IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Aрхитектура и дизајн
  Активни теми Активни теми RSS - Во Карпош - прва куќа на иднината на Балканот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Во Карпош - прва куќа на иднината на Балканот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Во Карпош - прва куќа на иднината на Балканот
    Испратена: 19.Март.2011 во 14:12

Објектот целосно ќе ги задоволува сопствените потреби за електрична и топлинска енергија. Целиот објект ќе биде поставен на воздушни перници и сам по себе ќе биде пример за асеизмичка градба, отпорна на каков било земјотрес

 
 
%20  

Во Карпош

Објект што ќе биде опремен со системи на сите видови обновлива енергија и кој целосно ќе ги задоволува сите потреби за електрична и топлинска енергија ќе се гради на подрачјето на општината Карпош. Енергетскиот нулти-објект, именуван како „Технолошки парк“, треба да биде лоциран на булеварот Илинден, на просторот од хотелот „Александар палас“ до населбата Карпош 4. Општината сé уште нема обезбедено локациски услови, но работат на реализација на проектот.

Вкупната проценета вредност на објектот, кој ќе има корисна површина 1.400 квадратни метри, изнесува 34.700.000 денари, или 570.000 евра. Финансиските средства целосно ќе се обезбедат со меѓународни грантови и донации.

- До крајот на месецов ќе биде готово идејното решение. Сметаме дека за два-три месеци ќе имаме направено финансиска конструкција. Оптимистички гледано, за пет-шест месеци може да се дојде до фаза за почеток на изградбата. Планираме „Технолошкиот парк“ најдоцна до крајот на 2012 година да биде целосно готов - вели Љупчо Димов, еден од креаторите на проектот и раководител на секторот по енергетика во општината Карпош.

Ова ќе биде прв ваков објект на Балканот. Во средината на објектот ќе има стаклена кула со надреалистички изглед, на три ката, висока 16 метри. Во неа ќе бидат сместени сали за конференции, компјутерски центар, помошни простории и лифт. Кулата, како и целиот објект, ќе биде поставен на воздушни перници и сама по себе ќе биде пример за асеизмичка градба, отпорна на каков било земјотрес. Стаклата ќе бидат со натпросечен коефициент на енергетска заштеда. Пресекот на стаклата ќе биде исполнет со инертен гас, со што ќе се добијат комплетно заштитени ѕидови.

- Зградата ќе штеди максимум енергија и самата ќе може да се осветлува, грее и лади. Тој пресек на ѕидовите, со таа транспарентна изолација, односно вакуумирана стаклена волна, со дебелина од два и пол до три сантиметри, всушност е еднаква на изолацијата од „тервал“. Предвидено е електричното напојување да се обезбедува со пет-шест фотоволтаични системи. Имаме фотоволтаици што се со фиксна оска и не можат да се мрдаат. Тие ќе се наоѓаат на нишката поставена одозгора, која ќе биде извиткана како змија и ќе бидат свртени кон југ. Вториот тип панели ќе се наоѓаат на вртлива оска, поставени на таканаречени соларни дрва, во дворот, свртени кон југ. И тие ќе даваат струја за внатре, која ќе се складира со атомски батерии и ќе се претвора во наизменична струја - објаснува Димов.
Третиот тип преку кој ќе се добива енергија се системите што од сончевата енергија прават струја, но и топла вода. Четвртата важна компонента се сензибилните фотоволтаици, кои сé уште се во фаза на експеримент во Франција, кој функционира по принципот на фотосинтеза. Ќе може да дава струја додека е светло надвор. Петтата компонента се фотоволотаици што ќе бидат на стаклената фасада, која самата по себе е извор на енергија.

Греењето и ладењето ќе се обезбедуваат и преку геотермални пумпи, сместени во подрумот. И тој простор ќе биде изложбен, па посетителите преку посебен ЛЦД-дисплеј ќе може да видат како изгледа и работи геотермална пумпа.

Во дворот ќе биде поставена фонтана, поточно мала бетонска брана, со водопад и езерце, поврзана со цевка, која ќе води до централата, која всушност ќе биде генератор и ќе биде врзана за пумпите што црпат технолошка вода, 10-12 литри во секунда, и ќе ја носат до геотермалните пумпи во објектот и ќе дава струја.

Од 84 локални самоуправи, само 14 имаат донесено вакви програми, и покрај тоа што со Законот за енергетика се обврзани да изработуваат такви проекти, што е пропишано со сите европски закони. Вакви паркови во Европа има десетина, како во Минхен, Стокхлом, Варшава.

 

 Образовен и иновативен центар
 Проектот „Технолошки парк“ во суштина ќе претставува образовен и иновативен центар за надградба на знаењата на учениците и на студентите од областа на енергетската ефикасност.
- Посетителите ќе имаат на располагање 15 компјутери, кои ќе бидат поврзани со базите на податоци на ваквите технолошки паркови во Европа, како и со дигиталните библиотеки. Ќе подготвиме посебна база на информации за основците, приспособена на нивната возраст. Оградите ќе бидат од рециклирана пластика. Сакаме секоја компонента да биде како да е од иднината. Знам дека ова е преамбициозно, ама на проектов работеше тим од 13 лица, претежно архитекти и професори од Машинскиот и Електро-техничкиот факултет и од Американ-колеџот во Скопје - вели Димов.

.............

Многу интересен проект, како промена и освежување од објектите од Скопје 2014.
Ми се допаѓа планот а и доста симпатично изгледа објектот на сликата. Од мене поддршка за вакви проекти, свртени кон современите текови во архитектурата и градежништвото.да
Баш ме интересира мислењето од форумџиите?

П.С. Доколку модераторите сметаат дека нема место за посебна дискусија за проектот, слободно нека го преместат постот во некоја од постоечките теми.
големо%20гушкање




Изменето од Анастеа - 19.Март.2011 во 14:12
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2011 во 15:44
nema barokna da bide?!збунетост
изненадување
...aaaa,...ne ke moze taka!тага
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2011 во 16:31
...a be , najprvo treba da imash ''prizemni''raboti kako efikasna infrastruktura niz centarot na gradot,...pa posle da mi izveduvash  nekoi futuristichki proekti,...изненадување

...ako sakash pochista i za chovekot poproijatna atmosfera , treba najprvo da se oslobodish od iljadnicite vozila koishto ''bespotrebno'' tranzitiraat niz centarot sekojdevbo vo dvata pravci po dolzina,  so izgradba na tuneli ili nadvozznici pod ili nad centarot...

...prvo toa treba ,..shto go ima nasekade,
...a ne samo nekade,..pa ushte i da se prchish poradi toa!
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2011 во 23:27
Ваков проект заслужува да има посебна тема,се надевам и Забеган го дели моето мислење.

Околу проектов....јас едноставно сум импресионирана од футуристичката експресија на објектов,можеби Брза е во право кога ги наведува приоритетите пред ваквите проекти,ама од се она што допрва треба да се реализира(на сметка на приоритетите) оваа еколошка градба ми изгледа како  најдобро идејно решение.
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2011 во 20:31
Originally posted by brza brza напиша:

...a be , najprvo treba da imash ''prizemni''raboti kako efikasna infrastruktura niz centarot na gradot,...pa posle da mi izveduvash  nekoi futuristichki proekti,...изненадување

...ako sakash pochista i za chovekot poproijatna atmosfera , treba najprvo da se oslobodish od iljadnicite vozila koishto ''bespotrebno'' tranzitiraat niz centarot sekojdevbo vo dvata pravci po dolzina,  so izgradba na tuneli ili nadvozznici pod ili nad centarot...

...prvo toa treba ,..shto go ima nasekade,
...a ne samo nekade,..pa ushte i da se prchish poradi toa!
аман бе па и ти, биди еднаш позитивен барем не
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 03:51


Леле бе Брза и на ова ли најде да мрчиш. вртење%20со%20очи
Кон врв
zajluben Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)
eternal flame

Регистриран: 13.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 44
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zajluben Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 03:53
Интересен проект, ама брза до некаде е во право. Скопје е се’ уште недоволно средено од аспект на се’ останато... Сигурно не е приоритет ваква футуристичка градба - но ајде, да речеме дека од негде мора да се почне.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 04:00


Секако дека не е приоритет, но имајте предвид дека (како што пишува во текстот)  проектот ќе се финансира од меѓународни грантови и дотации.
Значи да ја оставиме политиката за на друго теманамигнување а тука да го дискутираме проектот од аспект на подфорумов во кој се наоѓа темата.


Кон врв
BellaGrandma Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Game over

Регистриран: 10.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 20029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BellaGrandma Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 04:22
Многу ефтино

1400м2,
геотермални пумпи,
стаклена кула со надреалистички изглед,
пет-шест фотоволтаични системи,
сензибилни фотоволтаици,
мала бетонска брана, со водопад и езерце
компјутери .. овоа ..оноа
ЛЦД дисплеи

=

570.000 евра


уште малку па ..џабе

400 евра по м2

ај јас едно во двор да стокмам ко така
башка ќе ми прави струја....а и топла вода

Изменето од ФорумскаБаба - 21.Март.2011 во 04:23
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 15:45
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

Originally posted by brza brza напиша:

...a be , najprvo treba da imash ''prizemni''raboti kako efikasna infrastruktura niz centarot na gradot,...pa posle da mi izveduvash  nekoi futuristichki proekti,...изненадување

...ako sakash pochista i za chovekot poproijatna atmosfera , treba najprvo da se oslobodish od iljadnicite vozila koishto ''bespotrebno'' tranzitiraat niz centarot sekojdevbo vo dvata pravci po dolzina,  so izgradba na tuneli ili nadvozznici pod ili nad centarot...

...prvo toa treba ,..shto go ima nasekade,
...a ne samo nekade,..pa ushte i da se prchish poradi toa!
аман бе па и ти, биди еднаш позитивен барем не
...aman be pa i tiзбунетост...ama,zoshto be,?!изненадување

...toa ti e isto kako nekoja golema familija od SHUTKA koja zivee vo nekoja ''strachara'',... nabrzina sklepana od truli daski i kartoni,.... da ima (kupeno)  vo  ''dnevnata'',... nekoj najnov plazma tv od 120 santima!

...a,i eve ,...otkako si im bil na gosti,..

...dali ke bidesh odusheven od toa ili ke se skinesh od smeeenje,...raskazuvajki naokolu?!

...toa ti e isto, kako koga edna bedna drzava si pravi bajram so umot ,...dodeka naselenieto mu ''skapuva''....
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 16:06
Ехх Брза овојпат не си во право.нека%20ти%20е%20срам
Ако продолжиме со такви ставови,ние никогаш нема да направиме чекор напред,туку само ќе тапкаме во место.
Значи прво,основно и најважно е  дека финансиите за проектов се подарок,втора битна работа е што ќе биде тотално независен од надворешните енергетски извори,значи почеток на развојот на екологијата и економски,чиста десетка(многу битна работа)голема%20насмевка,стимул за нашите архитекти,па туризам ова-она и на крај....Стефче Јакимовски е градоначалник на Општина Карпош,а јас и ти,нејзини жители.намигнување.....голема%20насмевка


Изменето од renatax - 21.Март.2011 во 16:08
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 16:23
...parite i za infrastrukturata nema nikoj od djeb da gi vadi,..tuku od krediti od kaj shto davaat za takvi raboti,..

...ama , za toa ne si go  machat ovie umot, koga videa kade e zlatnata koka,.

..t.e..od ''trista'' sosema nepotrebni raboti ...za narodot,
 ama,...i te kako polezni za nivniot djeb,...

Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
Renatax Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Renatax Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 16:33
Originally posted by brza brza напиша:

...parite i za infrastrukturata nema nikoj od djeb da gi vadi,..tuku od krediti od kaj shto davaat za takvi raboti,..





Епа кредитите треба да се вратат,а подарок си е подарок....зошто мислиш дека нам не ни треба ваков подарок,каква е по тебе штетата од изградбата на овој објект?
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.

Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2011 во 16:56
..a be zoshto site krivo sfkjate?..kaj pishuva deka ne sakam jas takvi stvari?!

edinstveno shto prechi e toa shto se prchish so neshto za koe shto nemash nikakva osnova za prchenje,

...koj, normalen bi te sfatil ozbilno za takvi tabotii, koga ona ''prizemnoto'' ti kasni stotina godini...изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,137 секунди.