|
Вести |
Внеси реплика | страница <1 5152535455 61> |
Автор | ||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Тодоровски потпиша за Полонија Денсиот бек на Рад и македонската репрезентација Александар Тодоровски потпиша тригодишен договор со Полонија Варшава, но таму ќе се пресели на 1 јули, кога ќе му истече договорот со српскиот прволигаш. Претходно, тој и бил понуден на Полонија за 400 илјади евра за да премине уште во зимскиот преоден рок, но полскиот клуб решил да почека и да го ангажира како слободен играч. Тодоровски неодамна беше во преговори за трансфер во Црвена Звезда, но неговиот трансфер во поранешниот европски првак пропадна на последниот ден од преодниот рок. |
||||||||||||||
stigma04
Сениор Регистриран: 29.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 2661 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО ПО ВРАЌАЊЕТО НА ФУДБАЛЕРИТЕ НА РЕАЛ МАДРИД ОД ЛА КОРУЊА? Мурињо нападнат или телохранителот сам се изгребал Враќањето на фудбалерите на Реал Мадрид од Ла Коруња последниве денови ги полни страниците на светскиот печат поради наводниот напад врз нивниот тренер Жозе Мурињо на тамошниот аеродром. Според пишувањето на Б-Би-Си, бил повреден еден од телохранителите на Мурињо, кој се здобил со убодна рана длабока четири сантиметри. Телохранителот, именуван само како Едуардо, почувствувал дека е повреден откако се качил со Португалецот во автобусот. Според оваа англиска ТВ-станица, нејасно е дали Мурињо воопшто знаел што точно се случило бидејќи шпанските медиуми известуваат дека челниците на Реал дури вчера му ги кажале деталите за инцидентот. Целата случка била снимена од сигурносните камери на аеродромот, а напаѓачот, опишан само како висок човек, веќе бил уапсен. Од Реал Мадрид вчера ги отфрлија медиумските шпекулации дека тренерот Жозе Мурињо бил нападнат со нож. - Баш ништо не се случи - тврди портпаролот на Реал и додава: - Атмосферата во Ла Коруња беше многу опуштена, Мурињо им пријде на навивачите за да им подели автограми, а потоа се врати во автобусот. Во хотелската соба еден од обезбедувачите забележа дека има гребаница на грбот. Истата можел да си ја направи чешајќи се со нокот или, пак, кога се потпирал на оградата. Да се случеше нешто сериозно, веднаш ќе се обратевме во полиција. Не може да се случи некој да се обиде да го нападне нашиот тренер, а ние ништо да не сториме. |
||||||||||||||
Jas sum pepel tamu kade sto bev ogan
|
||||||||||||||
K1nm23
Сениор Регистриран: 16.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 808 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
и сега на Мурињо што му е?
|
||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Димитровски најдобар спортист во Млада Болеслав Македонскиот фудбалски интернационалец во Чешка, Владимир Димитровски, по само една година помината во дресот на Млада Болеслав, веќе се здоби со првото признание. Во изборот, кој го направиле читателите на најтиражниот локален весник, популарниот Дади добил најмногу гласови во категоријата најдобар спортист во Млада Болеслав за 2010 година. |
||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Тасевски даде гол со стомак Левски оствари многу тешка победа од 1:0 против Черноморец во 18. коло на бугарскиот фудбалски шампионат, благодарение на голот со стомак на македонскиот репрезентативец Дарко Тасевски во 72. минута. По корнерот на Јовов и ударот со глава на Димов, топката дојде до Тасевски, кој беше на метар од гол-линијата и со стомакот ја турна во мрежата.Ова беше трет гол за Македонецот во неговиот 12. меч сезонава. |
||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Македонија вреди 34.700.000 евра Македонската фудбалска репрезентација во моментов се наоќа на 33. место на најскапи национални тимови во Европа. Вкупно, "црвено-жолтите" се проценети на 34.700.000 евра, од кои најголем дел отпаѓаат на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев (13.500.000). Следуваат Горан Попов, кој вреди два и пол милиони евра и Николче Новески со 250.000 евра помалку. |
||||||||||||||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Фифа ја суспендираше БиХ
Светската фудбалска асоцијација - ФИФА денеска ја суспендира Босна и Херцеговина од сите меѓународни натпреварувања се додека траат недоразбирањата околу Статутот на Фудбалскиот сојуз на БиХ. Имено, ФИФА упати барање до ФС на БиХ да си избере еден претседател на сојузот како што е пракса и во другите национални федерации, а не како што е во моментов во куќата на фудбалот во Сараево. Таму место претседател со сојузот раководи тричлено претседателство составено од по еден претставник од конститутивните народи на државата. Според ФИФА одлуката за суспензија била неопходна поради тоа што на 29 март Собранието на ФС БиХ не ги прифатило забелешките од Светската фудбалска асоцијација. Преку својот официјален сајт ФИФА изрази жалење за ваквата одлука, но и надеж дека работите брзо ќе се решат и БиХ повторно ќе биде вратена на светската фудбалска карта. Освен репрезентацијата и сите клубови кои доаѓаат од оваа држава нема да можат да играат официјални меѓународни натпревари организирани од ФИФА и УЕФА. |
||||||||||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Раниери го одбил Спартак
Донеодамнешниот тренер на Рома, Клаудио Раниери, го одбил повикот од Москва да го превземе тимот на Спартак кој неодамна остана без тренер бидејќи Валериј Карпин поднесе оставка. Искусниот италијански стратег изјавил дека во овој момент го интересираат исклучиво понуди од Англија и дека нема намера да работи во некоја друга земја. |
||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Солунски Ираклис сака да игра во македонската лига Околу 10.000 бесни навивачи на Ираклис, со македонско знаме на чело, протестираа низ улиците на Солун како одговор на одлуката на Грчката фудбалска федерација да не му даде лиценца на клубот за настап во Суперлигата следната сезона. Таквата одлука значи преселба во понизок ранг, поради што навивачите побараа солунскиот клуб да аплицира кај Фудбалската федерација на Македонија за настап во нашето првенство. |
||||||||||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Бекам неповреден во сообраќајка
Против славниот фудбалер не е покрената постапка поради судирот, ниту е приведен во полициска станица. Бекам, кој играше за Манчестер Јунајтед и Реал (М), пред да потпише за ЛА Галакси, беше капитен на Англија од 2000 до 2006 г.Пред десетина дена тој со сопругата Викторија беа гости на кралската венчавка на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. |
||||||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||||||||||
Santijago
Сениор PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Хрватите плаќаат 2 милиони евра за натпревар со Барселона
По неколкучасовните преговори околу гигантскиот настан за хрватската фудбалска јавност, раководствата на двата клуба ги договориле сите детали околу одржувањето на дуелот со кој ќе биде означен вековниот јубилеј на Хајдук. Засега се знае дека мечот ќе се одржи во текот на летото, но не се конкретизира точниот датум на случувањето. На големо разочарување за хрватите, Барселона во Сплит ќе пристигне без Лионел Меси и Дани Алвес, но на Пољуд би требало да излезат сите други ѕвезди на каталонците. За задоволството да игра против најдобриот тим во светот, хрватскиот клуб ќе мора да плати 2 милиони евра. |
||||||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Бускетс ќе игра во финалето од Лигата на Шампионите
Првотимецот на Барселона, Серхио Бускетс ќе може да настапи во финалето од Лигата на Шампионите, бидејќи Дисциплинската комисија при УЕФА ја одби жалбата на Реал Мадрид поради неговото наводно расистичко однесување. Реал во УЕФА поднесе тужба против Бускетс, тврдејќи дека играчот на Барселона го нарекол Марсело "мајмун", што се гледа и на видео снимката, па останува нејасно зошто УЕФА ја отфрлила жалбата, со тврдење дека не постојат доволно докази за суспензија. |
||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
Катар може да остане без мундијалот во 2022 година
Претседателот на Фифа Сеп Блатер соопшти дека на Катар може да му биде одземена организацијата на светското првенство во 2022 година, доколку се докаже дека азиската земја до гласовите на извршниот одбор дошла со подмитување. Блатер кој е фаворит на изборите за претседател на ФИФА на први јуни се очекува да го победи Мохамед Бин Амам, кој е од Катар, а со тоа и да добие мандат по четврти пат, вели дека сепак треба да се биде претпазлив со оценките и проценките. - Ситуацијата е загрижувачка, но ние одиме чекор по чекор. Ни требаат докази за во судот, а не само претпоставки. Поединци си даваат премногу право во нападите на ФИФА, но треба да знаат дека тоа повлекува одредена одговорност, прокоментирал Блатер, додавајќи дека ако се докаже дека имало корупција при изборот тогаш ќе биде организирано ново гласање за домаќин на Мундијалот во 2022 година. |
||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||
|
||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 5152535455 61> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |