IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Занимливости околу исхраната
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Занимливости околу исхраната

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 20>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2011 во 12:41

Јужното овошје не го сака фрижидерот

Имајте на ум дека некои продукти во фрижидер ги губат вкусот, мирисот, изгледот или бојата, така што не би требало да ги чувате на ниска температура. На пример, кората од јужното овошје (портокал, лимон, банана и цитрон) во фрижидер станува кафена, месото од нив - како сварено, пулпата од цитронот почнува да се суши и има сè помалку сок. Поради тоа, подобро е јужното овошје да го чувате на собна температура и пред употреба кратко да го потопите во студена вода.
Меѓутоа, тоа не се единствените продукти кои не го сакаат фрижидерот. По 24 часа поминати во фрижидер, компирите ќе станат благи (скробот се претвора во гликоза), додека доматите ќе ја изгубат аромата ако отстојат во фрижидер само неколку часа.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2011 во 16:14

Житарки наместо кафе

Оние кои за појадок јадат житарки се порасположени, подобро памтат и помалку се подложни на стрес од оние кои за појадок пијат кафе. Исто така, житарките се добар сојузник во борбата против болестите на дишните органи, па стручњаците за исхрана на пациенти наклонети кон настинки им предлагаат да не го заобиколат муслито. За здраво срце уште е подобро ако во житарките додадете боровинки и пола банана, зашто на тој начин ќе обезбедите доволно количество на калиум, магнезиум и фолна киселина.

Кон врв
bluebell Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
the craziest

Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bluebell Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2011 во 13:17

Виршлата за пилето е брокула

Наспроти целиот здрав разум, научниците тврдат дека виршлите се многу поздрави од чистото пилешко месо, барем кога се во прашање канцерогените состојки.

always look on the bright side of the life!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2011 во 20:13
панаќот лекува анемија и депресија

Спанаќот е во групата на растенија кои не се толку често на нашата трпеза, но важат за исклучително здрави и богати со витамини.

Многу луѓе јадат спанаќ, но малку знаат дека тој е исклучително богат со витамини A, E, B1, C и K, и минерали како железото, магнезиум, калциум и други. Најновите истражувања на британските научници покажуваат дека консумирањето на спанаќ дава одлични резултати кај пациентите кои патат од анемија и депресија.

Спанаќот може да се консумира без ограничувања од луѓето кои се грижат за својата тежина. 100 грама спанаќ содржат само 18 калории.

Диетолозите сепак предупредуваат дека со вриењето спанаќот ги губи поголемиот дел од корисните својства. Затоа, за терапевтски цели, се препорачува овој зеленчук да се консумира свеж, во салати, или во форма на сок.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2011 во 20:15
Прилагодете ја исхраната според возраста

Сте се запрашале ли некогаш зошто ви е толку тешко после консумирањето на одредена храна, можеби дури и вашата омилена? Тоа не е воопшто необично. Имено, организмот знае што му треба и реагира соодветно на тоа.

Она што ви одговара во 20-тите може да не биде добро во вашите 40-ти години. Секоја животна доба си има свои карактеристики, а исхраната не е никаков исклучок. Ако сакате да ги зачувате здравјето и младоста, прилагодете ја исхраната според вашите години, препорачуваат експертите.

Дваесетти

Заради растот на коските кој сеуште се одвива и во 20-тите, се препорачува исхрана базирана најмногу на млечни производи.

Луѓето на оваа возраст би требало да избегнуваат алкохол, бидејќи може да им се наруши здравјето на кожата, косата и ноктите. Во овој период од животот во никој случај немојте да држите ригорозни диети, туку стекнете навика за здрава и избалансирана исхрана, која ќе ви го чува здравјето во понатамошните години од животот.

Триесетти

Во овој период од животот луѓето се склони кон чувството на замор и недостаток на енергија. Наместо кафе и други слични стимуланси, настојувајте да јадете суво овошје. Всушност, најефикасни се сувите кајсии кои полека создаваат енергија.

Се препорачуваат и јаболка и интегрални житарици. Би било добро да земате и додатоци во исхраната, како витамини и минерали. За да не се дебелеете, избегнувајте ги шеќерите и нездравите масти.

Четириесетти и педесетти

Во оваа доба можно е да се појави анемија, па експертите препорачуваат исхрана која содржи повеќе железо. За одржување на хормонална рамнотежа добро е да јадете соја, а ако сакате да ја зачувате својата кожа млада, консумирајте што повеќе овошје и зеленчук.

Слатките никако не се препорачуваат бидејќи калориите брзо се наталожуваат, а нивното согорување станува сè потешко.

Шеесетти и повеќе

Годините веќе го имаат направено своето и имунитетот не е повеќе толку силен. За да се заштитите, зголемете го внесот на пробиотици. Спречете ја дехидрацијата со зголемена консумација на вода, а особено се препорачува незасладен чај. Исхраната исполнете ја со овошје и зеленчук, а за да немате проблеми со здравјето избегнувајте ги преработките од месо, како што се кобасиците.


сподели%20на%20Facebook


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
marco_antony Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2006
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 11062
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marco_antony Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2011 во 21:18


interesna tema ...

porano gledav na hrvatski sajtovi okolu ishranata ...
kade imase podatoci sto ima vo prehranbenite artikli ...

taka na primer vo kapinkata ima vakov i vakov sostav,
ama koga ke se napravi od toa slatko ...
nema nisto osven jaglenohidrati ...

a vo alkoholot ...
bukvalno nisto nema ... osven CH3-CH2-OH !!!

ke napisam edna zanimlivost za ishranata ...
za 1-vi maj bev vo Gjavato ...
i vidov edno dete kako na lebche stavil slatko od kapinki ...
mu techese slatkoto niz prstite ...
i slatko si jadese ...

a mene mi dojde fores ...


                             PARADISE MACEDONIA
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2011 во 00:17

Совети од кујната

* Сите видови салата секогаш се јадат свежи, па затоа е потребно темелно да ги измиете. Мора да се мијат целите листови и не смеат подолго време да стојат во вода, зашто на тој начин се губат витамините од салатата.
* За да подготвите прелив за салати со рен, тогаш треба да измешате масло, сенф, оцет, зачини и рендан рен. Овој прелив на салатата, посебно зелената, ќе и даде нов вкус.
* Ако подготвувате свеж целер, секогаш најпрво подгответе маринада, а потоа во неа измешајте го ситно ренданиот корен од целер. Така тој ќе ја задржи убавата бела боја и подобро ќе ја впие маринадата.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2011 во 05:30

Вест совети за в кујна - Како да направите домашни тестенини

Покрај стотината видови и облици на индустриски направени тестенини, тешко може да се очекува оти во секојдневната кулинарска средба на ручек со домашните ќе се прибегне на изработка на домашни тестенини. Но, барем понекогаш, во деновите во кои од некоја причина сакате нешто посебно да одбележите, или во викендите кога ќе имате желба сериозно да се посветите на готвењето, треба да се позанимавате и со изработка на домашни тестенини. Најмногу зашто размерот на вложениот труд и количеството на уживање повеќекратно е пропорционален. Домаќинката која само еднаш се испробала во таа едноставна работа, поттикната од пофалбите и одушевувањето на домашните, сигурно ќе ја користи секоја прилика тоа истото што почесто да го повторува.
Иако има многу видови на тестенини, а сите се вкусни, но само домашните, свежи тестенини, без никакво двоумење, се најубави.

ОСНОВЕН РЕЦЕПТ ЗА ТЕСТОТО

Потребно (за 6 до 8 лица):

370 г брашно
4 јајца
1 лажичка сол
1-2 лажици масло

Приготвување: брашното ставете го на работната маса, па во средината направете дупка. Во неа ставете ги јајцата, солта и маслото. Со виљушка изматете ги јајцата, а потоа, постепено, од рабовите земајте малку по малку брашно. Додавајте толку брашно додека не добиете цврсто, но не лепливо тесто. Тестото трпеливо месете го на работната маса посипана со брашно се додека не стане масно и сјајно. За тоа ќе ви требаат од 5 до 10 минути. Ако тестото е лепливо, додадете уште малку брашно. Обликувајте го во топка и покријте го со проѕирна фолија или со сад, па оставете го да отстои од 30 минути до 2 часа. Колку подолго се одмора, толку полесно подоцна ќе го истенчите со сукало. Ако во тестото во текот на месењето му додадете малку масло, тоа ќе ви помогне полесно да го расучете.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2011 во 06:37
Лошата исхрана го скратува животот

Ако јадете малку риба, овошје и зеленчук, тоа е штетно за организмот исто колку и пушњето-тврдат стручњаците. Лошата исхрана е главен причинител за заболување од сериозни болести и смртни случаи. Лошата исхрана го намалува животот за 1,2 години, а гојазноста пак го намалува животниот век за 0, 8 години. Се констатирало дека секоја година заради лошата исхрана има илајдиници смртни случаи чија причина е дијабетис, кардиоваскуларни болести и рак.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2011 во 08:19
Пет најздрави зачини кои ги користиме

Освен тоа што значајно го подобруваат вкусот на храната, навидум обичните зачини позитивно делуваат и на лечење на одредени здравствени проблеми, како што се воспаление на грлото, грип, нервоза, болки или хемороиди.

Оригано

Овој зачин претставува природен антибиотик и средство за искашлување и за ширење на бронхиите, а корисен е и против грчеви. Неговата делотворност се покажува кај воспаление на синусите, особено хронични болки во грлото, неспецифични запаленија на ушите, настинки, вирози, грипови, долготрајни проблеми со носот, како и воспаленија на мочниот меур.

Цимет


Циметот е познат по неговата способност за детоксикација, помага при заздравување на ткивата и ги намалува болките. Корисен е кај кашлицата, го подобрува варењето на храната и го поттикнува потењето.

Босилек

Босилекот е ефикасен лек за воспалени мочни патишта, лечи и болести на црниот дроб, водена болест, а добар е и за смирување. Овој зачин исто така ефикасно делува против несоница, ја намалува нервозата и го поттикнува апетитот. Особено е корисен и за младите мајки, кои треба почесто да го консумираат во вид на чај бидејќи го поттикнува лачењето на млеко.

Рузмарин

Добар е за лечење на помали проблеми со црниот дроб, проблеми со жолчката и со варењето. Се препорачува за лечење на ревматоиден артритис и лоша периферна циркулација. Покрај тоа, рузмаринот е и антисептик, како и средство кое го помага процесот на зараснување на рани.

Црн пипер


Црниот пипер се користи за поттикнување на дигестивниот систем, ефикасен е против воспаленија на грлото, висока температура и хемороиди.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2011 во 20:41

Подготвување јадења со јајца

Јајцето е одличен извор на фосфор, селен, рибофлавин, пантотенска киселина, Б12, А и Д витамини, а е добар извор и на железо, цинк и на Б6-витамин. Во денешната кујна, јајцата се употребуваат на разни начини. Во солените јадења, тие се употребуваат свежи за подготвување мајонез, потоа за разни супи и чорби, кајгана, сосови. Матени со млеко, тие може да послужат како смеса за мусака и за тестенини.
Исто така, се употребуваат за подготвување пире од компири и за топли сосови. Тврдоварените јајца најчесто се употребуваат за сендвичи, потоа во комбинација со зеленчук, ладно печено месо, риба. Пржените јајца може да бидат и во комбинација со кашкавал, чадено месо, сирење, печурки.
Кај слатките јадења, јајцата се составен дел на тестата, кремовите, филовите, глазурите, сладоледите.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2011 во 05:14
Совети од кујната

* Со цвеклото може да се употребат овие зачини: дафинов лист, каранфилчиња, копар, лук, синап, рузмарин, лимон и рен.
* Со празот може да се употреби жалфија, магдонос, босилек, како и рендана кора и сок од лимон.

 
*****************************************
 

Блитвата - зелен штит

Листовите од блитва се исклучително богати со лутеин, силен антиоксиданс кој ги штити клетките и доаѓа до израз откако ќе се обари. Исто така, листовите се богати и со Ц, Б1 и Б2 витамини и со каротин, минерални соли. Поради тоа, оваа билка е корисна напролет за да се зајакне ослабениот имунитет и за ослободување од вишокот течности. Кога станува збор за минералите, таа содржи калиум и железо (го спречуваат заморот), калциум (ги јакне коските и забите и обезбедува правилна работа на срцето) и влакна (добар диуретик). По варењето, блитвата би требало да се прецеди, прелие со маслиново масло, да се посипе со ситно сечкан лук и да се послужи со варени компири и пржена риба.



Изменето од емил - 13.Април.2011 во 05:15
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2011 во 09:08

Совети од кујната

* За да подготвите зелено пире, место грашок, со компирите можете да употребите и брокули за да добиете похранливо, зелено пире.
* Со консумирањето свеж магдонос по оброкот со лук, ќе го намалите непријатниот здив, а покрај тоа, дополнителни предности на магдоносот се - помалиот број калории и значителното количество витамин Ц.
* Свежата зелена боранија не се јаде сурова, зашто ја содржи отровната состојка фазеолин, која со варењето се губи.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2011 во 13:53
Глуварчето и копривата го обновуваат црниот дроб

Освен цветните весници на пролетта, ливадите се преполни со диви билки за јадење кои се исклучително важна храна во овој период од годината. Пред со, тука е глуварчето и копривата, кои изобилуваат со витамини, минерали и хлорофил. Тие ги чистат црниот дроб и крвта и може да се подготват како салата, од нив да се подготвуваат супи и да се прават гарнири за главните јадења.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 20>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.