|
НОВИТЕТИ |
Внеси реплика | страница <1 1314151617 18> |
Автор | ||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Hyundai го подобри изгледот на малиот i10
Со цел да ги задржат одличните продажни резултати во класата на мали градски автомобили, Корејците го освежија i10. Нова предна маска, нова светлосна група и редизајниран заден браник се промените кои треба да го задржат малиот Кореец високо на скалата на најпродавани градски автомобили.
Во внатрешноста, промените се однесуваат на новата инструмент табла, во која сега е интегриран и индикатор за навремено менување на степените на пренос, со чија помош се постигнува помала потрошувачка (доколку ги следите упатствата, нормално). Под хаубата, постојана адреса најде 1,0 литарскиот трицилиндричен мотор, кој истиснува 69 коњски сили, чија сила е доволна за забрзување од 0-100 за 14,8 секунди и максимална брзина од 150 километри на час. Ако овој мотор го одберетe во „blue“ верзијата, Корејците ќе ви го испорачаат поврзан со старт-стоп систем, кој помага потрошувачката да се сведе на само 4,2 литри на 100 километри. Доколку сепак сакате некој коњ повеќе, за вас е наменет 1,3 литарскиот четирицилиндричен мотор кој истискува 86 коњски сили, доволни за спринт од 0-100 км/ч за 12,2 секунди и максимална брзина од 170 км/ч. Освежениот модел на пазарот ќе се најде во март по цена од околу 9 000 евра |
||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Suzuki во Женева го носи Swift S-Concept
Класичната верзија на Suzuki Swifta секогаш ја следеше спортска варијанта која редовно беше мелем за љубителите на подинамичното возење. Минатата година со преставувањето на новата генерација на Swift, кај оваа група луѓе се роди надеж дека наскоро ќе заживее и спортската верзија на новиот Swift, а токму неа Suzuki ќе ја претстави на саемот за автомобили во Женева. Возилото на саемот сепак ќе биде претставена во концепт верзија, но тоа нема да ги разочара љубителите на автомобилите на Suzuki. Kако што и самото име кажува Swift S-Concept, спортистот е базиран на последната генерација на малите возила на Suzuki. Картата на која овој пат играа Јапонците е динамичниот и агресивен дизајн, како и перформансите кои ќе ги омекнат и оние кои се најкритички настроени. Концептот базиран на новиот Swift ќе се карактеризира со значително поагресивен изглед, постигнат со примена на нови браници, нова предна маска, светла со поинаков дизајн, задниот спојлер и минималистичките ретровизори. Целта на дизајнерите на компанијата беше да создадат спортски компактен модел со неприкосновени перформанси, Судејќи според тизерот кој го објави компанијата, целта е постигната. |
||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Пензионер измисли електричен моноцикл
Пензионер од Кина измисли електричен моноцикл за кој вели дека може да помине 65 километри со едно полнење на батеријата. Пензионерот Ли Јуниан(66) од Таијуан, град во кинеската провинција Шанкси, два месеца помина конструирајќи го електричниот моноцикл кој го нарече „Cool Friend“. Изумот има едно големо и три помали тркала кои му обезбедуваат стабилност и му помагаат при управување. „Моноциклот е направен од стари делови од мотор. Во проектот вложив 120 евра, вклучувајќи го купувањето на три батерии“, вели Ли. Пензионерот исто така го патентирал својот моноцикл кој може да се движи со брзина од 20 километри на час, а сега се надева дека наскоро ќе склучи договор со некој произведувач кој ќе почне со сериско производство на овој изум. Во меѓувреме, Ли на своите сограѓани им дозволува да го испробаат неговиот Cool Friend, а за возврат тие може да му дадат предлози за подобрување на необичниот моноцикл |
||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Maserati ќе го претстави GranCabrio Sport
Maserati го има еден од најубавите кабриолети на патиштата со својот GranCabriom. Но, во потрага по перфекција, секогаш постојат детали кои може да се направат подобро. Еве од каде Италијанците ја добиле идејата за спортската верзија GranCabrio, која официјално ќе биде претставена на женевскиот саем за автомобили. Прво што паѓа в очи е бојата, која е новина за имиџот на Maserati и е наречена „Roso Trionfale“. Освен тоа, GranCabrio Sport доаѓа со нова црна предна маска со Maserati лого. Фаровите се врамени во црна и бела боја, што на овој Maserati му даваат поагресивен изглед. Што се однесува до моторот, тој има дополнителни 10 KS, така што сега нивниот број изнесува 450, зголемен е бројот на вртежи за 20 Nm, и конечниот број изнесува 510 Nm. Дополнителна снага обезбедува стандардниот, но благо изменет менувач и адаптираниот Skyhook суспензионен систем. Цена? (Околу 130.500 евра). За повеќе детали ќе мора да го почекаме саемот во Женева. |
||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
|
||||||||||||
10101
Сениор Регистриран: 05.Април.2009 Локација: Jamaica Статус: Офлајн Поени: 963 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Zeleniot e standard, a ovie crnite(RS500) imaat motor posilen za 45KS i pogolem intercooler za pogolema sila i brzina. 0-100-5.6s, top speed - 265kph. |
||||||||||||
98% of the internet population has a signature. If you're part of the 2% that doesn't have a signature, copy and paste this into your sig.
|
||||||||||||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
oznakata RS kaj ford datira od pochetokot na 70-tite., 15m-rs., escort 1600/2000 rs., i site ovie modeli bea bez konk*rencija kako i gorenavedeniot model.,
|
||||||||||||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||||||||||||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
., eden od niv vo akcija
|
||||||||||||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||||||||||||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
totalno razocharuvanje ., go vidov so zg tablichki., redzajnirana C-5 na citroen ., barem za mene
|
||||||||||||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Автомобили од банани
Со преработка на банани и ананас се добиваат наноцелулозни влакна, од кои се произведува нова пластика. Целулозата е градежен блок на клеточниот ѕид на растенијата. Новата пластика биолошки се разградува, полесна е и неколку пати е посилна од денешната пластика! Проблемот од се уште недоволно развиената навика за рециклирање и се поголемиот број производи направени од пластика се поттик за мерки како забрана за користење на најлон кеси за купување. Некои отидоа чекор подалеку и за производство на автомобили предложија банани, пренесува Њиред. Освен спомнатите предности, наноцелулозата е пластика поотпорна на високи температури, бензин и вода, што значи дека за почеток, може да се применува во производство на инструментарни плочи, одбојници и некои делови кои денес се произведуваат од алуминиум. Од разните растенија се чини најповолни се ананас и бананата, а следат кокосот и агавата. Нивните лисја и стебла се варат во уреди налик на експрес лонци, со што се добива материја која изгледа како пудра. Процесот е скап, но за сега не е познато колку би чинело производството, бидејќи моментално се работи на помали количини во лабораторија, но Лао тврди дека цената на производството ќе се намалува пропорционално со растот на примената. Од половина килограм наноцелулоза може да се добијат 50 килограми нова пластика. |
||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Светска премиера на Citroen DS5
Ослонувајќи се на 90-годишната иновација, Citroen ја прошири својата понуда и разви нова линија на модели како додаток на својата основна понуда, а секако станува збор за DS линијата. Таа линија на модели кои денес ја прават DS3 и DS4 е наменета за купувачите во потрага за радикални автомобили. Автомобили кои можат да понудат нов и модерен премиум пристап и вистинско уживање. Citroen DS5 кој во продажба пристигнува кон крајот на годинава, претставува нова етапа во развојот на DS моделите. Новиот DS исто така нуди уште поистакната стилистика и интересни решенија, но и ново доживување и префиненетост во очекуваниот оригинален дизајн. Со целосно нова концепција Citroen DS5 истакнува и нова технологија како што е интелигентниот систем против проклизнување, предупредувањето за ненамерното поминување во коловозни ленти преку видео систем и системот за автоматско вклучување на долги светла во зависност од состојбата во сообраќајот. Исто така, DS5 ќе биде првиот Citroen со целосната хибридна дизелска технологија Hybrid4, со одлични перформанси од 200 KS и четири погонски тркала. Линијата DS, која ја чинат DS3, DS4 и сега DS5, се произведува во Франција и се продава во Европа. Citroen, исто така ќе дистрибуира нова линија на премиум производи за меѓународниот пазар, пред се за Кина од 2012-та година. |
||||||||||||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
.,
emiiiiiiiiiiiiiiiiiiiiillllllllllllllllllllllllll., .,.,
Изменето од pajser - 23.Април.2011 во 11:53 |
||||||||||||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||||||||||||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13922 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
podnoveniot hyundai i20 ., ix 20 .,
|
||||||||||||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||
Новата Opel Astra остана верна на GTC концептот
Тимот од Russelsheim не можеше да дочека до септември, па ни ја покажа новата долго очекувана Astra, која на 7-ми јуни и официјално ќе биде претставена. Ако треба да се суди според виденото, новата Astra GTC остана верна на концептот GTC Paris, со единствена разлика во обликот на предниот браник, како и изборот на конвенционалниот, наместо двоен излез на системот за издувни гасови. |
||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 1314151617 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |