IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Вегетаријанска храна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Вегетаријанска храна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
Прашање: сакате ли да јадете вегетаријанска храна
Одговор Гласови Статистика
3 [42,86%]
3 [42,86%]
1 [14,29%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 14:38

Печена шопска на лепче

Кога ќе ви здодее да јадете шопска салата и лепче и кога ќе сакате брза и вкусна вечера а притоа ги имате сите состојки за шопска салата, направете печена шопска на лепче. Животот би бил досаден ако не пробуваме разни варијанти на обични јадења, нели?

Потребно:

  • 1 домат, сечен на тркалца
  • 1 главица кромид, сечена на кругови
  • 1 зелена пиперка, сечена на тркалца
  • рендано сирење
  • неколку парчиња леб, сечен на кришки
  • маслиново масло
  • 6,7 маслинки, сечени

Подготовка:  Големо тавче за печење премачкајте го со маргарин. Наредете ги лепчињата и намачкајте ги малку со маслиново масло. Почнете да редите врз нив најпрво пиперка, па кромид, па домат и потоа ставете ги парчињата маслинки. Од горе изрендајте сирење и ставете неколку капки маслиново масло. Печете додека сирењето не добие златна боја.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 15:38

Палачинки од јаболка

 

Дефинитивно, ова е омиленото овошје на многумина. Црвено, зелено, кисело, благо, Златен делишес или Granny Smith… Освен што е ИСКЛУЧИТЕЛНО здраво овошје, јаболкото е „најдобар пријател“ со циметот, медот, целерот и морковот. Бенефитите од конзумирањето ја јаболкото се чувствуваат низ целото тело.

Јаболкото ја навестува есента која полека но сигурно доаѓа. Па затоа, подолу Ви претставувам еден многу лесен, брз и одличен десерт кој можете да го подготвите за Вашите најблиски и за Вашите пријатели.

Потребно:

  • 2 јајца, добро изматени
  • 1/2 шоља млеко или јогурт
  • 2 шољи сенаменско брашно
  • 1 лажиче пециво
  • 1/2 лажиче сол
  • 1/4 шоља шеќер
  • 3 јаболка со средна големина, излупени и изрендани на подебелата страна од рендето
  • цимет, по желба
  • масло за пржење
  • шеќер во прав

Подготовка: Во длабок сад измешајте ги млекото и јајцата. Во помал сад, измешајте ги брашното, пецивото, солта и шеќерот. Измешајте ги течната и сувата смеса заедно. Ставете ги ренданите јаболка. Зачинете со цимет, по желба. Во тавче за пржење ставете  масло да се загрее. Со лажица земете од смесата и обликувајте мали палачинки. Пуштете ги во тавчето и оставете да се пржат две до три минути на секоја страна, додека не бидат румени. Готовите палачинки од јаболка попрскајте ги со прав шеќер или загрејте на рингла неколку лажици џем по Ваш вкус и така растопен, полијте го низ палачинките. Служете ги топли.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2011 во 15:40

Сочни шпагети со лимон

Убавината е во едноставноста. Овој рецепт ќе Ве убеди во оваа вистинита реченица. Видете и вкусете го прекрасниот спој на паста и лимон и препуштете се на Медитеранот.

Потребно:

  • 1 пакетче шпагети
  • 1/2 шоља рендан пармезан (може и друг тврд кашкавал)
  • сок од 4 лимони
  • 1/2 лажичка морска сол
  • 2/3 маслиново масло
  • бибер
  • 2 лажички рендана кора од лимон
  • неколку ливчиња босилек

Подготовка: Во тенџере со солена вода, сварете ги шпагетите ал денте(да не бидат преварени).  Во шоља ставете од водата во која се вареа шпагитите. Исцедете ги и оставете ги во малку вода. Во мал сад помешајте ги пармезанот и сокот од лимон. Полека додавајте маслиново масло, додека смесата не стане густа и додека не се стопи кашкавалот. Зачинете со сол и бибер. Додајте ја лимоновата кора. Смесата додајте ја во шпагетите и полијте ги со водата која ја одвоивте од шпагетите. Измешајте. Додајте неколку ливчиња босилек. Сервирајте со рендан пармезан.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 15:50

Гурмански похуван кашкавал

Потребно:

* 500 г ементалер (кашкавал)
* 150 г средина од постар леб
* 1 страк младо кромитче
* 1 китка магдонос
* 1 лажица сенф
* 2 јајца
* масло за пржење
* сол

Приготвување: исечете го кашкавалот на тенки парчиња, дебели околу 5 мм. Ставете ги парчињата во замрзнувач на пет минути и извадете ги. Истрошете ја средината од лебот, ставете ја во блендер заедно со исчистените младо кромитче и магдонос, па испасирајте го сето тоа за да добиете изедначена, но не премногу иситнета смеса. Искршете ги јајцата, додајте малку сол, па изматете ги со виљушка. Премачкајте ги парчињата кашкавал со сенфот, првин испрпелкајте ги во јајцата, а потоа во смесата од лебот. Пржете ги во поголемо количество загреано масло по околу половина минута од двете страни.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 13:55

Брускети

Многу едноставно и вкусно предјадење. Има повеќе варијанти, еве една:

Потребни состојки:

француско, чијабата лепче а може и било кое друго
моцарела сирење
лук
свежи домати
свеж босилек
путер
сол
лута пиперка (по желба)




Подготовка

Исечето го лебот на парчиња и запечете го малку од двете страни.
Ситно исецкајте ги сирењето, доматите и лукот.
Намачкајте ги парчињата леб со малку путер и ставете лук, а потоа исецканото сирење и доматите. Посолете и ставете по едно ливче свеж босилек а може и исецкан.
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 14:02

Бела мусака

Потребни состојки:

5 јајца
1 кгр. тиквички
300 гр. сирење
3 лажици кајмак
7 лажици презла
3 лажици брашно
пола кесичка прашак за пециво
сол и бибер

 

 

Начин на подготовка:

Тиквичките се лупат и сецкаат и се посолуваат. Јајцата се матат со сирењето кајмакот презлата, брашното и прашакот за пециво. Потоа смесата се меша со тиквиците и се става во тавче подмачкано со масло во загреана рерна на 180 °C. Поради составот на мусаката тешко е да се каже колку долго треба да се пече, но мусаката е готова кога горниот слој ќе стане како тврда кора. Готовата мусака се наросува со магдонос и се служи со кисело млеко
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2011 во 13:35

Сендвичи со ајвар

Потребно:

* путер
* 200 г сирење
* 4 лажици ајвар
* 2 чешниња лук
* ротквици

Приготвување: добро измешајте ги дробеното сирење и ајварот и додајте го ситно сечканиот лук. Премачкајте го парчето леб со путер од горната страна и врз него нанесете од филот со ајвар и сирење. Премачкајте го другото парче леб со путер од двете страни, ставете го врз првото парче и одозгора нанесете од филот со ајвар и сирење. На крај, украсете ги сендвичите со ротквиците исечени на тркалца.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2011 во 17:05

Полнети тиквички со бешамел сос

 

 

Тиквичките можат да се полнат на милион начини. За денес, ние одбравме да ги наполниме со шунка и крем сирење. Ова вкусно јадење се подготвува за 45 минути.

СОСТОЈКИ
• 3 долги тиквички
• 150 гр пилешка или мисиркина шунка
• 0.5 л млеко
• 20 гр путер
• 3 лажици брашно
• 1 лажица пармезан
• 1 мала лажица рен
• 1 мала лажица крем сирење
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Измијте ги тиквичките, исечете ги по должина и отстранете го плодот од нив. Ставете ги во сад со вода која врие (не ставајте сол) и варете три минути.

Во меѓувреме, исечкајте го плодот од тиквичките кој го отстранивте претходно и насечкајте ја шунката на коцкички.

На растопен путер испржете го брашното (не смее да потемни), додадете сол и и бибер и полека додавајте го млекото со постојано мешање. Бешамел сосот мора да биде густ. Откако ќе почне да згуснува, додадете крем сирење, пармезан и рен. Промешајте, за да се соединат состојките. Веднаш потоа, додадете ги плодот од тиквичките и шунката. По една минута отстранете од оган.

Тиквичките наредете ги во сад за печење и наполнете ги со смесата со бешамел сос. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 200℃ и печете околу 25-30 минути.

Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2011 во 11:37
Одлична тема емил, но би предложил до модераторите насловот да го сменат во: „Вегетаријанска храна - рецепти„ бидејќи има тема со сличен наслов, но во друг контекст тука:

Дали сте вегетаријанец?

Инаку во Скопје од неодамна почна да функционира вегетаријански ресторан, но повеќе како некоја дневна менза бидејќи изборот не е голем туку има за секој ден 1-2 менија. Веге-клуб се вика мислам, се наоѓа во новата светло-зелена зграда во близина на Тутунски комбинат и ЗОИЛ. Втори влез, први спрат.
Работно време од 12-20 часот, понеделник-сабота.

Цената е 120 денари за ручек(4-5 јадења во порцијата сосе салата), сокови 50 ден. мали колачиња за 10 и 25 денари.
up to date информација: Vege-kana ресторанот прејде во кетеринг(нарачки и испорака), повеќе не се на таа локација.

Изменето од Majkl - 20.Април.2011 во 15:14
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2011 во 10:09
Исправка, ресторанот се вика: ВЕГЕ-КАНА
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2011 во 23:18
Фала за убавите зборови Мајкл да 
 
***********************************
 

Варени компири

Потребно:

* 800 г компири
* 2 лажици маргарин
* 3 лажици лебни трошки
* 1 лажица зачинал
* сол

Приготвување: компирите излупете ги и исечете ги на коцкички, па сварете ги во солена вода. Лебните трошки пржете ги во загреаниот маргарин додека не поцрвенат. Варените компири исцедете ги, па посипете ги со пржените лебни трошки и со зачиналот.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2011 во 13:32

Сендвич со похувани пиперки

Потребно:

* неколку печени црвени пиперки
* 50 г дробено сирење
* 100 г кисела павлака
* мајонез
* шунка исечена на мали коцкички
* тост леб

Приготвување: пиперките исчистете ги и похувајте ги (испрпелкани во брашно и потопени во изматени јајца). Во меѓувреме со длабок сад добро измешајте ги сирењето, павлаката, мајонезот и шунката за да се соединат. Со така добиената смеса премачкувајте ги парчињата леб, а одозгора ставајте од похуваните пиперки.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2011 во 00:15

Компири во масло

Потребно:

* 8 црвени компири
* 1/3 чаша масло
* 2 лажици магдонос
* 1 лажичка рендана кора од лимон
* 3 лажици сок од лимон
* сол
* бибер
* малку рендано морско оревче

Приготвување: компирите излупете ги, исечете ги на поголеми парчиња и ставете ги во вриена солена вода. Варете ги 15 минути, оденосно додека не омекнат, па исцедете ги. Загрејте го маслото во тавче, додадете ги ситно сечканиот магдонос, сокот и кората од лимонот, солта, биберот и морското оревче, па сето тоа пржете го на тивок оган 2-3 минути со постојано мешање. Варените компири прелијте ги со маслото и веднаш послужете ги.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2011 во 05:52

Бело гравче

Потребно:

* 200 г грав
* 1 главица кромид
* 3 чешниња лук
* сол
* бибер
* зачинал
* 2 пиперки
* магдонос

Приготвување: во ладна вода оставете го гравот да отстои два часа. Потоа, истурете ја водата, па прелијте го со нова ладна вода. Ставете го на рингла да зоврие, па намалете ја температурата и гравот варете го 15 минути. Истурете ја и таа вода и прелијте го гравот со нова топла вода. Кромидот ситно исечкајте го и додадете го во гравот. Чешнињата лук исчистете ги од надворешните листови, па и нив додадете ги во гравот. Сето тоа варете го додека гравот не омекне, па зачинете го со сол, бибер, зачинал и со пиперките исечени на четвртинки. Пред крај, гравчето посипете го со ситно сечканиот магдонос.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,107 секунди.