|
Правна помош |
Внеси реплика | страница <1 910111213 23> |
Автор | |
dr.olja
Нов член Регистриран: 19.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
na strana na fond za zdravstveno osiguruvanje vo crvenite grafi levo se kliknuva na za osigurani lica,potoa postapka za ostavruvanje na pravo i potoa pod br.8 na prava na paricni nadomestoci
na istata web starna na fondot vo arhivata ke go najdete i info biltenkoj momentalno go imam vo printana forma vo info bilten br.4 na strana 3 go ima,i vo info bilten br.2 na strana 3, povtorno citiram:neophodno e da imaat neprekinat raboten staz od 6 meseci i zakonodavecot ne pravi razlika megju vrabotenite koi se angazirani na opredeleno i na neopredeleno rabotno vreme vi blagodaram |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ја видов одредбата од законот, но таа се однесува на пријавување за отсуство поради бременост. Вие тоа право секако го поседувате. Во однос на надоместоците, според овие одбредби што ги прочитав, несомнено е дека до 15.02.2012 ќе Ви следува надоместок на плата. За првите 21 ден надоместокот на плата ќе го сноси работодавачот, а потоа Фондот за здравствено осигурување. Но, според ова што go прочитав од Законот за здравствено осигурување, никаде не може да се открие дали со престанокот на договорот за вработување, престануваат и обврските за исплаќање надомест на плата од страна на Фондот за здравство. Со оглед на фактот дека во Вашето барање за надоместок ќе мора да се приложи и договорот за вработување, најверојатно и тоа ќе биде земено в предвид, затоа што сепак договорот за вработување е правен основ за остварување на правото, a нагласено е дека ќе се утврдува видот на работниот однос, односно дали е на определено или неопределено време. Според мое толкување на сите тие одредби, кое, искрено, не мора да е точно, Вам ќе Ви следува надоместок на платата, но мислам дека нема Фондот да исплатува надоместок за 9 месеци, туку само за оној период додека сте во редовен работен однос. |
|
dr.olja
Нов член Регистриран: 19.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
jas go analizirav ubavo mojot dogovor,i pisuva pod br.2 deka sum na neopredeleno vreme,i deka sum obvrzana da raboam od 15.01.2010-15.01.2012.2 godini ako otkazam od rabota pred vreme plakam osteta 5000 evra,dogovorot za rabota moze da prodolzi po avtomatizam i ponatamu posle 15.01.2012 dokolku nekoj od 2 te strani ne bara raskin na istiot.taka da ni jas sama ne znam na sto sum,a vo m1/m2 obrazecot so go vidov vo dokumentite za vrabotenite vo firmava zaokruzeno e deka za mene sum prijavena na neopredeleno r.vreme
i sega ?????!!! |
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Според ова што ми го кажувате, Вие сте вработена на неопределено време, но, само доколку работодавачот изречно не побара раскин. Доколку ниту една од страните не побара раскин, односно по 15.02.2012 Вие или вашиот работодавач не побарате раскин, настанатиот работен однос продолжува да постои. Вие сте и пријавена како вработена на неопределено време, така што, доколку по 15.02.2012 работодавачот не го раскине договорот, а Вие заминете на отсуство проади бременост, сите права и обврски работодавачот ќе ги има, исто како и Вие, односно Вам ќе ви бидат исплаќани сите надоместоци поради отсуството. Изменето од Македон - 25.Март.2011 во 18:35 |
|
Igor888
Нов член Регистриран: 27.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 25 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Објасни те молам. Во компанијата не плати три плати mesyatsa.Zatem компанија сметки замрзнати. Во овој случај, кој ги блокира сметките на компанијата е поведена постапка за стечај? Што е одговорност на сопственикот на компанијата: парична казна или казна затвор, ако вториот е за колку време. Ви благодариме.
|
|
mariija
Сениор Регистриран: 01.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 2459 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Органите на должникот овластени за неговото застапување според
закон се должни да поднесат предлог за отворање на стечајна постапка најдоцна во рок од 21 ден од денот на настапувањето на причините за отворање на стечајна постапка. Заедно со предлогот за отворање на стечајна постапка должникот ќе приложи:1) потврда од банката која го извршува платниот промет за должникот за состојба на средствата на сметката и за ненамирените побарувања кои треба да бидат исплатени од сметката; 2) извештај за имотот со доказ за сопственост и 3) потврда од надлежните органи за состојбата во однос на платените даноци и придонеси. Приведување, притвор и парична казна Член 57 (1) Ако е потребно да се прибават изјави, стечајниот судија може да одреди приведување на должникот, односно членовите на органот на управување и на органот на надзор, како и на лично одговорните содружници на должникот кои имаат овластување за застапување, како и лицата кои го изгубиле тоа својство во текот на последните две години пред поднесувањето на предлогот за отворање на стечајна постапка, (2) Притворот се определува со одлука на стечајниот судија по сослушувањето на должникот, ако: 1) одбил да ги даде потребните информации или одбил да соработува со стечајниот управник во исполнувањето на неговите задачи; 2) избегнува или има намера да избегне давање на информации и соработка, а особено ако се подготвува за бегство или 3) тоа е потребно да се спречи должникот во преземањето активности со кои би се оневозможило или отежнало прибирањето на потребни исправи и информации, а особено прибирањето и заштитата на стечајната маса. (3) Врз основа на решение на стечајниот судија одговорните лица на должникот од членот 56 на овој закон можат да се задржат во притвор најмногу 30 дена од денот на лишувањето од слобода. Против решението за притвор е дозволена жалба до стечајниот совет во рок од три дена од приемот на решението, по која тој е должен да одлучи во рок од 48 часа од приемот на жалбата. По истекот на притворот определен од страна на стечајниот судија, на негово барање, стечајниот совет може да го продолжи притворот најмногу за 30 дена. Против решението на стечајниот совет е дозволена жалба во рок од три дена до апелациониот суд, по која тој е должен да одлучи во рок од 48 часа од приемот на жалбата. (4) Во врска со притворот на должникот наведен во ставот (2) на овој член на соодветен начин се применуваат прописите за притвор во кривична постапка. Притворот се укинува по службена должност, штом ќе престанат причините поради кои е определен. (5) Судот може исполнувањето на должностите од овој член на одговорните лица на должникот да му ги услови со изрекување на парична казна. Поединечно изречената парична казна не може да биде помала од 20.000 денари ниту поголема од 200.000 денари. На изрекувањето и на извршувањето на наведената парична казна од овој став на соодветен начин се применуваат правилата за извршување заради остварување на дејствата што може да ги изврши само должникот. |
|
"If you talk to God you're religious. If God talks to you, you're psychotic."
|
|
Igor888
Нов член Регистриран: 27.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 25 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Благодарение на Mariija, но ако должникот не може да ја плати мандатната казна, имотот компанија е предмет на продажба, и средствата се користат за да го отплати долгот, вклучувајќи ги и парична казна должникот? или ако должникот е потребно да се плати казна од своите средства кои не се поврзани со компании? Во вториот случај, должникот се соочува со затвор? Ова е од 1 до 5 години или не? Ви благодариме
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Колку што можев да разберам, прашуваш за исплатата на платите од компанија за која е поведена стечајна постапка, за која постои општа забрана за располагање со имотот.. Ако е поведена стечајна постапка, работниците треба да ги истакнат своите побарувања во уредна пријава до стечајниот управник. A платите, надоместоците на платите влегуваат во побарувања од повисок исплатен ред. |
|
Igor888
Нов член Регистриран: 27.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 25 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ви благодарам Македон , но во овој случај јас сум заинтересиран за ставот на сопственикот на компанијата и правните последици за него во оваа ситуација
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако е отворена стечајна постапка, доколку се случи измама, за тоа одговара стечајниот управник. Додека пак за управителите од управниот одбор или други одговорни лица во правното лице, од постот на Мarija може да се види кои се последиците. Доколку се сторени казнени дела, ќе се изречат казни за соодветното казнено дело на сторителите на тие дела. Изменето од Македон - 27.Март.2011 во 19:51 |
|
Igor888
Нов член Регистриран: 27.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 25 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мојот пријател бил во оваа ситуација, јас сум адвокат, но во друга земја, а со тоа и апелираше до вашиот форум за помош. Ви благодариме
|
|
Igor888
Нов член Регистриран: 27.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 25 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што е затворска казна е можно, во овој случај, должникот? Ви благодариме.
|
|
Македон
Сениор Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако сакате, може да Ви го пратам Законот за стечај и сите измени, преку лична порака, па и Вие да го видите. Нема да е никаков проблем. |
|
Igor888
Нов член Регистриран: 27.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 25 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако затворот, за колку време? Ви благодариме.
|
|
Внеси реплика | страница <1 910111213 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |