:17
Владите во капиталистичките држави неградат производствени капацитети!

Меѓутоа, да го земеме за пример проектот Вардарска долина, вреден 1,5 милијарда евра. Дали е некој кадарен да најде инвеститор, било домашен било странски, кој ќе го финансира проектот. Не, неможе да се најде таков затоа што такви едноставно нема.

Што правиме сега?! На Македонија и се потребни енергетски капацитети, а нема инвеститори.

Владата која е едниственито гарантор за државата ќе си бара алтерантива за странските инветиции. Таа од својот буџет ќе одвојува средства за таа намена. Но, со оглед дека буџетските средства не се доволни (од разбирливи причини), тогаш владата ќе се обиде да ја затвори финансиската конструкција преку позајмување на средства.

Нејсе, проектот ќе биде изграден и пуштен во употреба. Со оглед дека владата ќе биде сопственик на капиталното добро, таа ќе треба и да ја менаџира новата профитабилна организација. Значи Владата како газда ќе треба да бара стручен персонал кој ќе биде кадарен да раководи со еден таков комплексен бизнис и меѓудругото вработува работници. Во тој случај владата ќе треба стручно да се оспособи ако несака новото јавно претпријатие да се доведе во истата положба како и предходните државни или јавни претпријатија. Едноставно владите денес го немаат тој капацитет, а според сегашните светски трендови немаат ниту интерес да влегуваат во такви бизниси.

Во тој случај на владата ќе и остане само една опција, а тоа е да новото капитално добро го приватизира, односно го продаде. Всушност како што направи и со Телекомот, Сведмилк, Окта, ЕВН Македонија, Банките...... Човек може само да се надева дека владата ќе може добро да ги продаде капацитетите, а од продажбата ќе ги подмири долговите.

Владата е таа која би можела да го започне инвестициониот циклус. Со оглед дека тој циклус е долготраен 10-15 години, ако не и повеќе, сакале или не владата мора да биде ангажирана околу менџирањето на новите капацитети. Во најдобар случај тоа треба да биде од времето на пуштањето на капацитетот во уптреба, па се до неговата приватизација.

Само да незаборавиме дека некогаш не е лесно и да се продаде нешто, единствено ако не се продава под пазарната цена, а која пазарна цена може да биде и под цената на чинењето.

Мислам дека премногу се експлоатира поимот странски инвестиции, пред да се знае приордата на самиот поим и кои се главните мотиви на приватните инвеститори.

И во најразвиените капиталистички држави администрацијата е таа кој ја има водечката улога. Водечката улога на админстрацијата добива на значење уште од времето на светската криза 1929-1933, а научно е подкрепена од теоретските трудови на Џон Мајнард Кејнз.

Никако несмее да се подценува моќта на владите, чија моќ е резултат од демократски стекнатиот мандат. Ако градењето на фабрики, вулгарно кажано, ја обезбедува иднината на државата, тогаш мислам дека инвестицијата е оправдана. Целта ги оправдува средствата!
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“

Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2011 во 17:42
Originally posted by mamamd mamamd напиша:


[QUOTE=kultuzin]Јас незнам кој не спречува да имаме добра идеја , да најдеме финансиско покритие и да инвестираме/QUOTE]Ако некој најде, нека ми јави. Тгнувам веднашнамигнување


мамамд има начини како да се дојде до финансиски средства и тие средства ниту во една капиталистичка држава не се државни пари туку пари од банките. Инаку еве пример е САП од Валдорф Германија производители на индустриски софтвери во Германија. Релативно млада фирма основана на крајот на 80 ите. Почетниот капитал на основачите им бил од спонзори за потоа да се трансформират во Акционерско Друштво, од државата секако не добиле ниту една марка. Но со добра идеа , издржан прект поткрепен со стручноста на основачите успеват да дојдат до почетниот капитал.
Секако САП е преголем залак за наши услови, но споредбата ми е токму затоа што и најголемите гиганти се издигнале со сопствени а не со државни средства.
Државните средства на пример на Германија а верувам и во секоја друга развиена држава е така одат во администрацијата, образованието, социјалниот систем, инфраструктурата, енергијата, истражувачките дејности, еден дел во здравството и тн. На мерцедес , бош, на бмв , на сименс, на порше сигурно државата не им дава пари, единствено што го имат како бенифит се помалите порези кои ги плаќат како фирми што вработуват огромен број на луѓе. Затоа ти викам владата не ги троши парите идеално, има корупција , има и партиски вработувања , но тоа не е изговор за тоа што приватниот сектор ни е сеуште неконк*рентен. Ајде објасни ми го ова како може хотел во Германија да нуди ноќевање за една вечер за 30 евра со се доручек а кај нас истата категорија хотел со иста услуга да биде 40 и повеќе. Иако работниците се по 5 до 10 пати поевтини , иако државата зима многу помалку данок, иако вкупните трошкови се многу помали.
Исто така како е можно домати кои во Германија идат од Шпанија да бидат поевтини отколу во Македонија. Значи нешто не чини кај нас. Јас ќе ти кажам бидејки доаѓам од земјоделски крај нашето земјоделство е едноставно неконк*рентно затоа што веќе 50 години начинот на производство не се сменил. А тоа е резултат на системот кој го имавме за жал сеуште размислуваме дека е доволно да се стои во место за да се егзистира. можам до утре да ти пишам примери и затоа би било убаво прво да се погледнеме во огледало пре да ни биде цел свет крив поради нашата неспособност.
Кон врв
kultuzin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 03.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4903
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kultuzin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2011 во 17:44
платеник/ енергијата е област во која државата може и треба да инвестира.
Кон врв
Klucarot Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Април.2011
Статус: Офлајн
Поени: 47
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klucarot Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2011 во 17:45
Originally posted by Македон Македон напиша:

Originally posted by Klucarot Klucarot напиша:

Наместо мегаломанските проекти на антиквизација и потрошените пари во споменици владата можеше да ги вложи во нешто многу попамето ( како на пример индустрија ) и да создава услови а странските инвестирори подоцна сами ке се појават


Дали со ова сакаш да кажеш дека државата треба да гради фабрики?


Не баш градење на фабрики туку овозможување на подобри услови за работа на оние кои веке се сопственици на фабрики кои што можеби немаат големи погони но со помош од државата сигурно би се постигнало нешто повеке. Главната цел ми беше за развивање на македонскиот пазар. Со цепелини над влада на кои има најразлични пароли и отварање на нова индустриска зона покрај веќе постоечка ( а и празна ) не се привлекуваат странски инвеститори!!!
Кон врв
Klucarot Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Април.2011
Статус: Офлајн
Поени: 47
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Klucarot Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2011 во 17:53
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

државата не гради фабрики...може само да ги поттикне странските инвеститори да изградат фабрика...на пример како што ја поттикнаа градбата на Сведмилк


Примерот со Сведмилк и не е баш некој пример поради тоа што се покажа колку профункционира... а и каква инвестиција беше тоа ?!?! Фабриката беше продадена за 1 евро со обврска до газдите да ги подмират сите претходни долгови кои дотогаш постоеа . Зарем тоа е инвестиција и тоа се нормални услови за развој и вработувања?!? Сточарите преку ноќ станаа стечајци ... Срамота !!!
Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Април.2011 во 18:22
гледам си ме цитирал мене,ама не си ја сватил поентата на постот
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,105 секунди.