Испечати | Затвори го прозорот

Во Карпош - прва куќа на иднината на Балканот

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Aрхитектура и дизајн
Опис на форумот: Хармоничен спој на наука и уметност...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24183
Датум на принтање: 22.Декември.2024 во 16:17
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Во Карпош - прва куќа на иднината на Балканот
Постирано од: Анастеа
Наслов: Во Карпош - прва куќа на иднината на Балканот
Датум на внесување: 19.Март.2011 во 14:12

Објектот целосно ќе ги задоволува сопствените потреби за електрична и топлинска енергија. Целиот објект ќе биде поставен на воздушни перници и сам по себе ќе биде пример за асеизмичка градба, отпорна на каков било земјотрес

 
 
%20  

http://www.time.mk/read/NONE/d20e74eea7/index.html - Во Карпош

Објект што ќе биде опремен со системи на сите видови обновлива енергија и кој целосно ќе ги задоволува сите потреби за електрична и топлинска енергија ќе се гради на подрачјето на општината Карпош. Енергетскиот нулти-објект, именуван како „Технолошки парк“, треба да биде лоциран на булеварот Илинден, на просторот од хотелот „Александар палас“ до населбата Карпош 4. Општината сé уште нема обезбедено локациски услови, но работат на реализација на проектот.

Вкупната проценета вредност на објектот, кој ќе има корисна површина 1.400 квадратни метри, изнесува 34.700.000 денари, или 570.000 евра. Финансиските средства целосно ќе се обезбедат со меѓународни грантови и донации.

- До крајот на месецов ќе биде готово идејното решение. Сметаме дека за два-три месеци ќе имаме направено финансиска конструкција. Оптимистички гледано, за пет-шест месеци може да се дојде до фаза за почеток на изградбата. Планираме „Технолошкиот парк“ најдоцна до крајот на 2012 година да биде целосно готов - вели Љупчо Димов, еден од креаторите на проектот и раководител на секторот по енергетика во општината Карпош.

Ова ќе биде прв ваков објект на Балканот. Во средината на објектот ќе има стаклена кула со надреалистички изглед, на три ката, висока 16 метри. Во неа ќе бидат сместени сали за конференции, компјутерски центар, помошни простории и лифт. Кулата, како и целиот објект, ќе биде поставен на воздушни перници и сама по себе ќе биде пример за асеизмичка градба, отпорна на каков било земјотрес. Стаклата ќе бидат со натпросечен коефициент на енергетска заштеда. Пресекот на стаклата ќе биде исполнет со инертен гас, со што ќе се добијат комплетно заштитени ѕидови.

- Зградата ќе штеди максимум енергија и самата ќе може да се осветлува, грее и лади. Тој пресек на ѕидовите, со таа транспарентна изолација, односно вакуумирана стаклена волна, со дебелина од два и пол до три сантиметри, всушност е еднаква на изолацијата од „тервал“. Предвидено е електричното напојување да се обезбедува со пет-шест фотоволтаични системи. Имаме фотоволтаици што се со фиксна оска и не можат да се мрдаат. Тие ќе се наоѓаат на нишката поставена одозгора, која ќе биде извиткана како змија и ќе бидат свртени кон југ. Вториот тип панели ќе се наоѓаат на вртлива оска, поставени на таканаречени соларни дрва, во дворот, свртени кон југ. И тие ќе даваат струја за внатре, која ќе се складира со атомски батерии и ќе се претвора во наизменична струја - објаснува Димов.
Третиот тип преку кој ќе се добива енергија се системите што од сончевата енергија прават струја, но и топла вода. Четвртата важна компонента се сензибилните фотоволтаици, кои сé уште се во фаза на експеримент во Франција, кој функционира по принципот на фотосинтеза. Ќе може да дава струја додека е светло надвор. Петтата компонента се фотоволотаици што ќе бидат на стаклената фасада, која самата по себе е извор на енергија.

Греењето и ладењето ќе се обезбедуваат и преку геотермални пумпи, сместени во подрумот. И тој простор ќе биде изложбен, па посетителите преку посебен ЛЦД-дисплеј ќе може да видат како изгледа и работи геотермална пумпа.

Во дворот ќе биде поставена фонтана, поточно мала бетонска брана, со водопад и езерце, поврзана со цевка, која ќе води до централата, која всушност ќе биде генератор и ќе биде врзана за пумпите што црпат технолошка вода, 10-12 литри во секунда, и ќе ја носат до геотермалните пумпи во објектот и ќе дава струја.

Од 84 локални самоуправи, само 14 имаат донесено вакви програми, и покрај тоа што со Законот за енергетика се обврзани да изработуваат такви проекти, што е пропишано со сите европски закони. Вакви паркови во Европа има десетина, како во Минхен, Стокхлом, Варшава.

 

 Образовен и иновативен центар
 Проектот „Технолошки парк“ во суштина ќе претставува образовен и иновативен центар за надградба на знаењата на учениците и на студентите од областа на енергетската ефикасност.
- Посетителите ќе имаат на располагање 15 компјутери, кои ќе бидат поврзани со базите на податоци на ваквите технолошки паркови во Европа, како и со дигиталните библиотеки. Ќе подготвиме посебна база на информации за основците, приспособена на нивната возраст. Оградите ќе бидат од рециклирана пластика. Сакаме секоја компонента да биде како да е од иднината. Знам дека ова е преамбициозно, ама на проектов работеше тим од 13 лица, претежно архитекти и професори од Машинскиот и Електро-техничкиот факултет и од Американ-колеџот во Скопје - вели Димов.

.............

Многу интересен проект, како промена и освежување од објектите од Скопје 2014.
Ми се допаѓа планот а и доста симпатично изгледа објектот на сликата. Од мене поддршка за вакви проекти, свртени кон современите текови во архитектурата и градежништвото.да
Баш ме интересира мислењето од форумџиите?

П.С. Доколку модераторите сметаат дека нема место за посебна дискусија за проектот, слободно нека го преместат постот во некоја од постоечките теми.
големо%20гушкање




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.



Коментари:
Постирано од: brza
Датум на внесување: 19.Март.2011 во 15:44
nema barokna da bide?!збунетост
изненадување
...aaaa,...ne ke moze taka!тага


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: brza
Датум на внесување: 19.Март.2011 во 16:31
...a be , najprvo treba da imash ''prizemni''raboti kako efikasna infrastruktura niz centarot na gradot,...pa posle da mi izveduvash  nekoi futuristichki proekti,...изненадување

...ako sakash pochista i za chovekot poproijatna atmosfera , treba najprvo da se oslobodish od iljadnicite vozila koishto ''bespotrebno'' tranzitiraat niz centarot sekojdevbo vo dvata pravci po dolzina,  so izgradba na tuneli ili nadvozznici pod ili nad centarot...

...prvo toa treba ,..shto go ima nasekade,
...a ne samo nekade,..pa ushte i da se prchish poradi toa!


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 19.Март.2011 во 23:27
Ваков проект заслужува да има посебна тема,се надевам и Забеган го дели моето мислење.

Околу проектов....јас едноставно сум импресионирана од футуристичката експресија на објектов,можеби Брза е во право кога ги наведува приоритетите пред ваквите проекти,ама од се она што допрва треба да се реализира(на сметка на приоритетите) оваа еколошка градба ми изгледа како  најдобро идејно решение.


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 20.Март.2011 во 20:31
Originally posted by brza brza напиша:

...a be , najprvo treba da imash ''prizemni''raboti kako efikasna infrastruktura niz centarot na gradot,...pa posle da mi izveduvash  nekoi futuristichki proekti,...изненадување

...ako sakash pochista i za chovekot poproijatna atmosfera , treba najprvo da se oslobodish od iljadnicite vozila koishto ''bespotrebno'' tranzitiraat niz centarot sekojdevbo vo dvata pravci po dolzina,  so izgradba na tuneli ili nadvozznici pod ili nad centarot...

...prvo toa treba ,..shto go ima nasekade,
...a ne samo nekade,..pa ushte i da se prchish poradi toa!
аман бе па и ти, биди еднаш позитивен барем не


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 03:51


Леле бе Брза и на ова ли најде да мрчиш. вртење%20со%20очи


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: zajluben
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 03:53
Интересен проект, ама брза до некаде е во право. Скопје е се’ уште недоволно средено од аспект на се’ останато... Сигурно не е приоритет ваква футуристичка градба - но ајде, да речеме дека од негде мора да се почне.


Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 04:00


Секако дека не е приоритет, но имајте предвид дека (како што пишува во текстот)  проектот ќе се финансира од меѓународни грантови и дотации.
Значи да ја оставиме политиката за на друго теманамигнување а тука да го дискутираме проектот од аспект на подфорумов во кој се наоѓа темата.




-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 04:22
Многу ефтино

1400м2,
геотермални пумпи,
стаклена кула со надреалистички изглед,
пет-шест фотоволтаични системи,
сензибилни фотоволтаици,
мала бетонска брана, со водопад и езерце
компјутери .. овоа ..оноа
ЛЦД дисплеи

=

570.000 евра


уште малку па ..џабе

400 евра по м2

ај јас едно во двор да стокмам ко така
башка ќе ми прави струја....а и топла вода

-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: brza
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 15:45
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

Originally posted by brza brza напиша:

...a be , najprvo treba da imash ''prizemni''raboti kako efikasna infrastruktura niz centarot na gradot,...pa posle da mi izveduvash  nekoi futuristichki proekti,...изненадување

...ako sakash pochista i za chovekot poproijatna atmosfera , treba najprvo da se oslobodish od iljadnicite vozila koishto ''bespotrebno'' tranzitiraat niz centarot sekojdevbo vo dvata pravci po dolzina,  so izgradba na tuneli ili nadvozznici pod ili nad centarot...

...prvo toa treba ,..shto go ima nasekade,
...a ne samo nekade,..pa ushte i da se prchish poradi toa!
аман бе па и ти, биди еднаш позитивен барем не
...aman be pa i tiзбунетост...ama,zoshto be,?!изненадување

...toa ti e isto kako nekoja golema familija od SHUTKA koja zivee vo nekoja ''strachara'',... nabrzina sklepana od truli daski i kartoni,.... da ima (kupeno)  vo  ''dnevnata'',... nekoj najnov plazma tv od 120 santima!

...a,i eve ,...otkako si im bil na gosti,..

...dali ke bidesh odusheven od toa ili ke se skinesh od smeeenje,...raskazuvajki naokolu?!

...toa ti e isto, kako koga edna bedna drzava si pravi bajram so umot ,...dodeka naselenieto mu ''skapuva''....


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 16:06
Ехх Брза овојпат не си во право.нека%20ти%20е%20срам
Ако продолжиме со такви ставови,ние никогаш нема да направиме чекор напред,туку само ќе тапкаме во место.
Значи прво,основно и најважно е  дека финансиите за проектов се подарок,втора битна работа е што ќе биде тотално независен од надворешните енергетски извори,значи почеток на развојот на екологијата и економски,чиста десетка(многу битна работа)голема%20насмевка,стимул за нашите архитекти,па туризам ова-она и на крај....Стефче Јакимовски е градоначалник на Општина Карпош,а јас и ти,нејзини жители.намигнување.....голема%20насмевка


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: brza
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 16:23
...parite i za infrastrukturata nema nikoj od djeb da gi vadi,..tuku od krediti od kaj shto davaat za takvi raboti,..

...ama , za toa ne si go  machat ovie umot, koga videa kade e zlatnata koka,.

..t.e..od ''trista'' sosema nepotrebni raboti ...za narodot,
 ama,...i te kako polezni za nivniot djeb,...



-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 16:33
Originally posted by brza brza напиша:

...parite i za infrastrukturata nema nikoj od djeb da gi vadi,..tuku od krediti od kaj shto davaat za takvi raboti,..





Епа кредитите треба да се вратат,а подарок си е подарок....зошто мислиш дека нам не ни треба ваков подарок,каква е по тебе штетата од изградбата на овој објект?


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: brza
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 16:56
..a be zoshto site krivo sfkjate?..kaj pishuva deka ne sakam jas takvi stvari?!

edinstveno shto prechi e toa shto se prchish so neshto za koe shto nemash nikakva osnova za prchenje,

...koj, normalen bi te sfatil ozbilno za takvi tabotii, koga ona ''prizemnoto'' ti kasni stotina godini...изненадување


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 17:08
проектот не е правен од општината или владата, не се даваат државни пари, па немам проблем со проектов
не знам зошто толку сте го нападнале проектов во однос на средствата, кога тие средства немаат врска со она што општината треба редовно да го работи
и нема врска тоа приземно неприземно, не значи дека ако имаме заостанувања во други области, дека треба да заостануваме и во вакви објекти
и брза што те нервира тоа што се прчел некој со сопствени постигнувања, нити мене, нити тебе не ти штети тоа


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: brza
Датум на внесување: 21.Март.2011 во 21:02
...nervira toa shto nekoj, toa go pretstavuva kako kojznae kakov dostrel na zemjata , pogotovo shto samo tuka ke go imalo i ...i vo shvedska,изненадување

...toa nervira,....
zatoa i vikam nikoj zdrav od nadvor  ne bi se impresioniral od takvi stvari koga vo site drugi sekojdnevni stvari okolu zivotot na nejzinite gragjani,drzavata e ....za nikade,...blago kazano !


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 22.Март.2011 во 16:50
Originally posted by brza brza напиша:

...nervira toa shto nekoj, toa go pretstavuva kako kojznae kakov dostrel na zemjata , pogotovo shto samo tuka ke go imalo i ...i vo shvedska,изненадување

...toa nervira,....
zatoa i vikam nikoj zdrav od nadvor  ne bi se impresioniral od takvi stvari koga vo site drugi sekojdnevni stvari okolu zivotot na nejzinite gragjani,drzavata e ....za nikade,...blago kazano !
е добро де, кај нас немало, сега ќе има, и не ти се фали некој чиј провблем е развојов на државава па да се нервираш
си се фали тој што го прави, голема работа ако се фалел, се додека не ни шкоди на нас тоа, не се бунам


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: brza
Датум на внесување: 23.Март.2011 во 14:32
...a be, ne e pronlem shto nekoj drzaven ili lokalen lajnar se prchi so takvi raboti,изненадување
problemot e shto nivnite ljubiteli toa go sfakjaat,...... kako toa shto vekje go kazav.


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: bluebell
Датум на внесување: 23.Март.2011 во 14:44
Se nadevam samo deka nema da zavrsi ...(te nisto od toa) kako solarniot grad!

-------------
always look on the bright side of the life!


Постирано од: brza
Датум на внесување: 23.Март.2011 во 15:48
Тема: Во Карпош - прва куќа на иднината на Балканот!?изненадување

...lesno e vo ovaa,a i sekoja druga  drzava, da se napravi kukja na idninata,,....a i ne e kojznae kolku skapo!

...teshko e ovaa  drzava da ja vnesesh vo segashosta ,..za idnina pa, ich zbor ne stanuva!


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 23.Март.2011 во 21:39
е што го повторуваш тоа што го кажа?
ако коментираш, коментирај за објектот, не за нашите поетски расположени новинари што пишуваат што ќе им текне чисто колку да бидат прочитани... а за тоа дека било скапо не ме интересира, се додека државата не дава пари за тоа, колку сакаат нека трошат


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: brza
Датум на внесување: 23.Март.2011 во 22:17
збунетостa, shto ima da se pricha drugo za objektot, osven toa  deka sam na sebe ke si bil dovolen  za se,....od koeshto drugi kukji  zavisat.

...so eden iskluchok ama,..sepak ke mora da bide ''vrzan''za vodovod!

...znachi i nema da e 100% nezavisna kukja  od okolinata.


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 23.Март.2011 во 22:40
Originally posted by brza brza напиша:

збунетостa, shto ima da se pricha drugo za objektot, osven toa  deka sam na sebe ke si bil dovolen  za se,....od koeshto drugi kukji  zavisat.

...so eden iskluchok ama,..sepak ke mora da bide ''vrzan''za vodovod!

...znachi i nema da e 100% nezavisna kukja  od okolinata.
е добро де, не е како да го градат во некое планинско село без никаква инфраструктура, со независноста, најмногу се мисли на тоа што не троши конвенционална енергија, е сега, кога ќе почнеш да произведуваш питка вода, тогаш може и тоа да биде незавизно

инаку, тажно е како ние имаме огромни потенцијали за алтернативни видови на производство на енергија, а ништо од тоа не е искористено и со години останаа само како најави таквите проекти


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: brza
Датум на внесување: 23.Март.2011 во 23:03
a?изненадување...zarem ne gledash deka se zafateni umnite glavi,..nemaat tie vreme da ti se ebavat so raznorazni alternativi na fosilnata energija,...

..nemaat tie druga alternativa za polnenje na svoite djebovi, osven na gradenje na ''sitni'' gluposti kako shto sega se pravi....

..vrti suchi , pak na istoto ''otide''....голема%20насмевка


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: brza
Датум на внесување: 23.Март.2011 во 23:12


...ama ,zatoa pak ,ima pametni koishto znaat shto da pravat...i pravatизненадување

http://www.idividi.com.mk/Biznis/SvetBiznis/671320/index.html - Грција ќе инвестира повеќе од 20 милијарди евра во еколошки енергетски проекти до 2020 година

...ama pa, tie nema da imaat ...kukja na idninata...barem ne prvata na balkanot!!...намигнување




-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 23.Март.2011 во 23:35
Originally posted by brza brza напиша:



...ama ,zatoa pak ,ima pametni koishto znaat shto da pravat...i pravatизненадување

http://www.idividi.com.mk/Biznis/SvetBiznis/671320/index.html - Грција ќе инвестира повеќе од 20 милијарди евра во еколошки енергетски проекти до 2020 година

...ama pa, tie nema da imaat ...kukja na idninata...barem ne prvata na balkanot!!...намигнување


абе со ова најмногу ме иритираш, ќе се фатиш за најнбебитната работа во муабетот и неа ќе ја исмеваш
мислам дека не ти е ни прв, ни последен пат да прочиташ македонски новинарски наслов, знаеш какви се и дека нема потреба од муабетов


-------------
размисли пред да напишеш глупост


Постирано од: accipiter82
Датум на внесување: 29.Јуни.2011 во 12:48
Прва хибридна куќа во Македонија во Братиндол
http://energetskaefikasnost.info - http://energetskaefikasnost.info

-------------
http://energetskaefikasnost.info


Постирано од: Renatax
Датум на внесување: 29.Јуни.2011 во 13:00
Прекрасно!
Ме радува фактот што се работи уште на неколку вакви проекти во близина на Скопје,Охрид и Попова Шапка.да


-------------
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.



Постирано од: CICAMACA
Датум на внесување: 07.Јули.2011 во 13:01
Е, пред 20 и повеќе год. во фабриката за преработка на вода за пиење во Струмица се инсталира систем за озонорање на водата (најнова технологија од тоа време, само Љубљана од СФРЈ стави ист таков систем) за преработка на вода без хлор.И само го поставија......а до денес не се озонира водата, ами само со хлор се дезинфицира........а граганите си платија, и си плакаат сеуште и ......каде е бенефитот?

Исто и со овие проекти (некои чудни дрвја има)кои се неостварливи......само на цртеж ке остане.......

За таков вид на градба треба да има и соодветна технологиј аза изведба, а кај сме ние......само со лопати .......лопатари........рачниот труд е скап.......и мислам дека ваква куќа е утопија за САД и ЕУ, а камо ли за нас.....


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 07.Јули.2011 во 13:46
 плазењеплазењеплазење

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: reuma
Датум на внесување: 12.Јули.2011 во 14:38
ej, ова е научна ФАНТАЗИЈА, за сонувачи.....кој будала ке се нафати ова да го изведе????!!!! СТРАВОТА, лошо изгледа, а пострашно е да си внатре.......



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk