|
ВЕРСКА ЛИТЕРАТУРА |
Внеси реплика | страница <1 456 |
Автор | |
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Валтер Ниг српско издание на Гутенбергова Галаксија, Белград 2004 год. 544стр. предговор кон српското издание од Владета Јеротиќ од содржината: Еретичкото за еретиците - Раѓање на филзофијата на религијата: Гностиците, Ориген - Заблуда како пат кон вистината: Ариј - Подземните струи во христијанството: Катарите - Тешката вина на христијанството: Инквизицијата - Посвоеници на христијанството: Вештерките - Еретичката философија: Џордано Бруно - Еретик во источната црква: Лав Толстој и тн... извадок од воведот на Валтер Ниг (швајцарски професор по теологија): „Ереста нема никаква врска со непријателската борба против христијанската вера. Тоа клеветење кое секогаш наново се повторува, нема основа; таа безнадежно го оневозможува подлабокото разбирање на еретиците. Уште повеќе, ереста е христијанството, христијанство во најсилно замислената мерка,...„ „Од историјата на еретиците изронува затрупаната вистина која неочекувано почнува да свети со потполно нов сјај. Таа покажува дека насилните мерки никогаш не се во можност трајно да ги решат духовните проблеми. Историајта на еретиците го крие во себе прашањето дали претрпениот пораз важи за сите времиња, или не беше ли можеби учењето на многу еретици премногу рано отфрлено, и треба ли навситина засекогаш да остане неважечко? Зарем не треба да се преиспитаат бројни историски одлуки? Зарем задушените сфаќања за христијанството немаат за задача да бидат дополна кон сфаќањето на Евангелието...?„ Изменето од Majkl - 07.Март.2011 во 02:24 |
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прекрасна книга со сведоштва од животот на блажениот старец Пајсиј Светогорец (на српски). Препорачувам кој има желба за читање, да ја прочита, затоа што не само што духовно храни, туку и предизвикува благи солзи на смеа. За старец Пајсиј е карактеристично тоа што поентата што сака да ја пренсе најчесто ја кажува на смешен начин, со споредби и примери.
Изменето од Maran Ata - 20.Март.2011 во 05:36 |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Извадок од книгата Чувајте ја душата - духовни поуки од старец Пајсиј Светогорец:
За промислата Божја - Старче, авва Макариј вели дека нам Бог не’ дарува со небесни добра и во тоа веруваме. Треба ли да веруваме дека ќе не’ дарува и со земни добра, кои не се толку значајни? - Кои земни добра? - Што и да ни е потребно. - Да. Добро го рече тоа. Бог го сака Своето создание, Своето обличие и се грижи за се’ што му е потребно. - Дали секој треба во тоа да верува и да не се грижи? - Ако во тоа не верува и сам се бори да го стекне она што му е потребно, ќе се мачи. Ама ако Бог не го дарува со земни добра, материјални нешта, не треба заради тоа да се жалости човек кој живее духовно. Ако пред се’ го бараме Царството Божјо, а тоа е единствена наша грижа, сето останато ќе ни биде дадено. Зарем Бог ќе го напушти Своето создание? Лебот кој Бог секојдневно им го фрлал на синовите Израилеви во пустината, ако го чувале за утредента, „се вцрвувал и засмрдувал“ (2 Мој. 16:19, 20). Така устројува Бог за да имаме доверба во промислата Божја. Сеуште сосема немаме разбрано што значи: „Барајте го најнапред Царството Божјо“. Или веруваме, или не веруваме. Кога отидов да живеам на гората Синајска, не понесов ништо со себе. Воопшто не ми паѓаше на памет да мислам што ќе биде со мене во пустината, меѓу непознати луѓе, што ќе јадам, како ќе живеам. Испосницата на св. Епистимија, во која требаше да живеам, беше веќе со години напуштена, никој во неа не живееше. Бидејќи не сакав да го оптеретувам манастирот, не побарав ништо од таму. Меѓутоа, сами ми донесоа малку леб, но го вратив. Зошто да се грижам, кога Христос рекол: Барајте го најнапред Царството Божјо? И вода речиси немаше. Немав познавање ниту од ракоделието, па да речеш дека можам да работам и заработам за леб. Единствена алатка која ја имав, беа едни ножички. Нив ги раздовив, па така добив два ножа кои ги наострив со камен. Зедов парче дрво и почнав да режам иконка во дрвото. Работав и патем ја изговарав умната молитва. Брзо стекнав вештина. Секогаш ја работев истата иконка, па наскоро работата од пет дена за една иконка ја сведов на единаесет часа. Не само што ништо не ми недостигаше, туку бев во можност да им помагам и на Бедуинчињата. Така мина некое време, а јас поголемиот дел од денот го минував во работа. Потоа дојдов во состојба кога веќе не водев толку сметка за работата, туку главна грижа ми беше како да им ги обезбедам на Бедуинчињата основните потреби. Една капа и чифт сандали за нив е благослов... А тогаш ми дојде помисла: „Ваму дојдов да им помагам на Бедуинчињата, или да се молам за цел свет“.Така одлучив да го скратам времето кое го минувам во ракоделие, цврсто да се придржувам до тоа и повеќе време да минувам во молитва. Дали можев од било кој да очекувам помош? Бедуините ни самите немаа што да јадат, манастирот беше далеку, а секаде наоколу само пустина. Но, истиот оној ден кога го скратив времето за ракоделие за да ми остане повеќе време за молитва, дојде еден човек, ме најде пред испосницата и ми рече: „Еве, земи ги овие 100 лири, помогни им на Бедунчињата, за да не ти се ремети твојот дневен ритам и да би можел повеќе да се молиш“. Не издржав. Оставајќи го сам на 15 минути, влегов во испосницата. Промислата Божја и љубовта Божја ме донесоа во таква состојба, што не можев да ги задржам солзите. Гледаш ли како Бог уредува кога човек има добра волја? Зашто, колку јас можев да им дадам? Ќе дадев на едно дете, ќе дојдеше друго и ќе речеше: „А мене ништо не ми даде, оче!“ - Зошто, старче, иако многу пати сме ја почувствувале бескрајната Божја моќ, не ја гледаме Неговата промисла? - Тоа е ѓаволска замка. Ѓаволот ни фрла прашина во очите, за да не можеме да ја видиме промислата Божја. Зашто, кога човекот би ја познал промислата Божја, би му омекнало неговото камено срце, би станало чувствително и во него би се распламтело славословие, а тоа не е во интерес на ѓаволот. Изменето од Maran Ata - 04.Април.2011 во 14:50 |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Templarius
Сениор Регистриран: 12.Февруари.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2754 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Prekrasno kazano i sosema vistinito.. Za vakva izjava treba da se ima hrabrost. Sekoja cest Majkl sto ovaa go postira ovdeka. |
|
Give me your secrets
Bring me a sign Give me a reason To walk the fire See another dawn Through our son's eyes You give me a reason To walk the fire. |
|
ANTEROS
Група Seeker Регистриран: 06.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 77 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ја продавам мојата колекција од книги со верска литература, нови се сите. Пишав тука зашто знам дека ќе прочита некој верник на кого овие книги ќе му значат. Пишете ЛП ако сте заинтересирани за повеќе.
|
|
Внеси реплика | страница <1 456 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |