|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика | страница <1 127128129130131 138> |
Автор | |
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Провокација
Можам да здивнам
добив многу од тебе, па не треба и да претерувам да беше некој друг, каква си немаше ништо да добиеше, но каков сум, мораше да ми се дадеш и повеќе од колку знаеше. Те научив на љубов иако ни јас не знаев, ме провоцираше да ти се посветам повеќе од колку сум мислел дека можам, не ни знаеше дека до толку ме провоцираш само беше таква каква си. |
|
NeuroToxin
Нов член Регистриран: 12.Март.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ми требаше сила...само малку да се напијам од напитокот...само малку, колку очите свои да ги отворам, да погледнам...да видам...сепак постои живот. Толку скржаво, себично, толку безволно...побегна. Се избриша, се заборави, се уништи и се фрли, го однесе во пеколот, таму да изгори...толку ли ме мразеше...а кој сака жолт лист кој без сила паѓа во дождлива есен на мокриот асфалт од овој град?... никој...сите уживаат во тие есенски прошетки кога газат врз жолтите паднати лисја...твојата нога ме прегази, нејзината штикла се забоде во моето срце, се радувате на лажната среќа, но тишината и самотијата ќе те вратат, ќе те однесат во убавото минато...јас сум таму, но овде ме нема...
|
|
NeuroToxin
Нов член Регистриран: 12.Март.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЈАС и МЕНЕ во подморница!
Вчера се осеќав како виножито, а денес како подморница! Хмммм... од многу високо, до многу ниско а? Сакам да си ја паркирам подморницава на дното и да си лежам таму... никој да не ме види, додека водата ми тежи одозгора! Што убаво, далеку од сите, можам да се дерам колку сакам и никој да не ме чуе! Чудно... горе на површината луѓето лошо реагираат на оние кои гласно размислуваат, одма ти лепат една етикета и ти ставаат печат на чело ЛУДАК ( спремен за у лудница ), пакувај и носи... се плашат од себе, се плашат од тебе, се плашат од мене, се плашат од живите, а се плашат и од мртвите... веруваат во се и во ништо, секаде и никаде, со сите, а сами... ни на небо, ни на земја.... па така и јас денес сум ни на небо, ни на земја... туку под вода, во мојата подморница! Некако е посигурно кога си на дното, знаете? Неможеш да одиш подоле од тоа! Ѓаволот може да стави ѕид околу тебе, ама неможе да стави капак, затоа гледај нагоре! А мене тоа ми остана, само нагоре. Ама денес сакам да сум доле, а за утре ќе видиме што ќе каже сонцето! Сакам да одмарам, додека ја игнорирам вистината. Зашто секогаш постои нешто што не се осмелуваш да го кажеш??? Онака те гребе, те гребе, и таман да го кажеш пак го голташ назад! Како да сакаш да повратиш и си ја голтнеш сопствената повраќаница, зашто знаеш дека и на двата начина не чини. Во првиот случај ќе направиш на некој да му се згади, а во вториот случај сама од себе ќе се згадиш... ама боље сама себе, сакам за мене да си ги чувам моите гадости... да се презаситам со нив... денес ја запознав ЈАС со МЕНЕ. Мислам ќе се здружат, иако до сега беа во војна! Еднаш МЕНЕ и рече на ЈАС дека душата и спие, ама еден ден ќе осети што е тоа болка! ЈАС не се плашеше затоа што повеќе пати има умрено и повторно воскреснато, ама секој пат по ладна стануваше, можеби затоа и војуваа ЈАС и МЕНЕ, затоа што ЈАС постојано се менуваше, со секоја нејзина рана, се изобличуваше по малку, се додека не стана иста како МЕНЕ. А нели викаат дека најмногу се мразат оние кои имаат исти мани, а најмногу се сакаат оние кои имаат исти доблести! Откако ЈАС рече дека се осеќа како Ѓаволот да ја опседнал, МЕНЕ знаеше дека дури сега една од нив ќе мора да исчезне! ЈАС имаше омилена реченица: дека Ѓаволовиот мир е полош од Ѓаволовата војна! Не сакаше да мирува, ама денес убаво се осеќа во подморницата! За малку ќе дозволеше МЕНЕ повторно да и ги отвори раните, ама храбро се соочи со својот најголем непријател, по долго гледање една во друга, сватија дека со тек на време си ги смениле улогите... но тоа го оценија како добро, бидејќи конечно рамнотежата ќе биде постигната! Конечно би можела да се кренам нагоре, кон површината. Додека се качував нагоре размислував за омраза и љубов! Колку се и двете силни... слични, а различни... знаеме сите дека треба многу малку за да се преточат едно во друго! Ама се додека не се соочат меѓу себе, нема да можат да се покажат во вистинско светло како поедници! Размислував и за минатото... Некогаш се плашам што станало од МЕНЕ... ама еве, подморницата исплива... еве еден нов бран... ке му дозволам да ме поклопи, можеби ќе ги излечи раните! Викаат дека секој од нас има одредена "личност" која му ја одредила судбината! Ако успееме да ја одбегнеме, СПАСЕНИ СМЕ! Често наоѓајќи се на различни места, на небото, на земјата и под вода, научив како да се приспособувам на различна температура, висина и длабочина! Решив да не бегам повеќе, моите сончогледи мутираа, сега можат било каде да растат... и на небо ?, и на земја, и под вода, и на мраз, се вртат на сонце, се вртат и на месечина... а раните кои ги имаат, и кои сеуште ќе ги добиваат ... им даваат некоја посебна убавина... некогаш се заљубуваме баш во тоа што другите го оценуваат како неубаво... ако сакаш според маните, тогаш вистински сакаш!!! |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
LIBERTATI VIAM FACERE - Отварање на патот кон слободата
Ars poetica, libertati viam facere sapienti sat, lapsus calami audaces fortuna iuvat. In dies dies diem docet, in spe inter nos nosce te ipsum, ipso facto eo ipso, se ipsum vincere pulcherrima res est quod rarum carum. Поезија, отварање на патот кон слободата за паметниот е доволно, грешки во пишување на храбрите среќата им помага. Од ден во ден денот денот го поучува, во надеж меѓу нас запознај се самиот себе си, со самиот чин со самото тоа, најубавата работа е да се победиш самиот себе се‘ што е ретко е драго. |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секогаш
Никогаш никој никому не требал како ти на мене, никогаш не си требала никому како ти на мене, но сепак некогаш ти е малку како некогаш да си требала некому повеќе иако тоа никогаш не било. А нема ни да биде зошто никогаш нема да имаш ваков како мене каков не си имала никогаш. Можеби сум фалбаџија, но ти никогаш не ме фалиш секогаш бараш уште, не ми даваш да застанам се плашиш дека ќе престанам, а веќе не знам ни да застанам секогаш те сакам. |
|
NeuroToxin
Нов член Регистриран: 12.Март.2011 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 3 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сите велиме дека болката е чувство...многумина чувството го мешаат со емоции...но не е така. Болката е состојба за која сме свесни дека постои. Ако боли тогаш нешто не штима. Прво иде прашањето, „што боли?“ „колку боли?“ „зошто би ме болело?“ Може да ви кажам нешто...ич не ме боли за ништо, зашто сега баш ме заболе дали светот бил крив или јас грешаам...но ме заболе само едно. Прееска реков ќе дремнам малку, и дремнав. Кога сстанав, што да ви кажам, грлово боли како лушпа од тазе паднат костен на земја да ми застанала баш таму, устава сува...температура до бунило...али најболно е грлово, е тоа најмногу ме боли...кај најде баш сега, а баш немав денес вирозни пациенти, имаше додуша еден оболен, ама он од шуга кутриот мука си имаше... ...И така ви велам јас, навидум одморена, се разбудив од попладневната дремка премалена, си мислам чунки на полноќна журка сум била, сум се препила алкохол и сум се препушила цигари, а благе везе нема, од алкохол ништо нема, немам ни ракија на грло да врзам, а камоли да се очукам, онака чоечки, да се остаам шо би се рекло... Да се навратам на темава...болка...ма што е болка!? Ич не ме боли уво за ништо, што сака нека биде, живот иде даље, вака или онака...здрав или болен...со тебе или без тебе... |
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Поглед во далечината... мрак...но и светлина.... Седејќи покрај прозорот од нејзината соба принцезата забележа коњ....или можеби беше принцот....тогаш и самата не знаеше... Се приближуваше кон нејзината тврдина... чекор по чекор... успеа да влезе...
А внатре...празнина... Принцезата затворена во своето стаклено ѕвоно, беспомошно сакаше да се приближи до мистериозната личност... Но .. оп...стоп... забранет излез... После денови поминати во негова близина, а сепак толку далеку ... принцезата реши наместо она да излезе..да го пушти странецот да влезе во нејзините одаи ... таму каде што скоро никој не влегол... Поминале денови...недели...месеци... мистериозниот човек не беше повеќе странец.... Полека но сигурно допираше до нејзиното срце... Таа па..неможејќи да го прифати фактот дека човекот што никогаш не го знаела и станува толку близок...несакајќи да го признае тоа што го чувствува рашава да побегне од него.... Далеку...таму каде што никој не ја познава... Таму каде што никој не ја третира како принцеза.... Тоа и и се исполни. Да живее слодобно како секоја нормална девојка... Иако е толку далеку, со мислите е кај него... Навидум незаинтересирана... но не секогаш срцето и разумот се сложуваат...Бегаше, бегаше и бегаше од сопствената сенка...но не успеа... Знаеше дека мора да се врати... А таму ја чекаше токму тој... воопшто непроменет... секогаш насмеан... Потребен беше само еден збор за да се препушти во неговите прегратки... Но и сама знаеше дека патот до срцето на напатеното момче е тежок... Животот не бил праведен... живееле различни животи... посакувале различни работи.. имале различни приоритети...сонувале различни сонови.. Плашејќи се дека ќе биде одбиена, немала храброст да му каже што чувствува... таа... принцезата што многумина би посакале да ја имаат.... Можеше да ја има токму тој да не се обидуваше да ја отфрли од себе...Девојката која што беше подготвена да остави се ... за да биде сакана... Можеби за прв пат во нејзиниот живот се појавува личност што ја почитува и ја гледа на еден поинаков начин ... Начинот кој што таа го сакаше ... зборовите што толку ја погодуваа... моментите што не сакаше никогаш да завршат .... Но тука беше тој... потенцијалниот принц... убеден дека не заслужува да биде во близина на една принцеза... убеден дека не е достоен за девојка од тој ранк ... Личност која што никогаш не би помислила дека би можел да допре принцеза..а не да љуби.... Иако беше полн со љубов, никогаш не го откри тоа... Принцезата чекаше...чекаше...и чекаше....се надеваше дека некој ден токму тој ќе си признае дека не е во право...како да чекаше да каже дека ја сака девојката, а не принцезата....чекаше некој да ја сака поради тоа што е, а не поради тоа што има... Мистериозното момче стана принц... најде друга принцеза.... ја отфрли личноста што го сакаше ... а го сакаше поради тоа што е.... најде друга која го сака поради сите сонови што ги има...сонови кои требаше да ги подели со таа што го сакаше....Сега ги дели со таа што мора... само сон.... :) |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
ekszi88
Сениор In Love Регистриран: 10.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7008 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
***
Се свиткувам како ембрион. Се смалувам од ударите. Исчезнувам. Сеедно, и онака никој не ме забележува. Знам како ќе го поминам и овој ден. Мојот живот се повеќе наликува на рутина. Но не, денес е нешто поинаку. Денес сум потажна од било кој ден претходно. Денес ми е тешко да ја ставам и онаа вештачка насмевка. Нека ја, нека виси во плакарот. Нозете од уморот непослушни, веќе не реагираат на моите истоштени наредби. Мислев да прошетам, но на крајот останувам закована на креветот. Како да ја оттргнам од мисливе онаа реченица:
-Некогаш беше малку посреќна. – прашува некој глас од мојата глава.
-А кога било тоа? Искрено не сакам да видам ништо. Сакам да ги затворам очиве пред овој свет и да ги отворам во мојата будност. Сакам друга будност, не оваа патетика од живот во која ме турнаа да се давам.
-Што се случува сега? – повторно од некаде одекна овој просто иритирачки глас.
-Не сакам да знам. Не сакам да знам ништо. Зошто мораш баш сега да ги вадиш сите повраќаници од мене? Зошто не можам да заборавам се и да почнам се од почеток?
-Зошто не можеш да почнеш се од почеток? Што те спречува?
-Сите одвратни луѓе и манипуланти, нивната суровост која ко темен облак ме демнее. Негирам се, простувам и изигравам будала од себе. За сите имам разбирање, но тоа не ми даде дом, семејство, љубов ниту пак топлина. Мразам неизвесности. Мразам удари. Кај се најдов по ѓаволите!!! Кај најде мајка ми да умре кога најмалку требаше? После нејзе буквално потоп. Немам дом, немам љубов, татко ми отиде и тој во неповрат со неговата незрелост, брат ми се докусури со дрогата. Дедо ми едвај чека да си отидам оттука, но кај да одам? Каде? Не сакам повеќе моето срце некому да му служи како тениско топче на терен.
-Ќе издржиш.
-Веројатно. Само за тоа знам.
Изменето од ekszi88 - 01.Јуни.2011 во 11:20 |
|
EmilijaR
Нов член Регистриран: 28.Јануари.2011 Статус: Офлајн Поени: 4 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пролиф ме фати, ауспухот ме печит
Дрскат ли дрскат, какао течит Стомакот ме кинит, да се празнит сакат Големо страдание и неподнослива мака Рафали пукам, земјата ја тресам Со смрдеата агресивна луѓе бесам Дали да прднам, страф ме фаќат Прдењето за време на пролив ... Скапо се плаќат |
|
DragancoLeskoec
Сениор Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чиста Дана
|
|
bijonse1
Сениор bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДАЛИ ДА ГО ОТКОРНАМ Дали да го откорнам последниот цвет на мојата младост за да не може ниеден ветар да го наведне и опојниот мирис исчезне… Дали да го откорнам моето срце и да ти го дадам за да не може никој да ја види душата и невината љубов исчезне… Дали да го откорнам немирното дете во тебе за да не можеш ниеден збор да подариш и слатката насмевка исчезне… Дали да го откорнам денот светол од твоите прегратки за да не може ниедно сонце да те огрее и топлиот зрак исчезне… Дали да го откорнам ?? Изменето од bijonse1 - 28.Јуни.2011 во 21:50 |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
kolku bese ubava ovaa tema edno vreme
|
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Eeeeee edno vreme baby .... se bese poubavo ...samo nie si ostanavme isti .... |
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
Внеси реплика | страница <1 127128129130131 138> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |