IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Храната како лек!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Храната како лек!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 12>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 05:37
Ф'стаците го соборуваат холестеролот

Ако изедете една рака ф'стаци на ден, ќе го намалите ризикот да заболите од некои кардиоваскуларни болести, ќе го намалите нивото на холестеролот и ќе ги зајакнете ѕидовите на артериите. Зашто овие семки, меѓу другото, го содржат и антиоксидансот лутеин (го има во зелениот лиснат зеленчук и во овошјето со јаки бои). Инаку, стручњаците препорачуваат ф'стаците да се јадат несолени, зашто солта го зголемува притисокот. Меѓутоа, присуството на сол не ја намалува улогата на ф'стаците во соборувањето на холестеролот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2011 во 06:31

Со цвекло против туморот

Секој ден (30 дена, а по потреба и подолго) наутро во соковникот исцедете четири децилитри сок од свежо цвекло, два децилитра сок од свежи моркови и еден децилитар сок од свежи јаболка. На вака исцедениот сок му се додава сок од еден лимон.
Добиениот сок се пие во голтки, по еден децилитар на секој час, меѓу главните оброци. Мешавината од овој сок се користи кај туморите, леукемијата, слабокрвноста, зачестеното снимање на рентген, намалување на црвените крвни зрнца, опоравувањето по операција и воопшто за јакнење на организмот. Сокот од цвекло не се препорачува да се прави за неколку денови, бидејќи и ако го чувате во фрижидер тој се расипува. Исто така, послаб ефект се постигнува и ако целото количество се испие наеднаш или на двапати. Како и кога се пие по јадење.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2011 во 12:26
Смоквите - сојузник во борбата против остеопорозата

Свежи или суви, смоквите се добар сојузник во борбата против остеопорозата, зашто се богати со калциум и со калиум. Освен тоа, изобилуваат со влакна, кои го забрзуваат функционирањето на системот за варење и благотворно дејствуваат врз кардиоваскуларниот систем. Но, кога станува збор за хранливите вредности на смоквите, треба да знаете дека содржат витамини од Б-групата, витамин Е и магнезиум.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2011 во 16:10

Сокот од црната трупка против ишијалгија

За подобрување на апетитот и за одбрана од инфекциите, во народната медицина често се користи црната трупка. Овој зеленчук никогаш не се посолува и не им се препорачува на пациенти со воспален желудник, со чир на дванаесетпалачното црево и со заболени бубрези. Сокот од коренот е лековит за оние кои боледуваат од жолчка и имаат намалена функција на црниот дроб. Сокот се подготвува и се пие:
црната трупка измиксирајте ја, содржината прецедете ја, сокот разделете го во неколку помали дози и пијте го во текот на денот. Третманот трае 4-5 дена, па направете пауза од 2-3 дена и повторете ја постапката. Секој ден треба да пиете свежо цеден сок.
Исто така, сокот може да се користи и за масажа во случај на ишијалгија и невралгија

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2011 во 05:37

Изберете ја поздравата храна!

Хранливата вредност, дури и кај исти продукти, може значително да се разликува!

КРОМИД - Подобар е кромидот со црвена или жолта боја, зашто содржи кверцетин (кој го нема во кромидот со бела боја), антиоксиданс што ги неутрализира канцерогените материи. Освен тоа, дејствува антивоспалително, антивирусно и антибактериски.

ЦИТРОН - Подобро јадете го оној со розова боја. Сите видови цитрон се богати со витаминот Ц, но во розовиот го има најмногу. Освен тоа, содржи и бета-каротен, кој во организмот се претвора во витамин А и штити од инфекции.

ВОДА - Секогаш избирајте негазирана минерална вода. Сите води се добри, зашто го чистат организмот, но негазираните се подобри од газираните, зашто содржат помалку натриум. Кај некои лица, прекумерното количество натриум може да предизвика задржување на течностите во организмот и со тоа да го зголеми крвниот притисок.

ВИНО - Подобро е црвеното, зашто е богато со антиоксиданси, материи што ги спречуваат туморите. За разлика од белото вино, црвеното се произведува од цели зрна грозје, кои ферментираат заедно со кожичката и семчињата. Освен тоа, црвеното вино содржи железо, па е добро и за анемичните лица.

ОРЕВ - Оревот е богат со калиум, магнезиум, цинк, бакар, селен и фолна киселина, па е добар за нервниот систем. Оревот во лушпа е подобар, зашто ја задржува свежината, па е побогат со минерали.

СИРЕЊЕ - Најдобар е пармезанот. Освен што е богат со калциум, тој содржи повеќе белковини и фосфор отколку другите видови сирење, па особено е добар за нервниот систем. Им се препорачува на доилките и на децата.

ПИПЕРКА - Попрвин јадете црвена пиперка. Содржи двојно повеќе витамин Ц и девет пати повеќе бета-каротен од зелената. Бета-каротенот ги штити клетките, го спречува оштетувањето на кожата предизвикано од сончање и го забавува процесот на стареење.

МАСЛИНОВО МАСЛО - Богато е со Е-витамин, кој е чувствителен на светлина, па затоа е подобро да се купува маслото во конзерви или во шишиња со темно стакло. Треба да се чува на свежо место.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2011 во 05:59
Младиот кромид штити од акни

На пазарите, со почетокот на пролетта, заедно со останатиот зеленчук го има и младиот кромид.

Освен што и дава на храната свеж мирис, младиот кромид гарантира и стабилно здравје, бидејќи е богат со многу корисни состојки.

Содржи многу витамин C, калиум, калциум, керцитин (силен антиоксидант) и хранливи влакна. Младиот кромид, кој се консумира најчесто во салатата, спречува голем број болести, од дерматолошки болести до рак.

Кромидот има прочистувачки својства, ги стимулира регенеративните процеси во човечкиот организам

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2011 во 05:40

Оревите се едни од најздравите плодови и треба почесто да се јадат од здравствени причини.           

 Во споредба со другите овошја со јатка, оревите имаат највисоко ниво на антиоксиданси кои на телото му помагаат да се заштити од болести, изјави доктор Joe Vinson од Универзитетот во Пенсилванија.

Сите плодови со јатка се здрави бидејќи имаат одлични хранливи вредности, богати се со незаситени масни киселини, минерали и витамини, но оревите се уште поздрави од бадемите, лешниците и фстаците.

Vinson го анализираше нивото на антиоксиданси во 9 различни врсти на плодови и донесе заклучок дека во оревите ги има двојно повеќе за разлика од другите. Покрај тоа, антиоксидансите во оревите се со одличен квалитет, од два до пет пати помоќно од, на пример витаминот Е.

Редовното консумирање на ореви во умерена количина го намалува ризикот од срцеви заболувања, од некои видови на рак, дијабетис и други здравствени проблеми.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2011 во 06:38
Грашокот го забавува процесот на стареење

Ако јадете многу грашоко, орешесто овошје, шпаргли, лосос или авокадо, може да го забавите процесот на стареење. Витаминот Е што се наоѓа во овие продукти е суперантиоксиданс, ја забрзува размената на материите и изградбата на црвените крвни зрнца. Овие продукти секогаш јадете ги со малку масло, зашто само така витаминот Е може да се апсорбира.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2011 во 12:45
Цинкот ги топи масните наслојки во телото

Вити и млади! Затоа обрнете внимание на елементот цинк кој ги топи масните наслојки во телото зашто го забрзува метаболизмот. Освен тоа, цинкот ги обновува клетките и изградбата на врзивното ткиво, што е најважно за кожата. Најмногу цинк има во кашкавалот (ементалер и едамер), потоа во лиснатиот зеленчук и во интегралните житарки.
Интересно за цинкот: стресот го уништува цинкот во организмот

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2011 во 12:46

Портокаловото е здраво

Во портокаловите овошје и зеленчук (морков, манго, кајсија, праска, но и во некои што не се портокалови - спанаќ, брокули, зелка) се наоѓа многу каротен кој го штити телото од штетните сончеви зраци. Секако, и кожата која е изложена на сончевите зраци останува младешка, свежа и затегната. Оваа состојка влијае и врз одбранбениот систем на телото, на продуктите кои го содржат најдобро е да се јадат секогаш со малку масло или со јаткасто овошје, зашто телото го апсорбира само кога е во комбинација со маснотии.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2011 во 12:50

Селенот го регулира притисокот

Нема да верувате, но овој олигоелемент некогаш се сметал за отровен. Но, за среќа, денес е познато дека селенот го забавува процесот на стареење на клетките, го јакне имунолошкиот систем и го регулира притисокот. Природен извор на селен е јајцето, поточно жолчката, интегралните производи од житарките, младото сирење и млекото. Најдобро е да го земате низ интегралниот ориз, кој има 15 пати повеќе селен отколку белиот ориз. Не цедете ја водата во која се варел оризот, зашто целиот селен се задржува во неа.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2011 во 13:27
Производи богати со ликопен

Концентратот и сокот од домати, пицата и супата од домати се богат извор на драгоцениот антиоксиданс - ликопен. Но, најлесно ликопенот се апсорбира од супата која во себе содржи и мали количества на маслиново масло. Зошто? Затоа што ликопенот се топи во маснотиите и како таков одлично се апсорбира во организмот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2011 во 13:30

Калциумот го топи стомакот

Истражувањата во САД потврдија дека калциумот помага да се ослабе, а посебно да се издува "гумата за спасување" која редовно се создава на стомакот. Причината е едноставна - овој минерал ги принудува клетките побрзо да ги согоруваат мастите. Меѓу продуктите најбогати со калциум е јогуртот. Во 100 мл од оваа напивка има 111 мг калциум или 10 отсто од дневните потреби (содржи само 63 калории). Истото количество на лајт јогуртот содржи уште повеќе калциум (112 мг) и само 43 калории. Ако некому не му годи да испие 1 л јогурт во текот на денот, дневната доза на калциум може да ја добие од кељот (170 мг/100 г), гравот (106 мг/100 г) или во минералната вода - просечно 300 мг во 1 л.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2011 во 11:01
Чудесно овошје кое ги топи килограмите

Егзотичнично овошје, кое го доби името „афричко манго“, може да ви помогне да изгубите околу шест килограми за месец дена.

Др. Мехмет Ченгиз Оз, еден од најпознатите лекари во Америка, кој ја има својата емисија, „Dr. Oz Show“, афричкото манго го нарече „чудо на медицината кое може вам да ви помогне брзо да ги изгубите килограмите“.

За ова овошје настана вистинска глобална помпа. Луѓето „полудеа“ по афричкото манго, кое се одгледува само во Камерун, а стотина години афричките племиња го користат како лек за намалување на холестеролот.

Интернет страниците и форумите се преполни со коментари како овој производ навистина е успешен, а покрај тоа, и клиничките истражувања покажаа дека афричкото манго е вистинска работа за оние кои сакаат брзо да ги изгубат килограмите без нуспојави.

Истражувањата покажаа дека афричкото манго навистина им помага на мажите и жените, да во просек, изгубат околу шест килограми за дваесет и осум дена.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.