|
Поддршка за А1 Телевизија? |
Внеси реплика | страница <1 6061626364 84> |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кавадарка, добро би било да цитираш некоја од глупостите што си ги прочитала. Или да напишеш пак ти нешто паметно, да видиме и твое мислење. Така се дискутира на форум. |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Аааа, ме разочарувашс сега со овој коментар. Затоа кај нас новинарството сеуште е на ниво на радио-милева трачарење, затоа што знаат дека на народот му е нормално “да не зборат сами против себе“. Тоа е присутно и кај политичарите и кај новинарите. Кај ниеден од медиумите чии сопственици или управители се занимаваат и со политика (А1, Сител, Канал 5...) не сум приметила самокритика. Во случајов со А1, нема што да зборат против сами себе, туку да пренесат информација објавена од државен орган, а што се однесува на финансиското работење на нивниот јавен медиум. Тоа се вика право на граѓаните на информирање. И тоа спаѓа во нивните професионални должности, дефинирани насекаде низ светот со етички или т.н. deontological code (етика на професијата, со прецизирани норми на однесување, права и обврски). Во повеќе земји дури и со закон се регулирани Комори или Федерации на новинари, во кои задолжително мора да членуваат новинарите, на кои патем им се издаваат лиценци за работа и се внесуваат во професионален регистар на новинари. (Види го на пример италијанскиот). Секој што не работи според потпишаниот деонтолошки кодекс или го нема потпишано, не може да работи ни како професионален новинар. Основно правило притоа е ПРЕТПОЧИТАЊЕ НА ВИСТИНАТА при информирањето, без оглед на последиците! Професионален новинар со интегритет на личност не си дозволува од јавноста да крие или да премолчува информации, ниту да пласира лажни и непроверени шпекулации како факти и вистини. Пак ќе го спомнам Берлускони со неговите медиуми. Новинарите платени од него ги изнесуваат во јавност СИТЕ информации за неговите скандали, тужби, обвиненија, јасно и транспарентно (а на шоу програмите и мајтап си тераат на негова сметка). И ако се случи обид за притисок, новинарот или си потпишува отказ или си потпишува крај на неговата професионална кариера. За гафот со лажното писмо од Филе, новинарот Сафет Бишевац кој е потпишан на текстот, не гледам дека доби никаква осуда или критика ниту од неговите колеги од ЗНМ, кои патем го имаат потпишано етичкиот кодекс. Е се извиниле од А1... па да, нормално дека ќе се извинат штом веќе стигнал демант од засегнатиот политичар. Случајот е сличен на она од пред извесно време, кога Сител пренесе шпекулантска вест (во трка по сензација), дека исчезнала Анџелина Џоли. Тогаш сите им се изнасмеавме на дилетантизмот, но ова веќе има поголема тежина затоа што не се работи за холивидска глумица, туку за еврокомесар. И не давам никаква поддршка за вакви новинари кои пласираат лажни или конструирани “информации“; кои не ги информираат граѓаните за она што се коси со нивните редакциски, партиски или лични интереси; кои пишуваат текстови или известуваат “во афект“; ниту пак за такви кои ми сервираат наслови како овој, кои не ми пренесуваат чиста информација, туку во веста импутираат свој заклучок, притоа и непотпишани... И ако ги поддржуваме со став дека не е реално да известуваат “против самите себе“, ги оставаме новинарите (како и политичарите) да го однесат новинарството подолу и од дното. А јас ова требаше да го пишам во Катастрофите од нашите новинари, ама ај, и тука не е офтопик. Изменето од Анастеа - 19.Март.2011 во 03:11 |
|
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Mnogu dobro se sekjavam kako A nula izvestuvase od Bosna za vreme na ratot na celo so gore spomenatiot t.n. "novinar" a i ostanatite,
kako samo gi velicase mudzahedinite, a kako samo lazno izvestuvase protiv hrvatite i srbite. Istoto se slucuvase i so nivnite izvestuvaci i statii za vreme na kosovskata kriza 98-99 god. Teroristite naoruzani do zubi bea nedolzni civili, a srbite bea onie koi so vrsea zlostorstva. Ponatamu prodolzija po ist terk i 2001 god. kade regularnite sili na MK bea narekuvani so sekakvi iminja dodeka teroristite so oruzje vo raka pak bea civili na koi im se naruseni pravata odnosno se borci za sloboda. Pred nekoe vreme go navedov moeto negativno licno iskustvo so novinar od A nula sto izvestuvase od okolinata na Aracinovo za vreme na konfliktot koja pred poveke desetici vojnici na ARM i MVR izvestuvase deka sme go bombardirale seloto divljacki. A i ne mi e jasno ovde, za kakva tema za podrska na A nula se zbori. Za podrska za edna tv kukja koja e izrazito anti hristijanski i anti makedonski nastroena uste od osnovanjeto. Da da, i jas davam podrska, sto pobrzo da se ugasi ovaa t.n. TV kukja, za da ne prodolzi da gi true nasite deca kako i nas samite. Изменето од Анастеа - 21.Март.2011 во 00:49 |
|
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
многу ми е смешно некој да крева галама за нешто што тврди дека е најрегуларно и нормално, па ако нема никаков проблем, тогаш зошто толку се труби за А1?
на темава има милион коментари за „А0“ и огомниот криминал на Велија, а никој не дискутира за самиот процес, многу повеќе дискусиите се сконцентрирани на тоа колку била А1 криминална или не, искрено, мене не ме интересира дали Велија ќе скапел во затвор или не, сеедно ми е, мене ме интересира со кој памет некој се обидува да не убедува дека ова е борба против криминал и апс на столетието, а од друга страна некој да изигрува невина душичка каква е оваа смешна ситуација, народот навива за влада која поддржува, па и директно легализира криминал и за човек за кој одамна знаеме дека е голем криминалец и за него никој досега не правел муабет, за срамота! не ми се верува како со само еден настан го одвлекоа вниманието од сите други проблеми во државава, па и од вистинскиот криминал, оној во кој лежат многу повеќе пари одколку тие што ги собрал Велија (за сите усвитени глави, не зборам за криминалот од „другата страна“ туку општо за сиот криминал во Македонија) Изменето од zabegan - 20.Март.2011 во 22:36 |
|
размисли пред да напишеш глупост
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Така со релативизирање на проблемот (Велија крадел - е арно де, крадат и многу други или Грујовци крадат - е арно де, и Бранковци крадеа) никогаш нема да се искорени криминалот, во тоа сум убедена. Еден по еден мора да се пратат на заслужено место, СИТЕ криминалци. Ова е исто како да му верувам на еден Латас, а досега не напишал ништо за аферата со Националната платежна акртичка, трите милиони, роднинските врски..., ниту за директорите од РЕК Битола со министерот Коњановски и обвиненијата за криминал? Како да им верувам и на А1, кога стана апла дека ги извртуваат, ги кријат или манипулираат со информациите? Како да им верувам кога пишуваат дека непознати лица им носеле документи (со за нив непозната содржина?) на осомничените во притвор за потпишување, а не го објавуваат демантот од споменатата институција? за “мистериозните посети и лица“ Демант - “А1“ (текст: „Фронтален напад врз А1“) Зошто не го објавиле демантот целосно, па гледачите и читателите сами да просудат кому ќе веруваат? Изменето од Анастеа - 22.Март.2011 во 14:23 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Готово е и обвинението за Рамковски и уште 22 други лица: Во поднесеното обвинение, кое исклучиво се темели на прибавените докази, е даден опис на криминалните дејствија на обвинетите: - основањето на 24 фирми во Република Македонија и во странство кои биле раководени од членовите на злосторничкото здружение и биле ставени во функција во зависност од потребите на истото, што е видно од движењето на обвинетите во сопственичко-управувачката структура на овие друштва во различни временски периоди. Во зависност од потребата исто лице се јавува како основач на повеќе фирми, управителите постојано се менуваат, а дека сите овие фирми се меѓусебно поврзани говори и фактот што тројца од обвинетите биле овластени потписници за сите фирми. Начинот на раководење со вака создадената мрежа несомнено се утврдува од прибавените материјални докази, како и од доказите прибавени преку примената на посебните истражни мерки. - даден е опис за наводно извршени услуги од страна на една од фирмите од групацијата во која имало тројца вработени од кои еден управител со завршено средно образование, еден сметководител и уште едно лице кои на име изработка на сценарија и режија за проекти и тоа документарни филмови, забавни, дебатни и контактни емисии до електронскиот медиум доставиле фактури во износ од 172.270.999,00 денари, или близу 3 милиони евра, кои биле снижени и за тој износ медиумот невистинито ги зголемил расходите и го одбегнал плаќањето на соодветните даноци. - опишано е исплаќањто на големи износи на име плати на вработените, главно во електронскиот медиум и притоа биле книжени плати на минимални износи на кои бил плаќан данок и придонеси, а во готово на новинарите и други вработени им биле исплаќани многу поголеми износи, се разбира без да се платат задолжителните давачки на државата, а за тоа се водела посебна (вонкниговодствена) евиденција. - во обвинението се опфатени злоупотребите при плаќањето, односно неплаќањето на рекламите, исплаќањето на огромни средства во износ од 26.573.656,00 денари од медиум на приватните сметки на првообвинетиот и членовите на неговото семејство кои воопшто не биле вработени во телевизијата, како и градењето на дивоградбата во Нерези, во која живее првообвинетиот со семејството, платено од сметката на телевизијата во износ од 16.504.498,00, а прикажано е дека се вршени градежни работи за таа медиумска куќа. - опишана е исплатата извршена од една од фирмите регистрирана како книговодствено биро на еден од пишуваните медиуми за наводно рекламирање во износ од 54.000,000,00 исплаќањето на платите во готово на вработените во пишуваните медиуми, собирањето на дневниот пазар во готовина, која никаде не била прикажувана и уште редица незаконитости како што се ефективни позајмици, цесии, невистинити фактури и слично. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од моментот кога го процесуираше овој предмет за расчистување на криминалот на бројните фирми од оваа мрежа со кој се ограбени граѓаните на нашата земја, беше и се уште е изложено на невиден притисок кој го прават дел од медиумите контролирани и финансирани од криминалното здружение. Секојдневно сме сведоци на неосновани и неаргументирани клевети и не се избираат средства за да се дискредитираат обвинителите кои деноноќно работат на овој случај, како и обвинителството во целина. Секојдневно можеме да ги чуеме или прочитаме изјавите на наводните објективни експерти кои на секој начин се обидуваат да ги проблематизираат одлуките и постапувањето на обвинителството. Колку се овие експерти објективни ќе илустрираме со еден пример. „Објективниот“ експерт, бивш антикорупционер, кој за волја на вистината нема завршено правен факултет, е основач и управител на Компанија за правен консалтинг и своите услуги секако дека ги наплатува. Во предметот за кој на 15 март 2011 година, надоврзувајќи се и на други предмети, нашироко зборуваше ескепртот укажувајќи на грешките кои обвинителството ги направило, тој има доставено „стручно мислење“ изготвено лично од него, а за тоа е ангажиран од обвинетите лица во предметот. |
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Живо ме интересира дали некој сега ќе излезе со билборд од 2000-3000 евра нели е овој оној кој постави шатор до А1
Извршители кај Бојо Андрески |
|
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sto pak sega ima vrska Bojo so temava.
Toa sto bojo e duzen na nekogo toa si e problem negov. neli ovde diskutirame za A0. bojo si postavi sator do a0 poradi parite so velija mu gi duzi. |
|
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|
kultuzin
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Значи она што го изјави Груевски „со резерва да се зимат вестите на А1 и компанија„ а беше пречекано на нож денес имавме можност да го слушнеме и од Фуле.
Европска Комисија: читајте ги нашите соопштенија, не слушајте толкувања на медиуми Не слушајте што објавуваат некои медиуми туку читајте што пишува во сооштението на еврокомесарот Фуле, велат за Канал 5 извори од Европската Комисија. Во соопштението на еврокомесарот Фуле по средбата со премиерот Груевски нема ниту директна ниту индиректна закана дека Македонија може да го загуби статусот кандидат за членство и визната либерализација, велат извори на Канал 5 во Брисел. Несоодветното и непрофесионално толкување на А1 Телевизија која што вчера објави дека има сериозна опасност Македонија да го изгуби кандидатскиот статус и слободното патување во ЕУ е проблем кој мора да го реши медиумската заедница во Македонија во иднина се очекува медиумите да бидат непристрасни и објективни без разлика на која страна од политиката се наоѓаат, појаснуваат експерти за медиуми од Брисел. Истите извори додаваат дека кога се работи за медиумите на Балканот може да се разбере нивната пристрасност и блискост со политички партии, но дека тешко може да објасни крајно погрешно толкување на многу прецизно официјално соопштение од кабинетот на Фуле. Реакцијата од Брисел за погрешното толкување на соопштението на Фуле од медиумите на Перо Наков доаѓа само неколку дена откако А1 Телевизија јавно се извини дека објавила измислено писмо испратено од еврокомесарот Фуле и десетина дена откако премиерот Груевски побара граѓаните со резерва да ги следат информациите на А1. /www.kanal5.com.mk |
|
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=5D318FEB412F384E81D5ED672413573F
malku i jas se izletav vo vrska so pisuvanjata vo Vest i na A0, ama povtorno ne e kako so pisuvaat tie, odnosno pisuvaat na pamet neprovereni raboti, od 3-ta 4-ta raka. Do koga be vise lazgi od strana na A0. ma sve toa treba da se kjorkira na podolg period, bel den da ne vidat. prvo novinarite pa posle sefot nivni. Samo napred Bojo izgori im go gzot na sud. |
|
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако не ги испозатворат до изборите-после ќе видиме лесно кој лажел
Секој има право да верува-кој во оние од Перо Наков, кој во оние на Керима или пак оние на Ѕингота и Бојота. Тоа е демократија. Фала му на Бога севишниот-што се закрвавија -па го изфрлија сиот валкан веш на површината. Вака се подлажувавме верувавме во некои информации.Сега и 10 пред сите и 10 по сите е само рагикомика која децата ја нарекуваат шарена лажа. |
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А наместо да толуваме кој лаже а кој е во право (од медиумите), што не се најде некој паметен па да го предочи извештајот од Фуле....па самите да прочитаме што кажал а не да ни преведуваат од партиските штабови...
|
|
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|
Zeksi71
Сениор Регистриран: 18.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 2391 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
dovolno sto ispratil demant do A0 a koj demant i A0 go prenese.
|
|
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
|
|
jacksparrow
Нов член Регистриран: 27.Март.2011 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
za koja demokratija ili sloboda na mediumi stanuva zbor? Znaci ako na sekoj tupajzer na koj mu se posrekji (poradi) partiski vrski da otvori, televizija, radio, vesnik i sl. i ako ne plakja nisto prema drzavata ko site nie obicni smrtnici, pa zaradi negovite reketarski odnesuvanja vlasta go repne po usi, iako prethodno go tolerirala zato sto ja reketiral pa i doslo preku glava....
togas to e gemokratija? zamislete eden velija... koj so ni sam nema pojma koja nacionalnost e, si zede za sloboda da simulira pregovori za imeto vo ohrid pred godina i kusur... zamislete, "relevantni" predstavnici na makedonija mu bea eden istrosen klovn vo forma na "Frle" koj sila na bespomosni zeni moze da pokaze ili po nalog na B.C. da namesti atentat na pretsedatel... eden dolgogodisen komunisticki ambasador vo irak, Andov.... so nekoi si tamu ultranacionalisticki predstavnici od drzavata cie ustavno ime e "GAZ OD PEKOLOT".... hellass, pa narode, kaj ni e umot? Se prasuvam.... kako onie sutraci so glumat novinari vo zivo so tv dnevnik od ilindenska... zemaat "legalno" plata, koga smetkite im se blokirani... Kako koga jas ako ne isplatam plata do 15 vo mesecot UJP "mama ke mi rasplaka" i uste ke pocastam nekoj izvrsitel i banka.... Se prasuvam, za bez pari laat ko psi sekoja vecer.... ili Mazes Ramkovska, posle sekoj dnevnik im deli debeli koverti?..... Aj ve molam, nekoj da mi odgovori.... "odnapred blagodaram"... |
|
Внеси реплика | страница <1 6061626364 84> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |