IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Ваша песна,состав или што било напишано
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Ваша песна,состав или што било напишано

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 126127128129130 138>
Автор
Порака
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2011 во 00:22
Безброј врати поминав.
Една од нив водеше до тебе.
Ширум ја отворив за да видам
што се крие позади неа.
Да ја задоволам својата радозналост.
Само една патека водеше
до твојата душа
јас баш таа ја погодив.
Тргнав по неа гордо,
со крената глава напред,
како воин кој освоил битка своја.
Во безброј погледи наоколу,
јас твоите очи ги зачував.
Свесна само за нивниот сјај,
за нивната топлина.
Само очи да затворам ги чувствувам
меките допири на твоите погледи
кои талкаат по моето тело
осветлено од месечевата светлина.
Во редици од бакнежи
твоите усни ги бакнав,
како да се бакнував првпат.
Како сега да се будам
од некој кошмар ноќен,
и влегувам во царството на среќата.
Од безброј срца подарени
јас твоето го помилував.
Го допрев со душа,
душа назад ми подари.
Го измив со љубов,
љубов назад добив.
И како странец во огледало
лик си гледам свој.
Како првпат да ја гледам
дамата пред себе.
Толку горда,среќна,
со ѕвездички сјајни во очите насмеани.
И само се прашав тивко,
како да се плашам да не се слушнам
самата како изговарам...
Зарем не сум сакала досега?
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2011 во 00:31
Некоја лоша навика имаат луѓето
се научиле да бидат само на врвот.
Мислат дека треба да се седне само на престол,
да се стави круна,
и да се биде таму некаде.....горе.
Се прашувам го знаат ли воопшто
значењето на сето тоа?
Талкаат низ животот сив,
мислејки дека таа е бојата негова.
А само кога би пробале да ја отворат
вратата на боите на виножитото...
Ќе сватат тогаш!
Патеката е љубовта,
која бара само постојаност.
Круната е почитта,
која самите треба да ја зачуваат.
И....таму си....горе....
каде вечно ќе те гледаат
тие на кои им значиш.
Таму си ти мил мој,
таму....горе.
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
butterflyM55 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
***PEPE***

Регистриран: 17.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3399
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај butterflyM55 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2011 во 00:45
        БЕСКРАЈНИ

Во морето од луѓе
полека се стопуваме,се спојуваме
а сепак сме само ние
сите други во сенка остануваат
како чувари на нашата тајна.
Те гледам како уживаш во секој миг
смешкајќи се слатко.
Среќата ти блика од очите,
а насмевката ти го краси ликот
на кој секоја линија му ја познавам.
Како карта обележана е пред мене
секој милиметар ми е изоден
по милион пати и никогаш не ми здосадило
да талкам по патеките на твојот лик.
Додека ловиш ѕвездички
во очите мои,леташ од радост
како да ти е секоја награда
која на оскар си ја добил.
И милно ме гледаш како тонам
во длабочината на очите твои најмили.
Се топам како мраз на сонце,
стопувајќи се со твоето тело.
Почнувајќи го танцот на љубовта
долго во ноќите наши бескрајни.
Сваќам полека....
Ниеден лик не е доволно добар
за да го замени твојот
во очите мои.
Ниеден збор кажан,
не е едоволно јак за да ја опише
љубовта наша.
Нема патека која
не би ја поминале заедно
до крај.
Нема море кое не би го испливале
без умор и страв до самиот брег.
Нема сила која ќе не запре
да го изодиме делот кој ни припаѓа нам.
Нема граница која ќе не попречи
и ќе ни стави крај...
Единствената работа што стои помеѓу нас и тоталната среќа е реалноста.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2011 во 12:47
Твој свет

Знам,
дека ми се чини дека знам,
молкот ми кажува дека ништо не знам.
Знаеш,
но некогаш е толку малку,
сакаш дело на видело,
треба моќ
на бел ден да ме видиш
од сенка излезен
кон престол ветен
на раце да те однесам.
Имам моќ на обичен смртник,
подмолен да бидам не сакам
не по секоја цена,
тебе те сакам
ме восхитува твојата цена,
од се’ да се откажам
само твој да бидам.
Не ми е тешко да се откажам
ионака никој не купува,
ионака ништо од тебе нема поважно,
само сакав да се правам важен пред тебе,
од сите страни да те зграпчам,
само твој свет да бидам,
стариот да го заборавиш
ионака умира,
останатите,
ионака не сфаќаат.
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2011 во 14:21

гледал заинтересирано во плафонот и непотребно ги споредувал белините по ќошевите, иако знаел дека се исти

таа ја положила главата на неговите гради

.

- што размислуваш

- ништо, кога сум со тебе не размислувам ништо

- зошто, не сум ти инспирација?.. некој збор, дел од песна

- те сакам сега, тука, така, ….затоа

- па баш затоа треба да имаш инспирација

- хм, мислам дека инспирација доаѓа кога човек посакува а не кога сака

-  зарем?

- да, те сакам сега, тука, така, правам што чувствувам не што мислам дека треба да правам, сега, тука, така

.

за кратко време таа го натера да мисли при непотребниот за него разговор

погледнал повторно кон белиот плафон и ја бакнал по косата а не знаел зошто, каде и како, просто го направил

изгледа зашто ја сакал, сега, тука, така

SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
bijonse1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
bella Madonna

Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bijonse1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2011 во 18:10
         Ескалатор

Секогаш во двата правци

но никогаш во средина

или доле сум приземјена

или горе лебдам занесена…


Секогаш место за двајца

но никогаш вториот го има

или напред премногу гледам

или назад  премалку се вртам…


Секогаш внимателно  згазнувам

но никогаш  со двете нозе

или лево за рамнотежа

или десно за убав ден…


Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2011 во 18:44
Originally posted by zbunet zbunet напиша:

Твој свет

Знам,
дека ми се чини дека знам,
молкот ми кажува дека ништо не знам.
Знаеш,
но некогаш е толку малку,
сакаш дело на видело,
треба моќ
на бел ден да ме видиш
од сенка излезен
кон престол ветен
на раце да те однесам.
Имам моќ на обичен смртник,
подмолен да бидам не сакам
не по секоја цена,
тебе те сакам
ме восхитува твојата цена,
од се’ да се откажам
само твој да бидам.
Не ми е тешко да се откажам
ионака никој не купува,
ионака ништо од тебе нема поважно,
само сакав да се правам важен пред тебе,
од сите страни да те зграпчам,
само твој свет да бидам,
стариот да го заборавиш
ионака умира,
останатите,
ионака не сфаќаат.


не можам да престанам да ја читам


се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Март.2011 во 10:14
Мал ни‘ е

Чекаме
исти да бидеме
различни сме
такви и ќе останеме
никој не се откажува од своето
ако се откаже
навидум е само.
Оној дел кој ни’ е ист
на почеток само задоволува
а потоа оргазмите изостануваат
ретки стануваат
значи мал ни’ е.
Обвинувања
затоа што сме такви родени
требаше да не’ нацрта
некој кој знае што ни’ треба
кој требаше да знае кој со кого ќе биде.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2011 во 10:45
Тесна патека

Само гушни ме
тоа ми треба
се надевам и тебе
насмевни се
надвор е облачно
сонце ми треба
ладно ми е на душава
просто кажувам
не комплицирам.
Не можеш ни да замислиш
колку сум нежен и кршлив
тесна е патеката,
а околу провалии
во нив нечии заби чекаат
само за месо се гладни,
таму нема бакнежи.
Изморен сум од рамнотежи
дај да паднам во твоја прегратка
од тебе повеќе да не станам
светот е толку страшен
а ти си толку мила.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2011 во 09:19
Правецот на кометата

Некои морски бранови
зад нив полна месечина,
стојам сам.
Крајот го нема
водата се спојува со вселената
ѕвездите се капат
небото е чисто,
денеска сум тука
утре не,
а ова ќе остане.
Треба да се вратам кај тебе
сакав нешто да ти донесам,
бар ѕвездени капки,
бар малку месечева светлина,
а тука полно ја има.
Комета се распрсна
во правецот каде треба да тргнам,
помислив желба
нашето да остане,
зошто и кометата беше,
но веќе ја нема.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Март.2011 во 11:39
Единствена женственост

Додека спиеш
со усните минувам низ твоето лице и тело
гласно издишувам
ги растерувам сомнежите
како ѓаволчиња се разбегуваат
се топат меѓу сенките
остануваш осветлена од месечината
несомнено си единствена.
Насмевка се пружа кон мене
не сакам да ја расипам глетката
го доближувам прстот меѓу твоите усни
за сега сакам само да те гледам.
Ги затворам очите
појасно те гледам
го слушам твоето мирно дишење
го слушам тактот на твоето срце
слушам нежна музика.
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2011 во 13:18
Лесен трк

Искра светлина
над тебе лебди
секаде те прати
лесно те наоѓам
ниедна темнина не ми е закана
откако знам што сакам.
Лесно ми е сега
лесен како пердув
на врвот боја од душата моја
на срцето твое
моето име го испишувам.
Сигурен сум сега
ништо не може да ми те одземе
мирот ме носи
се’ друго е смешка и пародија
шупливи гранки паѓаат пред мене
лесно ги прескокнувам,
кон искрата светлина се упатувам
ветерот фучи околу моите уши
никогаш не сум можел да трчам вака брзо.
Кон врв
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2011 во 21:28
car si e car
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2011 во 12:11
Еднаш во милион години

Едноставно пак ми се спие
едноставно одсекогаш сакав,
кривини и вијугави патишта ме заморуваат
нема амортизација
тврдо возење исцрпува,
а веќе трае бескрајно долго.
Едноставно гледам во една точка
ветерот нека си дува
тоа си е негова работа
не ме загрижува.
Од многу работи сум поразличен
со многу немам што да си кажам
не дека сум подобар
само сум поинаков.
Знам дека во секој камен
се крие дијамант
секој некаде вреди,
но не секаде.
Не можам да жалам
вселената е предалеку,
а и ти понекогаш
си галаксија со твои ѕвезди
јас со мои,
не можеме да се жалиме
затоа што еднаш во милион години се доближуваме,
но иако е кратко
сепак вреди повеќе.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 126127128129130 138>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.