IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Супи и чорби
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Супи и чорби

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 10>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 11:41

Пролетна зеленчукова минестроне супа

Минестроне супа

Тајната и убавината во подготување на оваа супа е во тоа правилно и еднакво да се исечат сите зеленчуци, со цел  да се сварат сите во исто време. Слободно, можете да ја збогатите супата со некои ваши свежи зеленчуци, како тиквички, целер или пченка.

Портебно за 4 лица:

  • 2 големи главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • 2 моркови
  • 1 поголем компир
  • 1 шоља смрзнат грашок
  • 2 шољи млад спанаќ
  • 1/2 шоља бело вино
  • 3 шољи зеленчукова супа, без фиде
  • магоднос, темјан, ловоров лист
  • сол, бибер, црвен пипер

Подготовка:

Најпрво, сите зеленчуци исецкајте ги на еднакви парчиња. На загреано масло, додајте го кромидот и оставете го да омекне малку. Потоа, додајте го белото вино, оставете да испари, па додајте ги лукот и една лажичка црвен пипер. Потоа додадете ги морковот и компирот и оставете да се динстаат 1-2 минути. Додадете ја супата од зеленчук. Додадете ги ситно сецканиот магдонос, еден ловоров лист и ситно сецкан темјан. Покријте со капак. Намалете ја температурата и оставете се да се вари околу 20 минути, додека не бидат зеленчуците меки. На крај, додајте ги грашокот и спанаќот. Оставете 3 минути да омекнат. Зачинете со сол и бибер, по вкус. Сервирајте во длабок сад, попрскајте со ситно сецкан магдонос и една лажичка маслиново масло.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 14:36

Проѕирна супа со кнедли

 

Потребно за 4 лица:

  • 1 литар вода
  • два големи моркови, исечени на крупно
  • една црвена пиперка, исечена на половина
  • една зелена пиперка, исечена на половина
  • половина целер, и коренот и листовите
  • еден кромид, исечен на четвртинки
  • едно чешне лук
  • ловоров лист
  • бибер во зрна
  • магдонос, ситно сецкан за декорација

За кнедли:

  • 1 јајце изматено со вилушка
  • гриз
  • сол
  • масло за јадење

Подготовка: Во длабоко тенџере истурете ја водата и ставете ги сите зеленчуци и зачини. Варете додека не бидат зеленчуците меки. Кога ќе бидат сварени, извадете ги и оставете ги настрана. Подгответе ја смесата за кнедли. Во изматеното јаајце, ставете една лажица масло, сол по вкус и почнете да додавате гриз колку да може да се оформи погуста смеса за да се обликуваат кнедли. Кога ќе биде смесата направена, со две мали лажички формирајте кнедли ставајќи од смесата на едното лажиче и потоа префрлате на другото лажиче како би се формирале овални кнедли. Готовите кнедли пуштајте ги во супата која сеуште се вари. кога ќе испливаат на површина кнедлите се готови. Сервирајте во длабока чинија и од горе попрскајте со ситно сецкан магдонос и бибер во прав.

Совет: Доколку сакате вашата супа да има текстура и да биде густа и богата, сварените зеленчуци испасирајте ги добро во блендер, ставете ги во водата во која се вареа, ставете една рака фиде и ете Ви супер здрава супа



Изменето од емил - 26.Февруари.2011 во 14:36
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 14:56

Свиленкаста супа од карфиол

Потребно:

  • 1 голема главица карфиол
  • 1 голема главица кромид, ситно исецкана
  • 2 чешниња лук, ситно исецкани
  • маслиново масло
  • сол, бибер
  • тврд кашкавал, рендан
  • 900 мл. зеленчукова супа од коцка

Подготовка: Сварете зеленчукова супа од коцка. Во големо тенџере со солена, зовирена вода ставетего карфиолот, претходно разлистен на помали цветови и варете го додека не биде мек во стеблото.  Во друго длабоко тенџере на масло за јадење пржете ги кромидот и лукот додека не омекнат убаво и додека не добијат убава златна боја. Потоа, ставете го сварениот карфиол и полијте се со супата. Зачинете по вкус. Тргене од оган. Измиксајте ја смесата во пире додека не биде се еднолично и без мали парчиња кафриол. Вратете на оган. Додајте 100 гр. тврдо рендан кашкавал во супата. Мешајте. Послужете со ситно сецкан магоднос, маслиново масло  и бибер

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 15:41

Француска супа со кромид

Историја за супата: Супите со кромид биле многу популарни во Стар Рим. Тие биле храна на сиромашните луѓе, бидејќи кромидот бил лесен за одгледување. Модерната верзија на оваа супа датира уште од 17 век во Франција и воопшто не наликувала ниту по вкус ниту по состојките во неа на денешната Француска супа со кромид. Сецкан кромид и парче леб во чинијата било се што содржела оваа супа. Како и сите јадења така и ова претрпела промени во начинот на подготовка и состојки кои се ставале во неа. Еве како таа се подготвувала во 1651 година во Франција: Кромидот се сечел на тенки парчиња и се пржел на парче путер. Се преливал со вода. Во чинија се ставало едно парче леб и се поливало со супата од кромид и вода.

Денешниот рецепт е од готвачот на Џулија Чајлд, типичен француски рецепт.

Потребно:

  • една векна француски багет
  • супа од една зеленчукова коцка
  • маслиново масло или растопен путер
  • 1/4 чаша коњак
  • 2 главици кромид
  • 200 гр. швајцарски кашкавал (секако, Вие одберете кашкавал по Ваша желба)
  • 1/2 шоља рендан пармезан

Подготовка: Багетот исечете го парчиња со дебелина од 3 см, намачкајте ги со маслиново масло или растопен путер, ставете ги на хартија за печење и печете ги на 250Ц 15 минути на секоја страна, додека не станат средно печени. Супата од коцка ставете ја во тенџере. Додадете го коњакот и кашкавалот и оставете да се стопи. Кромидот исечете го на тенки резанки и пржете го додека не добие убава кафена боја и додека не се карамелизира. Во чинија ставете две парчиња од багетот. Врз него ставете од пржениот кромид и сето тоа прелијте го со супата. Ренданиот пармезан стопете го на тавче за палачинки и така стопен ставете го супата, од горе

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2011 во 00:22

Чорба од гриз

Потребно:

* 1 л вода
* 3 лажици масло
* 3 лажици гриз
* 3 лажици ситно сечкан магдонос
* сол
* бибер
* зачинал
* 1 комплет зеленчук за супа

Приготвување: загрејте го маслото во тенџере и пржете го гризот во него додека не ја промени бојата (внимавајте да не ви загори). Потоа сипете ја водата во пржениот гриз и оставете ја да зоврие. Во меѓувреме, исечете го исчистениот зеленчукот за супа на мали коцкички, па додајте ги подготвениот зеленчук, солта и биберот во зовриената вода. Варете ја супата околу 15 минути, па на крај зачинете ја со зачиналот и со ситно сечканиот магдонос.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2011 во 15:07

Чорба од зелена салата

Потребно:

* 50 г маргарин
* 2 лажици брашно
* 800 мл супа од зеленчук (од коца)
* 200 г компири
* 1 главица зелена салата
* 200 г кисела павлака
* малку шеќер
* сол
* бибер
* зачинал

Приготвување: брашното пржете го во загреаниот маргарин додека не пожолте. Потоа, прелијте го со супата и варете 6-8 минути. Исчистените компири исечете ги на мали коцкички и додадете ги во чорбата. Измиената зелена салата исечете ја на стапчиња, па кога компирите ќе бидат речиси меки, додадете ја во чорбата. По неколку минути со 2-3 лажици чорба измешајте ја павлаката и со постојано мешање сипајте ја во чорбата. Откако повторно ќе зоврие, чорбата зачинете ја со сол, зачинал, бибер и малку шеќер.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 15:24

Густа супа со тестенини

Потребно:

* 2 страка праз
* 3 тиквичк
* 1 конзерва сечкани домати
* 1 конзерва црвен грав
* 200 мл супа од коцка
* малку кечап
* 100 г тестенини
* 2 лажици маслиново масло
* сол
* бибер

Приготвување: ситно сечканиот праз пржете го пет минути на средна температура. Потоа, во него ставете ги исечканите тиквички, па сето тоа динстајте го уште три минути. Додадете ги исцедените домати, кечапот, исцедениот грав и супата. Откако сето тоа ќе зоврие, намалете ја температурта и динстајте 10 минути. На крај додадете ја тестенината и варете ја уште три минути. По желба супата зачинете ја со сол и бибер.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2011 во 22:59

Чорба од зеленчук

Потребно:

* 1 комплет зеленчук за супа
* 2 компири
* 1 корен од целер
* 1 пиперка
* 1 главица кромид
* 1 чаша павлака
* сол
* бибер
* зачинал
* 1 лажица ситно сечкан магдонос
* 1.500 мл вода

Приготвување: во водата сварете го исчистениот зеленчук. Откако компирите ќе бидат варени, извадете ја пиперката. Другиот зеленчук заедно со течноста испасирајте го во блендер, зачинете го со сол, бибер и зачинал и додадете ја изматената павлака. На крај, пред да ја послужите чорбата, посипете ја со ситно сечканиот магдонос.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2011 во 08:07
Гаспачо

СОСТОЈКИ

за супа
• 800 гр домати
• 2 зелени пиперки
• 1 мала краставица
• 100 гр кромид
• 100 гр леб
• 4 чешниња лук
• 100 мл маслиново масло
• 2-3 лажици оцет
• сол и бибер
• 800 мл вода

за гарнир
• 1 зелена пиперка
• 1 главица кромид
•100 – 150 гр леб
• зачин (сезонски тревки)

ПОДГОТОВКА
Водата ставете ја во поголем сад, додадете сезонски тревки, проварете и изладете. Лебот исечкајте го на мали парченца и натопете го со малку вода со зачини. Краставицата, пиперките, кромидот и доматите насечкајте ги на коцки. Потоа, во блендер, измиксирајте го зеленчукот заедно со лебот, лукот, маслиновото масло, оцетот и супата со тревки. Мешајте сѐ додека не добиете хомогена смеса (ако не ги собира сите состојки во блендерот, постапката повторете ја неколку пати).

Откако супата ќе биде подготвена, ставете ја во соодветен сад. Зачинете со сол и свежо мелен бибер. Покријте го и ставете го во фрижидер садот со супа за да се излади.

За гарнирање: исечкајте ги пиперката, кромидот и доматот на многу ситни коцки и тоа пред самото послужување на гаспачото. И лебот исечкајте го на коцки и ако сакате пропржете го на путер. Сите состојки се служат во мал сад до чинијата со гаспачо.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2011 во 10:57
Супа од целер  на мој начин...среќа
 
 
Целер ,  морков, младо кромидче, 
1 лажица тарана, вегета......сето ова да  проврие ....и на здравје.....голема%20насмевка
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2011 во 19:43
СУПА ОД ДОМАТИ

Време на приготвување: 45 минути


Потребни состојки
* 1 кромид
* 2 конзерви сос од домати или 80 г
* Сол и бибер
* вегета
* босилек
* маслиново масло

а масло пропржете го ситно сецканиот кромид додека не добие златна боја.

Додајте сос од домати или доматна салса и малку вода и варете дваесет минути.

Испасирајте, зачинете, доколку е потребно, додадете водаи оставете да се готви уште петнаесетина минути. Послужете со павлака.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2011 во 04:43

Чорба од коприва

Потребно:

* 1 кг коприва
* 2 лажици брашно
* масло
* 1 јајце
* 1 чаша кисела павлака
* 1 лажичка мелен црвен пипер
* 1 главица кромид
* сол

Приготвување: врвовите од копривата скинете ги, измијте ги, обарете ги во солена вода, исцедете ги и ситно исечкајте ги. Во тенџере загрејте го маслото, па во него пропржете го ситно сечканиот кромид, додадете го брашното, па и него малку пропржете го. Потоа, во кромидот ставете го мелениот црвен пипер, смесата измешајте ја, додадете ја копривата и сето тоа прелијте го со вода. Сето тоа варете го 10-ина минути, а потоа зачинете го со изматеното јајце и посолете го, по вкус. Чорбата служете ја со киселата павлака.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2011 во 18:51

Пикантна чорба од грашок

Потребно:

* 500 г грашок
* 750 мл инстант-супа од зеленчук
* 1 лажичка кари
* бибер
* 3 лажици мелени житарки
* 3 лажици бадеми исечени на ливчиња
* 3 лажици суво грозје
* 1/2 чаша слатка павлака
* сол

Приготвување: измијте го грашокот и варете го 10-ина минути во малку солена вода. Во друго тенџере, зовријте ја супата од зеленчук, па додајте ги грашокот, карито и биберот. Згуснете ја чорбата со разматените мелени житарки, па додајте ги сувото грозје и бадемите и варете го сето тоа додека грашокот не омекне. Откако грашокот ќе биде варен, тргнете го тенџерето од рингла и додајте ја павлаката во смесата.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2011 во 08:07
Jагнешка чорба

Потребни состојки:

· 750 г јагнешко месо
· половина јагнешка глава
· една главица кромид
· зеленчук за чорба
· црн пипер
· брашно
· масло
· црвен пипер
· една жолчка од јајце
· кисело млеко или павлака Знак за квалитет
· киселина и еден филџан ориз.

Начин на приготвување:

Главата и месото исечете ги на парчиња, измијте ги, оставете ги во сад и залејте ги со околу два литра студена вода. Кога ќе зовријат, ставете, по вкус, зеленчук, магдонос, кромид и неколку крупни зрна црн пипер. Чорбата воопшто не смее да врие силно. Откако ќе поврие околу два часа, во помал сад ставете 2-3 лажици масло. Кога ќе се загрее, ставете две лажици брашно, пропржете го да добие жолта боја, додајте на врвот од ножот црвен пипер и запржете ја чорбата. Запржена, чорбата треба да поврие половина час на тивок огин.
Пред да се претури чорбата во садот во кој ќе се служи, мора да се процеди, а потоа и да се Зачинали. Во посебен сад изматете ја жолчката, додајте една чаша кисело млеко или три лажици кисела павлака, добро изматете ги и, мешајќи постојано, истурајте ја смесата во врелата чорба.
Откако ќе се процеди, добро е во чорбата да се свари еден филџан ориз.
По вкус можете да додадете киселина или лимон.
е потпекува 10-15 мин.c


Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 16:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.