|
Занимливости околу исхраната |
Внеси реплика | страница <1 7891011 20> |
Автор | |
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јужното овошје не го сака фрижидерот Имајте на ум дека некои продукти во фрижидер ги губат вкусот, мирисот, изгледот или бојата, така што не би требало да ги чувате на ниска температура. На пример, кората од јужното овошје (портокал, лимон, банана и цитрон) во фрижидер станува кафена, месото од нив - како сварено, пулпата од цитронот почнува да се суши и има сè помалку сок. Поради тоа, подобро е јужното овошје да го чувате на собна температура и пред употреба кратко да го потопите во студена вода. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Житарки наместо кафе Оние кои за појадок јадат житарки се порасположени, подобро памтат и помалку се подложни на стрес од оние кои за појадок пијат кафе. Исто така, житарките се добар сојузник во борбата против болестите на дишните органи, па стручњаците за исхрана на пациенти наклонети кон настинки им предлагаат да не го заобиколат муслито. За здраво срце уште е подобро ако во житарките додадете боровинки и пола банана, зашто на тој начин ќе обезбедите доволно количество на калиум, магнезиум и фолна киселина. |
|
bluebell
Сениор the craziest Регистриран: 14.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 8041 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Виршлата за пилето е брокулаНаспроти целиот здрав разум, научниците тврдат дека виршлите се многу поздрави од чистото пилешко месо, барем кога се во прашање канцерогените состојки. |
|
always look on the bright side of the life!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
панаќот лекува анемија и депресија
Спанаќот е во групата на растенија кои не се толку често на нашата трпеза, но важат за исклучително здрави и богати со витамини. Многу луѓе јадат спанаќ, но малку знаат дека тој е исклучително богат
со витамини A, E, B1, C и K, и минерали како железото, магнезиум,
калциум и други. Најновите истражувања на британските научници
покажуваат дека консумирањето на спанаќ дава одлични резултати кај
пациентите кои патат од анемија и депресија. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прилагодете ја исхраната според возраста
Сте се запрашале ли некогаш зошто ви е толку тешко после консумирањето на одредена храна, можеби дури и вашата омилена? Тоа не е воопшто необично. Имено, организмот знае што му треба и реагира соодветно на тоа. Она што ви одговара во 20-тите може да не биде добро во вашите 40-ти
години. Секоја животна доба си има свои карактеристики, а исхраната не е
никаков исклучок. Ако сакате да ги зачувате здравјето и младоста,
прилагодете ја исхраната според вашите години, препорачуваат експертите. Заради растот на коските кој сеуште се одвива и во 20-тите, се препорачува исхрана базирана најмногу на млечни производи. Луѓето на оваа возраст би требало да избегнуваат алкохол, бидејќи
може да им се наруши здравјето на кожата, косата и ноктите. Во овој
период од животот во никој случај немојте да држите ригорозни диети,
туку стекнете навика за здрава и избалансирана исхрана, која ќе ви го
чува здравјето во понатамошните години од животот. Се препорачуваат и јаболка и интегрални житарици. Би било добро да
земате и додатоци во исхраната, како витамини и минерали. За да не се
дебелеете, избегнувајте ги шеќерите и нездравите масти. Слатките никако не се препорачуваат бидејќи калориите брзо се наталожуваат, а нивното согорување станува сè потешко. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
marco_antony
Сениор Регистриран: 17.Јули.2006 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11062 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
interesna tema ... porano gledav na hrvatski sajtovi okolu ishranata ... kade imase podatoci sto ima vo prehranbenite artikli ... taka na primer vo kapinkata ima vakov i vakov sostav, ama koga ke se napravi od toa slatko ... nema nisto osven jaglenohidrati ... a vo alkoholot ... bukvalno nisto nema ... osven CH3-CH2-OH !!! ke napisam edna zanimlivost za ishranata ... za 1-vi maj bev vo Gjavato ... i vidov edno dete kako na lebche stavil slatko od kapinki ... mu techese slatkoto niz prstite ... i slatko si jadese ... a mene mi dojde fores ... |
|
PARADISE MACEDONIA
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Совети од кујната * Сите видови салата секогаш се јадат свежи, па затоа е потребно темелно да ги измиете. Мора да се мијат целите листови и не смеат подолго време да стојат во вода, зашто на тој начин се губат витамините од салатата. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вест совети за в кујна - Како да направите домашни тестенини Покрај стотината видови и облици на индустриски направени тестенини, тешко може да се очекува оти во секојдневната кулинарска средба на ручек со домашните ќе се прибегне на изработка на домашни тестенини. Но, барем понекогаш, во деновите во кои од некоја причина сакате нешто посебно да одбележите, или во викендите кога ќе имате желба сериозно да се посветите на готвењето, треба да се позанимавате и со изработка на домашни тестенини. Најмногу зашто размерот на вложениот труд и количеството на уживање повеќекратно е пропорционален. Домаќинката која само еднаш се испробала во таа едноставна работа, поттикната од пофалбите и одушевувањето на домашните, сигурно ќе ја користи секоја прилика тоа истото што почесто да го повторува. ОСНОВЕН РЕЦЕПТ ЗА ТЕСТОТО |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Лошата исхрана го скратува животот
Ако јадете малку риба, овошје и зеленчук, тоа е штетно за организмот исто колку и пушњето-тврдат стручњаците. Лошата исхрана е главен причинител за заболување од сериозни болести и смртни случаи. Лошата исхрана го намалува животот за 1,2 години, а гојазноста пак го намалува животниот век за 0, 8 години. Се констатирало дека секоја година заради лошата исхрана има илајдиници смртни случаи чија причина е дијабетис, кардиоваскуларни болести и рак. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пет најздрави зачини кои ги користиме
Освен тоа што значајно го подобруваат вкусот на храната, навидум обичните зачини позитивно делуваат и на лечење на одредени здравствени проблеми, како што се воспаление на грлото, грип, нервоза, болки или хемороиди.
Овој зачин претставува природен антибиотик и средство за искашлување и за ширење на бронхиите, а корисен е и против грчеви. Неговата делотворност се покажува кај воспаление на синусите, особено хронични болки во грлото, неспецифични запаленија на ушите, настинки, вирози, грипови, долготрајни проблеми со носот, како и воспаленија на мочниот меур.
Босилекот е ефикасен лек за воспалени мочни патишта, лечи и болести на црниот дроб, водена болест, а добар е и за смирување. Овој зачин исто така ефикасно делува против несоница, ја намалува нервозата и го поттикнува апетитот. Особено е корисен и за младите мајки, кои треба почесто да го консумираат во вид на чај бидејќи го поттикнува лачењето на млеко.
Добар е за лечење на помали проблеми со црниот дроб, проблеми со жолчката и со варењето. Се препорачува за лечење на ревматоиден артритис и лоша периферна циркулација. Покрај тоа, рузмаринот е и антисептик, како и средство кое го помага процесот на зараснување на рани.
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Подготвување јадења со јајца Јајцето е одличен извор на фосфор, селен, рибофлавин, пантотенска киселина, Б12, А и Д витамини, а е добар извор и на железо, цинк и на Б6-витамин. Во денешната кујна, јајцата се употребуваат на разни начини. Во солените јадења, тие се употребуваат свежи за подготвување мајонез, потоа за разни супи и чорби, кајгана, сосови. Матени со млеко, тие може да послужат како смеса за мусака и за тестенини. |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Совети од кујната
* Со цвеклото може да се употребат овие зачини: дафинов лист, каранфилчиња, копар, лук, синап, рузмарин, лимон и рен. *****************************************
Блитвата - зелен штит Листовите од блитва се исклучително богати со лутеин, силен антиоксиданс кој ги штити клетките и доаѓа до израз откако ќе се обари. Исто така, листовите се богати и со Ц, Б1 и Б2 витамини и со каротин, минерални соли. Поради тоа, оваа билка е корисна напролет за да се зајакне ослабениот имунитет и за ослободување од вишокот течности. Кога станува збор за минералите, таа содржи калиум и железо (го спречуваат заморот), калциум (ги јакне коските и забите и обезбедува правилна работа на срцето) и влакна (добар диуретик). По варењето, блитвата би требало да се прецеди, прелие со маслиново масло, да се посипе со ситно сечкан лук и да се послужи со варени компири и пржена риба. Изменето од емил - 13.Април.2011 во 05:15 |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Глуварчето и копривата го обновуваат црниот дроб
Освен цветните весници на пролетта, ливадите се преполни со диви билки за јадење кои се исклучително важна храна во овој период од годината. Пред со, тука е глуварчето и копривата, кои изобилуваат со витамини, минерали и хлорофил. Тие ги чистат црниот дроб и крвта и може да се подготват како салата, од нив да се подготвуваат супи и да се прават гарнири за главните јадења. |
|
Внеси реплика | страница <1 7891011 20> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |