|
Олдтајмери (автомобили некогаш и денес) |
Внеси реплика | страница <1 34567 13> |
Автор | ||
Pavaroti
Сениор Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ова ми беше прво ауто а и фамилијарно, брат ми имаше 1500 а јас 1300. Тежина мислам дека му беше 930 кг, сигурно е полесно од 1 тон. |
||
nostalgija
Сениор сениор Регистриран: 12.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да пријателе поточно 930кг за 1300.а 1500-ката беше за 50кг потешка поради моторот.Инаку ауто со глицерински кумлунг,4 диск кочници фантазија.Ми се чудеа на регистрација каква кочница имаше Фиатот.Единствена мана му беше што немаше серво волан,но тоа се компензираше со камионскиот волан .Инаку 1980 Црвена застава пушти пробна сериај од 1000 парчиња со Перкинс дизел мотор за да се продолжи производството на овој автомобил.Но времето го прегази.Најдов на белградскиот форум тип од Белград кој во школка од 1300 има ставено мотор и менувач од Фиат132 со се мењач.Аутото е фанатзија,на рамно крева 200км/ч .Дедо мој го даде за ич пари на еден копук за 350евра со 20000км и прва боја.Ке заплачев кога ми кажа.Прв газда со еден куп резервни делови со него.Али ј..га отиде.Ептен сум со работата зафатен,но ке најдам време ко што ми изгледа за една реставрација.Така се движам низ МКД ке се ископа нешто посебно во Источна.Делови може да се набават сега барем има интернет,а прочитав дека и Црвена Застава има направено одделение за делови за старите модели на фабриката(101,фико,1300)Е сега се малку солени,ама барем се нови(зборам за лимарија)Во секој случај извонреден автомобил |
||
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Дечки ... се сеќавате на возилово? Газ 24 , Волга....
Долга 4.800 , 1800 долга. За 1968ма е поприлично луксузна . Што се однесува до моторите, 2,4 и 5,5 V8. Памтам како мал дека ги имаше поприлично по улициве на градов , ама сега слушам дека имало уште една што се возела уште со 123ка мотор. Другите не се во возна состоба поради недостиг на делови. Ако имате што да кажите за колава (не да пастирате некој текст од нет, туку нешто што памтите, што сте имале ваква или возеле... ор самтинг) би било добредојдено... |
||
nostalgija
Сениор сениор Регистриран: 12.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Сакаш конкретни информации за ГАЗ Волга.Сега пријателе ке ти постирам од прва рака информации не од нет.Пораснав мо механичарско маало каде сите имаа гаражи и нешто по цел ден чепкаа нон стоп.Ги памтам скоро сите коли кои доагаа кај мастор Ристо,механичар во ЈСП кој ги поправаше за 10-ка со кромид и Скопско од 0,5 .На лугето не им беше за пари туку за дружење и гледање сеир.Е тој мајтор Ристо имаше Волга или како што ја викаше нагалено БАБУШКА .Таа бабушка памтам беше купена на некоја лицитација од некое државско претпријатие како расход.Колата беше некоја сива боја,патем како сите тогашни Источни возила.Оооооооооооооооооогромен комфор,амортизација ко кадилак,хаоооооо.Како деца ке не качеше позади,а јас како најстар напред.Имаше мотор од 2.2литри со скромни 75КС но со огромен вртлив момент и сила да повлече тенк.Моторот кој го имаше беше развиен од старио модел на ГАЗ ПОБЕДА во типичен руски стил(што поголемо тоа поубаво,нели)На неа се беше вон стандарди почнувајки од навртките,па гумите,електриката,итн.Знам дека лугето мака мачеа за делови незнаејки дека под таа каросерија се крие друго возило многу познато кај нашите гастербајтери.Мерцедес Бенз В123 или познатиот репаш омилен на скопските таксисти.Крајот на 60-те и почетокот на 70-те Мерцедс ја промовира познатата серијаВ123 која и ден денес е за почит.Е сега Штази со помош на Руската шпионска мрежа ја краде целокупната документација и се рага ГАЗ ВОЛГА М24.Да се навратам на приказната.Бабушка ја нагазија годините и еден ден отажа послушносто.Е Мајстор Ристо педантно го извади стариот мотор и на чудо на сите го вгради моторот 200д од мечката која ја куи за делови.Најинтересно е што немаше никакви преправки туку моторот само си клапна ма местото на стариот без проблеми.Ја преправи инсталацијата и Волгата доби ново геманско срце Моделите кои беа за тогашниот пазар беа скромни во однос на опрема која и може да се каже ја немаше освен некои ситници.Имаше страотна голема потрошувачка(15-16литри во град)Но тогаш никој и не гледаше на потрошувачката.Моделот со 5.5литри беше за Источниот пазар,а ние не бевме во таа комбинација.Средината на 80-те имаше некои модификации на неа,во смисол на стандардизација за деловите,но во глобала остана истата.Почетокот на 90-те се обидоа со дизел мотор од Пежо мислам дека беше но без успех.Постигнуваше мах.145км и покрај својата огромна тежина од скоро 2тона.Првите верзии беа со дамски менувач,а подоцнежните беа со класичен менувач.Бабушка дали е жива и дали сеуште се тркала не знам,но само се секавам како се возевме како деца и уживавме во неверојатното парно и удобноста........
|
||
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јаооо Носталгија, другарче...браво... имаш поенче плус од мене . Ова е баш тоа што го прашував. Баш сакав некој да ми ја долови доволно добро волгата како кола. Јас као дете родено у самостојна Македонија, слабо ги памтам овие возила. Се сеќавам дека како мал ѕиркав низ прозорците на овие машинки за да видам колку се гравирани (180 беше, памтам) и каков му е воланот. Не разликував тогаш баш многу потпирања, кубици и тн. Малку ми беше страшна пошто беше повеќе од огромна и делуваше страшно груба. Знам, имам слушано, дека ставаат мотори од 123ка и дека пасува топтан. Желба ми е да ја пробам како оди таа машина.... страшно голема желба....
Иначе... супер се овие ствари што ги пишуваш... За секоја кола што можеш да кажеш збор до два е добредојдено , особено за „старудииве“ И ми текна... се сеќаваш на ова нешто?? Москвич 408.... го имав во маало до кај 2005тта негде. Стоеше до тој Таунусот што го спомнав во погорните постови. И тој си отиде в отпад , пошто немаше кој да го тера, газдата му беше во поодминати години , а синовите негови тераа Пунто. Кога беше висока цената на алуминиумот, поради алуминиумските блокови , сите Шкоди и Москвичи што беа по градов отидоа в отпад за 1500-200 евра. Драга ми беше колава многу.... Изменето од volkswagen - 08.Март.2011 во 17:29 |
||
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
абе , цел ден ѕвони ова телефонов... бараат луѓе да го земеле аудиот.... абре , точаци едни , кај бевте до пред еден месец кога немаше никој???
Сега од ко го дадов?? така и за шкодата, така и за 101от, така и за оваа... ајде бе, бегај таму.... Ај една мала ретроспектива... Брат ми и даде име Катерина на колава.... Прва фаза... Втора фаза... Прв пат фарбана од ко е кај мене. Бели ленти , Кожен волан, „генгста прапорци“ и тигрести навлаки... за милина Последна фаза... фаза на разделба... брзобрзо завршена работа. Втора фарба од ко е кај мене (пошто ја удрив малце напред во десното крило и беше задницата за средување) . Левото крило не е тоа удреното , ама такво е трдулаво затоа што мака се мачеше од корозија. Тапацирани седишта со чоја, сменето небо , шалтабла дотерана со кожа..... лепота.... Единствен проблем беше корозијата и инсталацијата што беше сета приврзувана.Одоздола сета беше партали , што е и главната причина што ја продавав ( на последната слика се гледа вода на теписонот на патосот) .... машината беше беспрекорна... 1600ка.... феноменално забрзување и никаков дефект во 2 години колку што ја имав. Сменував карбуратори , кабли, капи од што ми беше досадно ако не отварам хауба. Кога би имал пари, повторно би купил ваква , но овојпат потполна реставрација. Возилото е вистинско уживање и најтопло му го препорачувам на сите што се мераклии за добри олдтајмери. Потпирање меко УПМ, воланот лесен .... кумплуг.... убавина... а не како на заставините.... Сеа , потрошња од 10-11 е сосема очекувана, ама кефот не може со ниедни пари да се плати... Ќе ставам слики и од 101од за да видите што значи екстра застава , а ако ми текни да го сликам, ќе ставам и од фијатот. Изменето од volkswagen - 08.Март.2011 во 21:37 |
||
nostalgija
Сениор сениор Регистриран: 12.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Е сега да ти ја доловам атмосферата за Москович 408 или Москвич 1500,а уствари исто ауто ама едното е од 70-те,а другото од 80-те.Москвич беше фабрика во Русија која изработуваше специјални возила.Работеа само за војска,полиција,болници.Е сега кога Лада ја откупи лиценцата за фиат124 алиас лада жигули,на пазарот се појави потреба од поефтин автомобил за широките руски маси.Изборот пага на фабриката АЗЛК каде се произведуваа специајлните возила.Немајки време(најверојатно бидејки работеа за војската)педантно како и ГАЗ Волга ги пуштија своите луге од Источна Германија да го завршат своето.Првите модели се копија на старио Опел Кадетт А до штрафче.Памтам бидејки Мастор Ристо ги пракаше да бараат делови за Опел а не за Москвич.Е сега и тој модел требаше да ги прати технолошките достигнувања.Со мали измени на каросеријата се појави Москвич413 чинам беше.....Модерен за своето време веке личеше на автомобил кој кај нас пак караванот беше омилен посебно кај лугето кои живееја на село хехххехе.Арно ама пак Штази-КГБ релација е активна!!!!!Кога излегува Москвич413 тогаш и БМВ го промовира својот модел 1500 некаде 1969-70-та.Практично идентичен автомобил само што едниот е на БМВ а другиот е на Москвич.Дури и последните модели на Москвич Алеко беа со истиот мотор и трансмисија.Знам бидејки комшија преку пат имаше БМВ1502 и знам дека го тркалаше благодарение на деловите кои ги купуваше од Бугарија(бензинска пумпа,каиши,спони....)Како модел не нудеше ништо повеке од другите источни возила,но сепак беше подобар од Вартбург и Трабант.Со своите 1500цм3 вадеше некои си 58-60кс кои беа ммммммммммммммммммм,слаби за тешката каросерија која патем беше околу 1300кг.Во принцип лугето имаа замерки на потрошувачката,а за другото беше солиден автомобил.Завршната обработка беше на ниво на војска но другото си фунционираше солидно.Веке ги нема по патиштата,единствено во Источна Макдеонија може да се најде некој модел кој сеуште служи да влече приколка за на пазар.Имаше алуминиумски блок со хилзни така да за ремонт немаше никаков проблем......
Иако сега возам релативно нов автомобил,и јас некогаш сум се расправал со старудиите,кои за жал веке ги нема. |
||
nostalgija
Сениор сениор Регистриран: 12.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не знам дали некој ги памти автомобилите на фабриката ЗАЗ 956 или запарожец.Името доага од областа Запарожје каде е и лоцирана фабриката,која патем денес таму се произведуваат возилата на Даеву за рускиот пазар(Мати,Авео,Круз)Заз 965 има неколку модели кои се произведувани без откупена лиценца за производство.Едниот е ЗАЗ 600 или копија на ФИАТ600/ЗАСТАВА 750 но со стариот мотор на Фиат(595цм3 18кс):вториот модел е ЗАЗ 965 или запарожец,всушност копија на НСУ ПРИНЦ сега дел од АУДИ.Ги памтам по продорниот звук кој го вадеа и кога беа нови.Беа евтини,практично во тој период беше најевтино Источно ауто,и лугето ги купуваа.После плачеа,ама им беше касно хеххехехехех.....Немам слики од нив,ама ке се потрудам да најдам.
Веке ги нема и мислам дека и нема ниеден модел во Македонија,бидејки и ги немаше многу... |
||
nostalgija
Сениор сениор Регистриран: 12.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 231 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ај еден пост за најинтересните автомобили кои беа многу популарни во Мкедонија.Едниот имаше јапонско име ЈАКО ДИМИ,а другиот ако го оставевте во пченка ке го изедеа свињите.Претпоставувам знаете за кои автомобили станува збор.Па постирајте и залепете некоја фотка........
|
||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
neshto vo vrska so volgata edna od retkite., ako ne i edinstvena se registrirashe za 5+1
Изменето од pajser - 09.Март.2011 во 09:36 |
||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
., poslednite generacii na ovie ., so preden pogon ., familijaren gepek ., kabina za respekt., bea so motor od golf 2 ., 1300 ccm
Изменето од pajser - 09.Март.2011 во 09:40 |
||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||
volkswagen
Модератор Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
носталгија...за ова правиме муабет?
Јас од страна Запорожец , ги памтам само овие: Во градов 2 имам видено пред скоро. И двата скапуваат така. Едниот кисни пред зграда , другиот во еден двор према џупското маало. Додека бев помал ги гледав дека ги возат, ама сега ги нема воопшто по патиштава. Инаку, јас ко така да се пофалам дека градов ми е богат со олдтајмери.... едно 10-20 тристачи има што ги гледам секојдневно дека се возат за фамилијарни потреби. Сите се кој од кој подобар. Ума уште еден куп кои не ги тераат , само скапуваат пред порта. Шкоди има колку ти душа сака , па дури и од стотките стандард. Москвичи исто така гледам многу често низ град , ама од тие поновките од кај 80та. Лади 1200 (од оние старите , со округли фарови) има премногу, се возат за на дрва ... Е сеа, битен мометн те се и 125p... ги има ама , ама повеќето се (претпоставувавте) забаталени и не се возат. Овде пред заградиве кај мене (абе џоа музеј ми е маалово) има една зелена , ама баш на никого не му е гајле колата така што скапува. Инаку... има и една 125PZ што ја гледам низ градов. Ја шиба еден стар човек, многу добро стегната кола, пресно фарбана , абе убавини..... Еднаш, на враќање од Претор ја сретнавме по пат... НИе со Вектрата 100ка , тој 100ка со ПЗ-то ич око не му трепнува дека има 65 години тој, а 45 колата... Има едно бате, исто така, вози само Симки 1100. Има 5-6 и тој и син му само ги тераат. Овде во моево мало иди на работа .... Друг , така интересен момент ми се Dacia 1300... и такви имаше многу до скоро... ама да не се расплинувам ептен па со пишувањево.... |
||
zagor
Сениор Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
вакво беше моето прво авто..само фичо беше.. |
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Jako dimi?...prvpat slusham( ili sum zaboravil)...ama , najverojatno se raboti za ovaa..istochnogerrmanska mazga: wartburg
....koja shto trosheshe meshavina od obichen benzin i maslo...pa najverojatno zatoa i dimeshe kako indijanec na nekoe brdo. a i brmcheshe kako traktor mislam! |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
||
Внеси реплика | страница <1 34567 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |