![]() |
|
Олдтајмери (автомобили некогаш и денес) |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 34567 13> |
Автор | ||
Pavaroti ![]() Сениор ![]() Експерто нумеро 2 Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ова ми беше прво ауто а и фамилијарно, брат ми имаше 1500 а јас 1300. Тежина мислам дека му беше 930 кг, сигурно е полесно од 1 тон. |
||
![]() |
||
nostalgija ![]() Сениор ![]() ![]() сениор Регистриран: 12.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 231 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Да пријателе поточно 930кг за 1300.а 1500-ката беше за 50кг потешка поради моторот.Инаку ауто со глицерински кумлунг,4 диск кочници фантазија.Ми се чудеа на регистрација каква кочница имаше Фиатот.Единствена мана му беше што немаше серво волан,но тоа се компензираше со камионскиот волан ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
||
volkswagen ![]() Модератор ![]() ![]() Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Дечки ... се сеќавате на возилово? Газ 24 , Волга....
![]() Долга 4.800 , 1800 долга. За 1968ма е поприлично луксузна . Што се однесува до моторите, 2,4 и 5,5 V8. Памтам како мал дека ги имаше поприлично по улициве на градов , ама сега слушам дека имало уште една што се возела уште со 123ка мотор. Другите не се во возна состоба поради недостиг на делови. Ако имате што да кажите за колава (не да пастирате некој текст од нет, туку нешто што памтите, што сте имале ваква или возеле... ор самтинг) би било добредојдено... ![]() |
||
![]() |
||
nostalgija ![]() Сениор ![]() ![]() сениор Регистриран: 12.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 231 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Сакаш конкретни информации за ГАЗ Волга.Сега пријателе ке ти постирам од прва рака информации не од нет.Пораснав мо механичарско маало каде сите имаа гаражи и нешто по цел ден чепкаа нон стоп.Ги памтам скоро сите коли кои доагаа кај мастор Ристо,механичар во ЈСП кој ги поправаше за 10-ка со кромид и Скопско од 0,5
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
||
volkswagen ![]() Модератор ![]() ![]() Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Јаооо Носталгија, другарче...браво... имаш поенче плус од мене
![]() Иначе... супер се овие ствари што ги пишуваш... За секоја кола што можеш да кажеш збор до два е добредојдено , особено за „старудииве“ И ми текна... се сеќаваш на ова нешто?? Москвич 408.... го имав во маало до кај 2005тта негде. Стоеше до тој Таунусот што го спомнав во погорните постови. И тој си отиде в отпад , пошто немаше кој да го тера, газдата му беше во поодминати години , а синовите негови тераа Пунто. Кога беше висока цената на алуминиумот, поради алуминиумските блокови , сите Шкоди и Москвичи што беа по градов отидоа в отпад за 1500-200 евра. Драга ми беше колава многу.... ![]() Изменето од volkswagen - 08.Март.2011 во 17:29 |
||
![]() |
||
volkswagen ![]() Модератор ![]() ![]() Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Сега од ко го дадов?? така и за шкодата, така и за 101от, така и за оваа... ајде бе, бегај таму.... Ај една мала ретроспектива... Брат ми и даде име Катерина на колава.... Прва фаза... ![]() ![]() Втора фаза... Прв пат фарбана од ко е кај мене. Бели ленти , Кожен волан, „генгста прапорци“ и тигрести навлаки... за милина ![]() ![]() Последна фаза... фаза на разделба... брзобрзо завршена работа. Втора фарба од ко е кај мене (пошто ја удрив малце напред во десното крило и беше задницата за средување) . Левото крило не е тоа удреното , ама такво е трдулаво затоа што мака се мачеше од корозија. Тапацирани седишта со чоја, сменето небо , шалтабла дотерана со кожа..... лепота.... ![]() ![]() Единствен проблем беше корозијата и инсталацијата што беше сета приврзувана.Одоздола сета беше партали , што е и главната причина што ја продавав ( на последната слика се гледа вода на теписонот на патосот) .... машината беше беспрекорна... 1600ка.... феноменално забрзување и никаков дефект во 2 години колку што ја имав. Сменував карбуратори , кабли, капи од што ми беше досадно ако не отварам хауба. Кога би имал пари, повторно би купил ваква , но овојпат потполна реставрација. Возилото е вистинско уживање и најтопло му го препорачувам на сите што се мераклии за добри олдтајмери. Потпирање меко УПМ, воланот лесен .... кумплуг.... убавина... а не како на заставините.... Сеа , потрошња од 10-11 е сосема очекувана, ама кефот не може со ниедни пари да се плати... Ќе ставам слики и од 101од за да видите што значи екстра застава , а ако ми текни да го сликам, ќе ставам и од фијатот. Изменето од volkswagen - 08.Март.2011 во 21:37 |
||
![]() |
||
nostalgija ![]() Сениор ![]() ![]() сениор Регистриран: 12.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 231 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Е сега да ти ја доловам атмосферата за Москович 408 или Москвич 1500,а уствари исто ауто ама едното е од 70-те,а другото од 80-те.Москвич беше фабрика во Русија која изработуваше специјални возила.Работеа само за војска,полиција,болници.Е сега кога Лада ја откупи лиценцата за фиат124 алиас лада жигули,на пазарот се појави потреба од поефтин автомобил за широките руски маси.Изборот пага на фабриката АЗЛК каде се произведуваа специајлните возила.Немајки време(најверојатно бидејки работеа за војската)педантно како и ГАЗ Волга ги пуштија своите луге од Источна Германија да го завршат своето.Првите модели се копија на старио Опел Кадетт А до штрафче.Памтам бидејки Мастор Ристо ги пракаше да бараат делови за Опел а не за Москвич.Е сега и тој модел требаше да ги прати технолошките достигнувања.Со мали измени на каросеријата се појави Москвич413 чинам беше.....Модерен за своето време веке личеше на автомобил кој кај нас пак караванот беше омилен посебно кај лугето кои живееја на село хехххехе.Арно ама пак Штази-КГБ релација е активна!!!!!Кога излегува Москвич413 тогаш и БМВ го промовира својот модел 1500 некаде 1969-70-та.Практично идентичен автомобил само што едниот е на БМВ а другиот е на Москвич.Дури и последните модели на Москвич Алеко беа со истиот мотор и трансмисија.Знам бидејки комшија преку пат имаше БМВ1502 и знам дека го тркалаше благодарение на деловите кои ги купуваше од Бугарија(бензинска пумпа,каиши,спони....)Како модел не нудеше ништо повеке од другите источни возила,но сепак беше подобар од Вартбург и Трабант.Со своите 1500цм3 вадеше некои си 58-60кс кои беа ммммммммммммммммммм,слаби за тешката каросерија која патем беше околу 1300кг.Во принцип лугето имаа замерки на потрошувачката,а за другото беше солиден автомобил.Завршната обработка беше на ниво на војска
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Иако сега возам релативно нов автомобил,и јас некогаш сум се расправал со старудиите,кои за жал веке ги нема. |
||
![]() |
||
nostalgija ![]() Сениор ![]() ![]() сениор Регистриран: 12.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 231 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Не знам дали некој ги памти автомобилите на фабриката ЗАЗ 956 или запарожец.Името доага од областа Запарожје каде е и лоцирана фабриката,која патем денес таму се произведуваат возилата на Даеву за рускиот пазар(Мати,Авео,Круз)Заз 965 има неколку модели кои се произведувани без откупена лиценца за производство.Едниот е ЗАЗ 600 или копија на ФИАТ600/ЗАСТАВА 750 но со стариот мотор на Фиат(595цм3 18кс):вториот модел е ЗАЗ 965 или запарожец,всушност копија на НСУ ПРИНЦ сега дел од АУДИ.Ги памтам по продорниот звук кој го вадеа и кога беа нови.Беа евтини,практично во тој период беше најевтино Источно ауто,и лугето ги купуваа.После плачеа,ама им беше касно хеххехехехех.....Немам слики од нив,ама ке се потрудам да најдам.
Веке ги нема и мислам дека и нема ниеден модел во Македонија,бидејки и ги немаше многу... |
||
![]() |
||
nostalgija ![]() Сениор ![]() ![]() сениор Регистриран: 12.Септември.2010 Статус: Офлајн Поени: 231 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ај еден пост за најинтересните автомобили кои беа многу популарни во Мкедонија.Едниот имаше јапонско име ЈАКО ДИМИ,а другиот ако го оставевте во пченка ке го изедеа свињите.Претпоставувам знаете за кои автомобили станува збор.Па постирајте и залепете некоја фотка........
|
||
![]() |
||
pajser ![]() Сениор ![]() ![]() kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13948 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
neshto vo vrska so volgata edna od retkite., ako ne i edinstvena se registrirashe za 5+1
Изменето од pajser - 09.Март.2011 во 09:36 |
||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||
![]() |
||
pajser ![]() Сениор ![]() ![]() kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13948 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() Изменето од pajser - 09.Март.2011 во 09:40 |
||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||
![]() |
||
volkswagen ![]() Модератор ![]() ![]() Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
носталгија...за ова правиме муабет?
Јас од страна Запорожец , ги памтам само овие: ![]() Во градов 2 имам видено пред скоро. И двата скапуваат така. Едниот кисни пред зграда , другиот во еден двор према џупското маало. Додека бев помал ги гледав дека ги возат, ама сега ги нема воопшто по патиштава. Инаку, јас ко така да се пофалам дека градов ми е богат со олдтајмери.... едно 10-20 тристачи има што ги гледам секојдневно дека се возат за фамилијарни потреби. Сите се кој од кој подобар. Ума уште еден куп кои не ги тераат , само скапуваат пред порта. Шкоди има колку ти душа сака , па дури и од стотките стандард. Москвичи исто така гледам многу често низ град , ама од тие поновките од кај 80та. Лади 1200 (од оние старите , со округли фарови) има премногу, се возат за на дрва ... Е сеа, битен мометн те се и 125p... ги има ама , ама повеќето се (претпоставувавте) забаталени и не се возат. Овде пред заградиве кај мене (абе џоа музеј ми е маалово) има една зелена , ама баш на никого не му е гајле колата така што скапува. ![]() Еднаш, на враќање од Претор ја сретнавме по пат... НИе со Вектрата 100ка , тој 100ка со ПЗ-то ич око не му трепнува дека има 65 години тој, а 45 колата... ![]() ![]() Има едно бате, исто така, вози само Симки 1100. Има 5-6 и тој и син му само ги тераат. Овде во моево мало иди на работа .... Друг , така интересен момент ми се Dacia 1300... и такви имаше многу до скоро... ама да не се расплинувам ептен па со пишувањево.... |
||
![]() |
||
zagor ![]() Сениор ![]() ![]() Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12850 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
вакво беше моето прво авто..само фичо беше.. ![]() |
||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
||
![]() |
||
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Jako dimi?
![]() ![]() ![]() ....koja shto trosheshe meshavina od obichen benzin i maslo...pa najverojatno zatoa i dimeshe kako indijanec na nekoe brdo. ![]() a i brmcheshe kako traktor mislam! ![]() |
||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 34567 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |