IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Филм
  Активни теми Активни теми RSS - Македонски војници во холивудски филм
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Македонски војници во холивудски филм

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Македонски војници во холивудски филм
    Испратена: 22.Декември.2008 во 23:57
Три познати американски филмски компании ќе снимаат филм за првиот контигент на македонски војници во Ирак, кои спасија американски војници и за тоа добија американски воени одликувања.

Сценариото ќе биде според вистински настани, но имињата на македонските специјалци ќе бидат изменети заради нивна заштита. „Преговорите се при крај со три нивни филмски компании чии имиња не можат да ги соопштам, бидејќи преговорите се во тек. Мора да се доработи книгата со повеќе настани кои нив ги интересираат за американските војници“, изјавува еден специјалец.

Филмските компании добиле идеја за филм по објавувањето на македонската книга за мисијата на македонските војници во Ирак, напишана од Методи Хаџи Јанев, припадник на АРМ, кој учествуваше во операцијата „Слобода за Ирак“ на почетокот на воените акции од јуни до декември 2003 година.

„Ќе се третираат настаните за спасувањето на нивните војници во Ирак, доаѓањето на македонските војници на ирачко тло и нивните подготовките за мисијата. Мислам дека ќе бидат опишани 5 вистински акции на македонските војници“, додава изворот.

Македонските војници ќе ги глумат американските актери кои ќе треба да го учат и македонскиот јазик за филмот да биде што пореален.

Филмот има голема поддршка од голем број на американски конгресмени и сенатори кои на средината од годинава ја добија англиската верзија на книгата.

„Книгата е однесена во Америка и е раздадена на конгресмените и нивните сенатори. Значи, околу 500 примероци веќе се таму раздадени“, вели изворот.

Доколку филмот, кој треба да се појави идната година, доживее финансиски успех, филмските компании најверојатно ќе снимат и негово продолжение по теркот на воените филмови за војната во Виетнам.

http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=102024


видео

http://www.youtube.com/watch?v=RL0JMIy2v0A
Кон врв
ZOTE Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Мај.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 627
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ZOTE Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2009 во 11:46
МАКЕДОНСКИТЕ КОМАНДОСИ - РАСКАЖУВААТ ЗА МИСИЈАТА ВО ИРАК
Пеколен пат до Вавилон

За пет и пол години македонските војници извршиле повеќе од 1.600 борбени мисии во Ирак, но првото сеќавање им е пеколно жешкото сонце.



Во Багдад стасавме во два по полноќ, со директен лет со американски авион. Се' беше затемнето зашто наоколу се пукаше, аеродромот беше напаѓан. Пилотот неколкупати се обидуваше да слета, но се откажуваше поради нападите. Кога слетавме и првпат стапнавме на ирачка почва, не' удри топол бран. Тоа беше првиот впечаток за Ирак. Топол бран и пукање. И по полноќ, температурата беше 30 степени - раскажува офицерот.


ЗЕМЈА ВО ХАОС

Откако ја истовариле опремата, македонските специјалци ја минале ноќта на аеродромот. Со утрото ги виделе и првите сцени од Ирак.

- Кога зазори, во конвој тргнавме кон Таџи. Секаде каде што минавме владееше тотален хаос. Минувавме покрај запалени возила, американски тенкови, ирачки цивили... На сите страни се ширеше мирис на нечистотија и на изгорено, врелина и прав - вели „волкот“.Во базата во Таџи, Македонците го добиле најиздадениот објект на источната страна на огромниот комплекс, широк осум и долг 10 километри. Најблиската единица во базата била сместена на повеќе од три километри од македонските командоси.


повеќе на следниот линк


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F9CE3F25FA89A14C94589DCB4CCED722
Кон врв
Предраг Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 224
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Предраг Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2009 во 12:31
Фино,баш би сакал да го гледам,да не знаеш кога ќе биде достапен за смртниците?
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2009 во 06:32
А знае ли некој дали е веќе снимен филмот и на кои локации се снимал,актерска екипа и слично,некои податоци за него?
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2011 во 11:53
....ochigledno propadnala idejata , inache , tuka vo  site trubi ke se duvashe,koga bi bil gotov .....

....samo,...1600 borbeni misii?!.....i pak,na site ,...site vlakna da im se na glavata?изненадување

....''malku'' neverojatno zvuchi  toa ! голема%20насмевка
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,265 секунди.