|
Дневник - во малку поинаква форма... |
Внеси реплика | страница <1 56789 22> |
Автор | |
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
. тој сонува во сонот гледа небо не би требало да е такво но, сфаќа, сон е а таа е долу е светица и чуда прави би сакал да вришти, до небото но сон е а тој се буди, а сонот сеуште трае гледа небо, прекрасно сино такво, какво би требало да биде а таа е сеуште долу да , светица е и чуда прави вришти до самото небо сега небото може да го слушне врисокот го прекина нејзиното – Добро утроИзменето од anakin - 14.Март.2011 во 20:18 |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“The unforgotten” No, You’re not living in the shadows of the wall hidden and unknown, Even if the light is blindly strong I can see the handprint, Recognized as my own ….. No, You’re not gone with the last trace of my tears killed with a smile, Remember that the entrance is only a one way street, You are still there in the corner of my eye …… No, And again simple “No” as an answer to all of yours cloudy questions, “IF” …. “BUT” …. “MAYBE” …. And even more foggy suggestions … Yes, I’m still the one you left behind to follow the new story line, With a thousand blank pages left to write and just another pair, Two hands familiar as they were mine….. You are still the unforgotten in that never ending story of mine, Where I fall behind you keep on going, Knowing that I will follow the road recognizing your sign …. |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Escort” Who called you? Who fallowed the smell of expensive perfume in the hallway? No name, no address … cash in advance for fair play … Dark hair, black eyes a touch of style to order, just to take, Nothing to begin, hour or two lost time and nothing heavy to forsake …. I invited you in for a dinner of starving lips, with a cheap taste, Your time is money and I don’t want a minute to waste …. Golden watch on the wrist is ticking up your time, Closed eyes for a dream and a closed door hiding a crime … Your role is on the bed in a screenplay written by my hand, Don’t you just love the sound of your voice saying “On your demand”? Heat and sweat in luxurious hotel is in it a catch for the night, Nice young body in despair and everything is just alright… You find your way in now it’s time for me to escort you out, Keep your smile and don’t say a word, live the room with no doubt… Escort service a love for sale just one phone call away, They don’t know you and you don’t know who are they …. Easy come and more easily go, A curtain down, that’s when begins the real show…. |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
bluebell
Сениор the craziest Регистриран: 14.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 8041 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
.....Јас не сум тело во кое се засолнила душа.
Jас сум душа која има свој видлив дел наречен „тело“. Во текот на овие дни, спротивно на она што го мислев, оваа душа постојано беше присутна. Таа ништо не ми велеше, не ме критикуваше, не покажуваше сожалување спрема мене: едноставно, ме набљудуваше...... Изменето од bluebell - 25.Март.2011 во 23:06 |
|
always look on the bright side of the life!
|
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Aqua blue” Iskacena na vrvot na horizontot, kako da e visocina a ne ramna crta, Obid i ocekuvanje kako zamena za nadez, Sto li bese toa? Dlaboko sino - crno so seta svoja lesnotija, Istura kapki vo zamena za zivot, Oslobodeno – oslobodena, koj li da znae, Dali tezinata sekogas zavrsuva vo pregratkite na zemjata? Prima i vraca, ljubi za da obljubuva, Aqua blue i dijamatot koj smelo ja krsi svetlinata… Samo mirisi na tela odmieni i cisti , Golotija na proleten dozd vo borba so kalta, Necistotija pretvorena vo svetilina na kopnez … Te primiv … Te prifativ … Te imam … Ogledalo na dozdot ..... i Aqua blue ... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Л У Д А"
Задишана во темнината во трка на мисли и мириси, Го барам звукот, мојата последна капка вода, Иако имам мориња и океани, солени .... Го барам она нешто кое одсекогаш го бркав, Го исмејував, го навредував и му се плазев одвнатре, Како детиште неизживеано, како старица рамнодушна, Како жена која сака да чувствува а не да знае... И каде оди звукот во тапацирана соба, Каде лудите мисли заспиваат на мекиот сунѓер, А викот без умор се удира без да пробие и без да се скрши, Лесно ќе го препознаеш, еден е во илјада луди... Испишана реченица со воздишка, Филтрирана преку срцето, Застаната на врвот на усните ... Како капка роса во пролетно утро, И нели жедниот треба да се јави? Да побара, да нареди, да одземе, Се што му припаѓа по непишано право на лудите, Запечатено со копнеж чист како на дете. И еден поглед заталкан во далечина... Колку ли сум луда???? Изменето од Blue Scarlet - 05.Април.2011 во 18:58 |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
bluebell
Сениор the craziest Регистриран: 14.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 8041 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Nekogas ne veruvav, no zivotot me nauci deka vremeto leci se, deka sto i da e ke pomine, deka ke dojde den koga custvata nema da postojat i ke bidat samo SPOMENI OD MINATOTO...
Изменето од bluebell - 13.Април.2011 во 23:37 |
|
always look on the bright side of the life!
|
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МИРИСОТ НА ТАГАТА
Каде?
Далеку седната на црна влажна земја,
И пак ги туркам досадните мравки,
Одат во височини непознати и туѓи,
Ситни и мали за да бидат газени и омразени.
Каде?
Влегов длабоко за да гладувам,
Се најдов прејадена од ситни глупости,
Големи гадости сервирани на маса,
А јас имам толку осетлив стомак.
Каде?
Од простодушност до широк хоризонт,
Од зајадливите слепи до залезот на сонцето,
Со мирисот на тагата на патување,
Долго и Широко,
Високо и Длабоко,
Скитник со копнеж ....
Таму сум јас ... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
НА ДРУГАТА СТРАНА ...
Илјада демони заробени под кожата, Прогонувани и гонети со оган, Секој со своето место во една ќелија, Во една душа втиснати како жиг. Присвоени, мои и туѓи сите во едно, Едното сум јас.... Собирав и бркав, ширев раце и вртев грб, Дигав зидови со отворен прозор, И тој, едниот секогаш од другата страна ... Непобедениот, мој... безимен, Без лице со пркос на јужен ветер, Секогаш од другата страна на прозорецот... Го бркав со тамјани и молитви, Трчав по дождови да ми ја изгуби трагата, Ледев со допир да го изгаснам огнот, Ледев до болка која ми ги откина рацете... Па заборавив на прегратки и милувања, Оглувев на шепотења поради врисоци, Ослепев за да се стопам со темнината ... Мојот демон сега има лице, Засенесто со свилена завеса на сомнежи, Насмеано со сатенски копнежи, Уште на другата страна на прозорецот , Долго отворен, заборавен .... Мој е .... носи парче од мојата душа на усните .... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“Сетила” Кога ли ќе успеам
да те изморам? Онака вистински,
како после долго трчање, За да можеш да си
го почувствуваш срцето, Качено високо во
грлото па да почнеш да го слушаш. Како да те
натерам да ми застанеш блиску, Толку блиску за
да те врзам со погледот, Па да те натерам
да ми гледаш во очите, За да не заталкаш
во темнината пак сам. Би ти ја убила
желбата со илјада зборови, На кои нема да
имаш сила да се пожалиш, Иако не ги
признаваш, иако не ги препознаваш, Можеби коначно и
ќе прозбориш. Можам да го
растерам чадот од сто испушени цигари, Во миг, со мирис
на доверба и нежност, Одамна
заборавен,изгубен, заталкан, Па да застанеш и
коначно да се одмориш. Продложи, бегај
... Оди и покри си ги
очите за да не гледаш далеку, Затни си ги ушите
и диши сосема тивко, Безживотно и
механички. Јас ќе остнам
тука во светлината на зракот, Во тишината на
мракот, Оди си или
остани, Што е
потешко????? |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
bluebell
Сениор the craziest Регистриран: 14.Септември.2007 Статус: Офлајн Поени: 8041 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Љубовно писмо
Се што сакам од тебе навистина е така малку бидејќи навистина се е како пес на минување, како брег, и некои споредни нешта секојдневни, класје и коса и две коцки шеќер, мирисот на твоето тело, она што го раскажуваш, со мене или против мене, сето тоа што навистина е така малку од тебе јас сакам бидејќи, те сакам. Да гледаш подалеку од мене да ме сакаш со жестока рамнодушност. |
|
always look on the bright side of the life!
|
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
“ЛАВИНА” Кому му е грижа
за долги монолози, Кога само мрморам
неразбирливо, На јазик кој
никој одамна не се труди да го научи А сите веќе
одамна го совладале .... Ти знаш .... Дивеам на
пролетно сонце, Кога пука ледот
некогаш толку моќен, Па се излеваат
чувства како лавина, Откршени парчиња
на некогашен затвор ... А знаеш дека
треба да ти заблагодарам нели? Можеби некогаш и
ќе го направам тоа .... Дотогаш ќе се
трудам бесрамно да се задолжувам, Со долгови кои
никогаш нема да ги исплатам... И уште побесрамно
и расипнички, Ќе земам, ќе
трошам и ќе уживам ... во ТЕБЕ .... Почнав со ронки,
фрлени дирекно во мојата уста, Задоена на љубов
и страст .... жед .... Уште си во мене
.... Никаде нема да
одиш ..... сам ... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога љуби душата ....
Кога љуби душата, Се капе во море на болката, Со сјај на илјада дијаманти, Прекршена светлина од сончев зрак ... Мириса на тага на млечно бела постела, Гали со сатенска леснотија, Допири како лесни пердуви, За обликување на мека глина ... Кога љуби душата, Се излева преку порите, Огнени пламени во ноќта, Како клада за грешните, Од тело во страст до пепел ... Кој ќе го задоволи? Казна за смртниците во школки, Обликувана форма за жед и глад, Копнежи за блискости .... Кога љуби душата, Знае како, умее и може, Да води љубов и на далечина, А што е со усните? Како да те допрат? |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
СТАТУА
Распослана тишина те опкружува, Како камена статуа на плоштад од мермер, Не, не ти завидувам на неа, Моите врисоци се музика на животот. Резби по камено лице студено на допир, Очаен обид да се вдахне живот, Да се наслика доживеаното, Без можност да се проживее ... Не ја допирај мојата болка, Никогаш повеќе не ставај рака во жив оган, Играј се со каменот и сивилото, Безбеден е без разлика на тежината која ја има ... Дај му име и воодушевувај се на силата која ја има, Да издржи без да се помрдне, Да молчи и збор да не изусти, Да биде поупорен од тебе, Во играта КОЈ ЌЕ ОСТАНЕ САМ .. |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
Внеси реплика | страница <1 56789 22> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |